In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Џалса Салана, Германија 2016 година

Доставен е англиски превод на хутба во петок која хазрети Мирза Масроор Ахмад, петтиот следбеник на Ветениот Месија а.с. ја одржа на 2-ри септември, првиот ден од годишниот собир на Ахмадија Заедницата во Германија.

По вообичаеното учење на шехадет и Фатиха тој продолжи:

Со милоста на Аллах, од денес Ахмадија Заедницата го започнува годишниот собир кој ќе трае три дена. Овој собир започнува со хутба во петок.

Според упатството на Семоќниот Аллах, Ветениот Месија а.с. поради подобрување на членовите на Заедницата ги поставил темелите на годишниот собир (Џалса Салана). Оваа година се доближуваме до 125 години од првиот собир.

Тој собир бил одржан во малото место Кадијана, во еден дел од џамијата. Имало 75 учесници кои сакале да направат позитивни промени во себе. Ние денес ги гледаме резултатите на тоа ветување кое тие, станувајќи помошници на Ветениот Месија а.с., го дале и тоа поради подобрување на светот и поради ширење на пораката на исламот во светот. Аллах нивната работа и нивните намери толку ги благословил што денес од возможните сали и комплекси во Германија, Ахмадија Заедницата овој собир го одржува во целиот комплекс кој се наоѓа на пространиот дел од земјиштето, и наспроти пространоста на зградата, надвор за одредени потреби на собирот се поставени големи шатори. Земајќи ги во предвид световните средства, за нас е невозможно да  поднесеме толку големи трошоци, но Аллах ги благословил изворите на приходите на Џемаатот и со тоа ни овозможил собирот да го одржиме токму тука.

Како што веќе кажав, Ветениот Месија а.с. собирите почнал да ги одржува откако го добил упатството од Аллах и нивната цел е подобрување на членовите на Џемаатот. Целта на овие собири е напорот кој треба да го направиме за да се приближиме кон Бог и да го зголемиме нашето знаење и разбирање, да донесеме одредени позитивни промени кои треба да станат дел од нашиот живот, да се спасиме од желбите и површноста на светот, да дадеме ветување дека ќе ја шириме пораката на исламот во светот, и сето тоа да го оствариме со сите свои сили, можности и способности како и да го подобриме односот кон љубовта, блискоста и братството.

Нашите претходници овие цели ги исполниле на соодветен начин. Аллах им подарил толку многу благослови на собирите во малото место Кадијана што и денес на ист начин собирите се одржуваат во сите држави во светот каде што постои нашиот Џемаат. Целта на овие собири е иста како и на онаа во Кадијана, како што ја објаснил и Ветениот Месија а.с. и како што и јас самиот спомнав. Така, ако сме собрани овде поради оваа цел тогаш сме среќни бидејќи сме наследници на Аллаховите благослови. Несреќа е ако било кој од нас дошол овде со мисла за добивање на Аллаховите благослови преку собирањето поради вистинската цел и ете сме се собрале, но наместо да ја пратиме вистината се занимаваме со светските нешта.

Така, секој Ахмад кој доаѓа овде треба да има на ум во текот на овие три дена потполно да се исклучи од световните случувања. Дури и потоа, собирот треба да го напушти со ветување дека ќе продолжи со доблестите кои овде ги здобил за да и понатаму биде примател на Аллаховите благослови, наспроти тоа што живее во свет што е дел од него бидејќи и работата и бизнисот се нешта кои се потребни и важни.

Во текот на овие денови, и покрај задолжителното и доброволното обожавање зафатете се со сеќавањето на Аллах. Мислата останува чиста кога се сеќаваме на Аллах и сето внимание го насочуваме кон Возвишениот и човекот е заштитен од пороците. Ова е целта на обожавањето. Сеќавањето на Аллах продолжува да го свртува вниманието кон обожавање. Ако човекот е вклучен во вистинско обожавање, за возврат тоа го пренасочува на сеќавање кон Аллах. Секој од нас ова треба да го има на ум.

Аллах поставил еден дел за обожавање во исламот, што не е задолжително за секој муслиман во било какви околности, но сепак секоја година илјадници муслимани ја извршуваат оваа обврска. Тоа е обврската на аџилакот, обиколување на Аллаховата куќа. Оваа обврска ќе започне за неколку дена. Свртувајќи го нашето внимание на аџилакот, Аллах на муслиманите им кажал во текот на овие денови да го свртат вниманието кон Аллах, бидејќи целта на аџилакот без тоа не може да се исполни.

