In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Џалса Салана во Холандија 2019 година

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Денес, со милоста на Семоќниот Аллах започнува Џалса Салана (годишен собир) на Ахмадија муслиманската заедница во Холандија, и многу ми е драго што сум овде. Исто така, многу сум задоволен за зголемување на бројот на Ахмади муслимани во Холандија, а во меѓувреме нашата Заедница изгради и прекрасна џамија во Алмере. ИншаАллах Та’ала (ако Бог даде) нејзиното свечено отворање ќе се одржи во текот на наредната недела.

Секогаш запомнете, дека изградбата на џамија може да донесе само корист ако се бара вистинската цел во постоењето на џамија.

Многумина од вас се преселиле овде од Пакистан бидејќи сте биле лишени од својата верска слобода. Не сте биле во состојба да го обожавате Бог, ниту сте имале можност да имате собири и состаноци за обука, а законите ви забранувале да клањате намази. Како резултат на овој верски прогон сте побарале азил во оваа земја. Овде уживате во верската слобода а и вашите финансиски состојби се подобриле.

Значи, секој Ахмади муслиман кој овде постигнал верска слобода треба исклучително да му биде благодарен на Бог и треба со сите свои сили да ги исполни условите на својот Баи’ат.

Ако љубовта кон Аллах џ.ш. и кон Неговиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не се одразува од сите наши постапки и дела, и, ако во себе не сме развиле побожни промени, која тогаш е целта на постигање на оваа верска слобода?

Вистинската корист од оваа верска слобода ќе биде постигната ако го исполниме правото на нашиот Баи’ат (заклетва), кога го развиеме вистинското разбирање за учењето на Ветениот Месија а.с. и кога ние ќе ја дадеме предноста на нашата вера преку овој материјален свет.

Еден од условите на Баи’атот е Божјата реч и зборовите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да бидат водечки принципи во секој аспект на нечиј живот. Секоја реч на Семоќниот Аллах и Неговиот Пратеник с.а.в.с. можат само да станат водечки принцип во животот кога личноста развиете вистинска љубов кон нив. Тоа не е лесна работа и истата бара одлучен и силен напор да му дадеме предност на нашето обожување над сите овосветки работи. Мора да напуштиме сè што не спречува да ја постигнеме блискоста со Семоќниот Бог, без оглед на тоа какви се нашите обврски. Ако нашето его, нашите овоземски позиции и слава, како и нашите себични мотиви не спречуваат да ги исполнуваме правата на другите, тогаш ние се однесуваме против наредбите на Семоќниот Бог.

Возвишениот Аллах ни наредил да ги исполнуваме правата кон Неговите созданија и со непочитување на тоа на ја исполнуваме целта да бидеме во Џемаатот на Ветениот Месија а.с..

Ветениот Месија а.с. вели:

„Треба да развиете состојба  на одвоеност од светот внатре од себе.“

Тоа значи дека треба да го напуштиме овој свет. Тоа значи дека треба да се занимаваме со својата работа во овој свет додека секое наше дело треба да биде во склад со наредбите на Семоќниот Аллах и Неговиот избран Пратеник с.а.в.с..

Обврските во овој свет не би требало да не одвратат од нашите верски обврски и среќни сме што го напуштивме сето она што ни сметаше на патот кон Семоќниот Аллах.

Оваа Џалса Салана преставува како тренинг камп за подобрување на нашата духовна состојба и кон постепен напредок кон верата. Колку повеќе го развиваме вистинското уважување на атрибутите и квалитетите на Семоќниот Аллах толку повеќе тоа ќе ни помогне да ја развиеме љубовта кон Него.

Љубовта кон Семоќниот Аллах од нас бара да делуваме во склад со Неговите Наредби и да чиниме добри дела.

Сетете се, вистинската вера бара, како што изјавил Ветениот Месија а.с., дека не смее да се прави добро дело со цел да се постигне нешто за возврат. Добрите дела треба да ги чиниме со чиста намера затоа што нашиот Аллах џ.ш. ни наредил да чиниме добри дела.

Значи, права добрина е таа која се прави без било какви себични и надворешни мотиви и влијанија. Затоа, имајќи го на ум овој принцип, едни кон други треба да се однесуваме љубезно и да настојуваме да ги исполниме меѓусебните права.

Понекогаш богатството и моќта можат да станат пречка при извршување на добри дела бидејќи на крајот се дава предност на финансиските приоритети пред обожавањето на Бог.

Внимавајте, ова не е правата љубов кон Семоќниот Бог. Она што се бара од нас е да го пружиме своето почитување кое во целост е вкоренето во љубовта кон Бог. Кога човек се ослободи од световните желби, тогаш, Семоќниот Бог ги одобрува одредбите од каде човекот тоа не би можел ниту да го замисли.

Запомнете, правото богатство доаѓа со Таква (побожност), и Бог никогаш не се откажува од својот вистински слуга и не дозволува он да мора да моли други, всушност, ако некој вистински стане предан кон Семоќниот Бог и ја усвои вистинската праведност, Семоќниот Аллах ќе продолжи да му ги дава своите благослови и милости во тек на седум генерации и сите нив ќе ги чува.

Денес, наша одговорност е да ја зголемуваме љубовта кон Семоќниот Аллах. Дајте ја предноста на нашата љубов кон Семоќниот Аллах и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. над сите овоземски благодати, и во исто време чинете напори да постигнете чисти промени во самите вас.

Исто така, треба да настојуваме да го приближиме нашето општество во кое живееме кон Семоќниот Бог.

Денес, луѓето од овој свет го негираат постоењето на Семоќниот Бог и секоја година значаен број на луѓе ја напуштаат својата вера.

Треба да ја всадиме љубовта на Семоќниот Аллах во своите срца и да го просветиме светот за постоењето на Семоќниот Аллах. Дури тогаш вистински ќе го оправдаме својот Баи’ат со Ветениот Месија а.с..

Не е доволно само да ја всадиме љубовта кон Семоќниот Аллах и Неговиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во нашите срца, всушност, нашата должност е далеку поголема од оваа. Мора максимално да се потрудиме кај нашите деца и кај нашите идни поколенија да ја всадиме љубовта кон Семоќниот Аллах и Неговиот Пратеник с.а.в.с..

Кога сме го дале Баи’атот на Ветениот Месија а.с. сме имале должност да ја продолжиме неговата мисија. Нека Семоќниот Аллах ни пружи прилика тоа да го направиме.

Во овие денови на Џалса Салана нека Аллах џ.ш. ни овозможи да го зголемиме нашиот стандард на обожување. Да настојуваме да раснеме во својата љубов кон Семоќниот Аллах и Неговиот Пратеник с.а.в.с. и нека овосветските желби и задоволства никогаш не надвладеат.

Меѓутоа, запомнете дека ништо од тоа не е можно да се оствари без благословите на Семоќниот Аллах. Затоа, и понатаму продолжите да се молите за да може да ги примите благословите Негови и мора во голема мера да посветите внимание на тоа.

Нека Семоќниот Аллах ни пружи прилика тоа да го учиниме.