In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

ЏАЛСА САЛАНА, ГЕРМАНИЈА 2015: КАЖУВАЈТЕ ЗА АЛЛАХОВИТЕ БЛАГОДАТИ

Ветениот Месија а.с. рекол дека човекот целото време и во секоја ситуација треба да бара дова и да се држи до следното: „Што се однесува до благодатите на вашиот Господар кажувајте им и на другите за нив“ (93:12). Тоа  ја зголемува љубовта кон Бог и ја зголемува страста да му бидеме послушни и верни на Бог.

Хазрети Халифа-тул Месих рекол дека во текот на неговите патувања  во странство Божјите благодати многу се зголемиле. Со Божјата милост овие програми и вистинската порака на исламот стасуваат до огромен број на луѓе и ги импресионираат. Главната цел на неодамнешната посета на Хузур на Германија била да присуствува на Џалса Салана во Германија; меѓутоа, одржани се многу програми низ кои вистинскиот ислам им бил претставен на другите. Кога ни се дадени благодатите на Аллах надвор од нашите напори и дови, уште повеќе станува неопходно да ги кажуваме. Начинот на кој, Џалса Салана во Германија и останатите програми, пораката на Ахмадијатот ја упатиле на голем број луѓе и биле благословени од Бог, го свртува вниманието кон кажувањето на овие благослови. Германскиот Џемаат, од тоа гледиште, посебно  треба да му биде благодарен на Бог д и да се сврти кон Него повеќе од секогаш. Не е можно да се стаса до срцата и до умовите без Божјата милост. Понекогаш, дури ниту жестоките говори не можат да имаат потребно дејство додека нештата изговорени со едноставни зборови остават впечаток.

Гостите на Џалса и на останатите програми биле крајно импресионирани како од програмите така и од општата атмосфера. Многу гости кои присуствувале на Џалса пристигнале од источните и западните Европски земји како и многу не ахмади муслимани. Гости дојдоа од многу земји вклучувајќи ја Македонија, Хрватска, Словенија, Латвија, Белгија, Италија, Шпанија, итн. Ахмади од најразлични нации кои живеат во Германија исто така дојдоа и се сретнаа со Хузур.

Шеснаесет гости дојдоа од Албанија и двајца од нив дадоа заветот на баи‘атот. Еден Ахмад дојде со својата жена, и двајцата по професија беа правници. Жената претходно немаше дадено баи‘ат  иако нејзиниот маж и ја пренесувал пораката на Ахмадијатот. Таа даде баи‘ат на Џалса и изјави дека присуствувањето на Џалса за неа било извонредно искуство. Кажа дека знаела за благодатите на исламот преку она што и го пренесувал нејзиниот маж, но тоа го прифатила со целосно убедување на Џалса во текот на средбата со Хузур. Таа цело време плачеше поттикната од чувствата иако е релативно млада. Другиот гостин од Албанија, исто така, во текот на средбата најавил дека со потполно уверување го прифатил Ахмадијатот.

Гостинот од Косово рекол дека на Џалса присуствувал минатата година но забележал дека оваа година организацијата и аранжманите биле многу подобри.

Шеесет и два гости дојдоа од Македонија; од нив (покрај Ахмади муслимани) четиринаесет беа христијани и дваесет и седум не ахмади муслимани. Тие патуваа триесет и шест часа за да стигнат на Џалса. Групата вклучуваше и двајца новинари кои ја снимија Џалса и рекоа дека тоа ќе го прикажат на ТВ кога ќе се вратат дома. Еден гостин изјави дека од Џалса носи добри впечатоци и додаде дека дури ниту развиените земји не можат да организираат ваква случка како што е Џалса. Друг гостин кажа дека за прв пат во животот сретнал толку добри луѓе. Беше импресиониран од пораката на исламот и рекол дека Ахмадиите го практикуваат сето она што стои на плакатите на Џалса. Еден новинар, гостин од Македонија, рече дека како новинар патувал ширум светот но смета дека програмите на Џалса се исклучителни. Беше импресиониран од општата атмосфера на толеранција и братство која ја доживеал на Џалса. Друг гостин кажа дека за прв пат е на Џалса и дека сите говори ги слушнал. Тој не знаел дека во исламот постои таква заедница. Тој сега знае и има искуство за Ахмадијатот и чувствува како да е дел од Џемаатот. Друг гостин кажа дека ќе размисли за се што слушнал во текот на Џалса во врска со разликата помеѓу Ахмади муслиманите и останатите.  Тој даде предлог Џемаатот да испрати мисионери таму каде што ги нема. Друг гостин кажа дека за прв пат на Џалса толку блиску се сретнал со муслимани и дека ги слушнал говорите кои го запознале со исламот.

