In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Вера и добри дела – Џалса Салана, Германија 2017 година

Денес  се собравме овде за да присуствуваме на Џалса Салана. Не се собравме поради световна работа. Тука дојдовме за да учествуваме во духовна атмосфера и да ги подобриме нашите духовни и интелектуални способности. Ние ја подобруваме нашата верска состојба и нашето однесување, и го усвојуваме стравот од Возвишениот Аллах џ.ш., ги исполнуваме Неговите права и правата на Неговите суштества кои Ветениот Месија а.с. ги спомнал во условите на баи‘атот.

Хузур а.т.б.а. прочита неколку цитати од Ветениот Месија а.с.. Објаснувајќи како верата влијае на делата Ветениот Месија а.с. вели дека исламот има две компоненти; едната è, ништо да не Му припишуваме на Бог, а другата è, да ги препознаваме и ги исполнуваме права на сите суштества. Во минатото луѓето биле уништени бидејќи правеле грев, прељуба, кражба, измама итн. Муслиманскиот уммет е омилен кај Возвишениот Аллах џ.ш. и затоа Он не го уништува, и покрај тоа што муслиманите се вплеткани во секаков грев.

Хузур а.т.б.а. кажа дека добрите верувања водат кон добри дела. Заборавајќи ги вистинските верувања муслиманите почнаа да веруваат во Деџала (Антихрист) како во нивен бог. Дури и владите на многу големи нации подлегнуваат на световните моќи и го прифаќаат Деџала за да добијат Божествени моќи.

Хузур а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. рекол оти целта поради која е воспоставена оваа Заедница е создавање на разбирање на Возвишениот Бог и да се постигне суштината на обожавање.

Објаснувајќи ја филозофијата на намазот, Хузур а.т.б.а. вели дека дури ниту намазот, ниту световните напори не се доволни сами по себе. Возвишениот Аллах џ.ш. ни наредил да правиме секаков напор, но и да се молиме бидејќи резултатот на нашите напори исто така го создал Возвишениот Бог.

Ветениот Месија а.с. кажува дека вистинскиот ислам е комбинација на двете работи. Затоа, во првиот дел од Чесниот Кур‘ан, сура Ал Фатиха ги спомнува и двете нешта. Ијјака Набуду (Само Тебе ти робуваме) се однесува на аспект на планирањето. Прво, човекот планира и работи на световни нешта а потоа мора да му се моли на Аллах џ.ш.. Дури и таа способност на обожавање е дадена со Аллаховата милост и доброчинство.

Европејците ја губат верата во Бог и значително се зголемува бројот на атеисти. Според Ветениот Месија а.с. атеизмот е отров кој се шири низ светот, но Возвишениот Аллах џ.ш. него го пратил да го отстрани тој отров. Ахмади муслиманите треба да ги просветлат материјалистите за постоењето на Возвишениот Бог и да ги известат за вистинскиот ислам.

Ние можеме да го препознаеме Едниот, Вистинскиот Бог и да дојдеме до самиот врв на обожавање следејќи го Чесниот Кур‘ан и праксата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Затоа е потребна силна врска со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Ветениот Месија а.с. вели дека обичното извршување на баи‘атот не е доволно за спасение. Човекот мора да има искрена вера во Едниот Бог, во Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како вистински пратеник и во Чесниот Кур‘ан како последна Божја книга. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е Печат на Пратеништвото.

Ветениот Месија а.с. јасно кажува дека зборовите Наби и Расоол, кои тој ги употребува во неговите книги, што се однесува до него сигурно не подразбираат нов шеријат или нови наредби. Тој вели дека што и да постигнал е резултат на неговата совршена послушност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Аллах џ.ш. практикува да кога ќе превлада гревот и кога луѓето не го препознаваат или не го сакат Бог, Он праќа некого кој на овој свет потполно му е посветен Нему. Во неговото време, иако луѓето ја учеле калимеи, зборовите биле празни и извршувале работи како што се обожавање, и постот сепак биле без вистинскиот дух. Така, Ветениот Месија а.с. бил пратен да ја воспостави суштината на верата.

