In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Благослови на годишниот собир на (Џалса Салана) ВБ 2015

За успешниот завршеток на годишниот собир (Џалса Салана во ВБ) примивме писма и факсови од целиот свет во кои луѓето ги искажуваат придобивките од гледањето на програмите на МТА. Вистинските придобивки на Џалса можат да се постигнат кога сé што сме слушнале и виделе да го направиме вистински извор на духовното украсување на нашиот живот. Сигурно дека на Џалса не се дискутира за политички и световни нешта, всушност, кога некои уважени гости кои не се муслимани или не се Ахмади накратко се обратат на Џалса повеќето од нив во главно се импресионирани со духовната атмосфера на Џалса и своите коментари ги базираат на учењето на Џемаатот. Џалса, се разбира, навистина е корисна кога членовите на Џемаатот го ставаат во пракса сé она што го слушнале. Инаку, сите изречени пофалби од страна на гостите ќе бидат за нешто површно. Треба да постои еднаквост помеѓу внатрешноста и надворешноста на вистинскиот верник.

Светот почна да не забележува. Ахмадиите како и не Ахмадиите ширум светот ги гледаат програмите на Џалса на МТА, посебно детално ја пратат Џалсата во Велика Британија. Потрошени се стотици илјади фунти на МТА така што секој член на Џемаатот има пристап кон нас. Нашата радост не треба да биде ограничена на присуството на Џалса и на гледањето на МТА преносот. Тие кои лично присуствуваат на Џалси ширум светот во своите животи треба да го практикуваат тоа што го слушнале на Џалса и треба да му бидат благодарни на Бог што во времето на материјализмот Он за нас создал световен извор на средствата за подобрување – подобрување во термините на знаењето, праксата и верата. Кога разни средства на комуникација работат за нас тоа ја зголемува нашата вера. Ова е нешто што било претскажано пред 1400 години – дека одредени пронајдоци ќе и помогнат на верата. Тоа треба да овозможи понатаму да се свртиме кон Бог и да му бидеме благодарни. Аллах вели:

„Ако бидете благодарни Јас, сигурно ќе ви ја зголемам (ќе ви дадам повеќе наклонетости) ….“

                         (14:8)

Овој предмет на благодарност го покажува еден од начините на благодарноста кон Бог и благодарноста кон луѓето. Како што Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол, оној кој не им е благодарен на луѓето не му е благодарен ниту на Бог.

Волонтерите на Џалса беа во состојба да организираат и да спроведат голем бројна оддели, вклучувајќи ја и МТА. Волонтерите беа мажи, жени, деца, постари и помлади кои се трудеа да служат најдобро што можат. Тие беа со најразлични професии и меѓу нив имаше деловни луѓе, доктори, инженери и други професионалци но тие ја извршуваа должноста која можеби е далеку од нивните секојдневни работи.  Некои од нив со задоволство внимаваа на стотици големи казани за храна која се вареше на огнот и дури и децата од 14, 15 и 16 години внимателно ја вршеа оваа работа. Групи на мажи и жени несебично ги чистеа тоалетите, други од едно место до друго ги превезуваа постарите и инвалидите во колички.  Децата на горештините служеа вода за пиење додека групите на мажи и жени служеа храна на гостите. Тука, исто така е и многу важно и широкото одделение за безбедност. Накратко, секој волонтер извршуваше одредена задача со голема љубов и најдобро што може, без оглед дали е запознаен со таа задачата или не. Тука е и задачата после Џалса сите работи де се спремат. Врнеше и многу дожд после Џалсата кој ја отежнуваше работата но младите ја исполнија задачата токму како што и пред тоа  го направија со монтирањето на Џалса. Оваа задача на демонтажата е критична бидејќи мора да се заврши во рокот кој локалната општина ни го има дадено. Било какво надминување на рокот може да предизвика тешкотии во организирањето на наредната Џалса.  Оваа година младите од Канада им се придружија на младите од Велика Британија во процесот на демонтажа и беа од голема помош. Тие исто така ја заслужуваат нашата благодарност. Ние навистина сме им благодарни на сите волонтери, и на мажите и на жените подеднакво, тие навистина ја заслужуваат нашата пофалба. Во името на волонтерите хазрети Халифа-тул Месих им се заблагодари на гостите и кажа дека оваа година имало многу малку приговори.