Гостинот од Босна изјави дека немал силна врска со Џемаатот но дека по средбата со хазрети Халифа-тул Месих имал чувство на блискост и дека има голема почит кон Хузур.

Едно семејство од Русија дојде од Шведска со нов Ахмади муслиман. Тој, Ахмадијатот го прифатил во 2013 година но не се сретнал со хазрети Халифа-тул Месих. Бил совладан од чувстватата по средбата со Хузур. Тој имал проблем со ногата и во текот на патувањето на Џалса морал на секои два часа да станува за да ја протегне ногата. Меѓутоа, во текот на патувањето назад не почувствувал потреба да стане иако патот траел седумнаесет часа и рекол дека поради благословите на Џалса сосема заборавил на болката во ногата.

Една госпоѓа од Хрватска кажа дека ја прочитала книгата на поглаварот на Ахмадија Џемаатот и дека исто така го прочитала неговиот говор на симпозиумот 2014/2015 година. Таа претпоставувала дека Хузур е строг но кога се сретнала со него повеќе немала таков впечаток.

Еден гостин од Унгарија кажа дека е импресиониран од секој поединец, бидејќи на Џалса и младите и старите меѓу себе топло се поздравувале. Иако не го разбирал јазикот на кој луѓето зборувале нивните лица покажувале дека сите тие го шират чувството на љубов. Тој рекол дека го видел и Истокот и Западот но никогаш пред тоа не го видел она што го видел на Џалса.  Друг гостин од Унгарија, кој е Евреин, бил резервиран кога зборувал со нашите мисионери пред доаѓањето на Џалса. Меѓутоа, по средбата со Хузур се уверил дека Ахмади не само што веруваат во „Љубов секому, омраза никому“ туку тоа и го практикуваат. Тој исто така ја понудил својата помош во поткрепа на Џемаатот во Унгарија. Гостинот од Унгарија, кој е по потекло од Буркина Фасо дојде со своите ќерки. Неговата жена која е Унгарка не сакала ќерките сами да одат со таткото и затоа ја пратила својата мајка со нив. Оваа госпоѓа, баба, била импресионирана со Џалса и побарала шал за да ја прекрие главата. Во текот на средбата со хазрети Халифа-тул Месих била многу емотивна и рекла дека светот на Џалса/Ахмадијатот е поинаков свет во секоја позитивна смисла.

Гостот од Германија, по потекло од Централно Африканската Република, кажа дека кога бил повикан на Џалса претпоставувал дека ќе има не повеќе од стотина гости. Со посетата на Џалса го променил мислењето и чувствувал дека цело време бил во состојба слична на занес.

Гостинот од Црна Гора ги слушал говорите и ги посматрал општите аранжмани и смета дека се извонредни. Друг гостин од Црна Гора слушнал како муслиманите зборуваат дека, чувај Боже, Ахмади муслиманите не го прифаќаат Чесниот Пратеник с.а.в.с. Меѓутоа, поради она што го видел со сопствени очи на Џалса заклучил дека ова обвинение е лажно.

Гостинот од Белгија, кој е по потекло од Мароко, изјавил дека амбиентот на Џалса ја допрел самата негова душа. Рекол дека кога се сретнал со Халифа-тул Месих, неговото мислење се променило и дека се моли Бог да го оспособи да даде баи‘ат.

За гостинот од Германија присуството на Џалса претставувало прилика да го разбере Ахмадијатот. Смета дека сé што рекол Халифа-тул Месих е вистина и кога луѓето тоа би го практикувале, светот би станал мирно место.

