In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Пат кон духовната еволуција

Денешната хутба во петок Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов Помошник, ја изврши во Баит-ул Футух џамијата во Лондон. После ташахуд и учењето на сура Ал-Фатиха Хузур рече дека од денес почнува собирот на организациите Мајлиса Ансураллах и Лаѓна Имаиллах на Велика Британија. Вистинската суштина на нашите собири е да напредуваме во нашиот однос со Аллах и со другите. Духот на овие религиски и спортски натпреварувања треба да биде носен со мислата дека ние треба да напредуваме во знаењето и тоа да го користиме во нашите животи. Постојат спортови кои се неопходни да се пканцертикуваат за да бидеме здрави и да бидеме во можност да ги исполниме нашите должности кон Аллах и кон другите луѓе.

Инаку, тоа не се години кога членовите на Ансарија можат да пканцертикуваат вакви спортови, ниту жените во овие години имаат интерес за вакви активности. Меѓутоа, овие вежби се важни за личноста да биде во кондиција и да биде свесна за своето здравје. И покасно лицето треба да вклучи здрави вежби, како што е одењето, за да бидеме активни.

Сепак, главна цел на овие собири е да се концентрираме на нашите верски и научни вештини. Садар сахиб, Мајлиса Ансураллах на Велика Британија, ме замоли да ги советувам нашите Ансарии за таа работа на оваа хутба. Во добата на Ансариите личноста станува зрела и затоа тие самите мора да бидат свесни за своите одговорности. Исто така тие мора да се концентрираат на исполнување на овие одговорности. Прво да достигнат зрелост, и второ да дојдат до групата ’Ансураллах‘, односно група која ја сочинуваат мажи на возраст од над 40 години, и тоа ќе биде доволно да се остварат одговорностите кои овие мажи треба да ги исполнат а кои се содржани во заветот кој е даден на  ’Ансураллах‘.

Најпрво, секоја личност која е вклучена во оваа група на ’Ансураллах‘ треба да проба со многу чисто срце да го направи исламот посилен и да биде искрен следбеник на Ахмадијатот. Личноста мора да има и сила и знаење за да може да допринесе во зајакнување на исламот. Исламот е Аллахова религија и потполна религија на учења. Личноста не може да ја промени верата на исламското учење но таа може да се промени самата себе како би создала своја врска со верата. Ова не може да се постигне без воспоставување на силна врска со Аллах за која треба да тежнее секој Ахмади муслиман. ’Ансураллах‘ треба да постави стандард во кој нивната врска со Аллах е таква што нивната вера треба да биде најсилна. Вистинска врска со Аллах не може да биде воспоставена се додека личноста не создаде права врска со Чесниот Пратеник с.а.в.с., на кој Аллах му наредил да ги пренесеме селамите за мир, и да повикуваме благослови на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Оваа работа е многу важна. Потоа, треба да ги исполниме правата на заветот кои сме ги дале на Ветениот Месија а.с.. Кога сериозно ја сфатиме должноста да ги исполниме овие права кои се неопходни за нас, само на тој начин можеме да станеме вистински и искрени следбеници на Ахмадијатот. Во денешниот свет Аллах го пратил Ветениот Месија а.с. да ги шири учењата на исламот. Нашата вистинска приврзаност кон  Ахмадијатот ќе биде очигледна кога ќе земеме учество во ширењето на зборовите и учењата на исламот. Потоа, втора заклетва која членовите на Ахмадијатот треба да ја извршуваат е да создадат врска на посветеност со Халифатот на Ахмадијатот која може да се постигне единствено кога членовите настојуваат да ги шират зборовите и програмите на Халифатот и да дадат сè од себе за да допринесат во овие работи.

