In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

МЕСЕЦ МУХАРРЕМ И ДОАЃАЊЕ НА НОВАТА ХИЏРЕТСКА ГОДИНА

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека во оваа ера, според Божјото ветување, Ветениот Месија а.с. е пратен како Хакам и Адл (судија и праведен арбитер), кој преку учењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. треба да го обедини исламскиот Уммет.

Оние кои виделе раздор помеѓу различни групи (правци) во исламот и го користеле своето знаење, разбирање и молитви се собрале под закрила на знамето на Ветениот Месија а.с..

Целта за основање на Ахмадија муслиманската заедница

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека целта на оваа Заедница не е само создавање на друга група или да предизвика поделби во исламот.

Наместо тоа, воспоставувањето на оваа Заедница е направено исклучиво според претскажувањата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тогаш, Семоќниот Аллах оваа задача му ја доделил на Хазрети Мирза Гулам Ахмад а.с., како Ветениот Месија.

Милоста на Возвишениот Аллах се препознава по тоа што ние во последните 130 години од основањето на оваа Заедница, и 112 години од воспоставувањето на Халифат ја извршувавме оваа задача, и тоа на начин што нашата Заедница ги подучува останатите муслимани за значењето на Чесниот Кур’ан според Божјото просветлување и разбирање на Ветениот Месија а.с., а исто така, пораките на Чесниот Кур’ан ги шириме и кај останатите припадници на други религии и атеисти.

Без оглед на тешкотиите, проблемите и пречките со кои се соочуваме, ние со голем елан ќе продолжиме да напредуваме во тоа. На Заедниците на Аллах џ.ш. секогаш им се спротивставувале, но на крајот, Семоќниот Аллах секогаш се воздигнувал над тоа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека оние кои сакаат да предизвикаат неред и немири, оние кои имаат разбирања, мора да размислат за тоа.

Доаѓање на Новата Хиџретска Година

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека моментално минуваме низ исламскиот месец Мухаррем. Обично, за Нова Година според грегоријанскиот календар, луѓето меѓусебно си ја честитаат Новата Година.

Меѓутоа, жално е, иако исламот промовира мир и љубов, што исламската Нова Година е одбележана со крвопроливања во муслиманските земји ширум светот поради поделбите во исламот. Наместо тоа, ние би требало да бидеме насочени на тоа како можеме вистински да се обединиме и искрено да го следиме примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Обединување на Муслиманскиот Уммет

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека мора да размислуваме за фатот дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. претскажал дека по некое време на мрак, после почетниот успех на исламот, Халифатот повторно ќе се воспостави врз основа на Пратеништво.

Тогаш, истите инциденти кои се случиле (во Мухаррем) и кои денес преставуваат причина за такви несогласувања ќе се покажат како средство за разликување и потенцирање за вистинското воспоставување на Халифатот според пропишаните претскажувања. Тој инцидент, всушност, требало да го обедини муслиманскиот Уммет, а не да го подели.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека мора добро да размислуваме во согласност со претскажувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., што се манифестирало и нарачало за заживување на исламот, кој борбата и неслогата ќе ги претвори во мир.

Ние веруваме дека ова ќе се обвистини и манифестира преку личноста на хазрети Мирза Гулам Ахмад а.с..

Во такви околности, овој месец не би требало да биде само слика на изразување на нашата жалост и лутина, туку, ние овој месец треба да го пресликаме во месец на љубов и мир. Мора да размислуваме во текот на овој месец да се движиме по патот на вистинското учење на исламот.

Мора да чекориме по патот на оној Хакам и Адл кои се манифестирале за препород на исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. престави цитат на Ветениот Месија а.с. во кој објаснува дека Семоќниот Аллах го пратил за заживување на исламот и за да го обедини муслиманскиот Уммет.

Хузур а.т.б.а. рече дека, сè додека оние кои се поделени во исламот не го прифатат, не можат да се спасат нити обединат.

Хузур а.т.б.а. рече дека сака луѓето да дојдат и да му се придружат како би се симнал превезот на лагата кој почнал да го засенува и да го покрива вистинското учење на исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тоа може да се оствари само кога луѓето ја отстранат злобата од своите срца и нивните срца ги свртат кон Бог.

Нивото на четворицата праведни Халифи

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги престави цитатите на Ветениот Месија а.с. во кои го пофалува Хулефа-и-Рашидин (правилно водени Халифи на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.), а тоа посебно се однесува на првите тројца Халифи, кои, некои Шија муслимани често ги осудуваат.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„За да можеме да бидеме прави муслимани и вистински следбеници на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. мора да ги прифатиме и да им веруваме на сите четворица Халифи.“

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. потенцираше дека ова учење треба да се усвои од Ветениот Месија а.с., и се праша после тоа:

„Кој простор може да остане за било какви поделби меѓу муслиманите ако тоа се прифати?“

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. престави цитат на Ветениот Месија а.с. кој се однесува на хазрети Ебу Бакр р.а. и за неговите разни тешкотии кои ги трпел во име на исламот.

Хазрети Ебу Бакр р.а., во тоа време, бил во сенка на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на секој чекор.

Ветениот Месија а.с. рекол дека хазрети Ебу Бакр р.а. бил нешто слично на ’вториот Адем‘.

Ветениот Месија а.с. рекол дека доколку, после смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., не бил присутен и жив исламот не би можел да опстане, бидејќи тој имал клучна улога во воспоставувањето и одржување на учењето и праксата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. престави цитат на Ветениот Месија а.с. во кој го пофалува хазрети Омер р.а..