Новиот член на Ахмадијатот од Франција кој баи‘атот го дал пред три недели рекол дека секогаш бил муслиман но не ја имал цврстината на верата. Кога клањал намаз зад хазрети Халифа-тул Месих, за прв пат во животот доживеал такви емоции што плачел. Тој рекол дека секој ден откако  го прифатил Ахмадијатот ги доживува Божјите знаци.

Еден студент, гостин, рекол дека пред доаѓањето на Џалса имал негативен впечаток за исламот создаден преку електронските медиуми, но со доаѓањето на Џалса открил дека сé е поинаку и позитивно. Рекол дека меѓу Ахмади муслиманите го видел вистинскиот ислам.

Гостинот од Литванија, правник по професија, рекол дека е исклучително импресиониран од Џалса. Тој ги слушал говорите на хазрети Халифа-тул Месих и чувствувал дека на Џалса дошол за да го запознае вистинскиот ислам. Рекол дека ќе ја даде вистинската законска помош и поткрепа на Џемаатот во  Литванија.

Гостинот од Босна рекол дека хазрети Халифа-тул Месих го претставува концептот на Живиот Бог. Тој рекол дека само ахмадија Џемаатот зборува дека Бог е жив и денес како што и отсекогаш и бил.

Гостинот од границата помеѓу Германија и Белгија рекол дека пред доаѓањето на Џалса религијата не ја сфаќал сериозно но присуството на Џалса го променил.

Друг гостин рекол дека бил во состојба да го даде заветот на баи‘атот поради говорот на англиски јазик кој го одржал хазрети Халифа-тул Месих. Рекол дека сега неговото срце е исполнето со љубов и светлина.

Гостот од Сирија, чиј татко е Ахмад и му ја пренесувал пораката на Ахмадијатот не дал баи‘ат. Тој присуствувал на програмата на ’прашања и одговори‘ со нашиот мисионер но сепак не бил уверен. Од него било барано да прави дови и тој вели дека ги правел но му било кажано тоа да го прави сé по ревносно и сесрдно. На вториот ден од Џалса била одржана средба со хазрети Халифа-тул Месих по говорот на Хузур. Овој гостин му кажал на нашиот мисионер тој ден да му даде доказ од Чесниот Кур‘ан за вистинитоста на Ветениот Месија а.с., што мисионерот тоа и го направил и му раскажал за претскажувањата на Ветениот Месија а.с. и за нивното исполнување.  Тогаш гостинот бил подготвен да го даде заветот на баи‘атот бидејќи ги нашол знаците кои ги барал. Тој таа ноќ сесрдно правел дови и во сонот ги видел зборовите на Ал Ахмадија испишани со големи букви на ѕидот. Во текот на говорот на хазрети Халифа-тул Месих чувствувал дека сака да биде во близина на Хузур. На момент почувствувал како да задремал и се нашол покрај Хузур. Чувствувал големо задоволство и како резултат на тоа дал баи‘ат.

Еден гостин, христијанин од Италија, генерален секретар на организацијата „Религии за мир“ присуствувал на Џалса. Тој имал влијание во Ватикан. Добил позитивни  впечатоци за Џалса и напишал колумна во која признава дека бил импресиониран од она што го видел. Рекол дека Ахмадиите се вистински муслимани и дека на Џалса се собрале илјади луѓе кои припаѓаат на различни ентитети и дека со Џалса раководеле стотина волонтери. Рекол дека човекот кој го возел му кажал како земал две недели неплатено отсуство за како волонтер да работи на Џалса. Во поглед на говорот на хазрети Халифа-тул Месих тој рекол дека тоа води кон вистинскиот пат.

Еден гостин од Сирија рекол дека никогаш порано не видел толку добро организиран собир. Рекол дека ја прочитал Барахеен е Ахмадија и смета дека во деветнаесеттиот век никој не напишал таква книга за одбрана на исламот.

