In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Џалса Салана во Велика Британија

Со Аллаховата милост Џалса Салана на Ахмадија Џемаатот во Велика Британија започнува наредниот викенд. Волонтерите во последните неколку недели се ангажирани во Хадикатул Мехди каде се подготвуваат за Џалса. Овие подготовки на Худам и на останатите волонтери се засилија во последните десет дена. Голем подвиг е да се направат сите аранжмани на она што всушност е ливада. Худам од разни делови на Велика Британија и останатите волонтери оваа задача ја извршуваат со изненадувачка вештина, и таков пример не може да се најде во светот ниту во една друга организација. Божја милост е тоа што Он ја всадил оваа љубов во младите мажи и во другите по давањето на заветот на баи‘атот на Ветениот Месија а.с.. Било да е сончево или дождливо време овие млади луѓе несебично служат поради Џалса Салана онака како што ја започнал Ветениот Месија а.с. и во текот на деновите на Џалса илјадници други волонтери ќе им се придружат во служењето на гостите и ќе направат Џалса да се одвива без пречки. Подоцна ќе биде потребно време сето тоа да се собере расклопи и засолни. Овие волонтери ќе бидат мажи, жени, девојчиња, момчиња, деца и постари. Оваа извонредна љубов да им се служи на гостите на Ветениот Месија а.с. не може да се најде на ниту едно друго место освен во Џемаатот на Ветениот Месија а.с.

Световното и материјалното е мерилото на мнозинството во западниот свет и во тој свет овие млади луѓе Ахмади доброволно се нудат крајно понизно да служат на овој начин. Ние треба да правиме дови за нив и нека Аллах ги оспособи своите задачи да ги извршат на крајно извонреден начин и нека ги заштити од сите зла и тешкотии.

Во склад со својата пракса хазрети Халифа-тул-Месих во денешната хутба зборуваше на тема за гостопримството и кажа дека потребата на времето е токму таква. Нема сомневање дека сите волонтери го вложуваат целиот потребен напор и внимание но секогаш постојат новодојдени кои се придружуваат, а тука се и децата кои за прв пат служат, и се разбира исто така е неопходно оние кои служеле порано да се потсетат и да го имаат во вид благословениот пример на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и да водат сметка за праксата на неговиот вистински и верен поклоник, Ветениот Месија а.с. за да бидат постигнати високи стандарди.

Чесниот Кур‘ан го спомнува гостопримството на хазрети Ибрахим а.с.. Кога ги примил гостите, откако им посакал добредојде и ги поздравил со селам, побарал да им се направи јадење. Како што е споменато во Чесниот Кур‘ан и хазрети Лут бил загрижен неговиот народ да не им направи тешкотии на гостите.

Неудобноста на гостинот не е нешто што треба да се занемари. Неудобноста на гостинот во било кој облик или форма е срамота за домаќинот. Затоа исламот наредува почит и обѕир кон гостите. Една од извонредните одлики на Чесниот Пратеник с.а.в.с., кој ја истакнувала хазрети Хатиџе во времето кога тој ја примил својата прва Божја објава, била и неговото недостижно гостопримство. Постојат стотици примери во неговиот благословен живот кога тој покажал крајно извонреден начин на почит и обѕир кон гостите. Тој на таков начин ги подучувал и своите асхаби кои продолжиле да покажуваат големо гостопримство кое Бог го благословил.

Кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. имал многу гости тој ги делел меѓу своите асхаби а некои ги земал кај себе. Еден асхаб пренесува дека еднаш бил меѓу гостите кои Чесниот Пратеник с.а.в.с. ги земал кај себе. Тој гостите ги однел дома и ја прашал хазрети Ајша р.а. дали има нешто да им изнесе. Таа кажала дека има нешто малку на страна за Чесниот Пратеник с.а.в.с. да го прекине постот (за ифтар). Тој од неа побарал да ја изнесе храната. Чесниот Пратеник с.а.в.с. земал малку од храната и останато им дал на гостите. Тие јаделе и биле сити. Чесниот Пратеник  с.а.в.с. тогаш прашал дали има нешто за пиење. Хазрети Ајша го послужила пиењето кое Чесниот Пратеник с.а.в.с. прв го пробал и тогаш им го понудил на гостите кои го испиле. Причината поради која Чесниот Пратеник с.а.в.с. лично прв ја пробал храната и пиењето веројатно е поради довата Аллах да ја благослови храната за да биде доволна за сите. Постојат многу сведоштва за тоа дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. храната ја благословил со дова.

