In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Џалса Салана и Аллаховата милост

Денешната хутба во петок Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов Помошник, ја одржа во Баит-ул Ислам џамијата во Торонто, Канада. По ташахуд и учењето на сура Фатиха, тој рече дека со милоста на Возвишениот Аллах минатата недела започнала и завршила Џалса Салана во Канада. Колку и да му се заблагодаруваме на Возвишениот Аллах никогаш не е доволно. Со Неговата милост и наспроти нашите оскудни извори ние Џалса Салана ја одржуваме секаде во светот. И, благодарение на Аллаховата милост организацијата најчесто е во многу добра состојба. Ние во сите оддели немаме секогаш стручни луѓе со професионални особини кои можат да дадат најдобар квалитет во одделите. Ние имаме волонтери и меѓу нив исто така и  Кхуддам, Атфал, Ансар, Лаѓна и Насират. Меѓу нив се наоѓаат службеници и подредени. Понекогаш според образованието се случува службениците да бидат помалку образовани но сепак ако некој е доктор или инженер тој сепак мора да ги послуша службениците во одделот. Не постои разлика во тоа дека некој е високо образован или во светот има повисок статус – ова е одреден вид на послушност која ја гледаме во Ахмадија џемаатот. Тие во сите работи соработуваат. Не само што соработуваат туку, како што кажав и порано, покажуваат потполна послушност и послушно ги извршуваат своите должности и работите во кои треба да служат.

Хузур, нека Аллах биде негов Помошник, рече дека во овие три дена изгледа како кај работниците да го снемува размислувањето за светот. Единствено Џалса Салана и несебичната работа ги окупираат повеќето работници или кај сите оние кои ја понудиле својата помош на Џалса Салана. Значи, не е човечка работа таа што размислувањето го претвора во нешто што работата ја прави несебична и понизна, тоа е само Милоста на Возвишениот Аллах. Ако тоа не било поради Милоста на Возвишениот Бог тогаш духот на службата не би се остварил кај децата, младите, старите, мажите и жените. Возвишениот Аллах е Оној кој создава страст во срцата на работниците кои треба да ги служат гостите на Ветениот Месија а.с., и тоа несебично ставајќи ги настрана сопствените желби и размислувајќи за задоволството на Возвишениот Аллах и за служењето на гостите на Ветениот Месија а.с..

Хузур, а.т.б.а. рече дека треба да му бидеме благодарни на Возвишениот Бог што на Џемаатот му подарил толку вредни работници. И наспроти образованието, ако некому му се каже да го очисти тоалетот, да послужи храна, да подготви храна, да ја изврши должноста поврзана со сигурноста, да работи на паркингот, сите тоа несебично извршуваат било што да се побара од нив. Децата посебно убаво ги извршуваат своите должности.

Гостите силно се импресионирани кога на Џалса Салана ќе видат како децата на гостите им служат вода, тивко и предано. Во времето кога децата одат во медреси и младината во името на џихад учи за суровостите и на животот му се заканува со суровоста, во исто време Ахмади децата и младите животот го даваат за работа. Хузур а.т.б.а. вели дека собирот е како подарок на духовна вода и духовна храна, нашите деца, младина, момчиња и девојчиња служат физичка вода и храна, и влегуваат во вистински џихад кој е подарување на живот, а не закана на живот. Значи, луѓето велат дека кога ќе ги видат дечињата како радосно и одговорно послужуваат вода чувствуваат голема љубов.

Хузур, а.т.б.а. рече дека за тоа му се заблагодаруваме на Возвишениот Аллах и сите ние кои учествувавме или сме и се придружиле на Џалса Салана исто така треба да им бидеме благодарни на овие работници. Многумина од нив за организација на Џалса со работата започнале пред почетокот на Џалса и многумина и после собирот ќе продолжат да работат за да расчистат. И тие не се загрижени за работата или за сопствените нешта или пак за финансиска загуба. Со некои од нив се сретнав и ми кажа дека за Џалса не им дозволиле да отсуствуваат од работа и поради тоа дале отказ. Не се овие луѓе загрижени ниту поради сонот ниту поради одморот. Тие единствено се загрижени за извршување на службата и затоа се потрудиле да ги завршат сите подготовки за Џалса на најдобар можен начин. Значи, на учесниците на Џалса сакам најпрво да им се заблагодарам на сите работници, деца, гости, момчиња и девојчиња, жени и мажи кои волонтирале и со духот на службата извршувале и најниски работи и сето тоа го правеле со полна одговорност. Хузур а.т.б.а. рече дека овие служби се како тивко ширење на пораката. Очигледно е дека работниците работат, но за гостите тоа е како ширење на пораката и за многумина станува причина за водство.