Ветениот Месија а.с. кажува дека делата не можат да донесат никаква корист ако не се направени вистински искрено. Ако постои судир и скриен мотив, молитвите не стасуваат ниту до еден распон на земјата бидејќи се без искреност и духовност.

Во поглед на потребата да се воспостави нова заедница, Ветениот Месија а.с. вели дека не ја воспоставил тој туку Самиот Аллах џ.ш.. Возвишениот Аллах џ.ш. сакал да внесе дух на вистинското верување, кој станал не постоечки и решил тоа да го направи преку воспоставувањето на оваа Заедница.

Вистинската цел на Ветениот Месија а.с. била развивање на вистинска врска со Возвишениот Бог, препознавање на величината на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и следењето на авторитетот на Чесниот Кур‘ан. Така, ние треба да го подобриме нашето верување и согласно на тоа и нашето однесување.

Исто така, треба да провериме дали нашиот баи‘ат е суштински  направен, дали ние навистина обожаваме Еден Бог без било каков партнер. Постојат луѓе кои намазите ги извршуваат без вистинска духовност. Многумина Ахмади муслимани дури не ги извршуваат петте дневни намази што е главна должност на еден Ахмади муслиман, секој мумин и секој муслиман. Откако сме влегле во баи‘ат со Ветениот Месија а.с. нашите молитви треба со ентузијазам и строгост да ги извршуваме. Постојат луѓе кои не се редовни во намазите и од мене бараат да молам наместо самите да направат напор. Кога учат Ијаака На‘баду Ва Ијаака Настаеен (Само Тебе Те обожаваме и само од Тебе помош бараме), зошто тоа не го учат од длабочината на своите срца и не делуваат според тоа, туку само ги изговараат овие зборови?

Секоја работа на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е благословен пример за нас. Заедно со своето обожавање, неговите морални квалитети се пример за нас вклучувајќи ги неговите општествени односи, семејни односи и однесувањето кон сопругите. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не научил да се грижиме за чувствата кон сопружниците и децата. Сепак, многумина од нас создаваат неред во домовите. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. исто така не научил со децата да се однесуваме со сочувство и воопштено да се грижиме за чувствата и емоциите на другите. Тој исто така не научил да бидеме против нечесноста и тоа практично го покажал. Секогаш покажувал понизност и скромност и поставил високи стандарди на вистинитоста. Ако навистина веруваме во Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., ако веруваме дека тој е вистински Пратеник и веруваме во Ветениот Месија а.с. како во Имам на ова доба кој дошол во потчинетоста на него, ние мораме да ги кренеме нивоата на своето однесување и да ги кренеме стандардите на ибадетот. Исто така е важно да развиеме вистинско разбирање за високата положба на Ветениот Месија а.с. и на неговото тврдење.

Оваа ера човештвото го довела што подалеку од Семоќниот Бог и тоа во името на ’напредокот‘. Должноста на Ахмади муслиманите е да се борат да изградат однос со Семоќниот Бог и да развијат вистинско разбирање за Неговото Битие. Нашата љубов за Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. не треба да биде ограничена само на зборовите или на извикување на слоганите, туку треба да се придржуваме на неговиот благороден пример. Ние не смееме да спроведуваме неправда во негово име како што денес тоа го прават муслиманите. Многу организации, дури и влади, неправедно се однесуваат кон исламот и кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дошол како извор на милост за целиот свет но поради нивното однесување тие сликата на неговиот углед ја превртеле во слика на угнетување. Тие никогаш нема да успеат во своите напори затоа што Ветениот Месија а.с. се појавил и ние продолжуваме во нашите напори да ја претставиме вистинската слика на исламот.

Ние непрекинато и во секој поглед мораме да го следиме благородниот пример на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и  мораме да и се покориме на власта на Чесниот Кур‘ан. Ние мораме да настојуваме сите наши постапки да бидат исправни постапки. Ние исто така мораме да се бориме да се оддалечиме од шејтанот и да се приближиме до Милостивиот Бог, инаку, како што Ветениот Месија а.с. кажал, нашиот ибадет нема да се воздигне до Божјиот престол.