Понекогаш гостите на своите домаќини можат да создадат непријатна ситуација која може да биде предизвикувачка но возвишениот пример на Чесниот Пратеник с.а.в.с. е таков што во една прилика кога некој гост кој преноќил на сабајле зад себе оставил изгнасена постелнина, можеби поради расипаниот стомак или намерно поради непријателство, Чесниот Пратеник с.а.в.с. наместо да приговара самиот ја испрал гнасната постелнина.

Поради неговите исклучителни примери и асхабите дале огромни жртви за своите гости. Постои извонредна случка каде еден асхаб поради гостите ги заспал своите деца бидејќи во куќата имало јадење доволно само за децата. Кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. испратил гости кај него, овој асхаб и неговата жена одлучиле децата да ги пратат на спиење и ја донеле храна на гостите а при тоа под некаков изговор ја изгасиле ламбата и се преправале дека јадат во мракот додека гостите јаделе се додека не се заситиле и се додека имало храна.  Наредното утро овој асхаб отишол кај Чесниот Пратеник с.а.в.с. кој се насмевнал и рекол дека планот гостите да се нахранат го развеселил Бог. Бог толку бил задоволен со тоа што за целата случка го известил Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека оној кој верува во Бог и во Судниот ден треба да каже нешто добро или да молчи. Оној кој верува во Бог и во Судниот ден треба да го почитува својот комшија. Оној кој верува во Бог и во Судниот ден треба да искаже почит кон својот гост.

Чесниот Пратени с.а.в.с. ги испрашувал гостите какво гостопримство покажале асхабите. Во една прилика еден гостин рекол: „О Божји Пратениче, тие нам ни дадоа мека постела да спиеме и убава храна да јадеме и исто така не подучија за Книгата на суннетот.“

Такви се обврските на домаќините. Луѓето кои очекуваат гости во своите домови не треба ноќите да ги трошат на бескорисен муабет туку треба да имаат религиски разговори и треба да го всадуваат религиското знаење.

Ние на Џалса исто така имаме и гости надвор од Џемаатот. Тимот на волонтерите за гостопримство на секое место кај што се наоѓаат гостите треба да покажува величествени примери така да гостите го почитуваат тоа што дошле на верскиот собир. Кога и да имаат слободно време, било дење или ноќе, наместо времето да го трошат во бескорисен разговор, треба да имаат религиски дискусии. Тоа ќе остави добар впечаток на гостите и тие ќе увидат дека Ахмадиите во овие три дена навистина се собрале отфрлајќи го световното. Асхабите на Чесниот Пратеник с.ав.с. не биле само големи домаќини во смисла на давање на најдобро сместување, храна и пиење, туку тие исто така ги задоволувале духовните потреби на своите гости и тоа учење тие по враќањето дома можеле да го пренесат на другите.

Ние имаме одел за ширење на пораката и за воспитание. Обезбедувањето на духовна помош е задача на вршителот на должноста и тоа треба да се направи исклучително добро. Убавиот збор на волонтерот е исто така составен дел на гостопримството.

Во ова доба вистинскиот и верен поклоник на Чесниот Пратеник с.а.в.с., Ветениот Месија а.с. исто така втемелил величествени примери на гостопримство.

Еден гостин кој ја посетил Кадијана и дал завет на баи‘атот бил следбеник на Ветениот Месија а.с. и од почит му ги масирал стапалата. Токму тогаш еден хинду почукал на вратата. Асхабот станал да ја отвори вратата но Ветнеиот Месија а.с. станал прв. Тој рекол дека овој асхаб е гостин и дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол како на гостите треба да им се укаже чест. Тука посматраме два аспекта. Тој на асхабот му дозволил да му ги масира стапалата бидејќи му бил следбеник но во неговото својство на гостин Ветениот Месија а.с. веднаш покажал почит самиот отворајќи ја вратата и исто така го поздравил човекот кој влегол.