Значи, не ахмад Бангали гостин од Америка, Шахеед-ур-Рахман, кој дошол со пријателите, рекол дека целиот живот на не ахмади оџите им кажувал како исламот кој тие го претставуваат го оддалечувал од сунни-џамијата и тој го мрази екстремизмот. Неговата жена е побожна и му кажала да учествува на Џалса Салана на Ахмадија џемаатот, и тој присуствувал на оваа Џалса и времето го поминувал со своите Бенгали пријатели. Хузур а.т.б.а. рече дека 91 Бенгал од Америка присуствувал на Џалса Салана.

Тој видел добро воспитание, љубов и почит на луѓето од Ахмадијатот и рекол дека присуствувајќи на оваа Џалса тој му се вратил на исламот. Последниот ден од Џалса, во тек на ручекот, седел сам на столица и поради гужвата не сакал да јаде. Наеднаш видел како Кхуддам му носи храна и вода и чека да заврши со јадење за да ја фрли празната кутија. Тоа толку многу го импресионирало што на состанокот со Хузур а.т.б.а. рекол дека Џалса била толку многу впечатлива што тој наскоро ќе му се придружи на Џемаатот. Хузур а.т.б.а. рекол дека ова е начин на кој Џалса станува извор на ширење на пораката. Потоа, и високиот морал и добрата услуга стануваат причина за промена во срцето. Ахмади мусиманот кој го услужил можеби и не знаел дали тој е Ахмад или не ахмад, тој тоа го направил само во духот на службата. Но таа служба станала причина за духовна промена кај личности надвор од Џемаатот. Постојат и политичари кои живеат во ова подрачје кои најчесто се запознаени со службата на Џемаатот и признаваат дека се импресионирани од подготовките за Џалса. Тие имаат прилика да видат голем собир на луѓе кои тивко седат и работниците кои тивко работат.

Хузур а.т.б.а. раскажа како еден политичар рекол дека како и секогаш бил полн со впечатоци. Работниците кои ја организираат Џалса многу се усогласени. Хузур а.т.б.а. рече дека според негова процена 25 илјади луѓе присуствувале и организацијата на такво нешто бара тешка работа од волонтерите. Хузур а.т.б.а. рече дека овие волонтери и работници оставаат убав впечаток и сите ние треба да им бидеме благодарни. Таму кај што тие ги служат гостите, таму тие стануваат тивки мисионери и ја шират пораката на Ахмадијатот. Хузур а.т.б.а., како што кажавме, рече дека сите ние треба да им бидеме благодарни. Нека Возвишениот Аллах секогаш го зголемува духот на нивната работа и нека за тоа им дава најдобри награди, нека ја зголемува нивната вера и верување а не само привидната страст за работата. И нивните дела треба да бидат во согласност со учењето на исламот. Истата работа се однесува и на работниците во МТА кои живеат во Канада и оние кои не присуствувале на Џалса, како впрочем и сите Ахмади муслимани каде и да се треба да им бидат благодарни.

Многумина работници на МТА дошле од Лондон и сите овие три дена многу работеле за да ја прикажат програмата на Џалса.

„Како што кажав дојде тимот од Лондон кој патува насекаде со мене. Оваа година тие ја донесоа својата антена наместо да ја изнајмуваат. Во тој поглед немавме ограничување, имавме доста време и заштедевме пари. Ако ја изнајмиме овде тогаш временски сме ограничени и ако го преминеме рокот треба да доплатиме. Во врска со тоа севкупно заштедевме 10-15 илјади долари и не бевме ограничени. Така, сите членови на Џемаатот треба да им бидат благодарни на работата на сите работници во сите оддели. И сите работници треба да му бидат благодарни на Возвишениот Бог што им овозможил да му служат на Џемаатот. Бог рекол, бидете благодарни и Јас ќе ви ги зголемам способностите и талентите и исто така ќе ви дадам и други благослови. Кога Возвишениот Аллах вели ’ЈАЗЕДАНАКОМ‘ тогаш Он не ограничува туку во изобилство дава.“