Објаснувајќи ја вистината на ибадетот, Ветениот Месија а.с. вели дека ибадет може да се нарече само кога љубовта кон Семоќниот Бог преземе предимство над сите профани желби и човекот биде подготвен да го напушти својот живот во името на Аллаховиот пат.

Ветениот Месија а.с. вели дека многу луѓе, иако се верници и исправни, кај Бог се прогласени за неверници. Вистинскиот верник и исправен (богобојазлив) е оној кој е прогласен за таков од страна на Бог, дури и ако во очите на светот се смета за неверник.

Хузур а.т.б.а. рече дека светот нас не смета за неверници но ние поради тоа не сме загрижени. Ако нашите дела се добри и имаме однос со Семоќниот Бог, тогаш, нас Бог Лично не прогласува за верници.

Ветениот Месија а.с. кажува дека е тешко да се има вистинска вера и да се покажува потполна преданост кон Семоќниот Бог. Кога постои таква вера многу знакови биваат покажани. Голем знак на вистинската вера меѓу овие знакови е кога човекот го отфрли сето световно во себе, се оддалечи од светот и неговата вистинска цел станува стекнување на задоволство на Семоќниот Бог.

Возвишениот Аллах џ.ш. вели:

„Навистина, Аллах е со оние кои се богобојазливи и прават добри дела.“

Објаснувајќи ја природата на вистинската доблест Ветениот Месија а.с. вели дека богобојазливоста значи избегнување на подмолни патишта на гревот, но богобојазливоста не е само тоа. Вистинска побожност е кога човекот му служи на човештвото и покажува таква постојаност и цврстина на Божјиот пат што секогаш е подготвен да го жртвува сопствениот живот. Самото отфрлање на злото не е доволно доколку не се прави добро.

Ветениот Месија а.с. кажува дека богобојазливоста е најнизок чекор, и може да се спореди со чистењето на садовите пред тоа во нив да го  ставиме избраното јадење. Може ли празна чинија да задоволи нечија глад? Се разбира не може. Богобојазливоста е да ја исчисти чинијата на Нафса амара (душа која наговара на зло). Според тоа, да се очисти чинијата, да се стави храна на добрите дела на неа и да се земе е вистинската работа која ќе не доведе поблиску до Семоќниот Бог и ќе ни го подари Неговото задоволство.

Хузур а.т.б.а. рече дека еден од најголемите пороци е гревот на лагата.

Ветениот Месија а.с. вели дека постојат илјадници наредби кои не се следат. Некои лаги ги изговараат трговците а другите лажат поради дипломатијата додека Семоќниот Бог ни кажува дека сето тоа оди заедно со гнасотијата. Многу луѓе преувеличуваат кога опишуваат нешто и тоа не го сметаат за грев, додека другите лажат кога се шегуваат. Личноста не може да се нарече Сидик (вистинољубив) додека не ги напушти сите видови на лага.

Друга висока морална доблест е прикривањето на слабоста на другите. Ветениот Месија а.с. вели дека внатре во заедницата постојат многу спорови и караници. Најмалите спорови толку се зголемиле што луѓето почнуваат да ја напаѓаат честа на другиот. Кога постои караница треба да се признае грешката поради помирување. Едното од имињата на Семоќниот Бог е Саттар (Оној Кој ги прикрива туѓите мани). Затоа човекот треба да ги прикрие маните на својот брат и да се воздржи од нападот на честа и на достоинството на својот брат.

Ветениот Месија а.с. кажува дека друга голема болест и корен на сите горделивости е кога човекот ќе види мана кај другиот и тоа им го раскаже на сите. Сите овие нешта се дел од богобојазливоста (Таква).

Ветениот Месија а.с. кажува дека треба да се држиме до богобојазливоста бидејќи само така ќе ни бидат дадени Божји благослови. Луѓето кои имаат склоност да се лутат, кои се горделиви, вообразени и поносни се преправаат или се фанатични и не можат да извлечат никаква добробит од влегувањето во баи‘ат.