Многу угледни луѓе оваа година дојдоа на Џалса и го изразија своето разбирање и благодарност. Бог ги прекрива нашите слаби точки и гостите го гледаат само позитивното.

Министерот од Уганда рекол дека е изненаден со организирањето на Џалса и смета дека оние кои служат изгледаат како мелеки. Дури и ако многу пати им било побарано едно исто тие со задоволство го исполнувале барањето. Пофалувајќи ги разните изложби на Џалса тој рекол дека начинот на кој Џемаатот работи значи дека Џемаатот ќе биде победник во светот во наредните неколку години. Пораката на мирот која била упатена од Џалса тој ја почитувал.

Еден судија од Француска Гвајана рекол дека кога тргнал на Џалса имал болка во ногата која чудно ја снемало штом пристигнал на Џалса.

Директорот на Нигериска телевизиска станица кој бил на аџилак чувствувал како да бил на Арафат. Рекол дека никогаш пред тоа не видел глетка како оваа и дека степенот на послушност на хазрети Халифа-тул Месих нема конкуренција.

Еден судија од Конго рекол дека му е дадена можност за проникливост да ја препознае вистината од преправањето. Рекол дека тоа што го видел на Џалса и тоа што го слушнал за Џемаатот е вистинска слика за исламот.

Заменикот на претседателот на Сиера Леоне рекол дека Џалса е величествена прилика.  Градоначалникот на Сиера Леоне дека трите дена на Џалса исполнети со духовитост во него предизвикале револуционерна промена.

Заменикот на министерот за спорт на Сиера Леоне рекол дека Џалса за него била неверојатно искуство. Рекол дека никаде не видел толку почит кон гостите како на Џалса.

Претседателот на собранието на Бенин рекол дека ја забележал големата љубов која Ахмадиите ја имаат кон својот Халифа. Рекол дека и покрај огромниот број на присутни организирањето било извонредно. Ова било исклучително сценарио.

Еден Ахмад од Аргентина рекол дека во последните десет години трагал по вистинската вера и дека сега ја пронашол. Бил исклучително импресиониран со организирањето на Џалса а посебно со учествотото на младите. Земал учество во интернационалниот баи‘ат и рекол тоа се најсреќни мигови во неговиот живот. Бил радосен што е прв Ахмад од Аргентина.

Еден гостин од Јапонија рекол дека гостопримството и служењето на волонтерите за него ќе останат незаборавни. Рекол дека Џалса навистина е пример на Обединетите народи од целиот свет кои се собрале заедно. Друг гостин од Јапонија рекол дека во последните десет години набљудувал разни вери. Во текот на Џалса му била дадена копија на книгата „Филозофијата на учењето на исламот“. Рекол дека кога почнал да ја чита книгата не можел да ја остави и цела ноќ останал буден се додека не ја завршил. Откако ја прочитал почувствувал дека ја пронашол вистинската вера. Го дал заветот на баи‘атот ден по Џалса. Еден универзитетски професор од Јапонија рекол дека го истражува Ахмадијатот и дека бил во Рабва. Неговиот домаќин во Рабва го замолил да му опрости ако имало било какви недостатоци во неговото гостопримство. Рекол дека ја чувствувал извонредната традиција на Џалса во Велика Британија.

Еден член на националното собрание на Шпанија рекол дека кога ја видел организацијата на Џалса се запрашал како неговите луѓе би се снашле со еден таков предизвик. После три дена, повторувајќи, рекол дека световните власти не би можеле да го направат тоа што го направиле волонтерите на Џалса. Една госпоѓа, член на Парламентот рекла дека Ахмадиите неуморно работат на мирот. Говорејќи за историската содржина на некогашната муслиманска управа во Шпанија посакала да хазрети Халифа-тул Месих кога ќе дојде во посета Шпанија ја смета за својот дом.

Едно многубројно семејство дојде од Франција и повеќето од нив беа дале баи‘ат. Нивниот татко кој не го дал баи‘атот, крајно бил импресиониран од џума во петок и рекол дека по доаѓањето на Џалса увидел зошто неговите деца го примиле Ахмадијатот. Тој рекол дека Џалса го потсетила на сонот кој го имал кога бил млад бидејќи сонот бил за тоа како на едно место се собрал голем број луѓе. Таткото и  мајката дале баи‘ат во текот на интернационалниот баи‘ат. Членот на Грчката делегација рекол дека никогаш не видел толку организирана муслиманска група. Рекол дека на Џалса сите се поздравувале со топлина и љубов.