Хузур а.т.б.а. престави хадиси, како оној во кој Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека шејтанот бега од сенката на хазрети Омер р.а..

Хузур а.т.б.а. наведе уште еден хадис во кој Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека ќе дојде пратеник после него, а тој пратеник бил хазрети Омер р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. престави уште еден цитат на Ветениот Месија а.с. во кој ги пофалува првите тројца Халифи, вклучувајќи го и хазрети Осман р.а..

Хузур а.т.б.а. ги објасни маките и тешкотиите кои тие ги трпеле поради исламот. Тие ги напуштиле своите семејства и домови поради исламот. Нивните примери биле такви што нивната светлина продолжува да зрачи и понатаму.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе цитат на Ветениот Месија а.с. во кој го пофалува хазрети Али р.а.. Тој напишал дека хазрети Али р.а. бил помеѓу најмилите на Семоќниот Аллах.

Хазрети Али бил Божји лав, великодушен и храбар. Никогаш не ја напуштил борбената позиција, дури и кога цела војска била би се кренала против него. Ги ублажувал болки и тагите на другите, а им помагал на сиромашните и на сирачињата.

Бил речит во говорот, и кажувал зборови и речици кои длабоко допирале до срцата на другите. Бил мајстор во говорот до таа мера што никој не можел да го побие неговото знаење.

На друго место, Ветениот Месија а.с. рекол дека хазрети Али р.а. несомнено бил сјаен пример во многу погледи, меѓутоа, имало и такви кои се бунеле против него за време на неговиот Халифат.Ветениот Месија а.с. гласно рекол дека оној кој се спротивставил и побунил против хазрети Али р.а. за време на неговиот Халифат направил тежок прекршок.

Што се однесува до четворицата Халифи, Ветениот Месија а.с. напишал дека тие се вистински помошници на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и дека поднеле вистински жртви за исламот.

Сигурно, ништо од тоа не го правеле за било каква награда, туку заради љубовта кон исламот.

Како тогаш, некои воопшто би можеле да ги наречат крадци и престапници?

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. нагласи дека треба да бидеме благодарни за информациите и нивното толкување кои сме ги добиле преку знаењето кое било дарувано од Ветениот Месија а.с..

Ако сакаме вистински да му служиме на исламот мора да бидеме поврзани со Ветениот Месија а.с..

Одбележување на десеттиот Мухарреем

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека се наближува десеттиот Мухаррем, кој ја означува смртта на Имам Хуссеин р.а..

На денешен ден, посебно оние кои и припаѓаат на Шија сектата во исламот ја изразуваат својата тага на различни видливи начини.

Имам Хуссеин р.а., кога постанал шехид, за сите преставувало тешко и болно чувство, меѓутоа, едноставно поради фактот што ние својата тага не ја изразуваме на слични и очигледни начини кон нас и нашата Заедница се префрлаат обвинувања дека не го почитуваме семејството на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека преку цитатите кои ги преставил Ветениот Месија јасно се препознава дека му оддал чест на хазрети Али р.а., на начин сличен како што претходно им оддал чест на тројцата Халифи кои биле пред него, затоа што сите четворица биле вистинити и со право биле поставени за Халифи.

Потоа, Хузур а.т.б.а. престави цитати на Ветениот Месија а.с. кои го покажуваат неговото почитување и внимание кон семејството на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Ветениот Месија а.с. имал визија во која ќерката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., хазрети Фатима р.а., кон него се однесувала со  љубов како на мајка. Тој видел дека ќерката ја ставила неговата глава во нејзиното крило, баш онака како што мајките со љубов го чинат кон своето дете.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. коментираше дека некои нè Ахмади зналци  подигаат обвинување против него, говорејќи дека тоа е облик на непочитување на хазрети Фатима р.а., меѓутоа, Хузур а.т.б.а. рече дека тоа е само нивно размислување во заблуда, за кое ние ништо не можеме да направиме.

Штета што муслиманското население, воопшто, воопшто слуша за ваквите работи и им обрнува внимание.

Во секој случај, Ветениот Месија а.с. видел во визијата дека хазрети Фатима р.а. се грижела за него поради тешкотиите со кои морал да се соочи, на начин како мајката е загрижена за своето дете.

Потоа, во визија ги видел хазрети Хасан р.а. и хазрети Хуссеин р.а., со кој бил во братска врска и полна со љубов.

Ветениот Месија а.с. рекол дека имал силна врска со хазрети Али р.а. и неговото семејство.

Ветениот Месија а.с. рекол дека напишал Касида (илахију) за спомен на хазрети Хуссеин р.а. која му била вдахновена од Бог.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека изразот на љубов кој се случува кога никој друг не е во близина, е вистинскиот израз на срцето.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а.  го наведе следниот случај кој го раскажал хазрети Мирза Башир Ахмад р.а., син на Ветениот Месија а.с..

„Еднаш, во месец Мухаррем, Ветениот Месија а.с. се одмарал на креветот во својата градина, и ги повикал нашата сестра Мубараку Бегум и нашиот брат Мубарак Ахмад, најмладиот од своите деца, и им рекол:

’Дозволете да ви раскажам приказна за Мухаррем.‘

Потоа, со многу нажален тон и со голема болка ја раскажал ситуацијата која била поврзана со смртта на хазрети Хуссеин р.а.. Цело време, додека раскажувал, очите му биле полни со солзи кои од време на време ги бришел со своите прсти.

На крајот од приказната со голема мака и болка рекол:

’Ова е бездушна неправда која презирниот Јазид ја сторил над внукот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..‘

Но набрзо потоа, Бог со своја казна ги казнил овие луѓе.“