In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) да зборува на тема за асхабите на кои учествувале во битката кај Бедр.

Оваа седмица ќе зборува за хазрети Зубеир бин Аввам р.а.. Татко му се викал Аввам бин Кхувајлид, а мајка му Сафијја бинт Абдул Мутталиб, која била тетка по татко на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Зубеир бин Аввам р.а. бил братучед на хазрети Хатиџе р.а., саканата сопруга на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил оженет со хазрети Ајша р.а., втората ќерка на хазрети Ебу Бакр р.а..

Според тоа, хазрети Зубеир бин Аввам р.а. бил оженет со снаата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и на тој начин биле поврзани во блиско роднинство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Зубеир бин Аввам р.а.  бил четврта или петта личност која го прифатила исламот, на многу рана возраст.

Хазрети Зубеир бин Аввам р.а. бил вброен меѓу десетте асхаби на кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им ги пренел радосните вести за Џеннетот, и бил меѓу првите шест асхаби кои хазрети Омер р.а. ги избрал пред смртта како дел од членовите на одборот за избор на следниот Халифа.

Воспитувањето на хазрети Зубеир бин Аввам р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се наврати на детството на хазрети Зубеир бин Аввам р.а., на односот на неговата мајка кон него која била строга и понекогаш го тепала. Кога неговиот амиџа изразил загриженост поради тоа, мајката на хазрети Зубеир бин Аввам р.а. рекла дека таа само сака нејзиниот син да биде храбар и дека поради тоа кон него се однесува на тој начин за во иднина да може да победува големи војски.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. на ова даде коментар дека, без оглед на тоа каков ќе биде неговиот понатамошен животен пат, тој начин на воспитување се покажал како успешен.

Но сепак, Аллах џ.ш. знае најдобро што е причината за неговата толкава храброст.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. нагласи дека толку се зборувало за мајчината љубов по што можеме да видиме дека мајката на хазрети Зубеир бин Аввам р.а., несомнено, покажала голема љубов и наклоност кон својот син.

Прогонување од неговото семејство

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги наведе зборовите на хазрети Муслех Мауд р.а. кои се однесувале на еден инцидент од пораните денови од животот на хазрети Зубеир бин Аввам р.а., откако го примил исламот.

Неговиот амиџа, во тоа време, го замотувал хазрети Зубеир бин Аввам р.а. во крпа и го гушел со дим наговарајќи го да го напушти исламот, кој неодамна го прифатил.

Меѓутоа, уште во тие млади години хазрети Зубеир бин Аввам р.а. покажал голема решителност и говорел како може да го напушти исламот откако препознал вистината во него.

Првото дете на Мухаџир после миграцијата

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе дека Хазрети Асма р.а., сопругата на хазрети Зубеир бин Аввам р.а., била бремена во текот на миграцијата од Мека во Медина. Кога се породила, го зела својот новороден син и отишла кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој со големо внимание и љубов ја примил во своето крило.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дал име Абдуллах и додека го држел новороденчето во своето крило џвакал урма, а потоа ја ставил во устата на новородениот Абдуллах молејќи се за негова просперитетна иднина.

Така, Абдуллах бин Зубаеир р.а. бил првото дете кое е родено во исламот.

Абдуллах бин Зубаир, по советите на својот татко хазрети Зубеир бин Аввам р.а., на своја осумгодишна возраст се обратил да му даде заклетва на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Првиот муслиман кој извадил меч

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. нагласи дека хазрети Зубеир бин Аввам р.а. е првиот, во исламот, кој го извадил својот меч.

Тоа се случило поради тоа што, додека сè уште бил во Мека и се одмарал во долината, слушнал гласови кои пренесувале дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил убиен. После тоа, веднаш станал, го подготвил и го кренал својот меч и тргнал. Додека тој одел, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го видел и му рекол да застане, прашувајќи го што се случило. Хазрети Зубеир бин Аввам р.а. му кажал што чул и дека кај него се појавила голема загриженост.

После оваа случка Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се молел за хазрети Зубеир бин Аввам р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Зубеир бин Аввам р.а. се борел, покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., во сите битки.

На денот на битката кај Бедр Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. имал само два коња, а хазрети Зубеир бин Аввам р.а. јавал на едниот од коњите. Додека јавал носел жолт турбан на главата.

Гледајќи го тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека мелеките кои се симнале да им помогнат на муслиманите носеле слични турбани.

Хазрети Зубеир бин Аввам р.а. бил непоколеблив и не ја напуштал страната на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и во текот на битката кај Ухуд. За време на освојувањето на Мека хазрети Зубеир бин Аввам р.а. носел едно од трите знамиња на Мухаџирите (мигранти).