Членот на Словенската делегација рекол дека пред доаѓањето на Џалса за Џемматот знаел на академско ниво но присуството на Џалса го уверило дека сé што прочитал за Џемаатот било вистинито, како што е примерот на практикување на ’Љубов секому омраза никому‘. Една госпоѓа од Словенија која е универзитетски професор рекла дека за прв пат присуствува на исламска програма и дека запознавањето било позитивно. Таа била импресионирана од преданоста со која младите на гостите им служеле храна и вода.

Еден полициски службеник од Шведска рекол дека присуството на Џалса му дало прилика во пракса да ја види пораката на Ахмадијатот. Тој рекол дека ако нашата порака стаса до Шведска тој ќе даде оставка на своето работно место бидејќи полицијата веќе нема да биде потребна.

Еден госинт од Швајцарија кој дошол на последниот ден на Џалса рекол дека присуствувал на многу случки ширум светот но никогаш не видел случка како Џалса. Тој забележал дека волонтерите биле многу сталожени и никој не покажувал никаква нервоза. Друг гостин од Швајцарија рекол дека најголем впечаток му оставил интернационалниот баи‘ат.

Една госпоѓа, новинар од Јамајка, рекла дека нејзиниот снимател бил многу нервозен поради доаѓањето на муслимански собир. Кога стасал на Џалса се прашувал дали сета љубов и грижа кои се покажани се вистински или се претворање. На крајот на Џалсата тој рекол дека нема сомневање во вистинитоста на љубовта и братството. Оваа новинарка правела интервју со хазрети Халифа-тул Месих и ветила дека истрајно ќе ја шири нашата порака во Јамајка.

Една гостинка од Панама рекла дека никаде не видела толку мирољубива атмосфера. Била изненадена со тоа што го видела на Џалса и рекла дека сега во целост ќе се залага да го противстави погрешното сфаќање за исламот.

Една госпоѓа од Казахстан рекла дека со своите 75 години видела многу но дека на Џалса го видела вистинското служење на луѓето. Таа рекла дека по Џалса чувствува духовна свежина и сила.

Студент од Гватемала рекол дека духовната атмосфера на Џалса е упатство.

Член на Парламентот од Хрватска рекол дека за прв пат е со муслиманска организација. Рекол дека ако завршниот говор на хазрети Халифа-тул Месих се реализира во пракса светот ќе стане лулка на мирот.

Еден новинар од Сиера Леоне рекол дека Џемаатот му направил услуга повикувајќи го на Џалса. Во текот на Џалса се одлучил да му се придружи на Ахмадијатот и го дал баи‘атот во текот на интернационалниот баи‘ат.

Еден Ахмади гост од Брегот на слоновата коска рекол дека многу години е Ахмад но дека пред ова не доживеал таква духовна атмосфера.

Членот на Британското здружение Турин обвивка (обвивката на Исус) рекол дека форумот на Џалса е најдобар форум на кој тој присуствувал и рекол дека Џалса му дала прилика да пронајде многу нешта за Џемматот.

Познавач на Турин обвивката рекол дека една од целите му била да ги извести Ахмади муслиманите за своето истражување за Турин обвивката но сметал дека повеќе научил за Ахмади муслиманите.

Со Божјата милост за случувањата на Џалса известувале преку печатот и одделението за медиуми.

Џалса вести, видео снимки, телевизија и онлајн репортажи ги упатиле информациите до 3.3 милиони луѓе. 2.79 милиони луѓе слушнале за Џалса на радио додека 7.7 милиони луѓе прочитале за Џалса во печатените медиуми. Социјалните медиуми упатиле порака до 5 милиони луѓе. Вкупно вестите за Џалса стасале до 12.63 милиони луѓе.