Гостите најчесто не  го свртуваат вниманието кон недостатоците во текот на Џалса, но две госпоѓи од Албанија забележаа дека во женскиот дел се фрла многу храна. Управата на Џалса, посебно Лаѓна, треба да се сосредоточи на тоа. Една госпоѓа од Македонија имаше забелешка во врска со сместувањето бидејќи било далеку од местото на одржување на Џалса и било заморно да се патува толку долго. Управата треба да овозможи блиску сместување за таквите гости. Службениците на Џалса исто така имале забелешки на одредени недостатоци. Забелешки на сопствените пропусти водат кон подобрување. Треба да се обрне внимание на хигиената. Некој изгледа спомнал дека во кујната не било достапно јадење со макарони. Вистинската цел на Џалса е учество во духовната храна и треба да јадеме тоа што ќе ни послужат.  Понекогаш работниците имаат грубо однесување кое е навредливо за луѓето. Работниците треба да ја проценат ситуацијата и ако потребата на гостинот е во ред тогаш треба да го послужат гостинот дури и ако треба да ги заобиколат правилата.

Оваа година Џалса беше добро организирана и службеникот на работа на Џалса Салана беше многу добар. Треба да се внимава на пропустите кои се појавија оваа година и нештата ќе бидат подобри следната година. Недостатоците од минатата година како што беше системот на озвучување, оваа година беа отстранети. Хазрети Халифа-тул Месих им се заблагодари на работниците на Џалса.

Во текот на патувањето на хазрети Халифа-тул Месих во Германија беа отворени неколку џамии. На едното отворање еден локален жител рекол дека го слушал говорот на хазрети Халифа-тул Месих во Европскиот парламент и посакал да го слушне неговото обраќање на локално ниво при отворањето на џамијата и да спореди дали за мирот зборува само кога им се обраќа на угледни и влијателни луѓе. Заклучил дека Хузур го изнесува токму истото учење и во локалниот говор како и во Европскиот Парламент и тоа исклучително му се допаднало на гостинот. Локалниот градоначалник и останатите гости исто така ги изразиле своите мислења.

При отворањето на една друга џамија подрачен комесар рекол дека исклучително бил импресиониран од говорот на хазрети Халифа-тул Месих. Тој предложил говорот да биде достапен на интернет. Една госпоѓа, член на Парламентот рекла дека и е драго што присуствува на отворањето на џамијата. Таа кажала дека поради моменталните сомнежи и стравот од исламот важно е да се соберат заедно и да упатат порака на мирот. Друг гостин рекол дека претходно му било тешко да стекне позитивно мислење за исламот но дека по слушањето на говорот на хазрети Халифа-тул Месих смета дека исламот е религија на мирот.  Еден инженер кој учествувал во изградба на џамијата рекол дека се согласува со сето она што во својот говор го рекол хазрети Халифа-тул Месих. Тој рекол дека во целиот настан нема преправање кое го забележува во случувањата во црквата.

Сите овие настани беа нашироко пренесени преку медиумите и оваа порака стаса од 106 до 107 милиони луѓе низ другите медиуми. Весниците кои пишуваа за овој настан имаат тираж од 32 милиони примероци. Три радио станици исто така ги пренесоа вестите како и четири ТВ канали. Последниот ден од Џалса една госпоѓа, новинар, правеше интервју со хазрети Халифа-тул Месих и тоа ќе биде објавено во два дела на порталите кои имаат 17.5 посетители.

Веста за отворање на џамијата ја објавија три весници кои имаат 116.000 читатели.

Исто така, положен е и камен темелник за нова џамија и тоа го објавија весници кои имаат 6 милиони читатели.

Интервјуто на хазрети Халифа-тул Месих  е објавено во неделните весници кои имаат 1.5 милиони читатели а интернет страниците имаат 5 милиони посетители. Интервјуто го правеше еден Ахмади новинар.

Додека Џалса Салана нам ни овозможува духовен напредок таа исто така на другите им овозможува вистинско толкување на исламот. Многу луѓе кои претходно не биле подготвени да дадат баи‘ат почувствувале подготвеност по средбата со хазрети Халифа-тул Месих и по поставувањето на прашањата. Ние имаме толку многу причини да му бидеме благодарни! Нека Аллах го оспособи Џемаатот да внимава на ново дојдените и благословите на Џалса нека се рашират надалеку и нашироко. Нека Аллах го оспособи секого кој присуствувал на Џалса и нека ги ужива нејзините трајни користи.

Хузур најавил дека по џума ќе се клања џеназа во отсуство на Расхееда бегум сахиб, жената на дервишот на Кадијана која починала на 1 јуни во 77-та година. Таа била муси.