Учество во избирачкиот одбор за Халифа

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна еден хадис кој се однесува на изборот на Халифа, после смртта на хазрети Омер р.а..

Пред смртта, хазрети Омер р.а. избрал совет и во него именувал шест асхаби, меѓу кои се наоѓал и хазрети Зубеир бин Аввам р.а..

После смртта на хазрети Омер р.а., хазрети Осман бил избран за Халифа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека за хазрети Зубеир бин Аввам р.а. ќе продолжи да зборува во следната хутба.

Џенази

На крајот,  Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. клањаше џенази во отсуство.

Мираај Ахмад сахиб шехид

Мираај Ахмад сахиб шехид, на 12 август, противниците на Ахмадијатот го застрелале пред неговата медицинска аптека. Бил погоден од четири куршуми што биле причина за негова моментална смрт. Неговиот син ја напуштил аптеката малку пред инцидентот, но кога дознал за тоа кога се вратил татко му веќе бил мртов.

Мираај Ахмад сахиб шехид го прифатил Ахмадијатот во 1990 година, после што семејството било соочено со големи прогони. Имал големи проблеми и во наоѓање на работници и во работа во аптеката, бидејќи никој не сакал да работи со него затоа што е Ахмади муслиман.

Мираај Ахмад сахиб шехид редовно ги извршувал своите секојдневни намази, редовно го учел Чесниот Кур’ и редовно ги слушал хутбите на МТА.

Бил многу гостољубив, срдечен и им помагал на сиромашните. На сиромашните им давал бесплатни лекови од својата аптека.

Иако со синот отишол да живее во Австралија, после неколку години се вратил, велејќи дека, љубовта кон неговата земја и чувството на должност да му служи на својот народ не му допуштале да живее на некое друго место.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. напомна дека бил многу предан да и служи на својата земја, но, за жал, раководството на земјата нема друга цел освен да ги мачат Ахмади муслиманите и да им чинат секакви прогонства и зла.

После себе оставил сопруга, три сина и ќерка.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да ги чува неговите деца.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. со жалење нагласи дека опозицијата против Заедницата врши сè поголем притисок. Дури и највисоките институции, Народното собрание измислуваат лаги против Заедницата како би го поттикнале народот против Ахмадијатот. Постојат и такви луѓе кои не се Ахмади муслимани а биле обвинети за разни злочини, изјавувале дека се Ахмади, а тие воопшто не и припаѓале на Ахмади заедницата, и тоа го чинеле само да и наштетат на Заедницата.

Затоа, членовите на Ахмади заедницата мора повеќе да се молат. Како што опозицијата против Ахмадијатот сè повеќе се зголемува, така, членовите на Заедницата треба сè повеќе да се молат.

Адееб Ахмад Насир сахиб

Адееб Ахмад Насир сахиб починал на 9 август после кратка болест. Бил мисионер на Заедницата. Имал 27 години и бил верен. Меѓутоа, заболел од тифус и после кратко лекување починал.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека сите оние кои пишувале за него забележале дека тој секогаш имал насмевка на лицето.

Тој со голем жар и служел на Заедницата. Штедел пари од својот мал приход за изградба на џамија. Често пуштал различни снимки од говорите на Халифата кои би помогнале при подучувањето на членовите на Заедницата. Бил многу почитуван, послушен и понизен.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах да им подари трпение на неговите родители и сестри за да можат полесно да се носат со загубата на својот сакан.

Нека Аллах џ.ш. се смилува на неговата душа.

Хамеед Ахмад Схеикх сахиб

Хамеед Ахмад Схеикх сахиб почина на 12 август после срцев удар. Бил внук на хазрети шеик Ноор Ахмад сахиб р.а., асхаб на Ветениот Месија а.с.. Неговиот дедо по мајка, хазрети Маулви Абдул Кадир Лудхианви р.а., бил асхаб и еден од 313-те асхаби на Ветениот Месија а.с..

После себе оставил два сина и ќерка. Абдур Раззак Шеик сахиб, неговиот син, е претседател на ИААЕ во Велика Британија.

Хамеед Ахмад Схеикх сахиб секогаш ги советувал своите деца да му пишуваат писма на Халифата. Бил редовен во своите молитви и бил редовен во придонесите за финансиско жртвување.

Живеел во Нигерија и таму се потрудил да изгради џамија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах на неговите деца да им овозможи да ги продолжат неговите добри дела, и Аллах џ.ш. да се смилува на неговата душа.