Еднаш некој гостин Ахмад патувал во Кадијана во текот зимските месеци за да се сретне со Ветениот Месија а.с.. Било дождливо време и тој стасал навечер. Ја земал вечерата и отишол на спиење. Доцна во ноќта некој почукал на вратата. Тој се изненадил кога на прагот го видел Ветениот Месија а.с. како во една рака држи чаша топло млеко а во друга ламба. Тој рекол дека некој му донел млеко и тој помислил да му го понуди на својот гостин кој можеби имал навика да пие млеко. Гостинот навистина бил трогнат до солзи кога видел дека го служи оној кој бил одреден од Бог!

Ветениот Месија а.с. водел грижа за посебни диетални потреби на луѓето од разни религии. Поради начинот на управување во времето на Џалса бил подготвуван само еден вид на јадење. Сега во денешно време Џемаатот напредувал во смисла на управување и средства и сега работи и општа кујна и овозможена е и друга храна. Нема проблем во ова и во тоа нема ништо погрешно. Некои луѓе непотребно приговараат. Треба да се покаже толерантност. Гостите кои се однадвор  познати како Тапшир гости знаат што општо се сервира на Џалса. Храната и пиењето на општата кујна треба и на нив да им се сервира. Некои тоа со задоволство го јадат. Главна работа е дека овој посебен аранжман за храна најпрво не бил можен но сега é, и затоа се спроведува. Овој аранжман исто така бил достапен и во Рабва. Навистина, Ахмади муслиманите треба да го јадат она што е сварено за секого како и вршителите на должност, доколку немаат диетални барања од здравствени причини или се на должност со посебните гости, тогаш тие треба да јадат со гостите.

Еднаш во текот на животот на Ветениот Месија а.с. поради грешка во организацијата, на гостите не им била послужена храна како што треба. Бог за тоа го известил Ветениот Месија а.с. и тој рекол како Бог го известил дека претходната ноќ се случило лицемерство во служењето на храната на гостите. Ветениот Месија а.с. на шест месеци ги отпуштил работниците во кујната. Наспроти неговата нежна природа тој не толерирал немарност и лицемерство во служењето на гостите. Тогаш тој лично почнал да ја надгледува работата во кујната. Одделот за гостопримство треба да биде многу внимателно. Никој не треба да има било каков приговор во било каков облик или форма.

Гостопримството не се однесува само на служењето на храна. Тоа налага служење храна, складирање и доставување на храна. Навистина било каква немарност во доставувањето може да предизвика доцнење во служењето на храна. Гостопримството го вклучува и сместувањето кое треба да биде пристојно. Тука е грижа за хигиената како онаа општа така и хигиената на тоалетите. Паркинг места исто така се вклучени во гостопримството. Било каков хаос во тоа може да ги вознемири гостите на Џалса. Тука е и огромната работа да поради влажното време се постават широките патеки, како и колички за превоз на постарите и инвалидите и служба до Хадикатул Мехди од двете надворешни паркиралишта за автомобилите. Накратко, многу нешта спаѓаат под поимот гостопримство. Ако овие задачи бидат направени како што треба се друго ќе дојде на своето место. Медицинската помош исто така спаѓа во гостопримство. Накратко, 80% а можеби и повеќе од задачите на Џалса се сведуваат на гостопримство. Секој треба да запомни дека гостопримство не е само задача за оние кои носат значка со натпис ’гостопримство‘. Гостопримството е задача на секој вршител на должноста.

Денес на 14 август е ден на независноста на Пакистан. Во тој поглед треба да се прават дови Бог да  ја подари вистинската независност на Пакистан и да го чува под заштита против само – контролираните водачи и свештенство. Нека Аллах и подари разум на јавноста да изберат искрени водачи кои ќе ја исполнат довербата! Нека разберат дека постојаноста на оваа земја се наоѓа во правдината, во исполнувањето на правата на еден кон друг и во свртувањето кон Бог! Направена е суровост во името на Бог, Господарот на световите, Милостивиот, Сомилосниот. Во името на Бог и на Неговиот Чесен Пратеник с.а.в.с. кој бил милост за целото човештво. Направено е зло насекаде, против Ахмади муслиманите кои одиграа суштинска улога во создавањето на оваа земја и кои дадоа жртви! Сепак, не е важно каде во светот се наоѓаат, Пакистанските Ахмади муслимани треба да и бидат верни на татковината, нека Аллах ја сочува оваа земја! Таа е во поголема опасност од домашна одошто од надворешна закана; од само ориентираното свештенство и водачи. Ако тие земјата ја водат со стравот од Бог, никаква надворешна моќ не може да ја повреди оваа земја. Пакистанските Ахмади муслимани треба да и посветат многу внимание на земјата и нека Аллах ја чува во сигурност и безбедност.

