In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Благословите и влијанието на Џалса Салана во Велика Британија

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека сета пофалба му припаѓа на Аллах џ.ш. бидејќи овозможил и минатата година да се одржи Џалса Салана (годишен собир) во Велика Британија, како и оваа година, а многуте благослови биле сведоци во текот на трите дена за време на собирот.

Надминување на пречките од ковидот во подготовката на Џалса Салана

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека на почетокот се мислело како Џалса Салана ќе треба да се одржи во ограничен обем поради пандемијата. Меѓутоа, месец дена пред тоа, решено е на сите членови на Ахмадија муслиманската заедница да им се дозволи да присуствуваат во Велика Британија. На почетокот администрацијата била загрижена, но со многу благослови сè успешно завршило.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Џалса Салана се очекува со големо нетрпение, а кога ќе дојде време, поминува толку брзо, додека да трепнеме со око.

Имало многу луѓе кои го резервирале присуството на Џалса Салана  што поради ковидот, што од други причини. Меѓутоа, членовите на Заедницата дозволиле, и Халифата кажа дека и тој дозволил, и со милоста на Аллах џ.ш. Џалса Салана добро поминала.

Неуморните напори на волонтерите во исполнување на должностите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. им се заблагодари на сите волонтери кои несебично работеле од почеток до крај. Младите и старите, мажите и жените, сите работеле со голем труд и вредно. Имало и недостатоци кои подоцна се забележани, но тоа се работи кои во иднина можат да се подобрат.

Се на сè, сите ја исполниле својата должност и хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. на сите им се заблагодари.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека МТА направила одлична работа со емитувањето на емисии во врска со Џалса Салана. Оваа година самите направиле цело студио со што заштеделе илјадници фунти. Биле во можност да се поврзат со различни земји ширум светот кои можеле да преку програмата на МТА да ја пратат Џалса Салана.

Длабокото влијание на Џалса Салана на луѓето ширум светот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. прочита разни коментари од целиот свет од оние кои биле допрени од гледањето на Џалса Салана.

Луѓе од Нигерија, кои не биле Ахмади муслимани, го изразиле своето чудење од нивото на послушност и единството под Халифатот, и како сите седеле во тишина слушајќи го Халифата и пратејќи ја програмата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден муслиман од Буркина Фасо, кој не бил Ахмад, ја гледал програмата на Џалса Салана, бил восхитен од неа и кажал дека тоа, секако, е вистинскиот ислам.

Уште еден, кој не бил Ахмади муслиман од Сирија, рекол дека гледајќи ја Џалса Салана и вложените напори забележал дека вистинската порака на исламот се шири во целиот свет и дека тој и понатаму ќе учи за Ахмадијатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека човек, по потекло од Гвинеја Конакри, пратејќи ги програмите забележал дека различни земји се покажувале на екранот, но никаде не ја видел Гвинеја Конакри. Штом го помислил ова на екранот се прикажале сцени од Гвинеја Конакри.

Исто така, изразил благодарност на Халифата за говорот за човечките права.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа и за чувствата на свештеникот од Замбија, кој рекол дека на почетокот мислел оти исламот им ги одзема правата на жените во вистинска смисла, а не христијанството.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека човек од канцеларијата за миграција во Конго-Киншаси се придружил на Заедницата и ја гледал програмата на Џалса Салана. Откако го ислушал говорот на Халифата почнал да се запрашува зошто и тој не е Ахмад, и ветил дека ќе доаѓа почесто и повеќе ќе истражува.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа дека една Албанка рекла оти по гледањето на Џалса Салана искрено ќе размисли за вистинитоста на Ахмадијатот и рекла дека по слушањето на говорот на Халифа-тул Месих V а.т.б.а. заклучила дека се согласува со сите работи кои тој ги кажал.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека госпоѓа, по потекло од Авганистан, рекла како пронашла голем мир откако го слушнала говорот на Халифата и научила како исламот ги штити човечките права. Рекла дека ова посебно теши, бидејќи во Авганистан, под власта на Талибаните, жените немаат никакви права. Сепак, научила како исламот ги воспоставува и ги поддржува правата на жените.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека двајца пријатели од Француска Гвајана кажале дека два дена пред Џалса Салана разговарале дали во исламот постои учење за човечките права. Потоа, му се придружиле на собирот за да го слушаат говорот на хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кој се однесувал на жените, и биле зачудени од сознанието како исламот ги поддржува правата на жените.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа за чувствата на новата членка на Џемаатот од Африка која рекла дека по слушањето на говорот на хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. и станало јасно дека не смееме да станеме Ахмади само за да другите ги преобратиме во Ахмадијатот, туку мораме самите себе да се реформираме за да луѓето во општеството ја видат вистинската слика на исламот преку нашето однесување, а ние самите да се фокусираме на хармонијата помеѓу нашите зборови и дела.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден нов член од Казахстан рекол како зборовите на хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. имале длабоко влијание на него и на неговата сопруга, кои заедно седеле и ја гледале целата програма на Џалса Салана. Исто така, се молел за сите волонтери кои помогнале да се организира целата Џалса.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека осумдесетгодишен маж од Замбија не можел да ги задржи солзите додека го слушал говорот на хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., и дека морал да се оддалечи бидејќи бил преплавен од емоции. Подоцна, објаснил дека за прв пат го слушнал гласот на Халифата, што го направило многу емотивен. После тоа, на членовите на Заедницата им кажал дека полнењето на џамиите не треба да им се препушти само на мисионерите, туку сите треба да настојуваат во тоа и да ги поттикнуваат и останатите да доаѓаат во џамија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека наставник по историја од Албанија изјавил оти, иако виртуелно присуствувал на Џалса, сепак чувствувал како навистина да бил на Џалса Салана. Рекол дека оваа Џалса е силен доказ дека Ахмади заедницата е обединета и подготвена да го сослуша Халифата и да ги исполнува неговите зборови. Рекол дека говорите на Халифата се лесно рабирливи за сите луѓе и дека треба да се однесуваме според неговите зборови.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постои временска разлика од 8,5 часа помеѓу Лондон и Аделаида во Австралија. Имамот во Аделаида рекол дека бил загрижен дали луѓето ќе дојдат да ја гледаат Џалса Салана бидејќи тоа треба да го направаат доцна во ноќта. Меѓутоа, членовите на Заедницата покажале голема искреност и доаѓале и преку ноќ да ја гледаат Џалса, дури и останувале до 3 часот наутро за да го слушаат завршното обраќање на Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека една Арапска жена напишала оти е исклучително благодарна што дознала дека ја следи религијата која ги дава и ги штити правата на жените во голема мера. Рекла дека чувствува гордост што на своите пријатели им ги пренесува овие учења на исламот.