Хузур а.т.б.а. рече дека на овој начин верниците за секој успех треба да му бидат благодарни на Возвишениот Аллах и кога ќе наидат на слабост тие треба да ја побараат Неговата милост и проштавање. Хузур а.т.б.а. рече дека можеби може да се најде слабост во големите проекти но сепак гостите игнорирајќи ја таа слабост главно ја пофалуваат работата и работниците мора да им бидат благодарни на сите членови на Џемаатот, како и на гостите. На пример, зборувајќи за пропустите одделот за дочек не го проценил точниот број на гости првиот ден од Џалса Салана. Хузур а.т.б.а. рече дека ден порано му кажале како ќе подготвуваат храна за дваесет и две илјади а наместо тоа подготвиле само за дваесет илјади луѓе. Така, поради нивната процена две илјади луѓе останале без јадење. Хузур а.т.б.а. рече дека луѓето дошле со цел да присуствуваат на Џалса Салана.  Тој ден, па и следниот ден, ако немало доволно храна тие тоа задоволно го примиле. Тие не се жалеле туку станале пример и за подобрување на другите.

„Една личност ми пишуваше како стоела во друг ред и дека тогаш јадењето завршило. Прво, им кажале дека храната пристигнува но потоа по долго чекање им соопштиле дека нема повеќе јадење. Рекол дека бил многу налутен на управата додека друг човек покрај него му се заблагодарувал на Бог што храната завршила. Тој го запрашал што зборува. Човекот му кажал дека кај себе има сув леб кој ќе го натопат во вода и ќе јадат.

Ако се уште имало јадење тогаш не би можеле да делуваме според суннетот. Па ајде да го исполниме и овој суннет. Понатаму, пишуваше дека тоа што се случило не само што го отстранило неговиот бес туку исто така се срамел од своето лутење и го допрело тоа што Возвишениот Бог на Ветениот Месија а.с. му дал такви луѓе. Така управа мора да им биде благодарна на луѓето кои покажуваат толку висока моралност.“

Хузур а.т.б.а. рече дека овој пат управата покажала друга добра морална особина што наместо да ги прикрива слабостите тие ги држеле на око и ги спомнувале. Но тоа не е доволно, тие мора да ги запишат во црвена книга и подобро да планираат. Хузур а.т.б.а. понатаму кажа дека оваа место може да собере околу 18-20 илјади луѓе и ништо повеќе од тоа. И со Аллаховата помош Џемаатот и сега се шири така што и Џемаатот и управата треба да размислуваат за поголемо место. Или пак, кога ќе повикаме на Џалса мораме да имаме на ум дека местото не е доволно за тоа. Хузур а.т.б.а. рече дека ќе се зборува за слабостите кои управата веќе ги прифатила но ако постои и нешто повеќе луѓето треба да и пишуваат на управата за подобро планирање. Прво што пишуваа беше во врска со храната за Арапите и тоа дека храната била со многу зачини и не била во согласност со нивните очекувања. Хузур а.т.б.а. рече дека тоа треба да се поправи. Потоа, тука се и поплаките за недостатокот на храна за што Хузур а.т.б.а. веќе зборуваше. Потоа, тука е доцнењето на храна од еден час кај мажите. Друга работа е што оддалеченоста е голема. Храната е подготвена овде а се носи триесет километри подалеку. Потоа, камионите по грешка јадењето го донеле на женската страна наместо на машката поради што мажите останале гладни. Во ред е мажите да се помачат, но не е во ред децата и жените да останат гладни. Добро е што храната им била доставена на жените. Управата се жали за недостигот на работници при подготовката на храна. Хузур а.т.б.а. рече дека ова е во одговорност на управата и дека такво нешто не е тешко бидејќи, благодарејќи на Аллаховата милост, нема недостиг од работници во Џемаатот. Управата треба да размисли за тоа и да ги прифаќа луѓето кои го имаат духот на службата а не луѓе според нивниот избор.