Иако, со оглед на атмосферата на аџилакот, од секој аџија, и заради чистата околина на случувањето, се очекува да не мисли на што друго освен на Аллах, изговарајќи ги Неговите атрибути и Неговите молитви. Сепак, Аллах кажал дека поради загушливоста и големите собири на едно место ќе се појават одредени недостатоци. Аллах ја знае човечката природа. Тој спомнал три недостатоци на ваквите случувања кои треба да се избегнат. Ние цело време треба да се молиме за да се спасиме од нападот на шејтанот и внимателно да се однесуваме кон оваа работа.

Аллах го свртел вниманието на верниците на три пороци (2:198).

Првиот е Рафатха. Преводот на овој збор би бил непристоен разговор, но значи празен, неточен, гнасен и бескорисен разговор, и се однесува на гнасни приказни, несериозен муабет, слободен муабет, состаноци во четири очи. Сето ова е вклучено. Така, јасно е забранет секаков вид на несериоезен и бескорисен муабет. Никој не смее да ги прави овие нешта на аџилакот, бидејќи кој и да оди на аџилак со чиста намера од него се очекува да се жртвува поради Аллах.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол: „Кога отидов на аџилак едно младо момче беше со мене. Во текот на патувањето наместо молитва пееше песни од филмовите. Тој беше од Индија. Го прашав што прави. Тој кажа, јас не ги знам молитвите за текот на аџилакот. Ние сме деловни луѓе. Имаме голема фирма за текстил во Калкута. Се натпреваруваме со друга текстилна фирма. Тие се добри деловни луѓе. Еден од нив скоро се врати од аџилак. Го додаде името на аџијата до името на продавницата. Тоа повеќе ги привлече луѓето, дека ако тоа е продавница на аџија тогаш тој сигурно ќе има подобра роба. Така, татко ми кажа дека тој поради болест и старост не може да оди на аџилак и дека јас треба тоа да го направам за да го додадам името на аџија на продавницата. Затоа сум тука. Одам на аџилак за да го подобрам бизнисот.“

Значи, кога луѓето ќе се упатат на аџилак поради ваква цел, тогаш каква мисла може да постои ако не се моли.

Понатаму, Аллах во текот на аџилакот го насочил нашето внимание против Фусука (2:198), да не се избегнува послушноста и почитта. Да се придржуваме до Аллаховите наредби. Да се држиме до упатсвото на доблеста која сме ја усвоиле. Да се  држиме подалеку од пороците.

Потоа, Аллах не упатува во текот на аџилакот потполно да го избегнуваме Јидал (2:198), односно сите видови на караници и расправии.

Хазрети Муслех Мауд р.а. еднаш спомнал: „Ако луѓето на нашите собири дојдат имајќи ги на ум правилата кои Аллах ги навел за да ги избегнеме маните во текот на аџилакот, тогаш ќе се случи големо подобрување.“

За сигурно го претставил принципот на подобрувањето. Ние не велиме дека, не дај Боже, статусот на собирот (Џалса) е ист како оној на аџилакот, како што тоа непријателите не обвинуваат дека одиме во Кадијана и на тоа му даваме статус на аџилак. Ова е неточно. Но, поради напредокот во верата и за сопствено подобрување ова е темелот кој Аллах го спомнал.

Затоа, да се чуваме од ваквите прашања на големите собири и настани. Ако овие правила ги имаме на ум при собирите и тоа поради нашето подобрување и напредување во верата, тогаш нивото на нашето подобрување ќе се зголеми.

Собирот не е обожавање, но е камп за вежбање кој е втемелен поради духовниот напредок. Ако на него не се воздржуваме од празниот муабет, гнасните и бескорисни приказни и бајки, тогаш нема да ја исполниме неговата цел. Ваквите нешта во текот на собирот мораме да ги избегнуваме. Ако себе си се сочуваме од бескорисни муабети и приказни, сигурно ќе создадеме мирна околина полна со доблести и ќе се исполни целта на собирот.

Човекот треба да го избегнува фусук, гревот на избегнување на послушноста кон Аллах. Ова е важно. Овде мораме да дојдеме поради верата. Мораме да го носиме товарот на послушноста кон Аллах.

Накратко, со спроведување на Чесниот Кур‘ан на самите нас мораме да го исполниме правото на обожавање на Аллах, и исто така, мораме да делуваме според наредбите.

Ние сме насочени да ја избегнеме работата која станува средство за разбивање на односите кои потоа стануваат разбиени со години а караниците стануваат постојани.