Освен во Африканските земји овие вести биле пренесени на телевизиите во Англија, Шкотска, Велс, Ирска, САД, Канада, Пакистан, Индија, Франција, Јамајка, Боливија, Грција и Белизе. Најважен ТВ канал кој објавува вести, ББС 24 вести, известувал од Џалса три пати. Француската новинска агенција АФП исто така пренесувала за Џалса и нивниот извештај бил пренесен на разни веб страни вклучувајќи ги Јахоо њуз. 34 радио интервјуа се пренесени вклучувајќи го преносот на ББС радио 4. Пренесено е интервју на Каролин Вајат од ББС која  му правела интервју на хазрети Халифа-тул Месих. Католичкиот весник Хералд објавил колумна додека две колумни биле објавени во Хуффингтон пост. Оваа порака исто така била објавена преку Твитер. Сето ова било резултат на работата на централниот тим за печат. Веруваме дека Џемаатот на Велика Британија исто така работел на упатување на пораката до најмалку 2 милиона луѓе. Жив пренос директно од Хадеекатул Месих овозможиле следните земји: Гана, Нигерија, Сиера Леоне, Уганда и Конго.

Еден слушател од Гана се јавил и рекол дека е христијанин но дека многу емотивно се чувствувал по гледањето Џалса програмата. Бил уверен дека на чело на исламот е Ахмадија Џемаатот. Тој рекол дека неговата молитва е да служи како мисионер на Џемаатот. Една госпоѓа се јавила од Гана и рекла дека е муслиманка и дека после гледањето на Џалса репортажата посакала да биде Ахмади муслиман. Гледач од Уганда бил толку импресиониран со Џалса репортажата што отишол во Ахмади мисионерската куќа и дал баи‘ат. Еден гледач од Гана се јавил и рекол дека Џемаатот го претставува вистинскиот ислам. Една Ахмади госпоѓа од Гана се јавила и рекла дека била среќна што преку телевизија го гледа текот на Џалса.

Националната телевизија на Сиера Леоне исто така во живо го пренесувала текот на Џалса. Еден гледач се јавил и им се заблагодарил на сите оние чија работа му овозможила да ја гледа Џалса и да се чувствува како да е присутен на неа. Програмите на Џалса исто така се прикажани во живо во четири града во Конго. Во Киншаса планирале да пренесуваат само два часа од програмата но завршниот говор на хазрети Халифа-тул Месих не бил завршен до тогаш и телевизиската станица направила исклучок и го продолжила преносот во живо се додека говорот не бил завршен. Ова имало позитивен одѕив.

Десет милиони луѓе во Конго на радио ја слушале програмата на Џалса. Печатот и тимот за медиуми и МТА работеа многу добро а посебно личноста која имала одговорност за пренос во Африка. Со Божјата милост известувањето било широко.

Нека Аллах ја зголеми способноста на младите луѓе кои работат на МТА и на печатот и во тимот за медиуми.

Примивме само приговор дека во главниот шатор немало доволно столици и дека гостите кои биле болни не добиле столици бидејќи ги зафатиле младите луѓе. Поделбата на пропусници за столици треба да биде во склад со бројот на столици кои се на располагање. Или пак треба да бидат овозможени повеќе места за столици или пак да биде организиран посебен шатор за постарите и инвалидите. Тука треба да има повеќе од еден екран.

Општо говорејќи, на тоалетите добро се внимавало но имаше неколку приговори за недостаток на вода и хартија. Еден гостин кој не е Пакистанец имаше приговор дека гостите од Пакистан не покажале трпение на пазарот и се туркале каде требало да се стои во ред.  Една од целите на Џалса е да покажеме трпение и толерантност и да им го дадеме правото на другите. Системот на превоз е пофален но работниците имаа приговор за неколку гости. Не е важно кои се гостите, дали тоа се вршители на должност или се од семејството на хазрети Халифа-тул Месих, должноста на сите нив е да прават како што работниците ќе им кажат. Младите луѓе кои беа на должност и станале емотивни рекоа дека нема да ја извршуваат задачата ако луѓето не ги слушаат. Ова исто така не е во ред. Работниците треба да покажат трпение и да ги известуваат своите надредени кои ќе се позанимаваат со ситуацијата.

Со Аллаховата милост Џалса донесе многу благослови. Нека Аллах даде секоја личност која била присутна на Џалса или ја пратела на телевизија, да направи во себе промена и оние кои оваа порака ја примија преку медиумите да имаат мудрост тоа да го разберат и прифатат.

Најавена е џеназа во отсуство за Саједа Фарид Бегум сахиб, жената на Сахибзада Мирза Рефик Ахмад сахиб. Таа почина пред три дена. Беше снаа на хазрети Халифа-тул Месих II р.а.