Тие мора да го променат ова размислување бидејќи има доволно посветени работници. Потоа, се случувале и долги редици за тоалетот и луѓето долго чекале. Управата го спомнала само тоа но жалбите стасале до Хузур а.т.б.а., и тој рекол дека таму се наоѓаат и болни и изнемоштени луѓе кои исто така морале да поминат низ болни моменти. Понатаму, рече дека претходниот ден прашал за тоа и му било кажано дека организацијата не била на соодветно ниво. Хузур а.т.б.а. рече дека следниот пат темелно треба да се организираат нештата. Не бил договорен ниту видео преносот во Лангар Кхан и тоа е грешка на управа. Многу е важно на работниците кои не можат да присуствуваат на Џалса да им се овозможи пренос. Потоа велат дека во задниот дел кај мажите немало тон, но дека сепак во текот на говорот на Хузур а.т.б.а сè било во ред. Понатаму, рече дека доколку немало тон во задниот дел кај мажите, тогаш тие кои седеле таму требало да го известат за тоа бидејќи според она што тој го знае тонот во текот на неговиот говор бил во ред. Бил организиран и превод за Арапите но тие  првиот ден не биле известени за тоа и Хузур а.т.б.а. рече како некои од нив го сретнале и му кажале дека првиот ден не ја слушале хутбата.  Дури вториот ден дознале дека постои превод и за нив. Сега управата знае дека треба да постои известување за сите јазици кои се преведуваат и дека треба да се известува од каде можат да ги земаат слушалките. Сето ова треба да се стави на табла за прогласи и исто така и на влезовите, нагласи Хузур а.т.б.а.

Хузур а.т.б.а. рече дека ќе ги спомне коментарите на гостите и весниците кои повторно треба да го свртат нашето внимание на благодарноста кон Семоќниот Бог, бидејќи Он Лично ја ставил оваа порака во срцата на луѓето, додека нашите напори не се ништо наспроти тие резултати. Тој рече дек прво ќе ги спомне коментарите на нашите Ахмади муслимани, Сиријците и Арапите кои добиле прилика прв пат да учествуваат на Џалса Салана и по прв пат имале прилика да клањаат слободно бидејќи во своите земји дури и во мирни времиња имале забрана. Но, од времето на побуната тие и понатаму биле потиснувани и прогонувани. Хузур а.т.б.а. рече дека еден Ахмад пријател, Ахмед Дарвеш, рекол дека ова му е прва Џалса. Рекол дека кога влегол и пред себе го видел Халифата на времето почувствувал дека влегол во исламот. Тој рекол дека најголема промена која се случила во неговиот живот било тоа што неговите намази биле исполнети со понизност, кроткост и почит. Хузур а.т.б.а. рече дека ова е промена која мора да им се случи на сите оние Ахмади муслимани кои присуствуваат на Џалса Салана и таа промена не треба да биде за неколку дена туку мора да биде трајна промена. Гостинот рекол дека со себе донел еден гостин од Канада, по име Симпсон. После Џалса тој изјавил дека никогаш порано не видел таква љубов, братство, мир и сигурност и толку вистинољубиви и искрени зборови и среќен е што слушнал за таков ислам. Хузур а.т.б.а. рече: „Нека биде волјата на Алллах оваа среќа да стане причина за отворање на неговото срце.“

Хузур а.т.б.а. рече како еден Сириец, Ахмад Абдуллах сахиб, рекол дека трите дена од Џалса не можат да се заборават. Во Канада илјадници луѓе од најдобриот Џемаат во светот чистеле со најдобрата личност на светот. Потоа кажал дека подготовките за Џалса, приемот и секоја неопходна работа биле достапни во изобилство и дури ниту барањата на децата не биле занемарени, што било изненадувачко и необично. Атмосферата на Џалса била исполнета со љубов и братство.

