In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Луѓе со извонредни особини

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Денес повторно ќе зборувам за животот на асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои учествувале во битката на Бедр.

Последен пат зборував на оваа тема зборував на 20 септември оваа година. Во таа хутба ги спомнав деталите кога хазрети Хубаиб р.а. бин Ади станал шехид. Во време на неговата смрт, од Семоќниот Аллах побарал да го пренесе неговиот селам (поздрав на мирот) на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бидејќи никој друг тоа не можеш да го направи за него, а Возвишениот Аллах навистина го пренел неговиот селам на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Во тоа време Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. седел со своите асхаби, одговорил Ве ‘аликум ес-селам и ги известил асхабите дека хазрети Хубаиб станал шехид. Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. го осудил на смрт извршителот на ова грдо дело, а тоа бил Абу Суфијан.

Хазрети Амр Бин Умајјах и хазрети Џабар р.а. бин Сакхр Ансарија биле пратени на оваа мисија. Отишле во Мека, направиле Таваф околу Каба и тргнале во потрага по Абу Суфијан. Таму ги препознал некој човек од Мека и затоа морале да го убијат во самоодбрана. Подоцна, таа ноќ тргнале назад во Медина по патот кој поминувал покрај група која го чувала телото на хазрети Хубаиб р.а. бин Ади. Кога хазрети Џабар р.а. стасал до дрвото на кое бил обесен хазрети Хубаиб р.а. брзо го кренал и избегал. Хазрети Џабар р.а. тоа дрво го фрлил во поток кој се наоѓал во близина. Водата го однела телото на Хубаиб р.а., а луѓето од Мека не успеале да го извршат планот за касапење на неговото тело. Така, Бог го заштитил неговото благословено тело.

Во време кога бил заробен пред да стане шехид, хазрети Хубаиб р.а. бил примерен муслиман. Ова го пренесува Ма‘вијах, ослободена робинка на Хуџаир бин Абу Ајхаб, во Мека, а Хубаиб р.а. бил затворен во нејзината куќа, така што планот бил да го убијат штом ќе помине светиот месец. Ма‘увијах пренесува дека никој не бил подобар од хазрети Хубаиб р.а.. Таа го видела како јаде голем грозд од грозјето, кога во Мека немало грозје. Хазрети Хубаиб р.а. барал од Ма‘увијах да не му дава месо заклано во името на идоли. Ма‘увијах пренесува дека после одредување на времето на неговото погубување по светиот месец, хазрети Хубаиб р.а. воопшто не се грижел за смртта.

Еднаш, кога го пронашла со нож во рацете во близина на нејзиниот син, се загрижила дека хазрети Хубаиб р.а. би можел преку синот да се освети. На тоа хазрети Хубаиб р.а. одговорил:

„Не сум таков и не немам намера да го убијам. Во нашата религија издајството не е законито.“

Потоа, хазрети Хубаиб го врзале во синџири и го одвеле во Таним, три милји оддалечен од Мека кон Медина. Деца, жени, робови и многу други луѓе од Мека се собрале за да го видат убиството на Хубаиб р.а.. Некои од нив дошле поради одмазда за нивните постари кои загинале во битката на Бедр. Некои, пак, присутни биле непријатели на исламот и сакале да го гледаат неговото погубување и му се радувале. Идолопоклониците го довеле Хубаиб р.а. близу до парче дрво закопано во земја за да го врзат за него пред да го убијат. Хзрети Хубаиб р.а. побарал дозвола да клања два реката нафила. Потоа бил убиен. Последните зборови му биле:

„Кога станувам шехид поради исламот како муслиман, не ми е гајле на кој бок ќе паднам по убиството, сето тоа е во името на Аллах…“

Такво било неговото ниво на љубов и побожност. Пред самото убиство, единствена негова желба била да клања нафила намаз пред својот Господин.

Исто така, сакал неговиот селам да биде пренесен на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и Семоќниот Аллах му ја исполнил желбата.