Исто така, кога Халифата го свртел вниманието на тоа како жените треба да ги штитат правата на мажите се замислила и почнала да анализира како тоа е подобро да го направи за својот татко, браќата и мажот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека нов член на Џемаатот од Малезија немал доволно средства да го плати интернетот за да го гледа преносот на Џалса Салана. Затоа, одбрал неколку манга од дрвото пред куќата, ги продал и со тие пари купил доволно интернет за да може да го прати преносот на Џалса Салана.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека госпоѓа од Гвинеја Бисао кажала како била сомничава во врска со исламот, но сите тие сомнежи биле отстранети кога го слушнала завршното обраќање на Халифата, а потоа и го прифатила Ахмадија исламот.

Таа рекла дека во денешно време Халифатот е тој кој ги има одговорите за проблемите во светот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден човек од Албанија на Џалса Салана го слушал говорот на Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а и кажал дека истиот содржи голем број на докази од Чесниот Кур’ан, и моменти и случувања од животот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Подоцна, кога заминал дома, ги проучил десетте услови за за Баи’ат и одлучил да го прифати Ахмадијатот.

Како емитувањето на програмите на Џалса Салана стигнале до милиони гледачи ширум светот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека примил 126 пораки од официјални лица од различни делови на светот. Повеќе од 53 земји се придружиле на Џалса Салана преку видео.

Џалса Салана ја прателе и за неа известувале и ББЦ, ИТВ, Метро и многу други телевизии, додека осум ВЕБ страници, кои покривале повеќе од 20 милиони посетители, објавувале извештаи за Џалса Салана.

Во печатените медиуми биле објавени 14 текстови за Џалса Салана со вкупно 1,2 милиони читатели.

Џалса Салана била покриена во 32 ТВ програми со повеќе од 12 милиони гледачи.

На радио програмите била покриена во повеќе од 33 канали со повеќе од 1 милион слушатели.

На социјалните мрежи Џалса Салана ја прателе повеќе од 12 милиони луѓе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека МТА објавила видео снимки и слики кои биле прифатени од над 4 милиони луѓе.

МТА објавила дека дека Џалса Салана во Африка била следена на повеќе од 20 ТВ канали кои покривале повеќе од 35 милиони луѓе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека весникот ‘Преглед на Религиите’ ја прател Џалса Салана преку социјалните мрежи и You Tube.

Биле објавени повеќе од 40 колумни, снимени повеќе од 12 видеа и повеќе од 100 објави на социјалните мрежи, кои ги прателе повеќе од 300.000 луѓе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ова се само неколку примери кои ги изнел за покривањето и случувањата на Џалса Салана во Велика Британија, и се молеше ефектите од Џалса Слана да останат вечни.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе предводи џеназа на неколку џематлии.

Нусрет Султан Кудрат сахиба

Нусрет Султан Кудрат сахиба од Канада, сопруга на Кудратулаха Аднан сахиб.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

Редовно клањала намази и била прекрасна личност, како мелек. Додека била во болница на сите доктори им ја пренесувала пораката на исламот. Еден од докторите бил муслиман кој редовно ја посетувал и ја прател како го учи Чесниот Кур’ан.

Гаела длабока љубов кон Халифатот.

После неа останале сопруг и три сина. Еден од синовите, Разиуллах Номан бил студент на Ахмадија медреса во Канада.

Нејзиниот сопруг кажува дека својот живот го живеела и го посветила во служба на верата.

Имала посебна склоност кон проповедање на верата, која посебно ја всадила кај своите деца кои, исто така, поседуваат исклучителна страст за ширење на верата, а тоа посебно се однесува на нејзиниот син Разиуллах Номан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. нему и на неговите браќа и сестри да го продолжат наследството на својата мајка и Аллах џ.ш. да ја воздигне нејзината положба во Џеннетот.

Цхаудхару Латиф Ахмад сахиб

Цхаудхару Латиф Ахмад сахиб неодамна починал.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

Својот живот го посветил во служба на Џемаатот и служел како Наиб Вакилул Мал Тани и Наиб Вакилул Мал Тхалитх.

Работел и во Африка. Повеќе од половината од својот живот му служел на Ахмадијатот.

Бил многу едноставен и внимателен и кон сите со кои работел љубезно се однесувал.

Зад себе оставил еден син и една ќерка.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му подари прошка и милост и да ја воздигне неговата положба во Џеннетот.

Мусхтак Ахмад Алам сахиб

Мусхтак Ахмад Алам сахиб од Кашмир.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

После него останале сопруга, шест сина и две ќерки.

Тројца од неговите синови се мисионери, а еден од нив служи во Сенегал и не можел да присуствува на неговата џеназа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. на неговите деца да им подари трпение и да ја воздигне неговата положба во Џеннетот.