Повикувањето на илјадници луѓе, организирањето на нивниот превоз и сместување е само по себе необично дело. Тој рекол дека говорите и преводите биле многу добри. Рекол дека повикал еден тим на новинари и едно муслиманско семејство и дека тие биле изненадени кога ја виделе убавината на организацијата на Џалса. И посебно им се допаднал говорот на Хузур а.т.б.а. на последниот ден од Џалса и љубовта која Ахмади муслиманите ја имаат за својот Имам за гостите била изненадувачка. Сличен став за тоа Хузур а.т.б.а. рече дека изнел Абдул Кадир сахиб кој кажал дека за прв пат дознал колку се големи подготовките за Џалса и колку секој работник работи како пчела, и тивко не вознемирувајќи никој друг ја извршува својата должност. Секој сакал да искористи прилика да служи, ипосебноо кога дознале дека тој е Арап, тие кон него се однесувале со крајна почит.

Потоа Хузур а.т.б.а. рече дека Реем Мустафа сахиб рекла дека Џалса и наспроти големиот број на учесници била уредна и пристојна.

Таа кажала дека ја видела најголема духовност која можела да се чита од лицата.

Хузур а.т.б.а. рече: „Нека Аллах даде оваа духовност за секогаш да остане на лицата.“

Таа понатаму рекла дека тие се благодарни на сите оние кои учествувале во успехот на оваа Џалса, и на оние кои ги подготвиле преводите и имале удел во другите служби. Рекла дека со милоста на Семоќниот Аллах ја зголемиле својата духовност.

Хузур а.т.б.а. рече дека тогаш Салма Јуботи сахиб рекла дека кога некој ќе ги види подготовките и организацијата на Џалса може да каже дека Џемаатот е обединет како едно тело кое се состои од взаемна помош. Таа рекла дека сите тие му се благодарни на одделението за превоз кое го овозможило нивното доаѓање и враќање дома. Потоа, дека различни нации се собрале само поради една цел а таа цел била да се шири пораката на исламот и мирот меѓу луѓето.

Хузур а.т.б.а. рече дека Хуссеин Абдеен сахиб рекол дека моментите кои ги поминал на Џалса биле најдобрите моменти во неговиот живот. Тој рекол дека порано Џалса ја гледал на телевизија и дека правел дови и тој да добие прилика да присуствува на Џалса Салана со Халифата на времето. Не се надевал дека неговите дови ќе бидат примени толку брзо и дека Семоќниот Бог ќе му даде и повеќе од тоа што го барал. Тој рекол дека додека седел пред бината пред очите му излегувале слики на деновите кои ги минал во Сирија и Турција. Рекол дека неговото срце било исполнето со благодарноста кон Семоќниот Бог и рекол како некогаш деновите му биле исполнети со тага а сега тој седи пред Халифата на времето. Тоа е само поради милоста на Семоќниот Бог.

Хузур а.т.б.а. рече дека бил и еден пријател Сириец кој рекол како за прв пат учествува на Џалса Салана на Џемаатот. Рекол дека било застрашувачко да се види толку голем број на луѓе на исто место. Хузур а.т.б.а. рече дека можеби преведувачот по грешка го превел зборот застрашувачки но сепак тој смета дека човекот зборот го употребил од љубов. Овој пријател Сириец понатаму рекол дека учесниците не се само од Канада туку се дојдени од најразлични земји. Покрај тоа не и припаѓаат само на една нација туку на најразлични нации и на различни бои.  Употребата на нова технологија, совршените подготовки и послушноста на присутните го вдахнала со вера. И за него најрадосна работа било присуството на Халифа-тул Месих и овие три дена ги впивал неговите говори.

Хузур а.т.б.а. рече дека во секој случај изнел неколку коментари на новите и старите Ахмади муслимани кои дошле од Сирија и кои од оттаму поради одредени околности се иселиле. Хузур а.т.б.а. рече дека ќе раскаже и за изјавите на луѓето од надвор бидејќи така се отвораат патиштата на претставувањето на Џемаатот и патиштата на пропагирање (на исламот).

Хузур а.т.б.а. рече како еден Германец конзул му кажал дека овде стасал пред четири недели. Тој живеел во разни земји и немал многу претстава за Џемаатот. Рекол дека никогаш не слушал толку сеопфатен говор за исламот. Хузур а.т.б.а. рече дека овој гостин го слушал и неговиот последен говор на Џалса. Рекол дела Хузур а.т.б.а. има многу позитивна визија, рекол дека Хузур а.т.б.а. го изнел вистинскиот ислам, оној кој подучува на мир, правда и љубов, и се чинело како секој збор да е стварност. Рекол дека сака светските медиуми, наместо времето кое го даваат на пропагандата на Багдад, Ирак, и на ИСИС, да го посветат на овој амбасадор на мирот и тогаш можеби мирот ќе победи. Потоа рекол (повикувајќи се на говорот на Хузур а.т.б.а.) дека секоја негова реченица била базирана на вистината и во себе носела копнеж за мир во светот. Тој рекол дека оваа порака ќе ја шири колку што е можно повеќе. Хузур а.т.б.а. рече дека со милоста на Семоќниот Бог луѓето, исто така, станале наши амбасадори.