Најавени се две џенази во отсуство.

За Кемал Афтаб сахиб од Худерсфилд во Велика Британија кој починал од леукемија на 7 август 2015 во болницата во Лидс на 33 години. Тој на најразлични начини му служел на Џемаатот. Во времето на смртта бил регионален каид за Јоркшир како и секретар за  воспитание за Худерсфилд југ. Во текот на болеста тој започнал ’болничка кампања‘ и од болничкиот кревет собрал 50 000 фунти за истражување на леукемијата. Тој до последен здив несебично работел на разни проекти за да им служи на луѓето и на ширењето на пораката. Имал искрена и верна врска со Хилафатот. И покрај болеста и слабоста  успеал да направи врска со МТА за да може во живо да ги гледа говорите на Хузур на последната Худам иштем. Националниот весник Гардијан го наградија со наградата ’волонтер на годината‘.   Тој неколку дена пред смртта дошол да се сретне со Халифа-тул  Месих. И покрај болеста бил весел и не покажувал никакви знаци на болка иако во тоа време имал големи болки. Секогаш имал искрена и верна врска со Халифатот.

Неговиот брат Фарук Афтаб пишува дека тој бил правнук на Сетех Дитта, асхаб на Ветениот Месија а.с.. Куќата на неговиот дедо во времето на нередите во 1974 година била неуспешно нападната и неговиот дедо шест месеци бил затворен како затвореник на совеста. Камал Афтаб бил драга љубезна личност и им помагал на другите и сите го сакале. И Ахмади и не ахмади муслиманите го почитувале и ништо освен благодарност не се слушнало за него. Бил популарен и помеѓу старите и помеѓу младите и секому бил пријател. Убаво им служел на своите родители и внимавал на браќата и сестрите. Бил многу точен во намазот и на чело на служењето на луѓето. Бил водач на проектот Прва Помош (Humanity First) во програмата „Дарот на видот“ и работел на планот во Источна Европа да направи очна клиника. Бил активен работник на ширењето на пораката и не пропуштал прилика да ја шири пораката.

Времето кое го поминал во болницата го искористил да им го прикаже Џемаатот на докторите и на останатите работници во болницата. Го овозможил гледањето на МТА во болницата каде и на другите им ги покажувал овие програми и тоа ги  отворило патиштата на ширењето на пораката. Бил активен член на Мајлис Ансар весникот кој на илјадници луѓе ја испраќа пораката на исламот.

Братот на Камил сахиб Јусуф Афтаб пишува дека тој лично ги доведувал оние Худам и Афтал кои немале силна врска со Џемаатот, за да му се доближат. Се обидувал љубовта на Халифатот да ја всади во срцата. Понекогаш членовите на Худам ги водел во Фазл џамијата во Лондон за да го клањаат намазот зад хазрети Халифа-тул Месих и да ја засноваат врската со него. Тој го свртувал вниманието на членовите на Худам и посебно на членовите на амила на правењето на намаз и за да го постигне тоа преземал практични чекори. Тој, некои од членовите на Худам ги водел во џамија поради фаџр (сабах) намаз.

Др. Азиз пишува дека после дијагнозата Камал Афтаб рекол дека за него сè е добро што е Божја волја. Неговата најголема грижа, откако му била поставена дијагнозата, била, интервјуто кое било подготвено по земјотресот во Непал биде ставено на интернет за да светот дознае за помошта која Џемматот им ја дава на луѓето. Неговата болест му предизвикувала големи болки но тој и понатаму се смеел. Во текот на болничките денови рекол дека не смееме да губиме ниту една прилика за ширењето на пораката бидејќи Ветениот Месија а.с. изразил жалење што не го знае англискиот јазик бидејќи тогаш наголемо би ја ширел пораката.