Целите на Џалса, кои ги навел Ветениот Месија а.с., всушност се вртат околу овие три нешта, да добиеме можност за сопствено подобрување, да се подобриме и да ја избегнеме лекоумноста, како и да го зголемиме нашето внимание кон Аллах, да развиеме посебно внимание кон исполнување на Неговите наредби со потполна послушност, и посебна врска на љубов и пријателство да се втемели со нашите блиски во верата и да ги отстраниме сите видови на егоизам и лекоумност.

Кога Ветениот Месија а.с. видел дека луѓето не придаваат внимание на правата на другиот и дека егоизмот преовладува кај одредени членови на џемаатот, и дека малите работи доведуваат до караници и расправии, тој покажал незадоволство и целата година собирот не го одржал.

Така, секој кој учествува на собирот треба да има на ум и да обрне внимание на подобрувањето на самиот себе во секој момент и да не го троши времето залудно, да ги слуша говорите на Џалса за да ја исполни целта на присуството на собирот. Прашањата за подобрувањето и доблеста се наоѓаат во секој од говорите. Никој не може да каже дека ништо не научил. Меѓутоа, колку некој и да е образован сепак може да најде некаква суштинска работа или пак да се потсети на нешто и поради тоа е потребно внимателно да се слуша. За да ја зголемиме духовноста потребно е да се исполни правото на обожавање на Аллах. Исто така, треба да се обрне внимание на правото на луѓето. Да не зборуваме за тоа дека овде нема место за караници и расправии. За да ги постигнеме вситинските благослови на оваа Џалса, не се поставува прашањето дали да се вплеткаме во караница или не. За да ги добиеме вистинските благослови од Аллах и да ја добиеме користа од довите на Ветениот Месија а.с., ако имаме некаква претходна караница, не смееме да продолжиме со неа туку треба да се натпреваруваме во барањето на помирување и доведување до крајот на расправијата. Треба да го уништиме егото. Поради поранешните караници секоја година на Џалса постои непријатност меѓу луѓето и меѓу семејствата и тоа доведува до расправии. Сите овде се на Џалса. Двајца странци ќе се најдат. Секој Ахмад доаѓа овде. Не можеме да зборуваме зошто некој дошол а некој не. Помеѓу луѓето, помеѓу мажите и жените доколку продлжуваат караниците кога ќе се сретнат, тие создаваат непријатност и отуѓеност. Понекогаш луѓето од далечина кажуваат нешто зајадливо и се преправаат дека тоа не упатено никому и дека само така коментирале, додека всушност, коментарот е упатен за да ја допрат другата личност. Во срцето на тој другиот човек се создава бес и тој на истиот начин возвраќа. Тие преку несериозно однесување ја избегнуваат покорноста кон Аллах и понекогаш тоа доведува до физичка пресметка. Ако некој нема контрола над своите емоции тогаш е подобро самите да се отстранат од Џалсата и да не присуствуваат на собирот. Мал е бројот на оние кои го оцрнуваат Џемаатот. Тие наместо да уживаат во благословите на Џалса се здобиваат со Аллаховото незадоволство. Дали Аллах сака верниците да се соберат поради добра цел а тоа да доведе до неред и хаос одошто да води кон постигање на духовен напредок и доблест?

Кога Аллах ги спомнал оние кои постигнуваат успех, по спомнувањето на оние кои се понизни во своите молитви, Он ги спомнал и оние кои избегнуват неразумност.

Аллах вели:

„Навистина верниците успеаја, оние кои се во намазите нивни покајнички, и кои се свртуваат од сето она што е бесмислено.“

                                                                                                     (23:2-4)

Овде мораме да дојдеме со цел да ја постигнеме доблеста. Сите се придружуваат во молитвата, но Аллах бара молитвата да ја извршуваме покајнички и во потполна покорност кон Аллах и молитвите не се тука за да се покажеме.

Целта на заедничката молитва е да се создаде единство и пред Аллах да дојдеме како едно тело, а духовноста и доблеста да преминуваат од едно во друго и секој да ги впива. Оние кои понизно ја извршуваат молитвата и кои искрено се поклонуваат пред Алллах ќе остават впечаток и на оние кои стојат до нив а се на пониско ниво, но единствено во случај кога молитвите се извршуваат во состојба на потполна покорност и послушност кон Аллах. Се случува луѓето да ми пишуваат дека уживале во молитвите на Џалса, во оние кои се извршуваат во понизност и покорност. Секој треба да се обиде да го добие ова задоволство и да биде меѓу верниците кои ќе ги здогледаат успехот и победата. Аллах осмислил различни средства за успешните и победниците. Вистински и потполн успех се постигнува ако ги усвоиме тие нешта.