Хузур а.т.б.а. рече дека членка на овдешниот Парламент која им била позната на овдешните луѓе исто така била присутна на Џалса Салана. Таа рекла (обраќајќи им се на Ахмади муслиманите): „Вашиот Халифа во согласност со ситуацијата ви доверил задача секаде во светот да ја ширите пораката ’Љубов секому, омраза никому‘. И повеќе од тоа, муслиманите и не муслиманите да градат односи на темелот на љубовта и едни со други да постапуваат праведно и еднакво. Бидејќи, ако тоа не се случи ќе започне трета светска војна како што не предупредуваат околностите. Јавноста и политичарите мораат да работат на тоа да се соберат и тоа да го направат.“

Таа рекла дека и двете групи, и муслимани и не муслимани, мора да ја шират оваа порака така што луѓето ќе знаат дека постапките на екстремистите немаат никаква врска со темелите на исламот, и дека екстремистите се тие кои поради лични придобивки ги оцрнуваат другите.

Хузур а.т.б.а. рече како на собирот имало и гостин од црквата Седмиот ден на Евангелисти. Тој рекол дека денес неговото срце било среќно што Халифата на Ветениот Месија а.с. зборувал за мирот и сигурноста. Сега е неопходно луѓето да дознаат за Ахмадија муслиманскиот џемаат и луѓето треба да знаат што работи Ахмадија муслиманскиот џемаат. Рекол дека тоа што медиумите го сервираат не е ислам. Вистинските учења на исламот се многу добри.

Хузур а.т.б.а. рече дека бил присутен и градоначалникот на Белизе кој веќе бил и на други Џалси. Повикувајќи се на говорот на Хузур а.т.б.а. градоначалникот рекол како говорот длабоко го допрел и дека поради начинот на кој ги објаснил меѓународните односи дознал дека Халифата не е само водич за Ахмади муслиманите туку исто така може да биде упатство за целиот свет. Тој рекол дека тоа што Халифата на Ветениот Месија а.с. го рекол во својот говор никогаш нема да може да го заборави.

Хузур а.т.б.а. рече дека како гостин присуствувал и еден локален градоначалник. Тој рекол дека Хузур а.т.б.а. кажал дека пораката ја упатува на Џемаатот: „Дека ова е посебна прилика за нас да ја зголемиме духовноста. Треба да бидеме љубезни кон сите без оглед на религиската припадност и тоа е порака која ја примивме денес. Мораме да запомниме дека нашиот Халифа не подучил како сите мораме да ја одиграме својата улога во ширењето на мирот.“

Хузур а.т.б.а. рече дека еден гостин од Брамптон рекол како единствената порака која тој (Хузур) ја упатил била ширењето на мирот. Потоа, Хузур а.т.б.а рече дека овој гостин кажал, повикувајќи се на последниот говор на Хузур а.т.б.а., дека тоа бил неверојатен говор и дека нема зборови за да ги изрази своите чувства.

Хузур а.т.б.а. рече дека една госпоѓа, член на Парламентот, рекла дека и се допаднал говорот на Халифата кој бил одржан на жените, посебно делот во кој се зборува дека мајката е темел на семејството и силно го одржува целото општество. Хузур а.т.б.а. рече дека ова е деветта Џалса на која оваа госпоѓа присуствува а таа кажала дека со нетрпение го очекува говорот на Халифата. Потоа кажала како видела дека сите едни кон други се однесува со почит, секој бил свесен за Џалса, подготовките биле добри, звучниот систем работел добро и видео системот исто така бил добар. Таа рекла дека и било многу драго кога ја видела опремата за слушање на превод бидејќи без тоа целта за доаѓање на Џалса не би била исполнета, бидејќи не би биле во состојба да ги слушаме говорите на Имамот на Ахмадија џемаатот. Таа рекла дека како и секогаш кон гостите се однесувало лесно и со почит иако сите тие не се вредни за тоа и поради тоа чувствуваат голема благодарност. Било многу впечатливо да се видат илјадници Ахмади муслимани во мир и задоволство и оваа перспектива е спротивна на негативностите на европскиот и арапскиот свет. За неа било задоволувачко да го види единството на присутните.