Ветениот Месија а.с. понатаму кажува дека богобојазливите луѓе добиваат стравопочит кон Бог и другите можат да забележат дека тие се Божји луѓе. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил пример за секој доблесен морал. Ако некој даде завет и вети дека ќе му биде верен на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како и на неговиот слуга (т.е. на Ветениот Месија а.с.) тогаш мора да се подобри. Ветениот Месија а.с. рекол дека човекот не смее да ги истакнува маните на другиот. Многу луѓе имаат навика непотребно да носат неморални пресуди за своите браќа. Ние треба да покажуваме сожалување кон други луѓе и да бидеме љубезни кон соседите, со своите браќа да постапуваме побожно и да се воздржуваме од ширкот (припишување на партнер на Бог), бидејќи ова е камен темелник на богобојазливоста.

Ветениот Месија а.с. објаснува дека човек мора да реагира кога ќе види како некој прави грешка и вели дека треба да се насочи кон подобрување на својата морална состојба. Луѓето треба да се воздржат од расправии помеѓу себе. Ако некој има било каква мана ние треба да правиме дови за него, наместо да го озборуваме. Ние со ова треба да постапуваме како што постапуваме со своите сопствени деца, љубезно и нежно.

Ветениот Месија а.с. рекол дека е загрижен за верата на оние кои лошо се однесуваат бидејќи лошото однесување е корен на гордоста. Значи, ние немаме право да судиме за другите. Ние треба да се грижиме сами за себе.

За луѓето кои лесно се лутат, Ветениот Месија а.с. вели дека бесот и мудроста не можат да постојат взаемно, затоа што оној кој се разбеснува кога ќе се налути има тап мозок и не ја прима Божјата помош. Тој смета дека бесот е некаков облик на лудило.

Ветениот Месија а.с. рекол дека не можеме да станеме приматели на ветување кое Семоќниот Бог му го дал нему, ако не се ослободиме од пороците и не создадеме вистинска врска со него. Така, ако некој ги има овие навики неопходно е да ги промени.

Луѓето присуствуваат на оваа Џалса Салана за да станат приматели на довите на Ветениот Месија а.с.. Но тие не можат да бидат приматели на довите на Ветениот Месија а.с. ако не се променат. На Џалса Салана младите влегуваат во расправии и се држат и до минатите навреди, и сето тоа води кон лошиот углед на Џемаатот.

Ветениот Месија а.с. кажува дека сите пратеници биле мета на  малтретирање и дека ниту тој не бил исклучок. Но, членовите треба да се ослободат од лутењето. Тој вели дека светлината и темнината не можат взаемно да постојат. Темнината опаѓа кога светлината ќе се појави. Ние мораме да станеме потполно послушни на Семоќниот Аллах џ.ш.. Треба да настојуваме да ги отфрлиме сите свои слабости. Треба да бараме покајание, да молиме за Аллаховото проштавање и секогаш да го користиме ибадетот. Треба да се воздржуваме од секое зло, било тоа да се однесува на правото на Семоќниот Аллах џ.ш. или на правото на луѓето.

Нека Семоќниот Аллах џ.ш. не оспособи да ги исполниме овие стандарди и да ја разбереме целта на божествената мисија на Ветениот Месија а.с.. Нека Семоќниот Аллах џ.ш. не оспособи да ја исполниме целта на мисијата на Ветениот Месија а.с. Нека исто така не оспособи светот да го запознаеме со вистината на таа мисија.

Во текот на Џалса Салана треба да присуствувате на програмите на Џалса Салана и да ги ислушате сите говори. Одделението за воспитување треба да настојува ова да го примени. Освен вистинска причина никој не треба да отсуствува. Сите присутни на Џалса Салана сериозно треба да соработуваат со луѓето на должност кога се работи за било какви работи, било за паркирање, скенирање, тоалети или за распоред на јадењето. Помогнете таму кај што можете и не оставајте сè на оние кои се на должност. Чистотата е дел од верата. Исто така, работниците со секого треба да се однесуваат пристојно. Секој треба да води сметка за луѓето околу него. Тоа е многу важно за сигурноста. Најважно е да се концентрирате на ибадет. Молете го Аллах џ.ш. за себе, за Џемаатот и за муслиманскиот уммет, како и за тоа Семоќниот Аллах џ.ш. да ги заштити од уништувањето и Он да им даде мудрост да бидат во состојба да го запознаат Семоќниот Бог.