In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Џалса Салана во Франција 2019 година

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Денес, со Милоста на Семоќниот Аллах започнува Џалса Салана (годишен собир): главна и единствена цел за доаѓањето на Џалса Салана е подобрување на нашата духовна и морална состојба. Зборуваме дека сме го прифатиле Месијата на времето, чија мисија била оживување на верата, како што тоа го претскажал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Ветивме дека ќе напредуваме и дека ќе ја продолжиме мисијата на Ветениот Месија а.с.. Ако сите заедно не се потрудиме да ја подобриме нашата духовна состојба, тогаш нашиот Баи‘ат се сведува на празни зборови и не ги исполнуваме неговите услови. Тоа треба вистински да не загрижи. Ако се преиспитаме, и, ако се потрудиме да ја разбереме целта на Џалса Салана која ја поставил Ветениот Месија а.с., ќе ја подобриме нашата морална состојба, ќе го унапредиме световниот живот и следејќи ги нашите побожни модели, следните генерации ќе станат по цврсти во верата и поблиски на Семоќниот Аллах. Во време кога светот се дистанцира од Семоќниот Аллах и религијата, нашето потомство ќе се доближи до Семоќниот Аллах и ќе стане средство за приближување на светот кон Семоќниот Аллах.

Целта на доаѓањето на Џалса Салана е насочување на нашето внимание кон вечниот живот на Ахирет, развивање на стравопочит кон Величественоста и Величината на Семоќниот Аллах и негување на Таква (богобојазливоста) во нас за да станеме љубезни и грижливи и да воспоставиме атмосфера на братство.

Другата цел за доаѓањето на Џалса Салана е постигање на понизност, скромност, вистинитост и преданост во служењето на верата.

Значи, нашето денешно собирање има возвишена цел. Сите кои присуствуваат на Џалса Салана; млади, стари, мажи или жени, мора да бидат толку насочени кон Ахирет што световниот треба да биде ништо во споредба со него. Ова е голем предизвик кој од нас бара голем џихад.

Човекот навистина е загрижен само кога вистински верува во постоењето на Семоќниот Аллах и кога сфати дека овој свет е само привремено пребивалиште. На овој свет може и сто години да живее но животот на Ахирет е вечен.

Мудрата личност се одрекува од привремени нешта за вечниот живот. Меѓутоа, ние сме наклонети да ги жртвуваме придобивките на трајниот живот поради овој минлив живот. Вистинскиот верник секогаш на ум треба да го има идниот свет.

Треба на ум да ја имаме Величественоста на Семоќниот Аллах и љубовта кон Аллах џ.ш. треба да ја надмине секоја друга љубов. Во своите срца треба да имаме страв од Семоќниот Аллах, страв; не затоа што Семоќниот Аллах во идниот живот ќе не казни, туку затоа што не сакаме нашиот сакан Аллах џ.ш. да биде незадоволен со нас. Еднаш, кога таква врска на љубов ќе се воспостави со Бог, тогаш човекот се труди да ги следи наредбите на Аллах џ.ш.. Тогаш, има на ум оти што и да направи дека за тоа ќе одговара на идниот свет. Станува сигурен дека само Аллах џ.ш. го обезбедува. Само Аллах џ.ш. го благословува со Неговите награди. Верува дека Аллах џ.ш. ги поседува сите моќи.

Човек кој во срцето ќе развие вистинска љубов кон Аллах џ.ш. има непоколеблива вера дека, ако животот го живее во границите на дозволите и забраните на Возвишениот Аллах, ќе стане примател на Неговите благослови. Таков човек има силна вера дека, ако продолжи да покажува совршена послушност кон Аллах џ.ш., ако го следи патот на Таква (богобојазливоста) и ги исполни должностите кон Аллах џ.ш. и Неговите суштества, Семоќниот Аллах ќе биде задоволен со него. Значи, и овој начин на размислување сигурно на човекот ќе му овозможи да стане добитник на награди и благослови на Семоќниот Аллах согласно на Неговите ветувања. Таквите луѓе го сфаќаат духот на Божјата наредба и својот живот го посветуваат на служба на Семоќниот Аллах.

Неопходно е да го разбереме и вистинскиот дух на упатствата кои Ветениот Месија а.с. ни ги оставил. Мораме да го постигнеме духот на Баи‘ат а не само зборовите.

Ако, поради човечките слабости сме згрешиле во минатото, тогаш, сега е време да се реформираме.

Па дојдете! Да воспоставиме свој начин на работа за да ги постигнеме целите. Личноста која се грижи за Ахирет и се плаши од Семоќниот Аллах, своето внимание го насочува кон заштита на своето обожавање.

Возвишениот Аллах вели:

„Навистина намаз им е пропишан на верниците да го извршуваат во пропишано време.“