Ова единствено е можно доколку членовите на ’Ансураллах‘ обрнуваат големо внимание на Халифата на добата. За ова Аллах не благословил со МТА ТВ (Муслиманска Ахмади Телевизија) преку која можеме да го слушаме и пратиме Халифата на големи растојанија. Своите деца треба да ги поврзете со Халифатот, како и со други духовни учења за да може врските на верност кон Халифатот да се пренесуваат од генерација на генерација. Ова ќе помогне во ширењето на исламот и преку Ветениот Месија а.с. ќе напредуваме преку институцијата Халифат. Од тие причини внимавајте на секоја заклетва која бара жртвување. Нека Аллах им овозможи на сите да ги постигнеме овие цели.

Лаѓна Имаиллах има завет за кој постојано треба да бидат свесни! Навистина е голем Аллахов благослов што преку Неговата милост повеќето членки на Лаѓна ма схаа Аллах ја следат верата со бескрајна искреност. Тие се силни дури и кога се работи за нивните верувања. Но, секоја членка на Лаѓна и секоја Ахмади жена треба да ја посвети и зголеми својата духовност кон наредбите на Аллах и Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Членките на Лаѓна имаат завет кој го повторуваат на своите собири и програми, а кој гласи дека се подготвени за било каква жртва кога се работи за верата. Прва жртва која ја бара религијата е таа што пканцертичните состојби треба да бидат во склад со исламскиот кодекс и треба да бидат секогаш поставени над световните работи.

Една Ахмади жена треба да има висок стандард на искреност, треба да ги прати сите работи кои се поврзани со тоа, треба да биде чесна во однесувањето и да ги исполни важните учења кои се однесуваат на носењето на шамијата. Ако било која Ахмади жена покажува слабост во било што кое е однапред наведено таа, за жал, пканцертично не го живее својот завет. Така, ниту стравот од општеството ниту самоволието не треба да ја одвојат Ахмади жената од нејзината вера. Наместо тоа, животот на секоја Ахмади жена треба да биде во склад со Аллаховите учења.

Друг, многу важен завет се однесува на вистинитоста. Секој од нас треба да се преиспита дали навистина ги следиме наредбите или не. Тука е битно и вложувањето во воспитувањето на нашите деца кое треба да биде во склад со најголемите можности. Најдобро училиште за учење за секое дете е неговата/нејзината мајка. Затоа мајките треба напорно да работат и да  го трасираат најдобриот пат. Ако сите наши жени, или како што рекол хазрети Муслех Мауд, ако 50% од жените пружат правилно воспитување за нивните потомци тогаш тоа претставува заштита на генерациите и на општествените реформи. Тие ќе бидат извор на уредување на нивната религија и ќе бидат оние кои се поврзуваат со Аллах. Исто така, должност на мајките е да го развијат зрното на жртвување кон нацијата/државата кај своите деца. Мајките се одговорни да го обликуваат детскиот ум према  своите обврски и потреби како би се почитувал законот. За нив е битно да им помогнат на своите деца да го разликуваат доброто од злото и да им помогнат да ја сфатат својата улога во развојот на државата. Треба да им се помогне да се поврзат со Халифатот. Така, секоја мајка треба да работи на исполнување на одговорностите и нека Аллах им даде сила за тоа. Амин!

Организацијата Насираат имаат свој собир заедно со Лаѓна организацијата, и тие исто така мора да ги исполнат своите завети. Некаде на возраст од 14 до 15 години личноста може да го разликува доброто од лошото. Дури и на таа возраст имаме доста желби. Ако некој обраќа повеќе внимание на световните работи тогаш тој постојано се движи кон нив. Така, секоја Ахмади девојка треба да биде свесна за тоа. Посебно е потребно да се истакне заветот дека секоја Ахмади девојка треба да биде концентрирана во постигнување на духовните цели кои се спомнати во нивниот завет, секогаш да биде подготвена да помогне во прашањето за верата, државата и нацијата, да остане цврста во искреноста, да биде подготвена за било која жртва која е потребна за Халифатот. Така, ако овој завет биде во центарот на животите на нашите девојки тие не само што ќе се заштитат самите себе во овој свет туку ќе ги заштитат и генерациите кои доаѓаат. Нека Аллах им помогне да го остварат тоа и нека овој собир биде успешен. Амин!