Нашиот Абид Вахеед, покрај остантите услуги за Џемаатот, е на должност која е врзана за печатот. Камал сахиб засновал многу врски со медиумите во врска со печатот. И покрај болеста преку телефон и е-мејл од својот болнички кревет ги поттикнувал новинарите да присуствуваат на Џалса. Откако бил направен централен медиумски тим тој често ги истакнувал напорите на Адам Валкер. Кога сметал дека работата не била добро направена бил многу емотивен но секогаш велел дека треба да ја почитуваме работата на човекот. На Џалса изгледал по свеж од другите иако никогаш не спиел доволно но тој позитивен изглед имал убаво дејство на другите. Без двоумење секогаш правел нови контакти. Станал извор на праќање на пораката на медиумите дури и во смртта. ББС, ИТВ и Белфаст Телеграф известиле за неговата смрт. Многу познати луѓе му одале почит во медиумите. Новинарот на ИТВ Хетер Кларк  рекла дека како новинар не би требало да остане без збор но дека била исклучително тажна поради смртта на Камал Афтаб. Таа кажала дека добрите умираат млади и дека сега неговото име и работата треба да ги чуваме во живот.

Маргарет Емсли, шеф на вестите на ИТВ на Јоркшир рекла дека Камал Афтаб бил многу добра и љубезна личност. Гледајќи го, се чувствувало дека тој водел среќен и исполнет живот и дополнила дека таа на ТВ ќе му одаде почит.

Претседателот на Џемаатот на Худерсфилд пишува дека Камал Афтаб сахиб бил исклучително послушен и имал силна љубов и врска со Халифатот и Џемаатот која предизвикувала восхитување. Бил редовен во правењето на намаз и имал силна љубов да им служи на луѓето. Ако некогаш задоцнел со извештајот а тоа бил побарано од него тој секогаш се извинувал.

Мухаммед Али сахиб од Хатртепол пишува дека минатата година со Камал сахиб отишол во Ирска поради вакфа арзи програма. Камал сахиб бил регионален претседател а Мухаммед Али сахиб бил локален претседател. Сепак Камал сахиб него го одредил за водач на ова патување и цело време му искажувал почит. Тој направил посебна организација за клањање на тахаџуд намаз и со љубов ја пренесувал пораката и го прашал нашиот мисионер во Ирска, Ибрахим Ноонон сахиб кој е најдобар начин на христијаните да им се пренесе пораката.

И останатите членови на Худам исто така пишувале и му оддале почита на Камал сахиб. Бившиот претседател на Худерсфилд пишува дека уште како дете го познавал Камил сахиб. Тој вели дека бил поинаков од другите деца. Не се карал, не бил дрзок и ги почитувал постарите. Имал силна љубов во служење на Џемаатот. Не е претерано да се каже дека навистина се држел до својот завет.

Еден хадим напишал дека Камил сахиб сакал да служи од позадина и не сакал да биде во центарот на вниманието. Имал длабока љубов кон Кур‘анот и хадисите и кога и да бил објавен превод на англиски на некоја од книгите на Ветениот Месија а.с. тој веднаш ги известувал другите.

Бил личност со безброј добродетели. Нека Аллах ја воздигне неговата положба и нека им даде цврстина, трпение и олеснување на неговите стари родители и нека им даде утеха на неговите браќа и блиски пријатели.

Мухаммед Наем Авна сахиб, који мал 36 години и неговиот дванаесетгодишен се удавиле во реката Рајна. Наем сахиб бил во посета на своето семејство во Германија со жената и децата. Пливал во реката Рајна и се создале големи бранови по поминувањето на бродот. Еден голем бран го повлекол во длабочината. Германските спасители спасиле три члена на семејството но Наем сахиб повторно отишол во вода за да го спаси синот и тогаш и двајцата биле совладани од големиот бран.

Наем сахиб се преселил од Германија во Велика Британија во 2005 година и бил активен член на Худам. Починал во 2012 година. Бил многу учтива и пријателски наклонета личност. Зад себе оставил жена и две ќерки. Фарук Афтаб пишува дека многу години го познавал Наем сахиб. Тој бил побожна личност им помагал на другите но никогаш луѓето не ги заморувал со своите проблеми.

Земал и по месец дена слободно од работата за да ги изврши обврските. Нека Аллах ја воздигне неговата положба и нека Он внимава на неговите ќерки.