In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

ДОЛЖНОСТА НА ДОМАЌИНИТЕ И ГОСТИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЏАЛСА САЛАНА

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека денес, ако даде Бог, започнува Џалса Салана во Велика Британија.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека овие денови треба да се молиме Џалса Салана да биде успешна, и сите да бидат во состојба да ги зголемат своите доблести, како и богобојазливоста. Поради пандемијата, физичкото присуство е ограничено, но многумина учествуваат во Џалса Салана од своите домови и џамии. Сите оние кои учествуваат од други места треба да учествуваат духовно, како да се, лично и физички, присутни на Џалса Салана.

Оваа година Џалса Салана е ново искуство за организаторите, како и за гостите. Поради различните ограничувања организаторите не можеа да си дозволат одредени работи, и затоа и гостите би требало да покажат трпение.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека треба да се молиме Џалса Салана да се врати во својата првобитна состојба.

Постојат некои кои можеби нема да бидат задоволни со процесот на изборот на луѓе кои ќе присуствуваат. Тие кои така се чувствуваат треба да им простат на организаторите, без оглед на тоа дали има недостатоци или не, бидејќи ова е прво искуство во дадените околности.

Упатството на работниците кои се на должност во текот на Џалса Салана

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе ги истакне важните работи кои работниците, како и тие кои присуствуваат на Џалса Салана, треба да ги имаат на ум.

Хузур а.т.б.а. рече дека, без оглед на тоа што Џалса Салана е во помал обем, гостопримството не смее да се намали кон гостите на Ветениот Месија а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека волонтерите не смеат да се опуштени и треба да бидат со големо внимание гостопримливи. Меѓу волонтерите за време на Џалса Салана во Велика Британија се наоѓаат луѓе кои станале стручни во своите должности и поседуваат големи способности.

Значи, носителите на должностите имаат потенцијал одлично да работат. Во исто време, Чесниот Кур’ан ни наредува постојано, едни други, да се потсетуваме на добрите работи. И така, без оглед на помалиот број, волонтерите не би требало да се опуштат и своите должности треба да ги извршуваат на најдобар можен начин.

Усвојте ја доблеста на гостопримството

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека гостопримството е едно од големите својства на пратениците. Како такви, сите мораме да го усвоиме овој квалитет.

За времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кога гостите доаѓале во голем број, Чесниот Пратеник с.а.в.с. грижата за гостопримството ја префрлал на асхабите. Редовно се распрашувал дали гостите се задоволни. Гостите одговарале дека никогаш не почувствувале такво гостопримство.

Ова е резултат на учењето и примерот кој Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ни го оставил.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, еднаш, Ветениот Месија а.с. кажал оти ако дојде гост со негативно однесување, сепак, домаќинот кон него треба да се однесува со големо внимание и не треба дрско да му одговара.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. ни покажал одлични примери на гостопримство. И тоа требало да биде така, бидејќи Ветениот Месија а.с. требало да покаже високи морални стандарди, за да ги покаже убавите учења на исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведел дека хазрети муфтија Мухамад Садик р.а. рекол, оти кога отишол кај Ветениот Месија а.с. тој му рекол дека ќе се погрижи да му се донесе храна. Муфтија Садик р.а. помислил дека Ветениот Месија а.с. ќе прати некого со храна. Меѓутоа, Ветениот Месија а.с. бил тој што му го донел послужавникот со храна. Потоа, му кажал муфтија сахиб р.а. да почне да јаде на што муфтија сахиб р.а. не можел да ги воздржи солзите од гостопримството на Ветениот Месија а.с..

Имало моменти кога немало доволно кревети за гости и Ветениот Месија а.с. им го отстапувал својот. Ова се некои примери на високо ниво на гостопримство кое го покажувал Ветениот Месија а.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека сите гости мора да бидат еднакво третирани. Без оглед на тоа дали се работи за носител на некоја функција во Џемаатот, официјален претставник или некој кој го познаваме, сите гости мора да бидат третирани на ист начин. Ова е вистинска срж на гостопримството.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека мнозинството се придржува до високите стандарди на гостопримство кое од нив се очекува. Тие кои имаат недостаци во овој поглед треба да се замислат и да видат како можат да се подобрат.

Одржувајте го секогаш високиот стандард на моралното однесување

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека е свесен за фактот како постојат гости кои знаат да се однесуваат грдо и несоодветно. Меѓутоа, волонтерите и носителите на должност мора да одржуваат висок морален степен и да делуваат со трпение.

Хузур а.т.б.а. рече дека волонтерите ќе ги потсетуваат гостите на одредени работи, како што се носењето на маска, социјалната дистанца итн. Одредени гости, можеби, негативно ќе реагираат на ваквите работи, но без оглед на сè, волонтерите мора да имаат трпение и висок морал. Еден од знаците на верниците е почитта кон гостите. Овој квалитет секој треба да го усвои.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека поради временските услови и калта во Хадиикатул Махди, паркингот ќе биде направен на друга локација од каде автобусите ќе ги носат гостите до локацијата на Џалса Салана. Гостите кои доаѓаат со сопствен превоз можеби ќе инсистираат да се паркираат внатре на локацијата, но работниците на должност треба љубезно и трпеливо да им објаснат и да ги насочат кон другиот паркинг.