Хузур а.т.б.а. рече дека гостите кои доаѓаат на Џалса со милоста на Семоќниот Бог  стекнуваат убави впечатоци. Имало гости и од странство кои ги спомнал Хузур а.т.б.а. кои исто така стекнале убави впечатоци. Оние кои дошле од централна Америка и јужна Америка кога ја виделе атмосферата на Џалса нивните погрешни мислења за исламот биле отстранети.  Хузур а.т.б.а. рече дека во овие земји ние имаме нови мисионерски места. Во последните неколку години луѓето го прифатиле Ахмадијатот и основани се џемаати кои се соочуваат со одредени тешкотии. Но, кога високи службеници од овие земји присуствуваат на Џалса, ним фактите им стануваат очигледни.  На тој начин ние ја добиваме нивната соработка и потоа нашата работа таму станува лесна. Многу луѓе доаѓаат на Џалса во Велика Британија но многумина од нив дојдоа и овде. Така, Џалса Салана во оваа смисла ги отвора патиштата на ширењето на пораката. Во секој случај таму кај што Џалса Салана станува извор за духовно воздигање на Ахмади муслиманите, таму таа станува и извор за претставување на Џемаатот и за создавање на врски. Луѓето ја дознаваат вистинската слика за исламот.

Хузур а.т.б.а. рече дека последните години поради ситуацијата во муслиманските земји вниманието е свртено кон Ахмадија џемаатот. Вистинска работа е милоста на Возвишениот Аллах што Он го свртел вниманието на медиумите кон нас. Инаку, и наспроти нашите повици тие не обрнуваа внимание на нас. Покрај тоа и нашата младина со милоста на Семоќниот Аллах основала широки односи со медиумите и врската со нив. Хузур а.т.б.а. рече дека канадскиот тим во кој се наоѓаат младите, исто така ги проширил односите со печатот и медиумите.

„Јас не знаев дека во Канада нашата младина исто така има делотворна улога. Јас ова го дознав кога дојдов овде – дека со милоста на Семоќниот Бог младината работи напорно. Нека Семоќниот Бог биде задоволен со нивната работа. Јас забележав дека многу млади работат на тоа.“

Тоа е исто така и вид на пропаганда која нашата младина страсно ја прави преку печатот и медиумите. Некои од нив се поврзале со угледни новинари и ТВ канали. Некои телевизии убаво одговориле додека другите немале интерес за религија така што не известуваат за Џалса и, иако и Халифата дошол, тие не сакаат да направат репортажа за тоа. Младите беа тажни поради тоа но Семоќниот Бог, за да ја засили нивната вера, ги покажа контурите на Својата моќ. На пример, тие ги контактираа некои весници или канали но тие не покажа доволен интерес. Хузур а.т.б.а. рече дека можеби, како што кажа еден Сириец, тоа е истиот тим. Овие младинци сакаат овие медиуми да ги пратат своите претставници на Џалса така што вистинската порака на Ахмадијатот ќе стаса до нацијата. Хузур а.т.б.а. кажа дека Семоќниот Бог си ја прави Својата работа. Истиот канал требаше да направи документарец за сириските емигранти и во потрага по нив, случајно или треба да кажам дека Семоќниот Аллах тоа го сакал, тие се сретнале со Сиријците кои биле Ахмади муслимани. Тие кажале дека во тек е нашата Џалса Салана и ги повикале да дојдат, како и дека таму ќе дознаат сè и таму ќе зборуваат со нив. Вака, овој медиум кој претходно одбил да дојде, сепак морал да дојде. Во секој случај, Семоќниот Бог на некој начин на широко го претставува името на Ахмадија џемаатот. Светот ја знае улогата не медиумите, и името на Ахмадија џемаатот на големо се шири преку нив.