Следниот асхаб кого ќе го спомнам е хазрети ‘Абдуллах бин ‘Абдуллах бин Убајј бин Салуул р.а..

Хазрети Абдуллах р.а. припаѓал на Бану ‘Ауф огранок на Хазрад племето кое било Ансариско племе. Бил син на главатарот на лицимеретем Абдуллах бин Убајја бин Салуул.

Бил многу искрен, верен асхаб на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Заедно со Чесниот Пратеник с.а.в.с. се борел во битките на Бедр, Ухуд и сите останати. Знаел да чита и да пишува, и ја имал честа да биде еден од оние кои го пишувале Чесниот Кур‘ан.

Абу Суфијан ги предупредил муслиманите во текот на битката на Ухуд дека следната година уште еднаш ќе се соочат на локацијата на Бедр и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го прифатил предизвикот.

Значи, следната година, во четвртата година според Хиџра по месецот шевала, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тргнал кон Медина во придружба на 1.500 асхаби и го именувал ‘Абдуллах бин ‘Абдуллах бин Убајја за емир на Медина во негово отсуство.

Абу Суфијан тргнал од Мека со своите 2.000 војници. Меѓутоа, Божјата сила била таква што муслиманите стасале во Бедр според своите ветувања, но војската на Курејшиите излегла на одредена далечина и потоа се повлекла во Мека. Муслиманската војска останала осум дена на Бедр, заработувајќи од трговија со карневалот кој се наоѓал во близина. Кога карневалот завршил, а војската на Курејшиите не се појавила, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. си заминал од Бедр и се вратил во Медина. Курејшиите се вратиле во Мека и почнале да се подготвуваат за напад на Медина. Оваа експедиција е позната како Гхзавах Бадрул-Мау‘ида.

Хазрети ‘Абдуллах р.а. е убиен 12 години по Хиџра во битката на Јамама, во времето на халифатот на хазрети Абу Бакр р.а..

Таткото на хазрети ‘Абдуллах р.а., Абдуллах бин Убајј бин Салуул бил главен лицемер. Тој се надевал дека ќе биде поставен за водач на Медина, но наместо него по доаѓањето во Медина Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил поставен за водач. Тоа го вознемирило Абдуллах бин Убајј бин Салуул. Тој му се замерил на Божјиот Пратеник с.а.в.с., но, кога Семоќниот Аллах му ја подарил победата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на Бедр, Абдуллах бин Убајј бин Салуул станал муслиман. Меѓутоа, неговото прифаќање на исламот било само поради стравот, бидејќи сфатил дека муслиманите победиле на Бедр. Неговото лицемерство станало јасно во текот на битката на Ухуд. Кога муслиманска војска од 1.000 млади мажи се договорила да се соочи со многу поголема војска од Мека, на половина пат, Абдуллах бин Убајј бин Салуул, со своите 300 сојузници се свртел назад, говорејќи дека тоа не е војна, туку пат во смртта. Само 700 муслимани останале да се соочат со 3.000 Курејшии.

За ова ќе зборувам во наредната хутба. ИншАллах.

Сега ќе спомнам неколку детали во врска со уважениот Кхаваѓ Раѓид-ул-дин Камар Сахи, кој бил син на Маулана Камар-ул-дин сахиб, и ќе клањам негова џеназа во отсуство. Починал во 86-та година на 10 октомври од карцином.

– Инна лиллахи ве инна илејхи раџиуун –

Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Бил побожен, љубезен, доблесен и исклучително лојален на Халифатот. Во последните денови од болеста, дојде да ме посети неколку дена пред да отпатувам. Му бил дијагностициран рак и напорното лечење го поднесуваше со големо трпение и решителност. Нека Возвишениот Аллах му опрости и нека му подари милост и додели друштво на неговите најмили, а исто така, нека на неговите деца и идното потомство им подари да продолжат со неговите добри дела.