Одговорноста на гостите на Џалса Салана

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека исламот и гостите ги учи да бидат внимателни кон домаќините. Не треба да влегуваат во нечии дом ако претходно не ги известиле домаќините. Иако ова, можеби, не се однесува на гостите на Џалса Салана општо, оваа година, поради условите поставена е и старосна граница. Со оглед на ова, одредени поединци кои ги исполнуваат овие услови избрани се да присуствуваат на Џалса Салана. Во земјата постојат и гости кои се дојдени во посета на роднините и кои инсистираат да им се дозволи да присуствуваат на Џалса Салана.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кршејќи ги правилата на однесување на гостите се зголемува потенцијалниот ризик на управувачките стандарди. Но, како што исламот наредил, гостот не смее да влезе без претходна дозвола. Ако се одбиени, тоа треба да го прифатат без никакви забелешки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека една од големите цели за присуствување на Џалса Салана е личната реформа. Следејќи ги упатствата кои го ограничуваат влезот на Џалса Салана, личноста ја зголемува својата побожност покажувајќи послушност. Тие кои нема да можат да присуствуваат треба искрено да му се молат на Аллах џ.ш. за следниот пат тоа да можат слободно да го направат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека асхабите р.а. секогаш и на секој начин се обидувале да ги исполнат наредбите на Чесниот Кур’ан.

Еднаш, еден асхаб кажал дека тргнал кај некои луѓе дома во доцни часови за, кога тие ќе го одбијат, тој среќен ќе се врател дома бидејќи на тој начин ја исполнувал наредбата на Чесниот Кур’ан. Меѓутоа, тој никогаш од никого не бил одбиен.

Надминување на тешкотиите во текот на Џалса Салана  

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во нормални околности организаторите не ги одбиваат барањата на гостите. Меѓутоа, оваа Џалса Салана се одржува под посебни околности. Значи, оние кои не се во можност да присуствуваат не треба да имаат зло во срцето.

Слично на тоа, оние кои добиле покана треба да дадат сè од себе за да присуствуваат на собирот. Постојат такви кои се извинуваат за недоаѓање само поради временските услови и дождот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги потсети присутните дека во Кадијана и Рабва, Џалса Салана во текот на зимо се одржува на отворено, но луѓето сепак доаѓале со задоволство. Дури и во минатото, во Исламабад Џалса Салана се одржувала за време на силен дожд и невреме а организацијата не била ни приближна на оваа, сегашната, а луѓето сепак со задоволство доаѓале на собирот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се присети на една таква Џалса Салана на која присуствувал, каде дождот го поплавил шаторот до таа мера што колената и лицата на верниците во текот на намазот биле натопени во дожд и кал.

Хузур а.т.б.а. рече дека тоа и нему му се случило каде по сеџда морал да го избрише челото за кал и дожд да не му влезат во очите. Значи, времето не треба да биде изговор за не доаѓањето на Џалса Салана.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во шаторот, за време на ручек, гостите треба да се придржуваат до мерките на социјалната дистанца, и да го пратат она на што волонтерите ги советуваат.

Дел од гостите не обрнуваат внимание и не водат сметка за оддалеченоста до што морат да се придржуваат. Затоа, сите гости во тој поглед треба да бидат исклучително внимателни.

Се разбира, маските мора да се симнат додека јадете, меѓутоа, додека сте во редот за храна, маските секогаш треба да се носат. Волонтерите и работниците на должност секогаш задолжително треба да ги носат маските каде и да се наоѓаат на должност.

Дури, и додека ги изговараат слоганите или одговарат на нив во текот на Џалса Салана треба да продолжат да ги носат маските. За да сите бидат заштитени, сите, устата и носот треба да ги покријат.

Внимание во безбедносните мерки

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека поради сигурноста ќе бидат извршени разни проверки. Гостите не смеат да се лутат поради различни проверки и треба да се придржуваат до правилата. Слично, поради помал број на присутни сигурноста не смее да се занемари, ѝ, како и секогаш сите треба да бидат внимателни.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека сите би требало внимателно да ја слушаат програмата на Џалса Салана, наместо да се состануваат во мали групи и меѓусебно да разговараат. Ќе има такви кои по долго време ќе се сретнат со пријателите и роднините, но тоа не треба да биде изговор за не слушањето на програмите на Џалса Салана. Присутните, исто така, треба да го насочат вниманието на намазот. Овие денови треба да се насочат на сеќавањето на Аллах џ.ш.. Каде и да ја гледаат или слушаат Џалса Салана сите луѓе треба да се насочат на сеќавањето на Аллах џ.ш..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., каде тој зборува дека самата говорничка вештина на говорникот не смее да се фали, туку сè што ќе се направи треба да се прави поради Аллах џ.ш.. Луѓето на такви собири заминуваат, поради Аллах џ.ш., реформирани.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тоа покажува како не смееме да обрнуваме внимание на говорот кој го изговара познат или добар говорник, туку мораме да обрнеме внимание на целата содржината и на тоа што се зборува на Џалса Салана.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше сите оние кои присуствуваат или ја слушаат Џалса Салана да постигнат вистинска промена во себе. Тој се молеше времето да не ни попречи, и Аллах џ.ш. во наша корист тоа да го направи.