И, од оние Ахмади муслимани кои доброволно работеле за ова барам тоа да го зголемат со напорна работа и понизноста. Секогаш запомнете дека милоста на Семоќниот Бог треба да биде покрај вас и затоа треба да ја барате.

Хузур а.т.б.а. рече дека првиот ден од Џалса Салана новинарите од весниците, радиото и телевизијата дошле на конференција за печат и направиле интервју. Тоа било известено и исто така и Ахмадија џемаатот бил претставен. Биле објаснети вистинските учења на исламот. Хузур а.т.б.а. рече дека им ја упатил порака на Ветениот Месија а.с. и дека настојува да ги пренесе претскажувањата на Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. за доаѓањето на Ветениот Месија а.с.. Така луѓето ја дознаваат вистината за исламот.

Хузур а.т.б.а. рече дека во секој случај известувањето одело на следниот начин:

„Три големи весници во Канада, Торонто Стар, Глоб и Маил и Национал Прес известиле нашироко за Џалса Салана. Според нивното мислење пораката стасала до 3.9 милиони луѓе. Освен во овие три весника, пораката стасала уште до 5 милиони луѓе низ повеќе од 25 други весници. Потоа, пораката стасала до уште три стотини илјади луѓе преку самите урду весници, десетте Пенџаб весници и трите весника кои веста ја објавиле на шпански, арапски и Бенгали јазик. Најголема радиостаница во Канада ’680‘ вели дека имале 2,5 милиони слушатели и до нив исто така стасала веста за Џалса Салана. Преку медиумите, како што се Твитер, Инстаграм, Фејсбук и Перископ, сметаме дека преку нив пораката стасала до дваесет милиони луѓе. Потоа ЦТВ, Глобал ТВ, Роџерс ТВ, вклучувајќи го и СБС , значи повеќе од шеснаесет главни телевизиски канали ја пренеле веста за Џалса Салана. Преку сето тоа, како тие што сметаат, пораката стасала до дваесет и пет милиони луѓе. Веста за Џалса Салана преку урду, Пенџаби, Бангали, арапски, гахански и други канали стасала до уште милион луѓе. Во секој случај, преку ТВ каналите веста стасала до повеќе од 6.6 милиони луѓе, преку весниците до 2.2 милиони луѓе, до 3.5 милиони луѓе преку радиостаниците и до 2.8 милиони преку интернет мрежите. Според вкупниот извештај веста стасала до 16 милиони луѓе.

Хузур а.т.б.а. рече дека ако направиме традиционална процена тогаш во поглед на Џалса Салана оваа порака и претставувањето на Ахмадија џемаатот стасале до барем десет милиони луѓе. Хузур а..т.б.а. рече дека во вестите кои тој ги проверил тие совесно известувале за Џалса Салана, за нашето учење и за Ахмадија џемаатот. Според тоа, ова е работа на Семоќниот Бог и Он работи на ширењето на Џемаатот.

„Но, сепак тоа не смее да го сврти нашето внимание и не смееме со тоа да бидеме задоволни. Наместо тоа треба да ја зголемиме нашата духовна состојба и односот со Семоќниот Бог. Ние мораме да се воздржиме од она што Семоќниот Бог го забранил и да го земеме сè она што Семоќниот Бог одредил да го правиме. Ако Семоќниот Бог ви дава прилика да служите, тогаш сметајте го тоа како благодат. И сите вршители на должност и работниците своите должности да ги извршуваат со стравот од Семоќниот Бог. Сите присутни и сите кои слушаат, треба да направат анализа и да се преиспитаат дали се уште се држат до тоа што го слушнале на Џалса и дали се трудат тоа да го направат дел од својот живот. И анализирајте како да ги посвоите добри работи и настојувајте секогаш да ги задржите. Ова се нарекува вистинска благодарност кон Семоќниот Бог а не привремена благодарност. Според тоа, ова секогаш држете го пред себе бидејќи така Семоќниот Бог ги зголемува Своите благодати и ги дава. Нека Семоќниот Аллах му помогне на секој Ахмади муслиман да ги посвои овие работи и нека вистински бидат во состојба да го осознаат Семоќниот Бог и нека бидат во состојба да се поврзат со Него.“