Од ајетот кој го проучив очигледно е дека друго средство кое Аллах го спомнал е избегнување на лекоумноста. Во текот на Џалса а и после неа секој Ахмад треба да обрне посебно внимание на оваа работа. Хазрети Халифа-тул Месих I, објаснувајќи го ал-лагхв (лекоумност) рекол дека разни нешта влегуваат во контекст на тоа, како што се сите видови на грев, играњето карти, коцкањето, озборувањето, пронаоѓањето на грешките итн. Дал пример за играњето карти и коцкањето. Ме потсети на сликата од вацап (whatsapp). Побожната околина и побожните луѓе немаат никакво влијание на одредени личности. Јас го спомнав човекот и неговиот пример кога одел на аџилак. Сликата која ја спомнувам е сликата на луѓето во итикаф. Некој го читал Чесниот Кур‘ан и други книги додека некој играл карти во околината на џамијата. Коментарот на сликата е џамијата на Пратеникот с.а.в.с.. Ова е состојба на луѓето кои не можат да одолеат на лекоумноста дури ниту во обожавањето, но тие и понатаму се муслимани во добра вера а Ахмадиите се неверници. Овие луѓе отворено се шегуваат со Аллах. Кој може да биде поголем престапник од нив. Кога ќе ги видиме таквите примери на другите треба да ја научиме лекцијата и таквите нешта не треба да се појавуваат меѓу нас. Во исто време треба да му заблагодариме на Бог што ни дал прилика да го прифатиме Имамот на добата, кој ни го свртел вниманието кон тоа да ги избегнуваме ваквите работи. Ветениот Месија а.с. еднаш на едно место во поглед на лекоумноста рекол дека луѓето се слободни кога ќе се оддалечат од лекоумните работи, предмети, несериозните собири, собирањата, друштвото, врските и емоциите.

Ветениот Месија а.с. ги навел сите лекоумности. Сите прашања кои Ветениот Месија а.с. ги спомнал се меѓусебно поврзани. Една лекоумна работа доведува до друга. И, ако размислуваме за лекоумни работи, расправите и собирите доведуваат до тоа да им се придружуваме на несериозните собирања а резултат на тоа е дружењето со лекоумни луѓе, разговорот со нив и создавањето на беспотребни емоции кои се во врска со малите нешта. Дадов пример за играњето во итикаф. Седат во џамија за итикаф но наместо да го исполнат правото на обожавање, се вплеткуваат во бесмислени работи. Оној кој им се придружува е ист како и тие. Друштвото на таквите личности уништува дури и кога се седи во џамија. Позитивни промени треба да се случат кај оние кои доаѓаат на собирот, и не само во текот на собирот туку и подоцна бидејќи оние кои се во наше друштво се тие кои ја избегнуваат лекоумноста. Тие кои се  во такво друштво никогаш не биваат одбиени. Тоа се тие кои се прифатени од страна на Аллах. Нашето однесување треба да биде совршено, нашето ниво на искреност треба да биде високо и да доведува до позитивни промени кај оние кои не посматраат.

Советувајќи не Ветениот Месија а.с. на едно место вели дека уште една работа која нашиот Џемаат треба да ја има на ум е отфрлањето на бесмислениот муабет. Јазикот е тремот на телото. Прочистувањето на јазикот е исто како пуштањето на Бог на тремот на телото. Кога Бог дошол до тремот тогаш влезот внатре не е изненадување.

Што е тремот? Тоа е главниот влез во куќата. Кога Бог ќе дојде близу твојата куќа, дошол до вратата и тогаш Неговото влегување не е далеку. Никој не може да се посомнева дека Он ќе влезе внатре.

Така Аллах доаѓа блиску до оние кои ја избегнуваат лекоумноста, убаво се однесуваат и имаат благ говор. И доаѓа толку блиску што и да постои било каква неправилоност во спроведувањето на доброто, Бог на таквите луѓе им ја покажува Својата милост и ги прави свои. Ова преставува доаѓање на Бог во куќата на Својот роб. Кога Аллах некого ќе го направи Свој роб тогаш тој наоѓа можност да се подобри во напредувањето и во доброто. Така, доброто раѓа добро и вратите на Аллаховата близина продолжуваат да се отвараат.

Ние дојдовме овде, како што веќе кажав, за да го бараме Аллаховото задоволство со донесување на позитивни промени во себе. Ако ова е целта, тогаш таа цел не може да биде постигната само со слушањето на говорите поради академска љубопитност, туку мораме да дојдеме до практични промени во себе. За такви промени, додека го исполнуваме правото на обожавање на Бог, ние исто така мораме да ги исполниме правата на другиот со одлично однесување и со избегнување на лекоумност. Посебно треба да обрнеме внимание на ова упатство.

Аллахов благолсов е што ни дал засолниште и нашите грешки не се појавуваат пред други луѓе. Ако секој од нас се преиспита самиот себе, ќе види колку многу грешки постојат и колку слабости има меѓу нас во споредба со стандардите кои Ветениот Месија а.с. ги очекувал од нас. Овие слабости можат да станат извор на клевета на Џемаатот и Ветениот Месија а.с.. Така, Ветениот Месија а.с. на Џемаатот му го дал следниот совет:

„Не клеветете не поврзувајќи се со нас.“

Ако нивото на нашето однесување не е добро, тогаш ќе бидеме извор на клевета на Ветениот Месија а.с.. Ако сме вплеткани во лекоумноста, тогаш сме извор на клевета против Ветениот Месија а.с.. Голема е одговорност на нас Ахмади муслиманите. Мораме да се преиспитаме. На едно место Ветениот Месија а.с. не советувал дека ако сакаме верата да ја одржиме цврста тогаш мораме да напредуваме во добри дела. Ова се духовни прашања, и делата влијаат на начелата.

Така, да се каже дека јас сум вистински Ахмад во сообразност со начелата не е доволно. Ако не постојат добри дела, ако не е висок моралот, лесното слабеење во добри дела доведува до слабеење во верата.

Потоа, во поглед на молитвата рекол дека намазот треба да го извршуваме со длабока посветеност и на големо да се молиме.

Така, овие денови но и секогаш во намазот треба да се обидеме да создадеме длабоко чувство за да се засили нашата врска со Аллах. Вистинската цел за присуство на овој собир е духовниот напредок.

Во врска со одржувањето на добрите односи и меѓусебната грижа за другите, тој рекол:

„Како што со своите деца се оденсувате благо, толерантно и љубезно на ист начин однесувајте се и кон своите браќа во верата.“

За човекот кој нема добро однесување, јас сум загрижен за неговата вера бидејќи тој го има коренот на ароганција. Не може да биде арогантен оној кој му посакува добро на другиот. Не ја ограничувајте својата добрина на муслиманите, туку бидете добри и кон оние кои не се муслимани. Бидете добри кон сите, Бог е Господар на сите. Он не е Господар само на муслиманите. Бог е Господар на сите, каков и да е човекот, на која религија и да припаѓа. Посебно бидете добри кон муслиманите.

Општо, поради човечките врски треба да се однесуваме добро, потоа кон муслиманите и потоа кон исправните и праведните. Односот кон исправните луѓе и оние кои се вбројуваат во праведните треба и понатаму да се засилува.

Ова е совет кој може да донесе духовни промени во нас. Во нас ќе се создаде чувство на добротворство кон другите. Ќе бидеме оние кои ја отфрлаат ароганцијата од срцето. Ќе бидеме оние кои едни со другите разговараме љубезно и благо, како што тоа го правиме со сопствените деца. Ако ги имаме овие нешта тогаш ќе ги избегнуваме оние проблеми и несогласувања кои понекогаш не ставаат во искушение. Како што кажав, дури и на собирите се случуваат такви работи. Повторно ќе кажам дека целта на нашето собирање е духовно и практично напредување и таа цел можеме да ја достигнеме кога ќе обрнеме внимание на исполнувањето на правата на Бог и на луѓето. Така, овие денови со добра намера нека го имаме ова на ум. Нека Аллах на сите им овозможи тоа да го направат.

Соработувајте со управата на Џалса. Со оглед на околностите ако некогаш на влезот поради проверка има задоцнување, бидете трпеливи. Голем број на волонтери, мажи и жени, момчиња и девојчиња целосно соработуваат со нас. Не гледајте колку години имаат туку каква работа им е доделена, и слушајте што зборуваат бидејќи за да ја исполнат својата задача вие треба да делувате според нивните упатства. Исто така молете се за нив, за да Аллах им овозможи добро да ја извршат својата задача.

Нека тоа биде така што и ние ќе ги добиеме искрените благослови на Џалса и нека бидеме наследници на довите на Ветениот Месија а.с..