Сега сакам да ја искористам приликата да зборувам за една драга личност која неодамна не напушти. Пред неколку дена не напушти една драга личност поради несреќа а сега не напушти друга личност поради болест. Овој млад човек скоро да го заврши џамија образованието и после тешка борба со болеста не напушти. (’Ина Лилах е Ваина Алла-е-Рајеехоон‘). Личноста за која зборувам се вика Мазхар Ахсан сахиб. Не го положил последниот испит поради болест но преку својот благословен пример тој докажал дека е мисионер. Аллах во него всадил голем ентузијазам во служењето на исламот. Како тој се вклопил со Аллаховите наредби. Секоја душа која дојде на овој свет ќе го напушти, но среќен е оној кој сака да го промени својот живот во склад со Божјите учења. Секој кој бил поврзан со него во џамијата, неговите другари од класот, останатите пријатели, учители ми пишуваа, и тоа не беа само вообичаени поканцери на сочувство, а и јас лично знам дека тој бил пример на искреност, преданост и духовен однос. Нека Аллах ја воздигне неговата положба. Амин!

Тој бил единствен син на неговите родители а имал и две сестри. Неговата мајка покажала високо ниво на трпение и прифаќање на Аллаховата одлука. Нека Аллах им помогне полесно да ја поднесат оваа загуба.

Ветениот Месија а.с. кажал дека ниеден лек не може да ублажи таква болка освен довербата во Аллах. Оваа личност го напушти овој свет поучувајќи за трпението и толеранцијата. Тагата и недостатокот се присутни но оваа болка треба да се насочи кон молитви за душата која не напуштила. Нека Аллах ја воздигне неговата положба.

Ова младо момче било болно од канцер и во почетокот бил лечен со лекови. Но потоа се појавила болест на белите дробови која не можеле да ја дијагностицираат. Од тие причини и умрел. (’Ина Лилах е Ваина Алла-е-Рајеехоон‘). Неговиот дедо, хазрети Мисри Низаам-уд-Дин сахиб, го прател Ветениот Месија а.с.. Неговиот дедо од страна на мајката, Џхаудхару Мохаммад Мунавар Али Кхан Сахиб, и дедото од страната на таткото, Хаји Мазоор Ахмад Сахиб, и двајцата биле од Кадијана. Младото момче било студент на џамијата и бил муси.

Неговата мајка вели дека постојано давал предлози, ги чувал нејзините тајни и бил нејзин учител. Освен овој однос помеѓу мајка и син имале огромно меѓусебно разбирање. Беше многу свесен за нештата кои ме правеа среќна и оние кои ме налутуваа. Често ми зборуваше за Халифатот, Џемаатот, Низаамот, Халифата на добата, Чесниот Пратеник с.а.в.с. и неговите следбеници и Ветениот Месија а.с., и многу ги сакаше овие теми. Ако се најдевме во ситуација да се разговара за световни теми тој бараше да ги напуштиме бидејќи немаме ништо заедничко со нив.

Негова желба била да присуствува на Џалса Салана оваа година но сфатил дека ќе биде тешко за него и цврсто одлучил заедно со целото семејство да ја пратат Цалса Салана во Глазгов од нивниот дом преку МТА ТВ. Навикнал сам да ги работи сите свои ситни работи и станал уште повнимателен кон болеста и никогаш не покажувал лутина и вознемиреност. Кога се излекувал од леукемија барал од Амир сахиб да му даде некои работи во Џемаатот, иако бил се уште многу слаб.  Така почнал да работи за весник и своите работници ги советувал со многу свои корисни и драгоцени предлози. Исто така го дизајнирал сертификатот за собирот на организациите Лаѓна и Насираат во Шкотска. Редовно ги читал книгите на Ветениот Месија а.с.. Неговата мајка вели дека кога на 12 септември добил инфекција на белите дробови побарал од неа да седне до него и на прстите да ги брои Аллаховите благослови. Правејќи го тоа му реков дека се многу и дека не може да се избројат. Рекол дека лицата треба да се сеќаваат на неброените Аллахови благослови. Неговата мајка рекла дека тоа во моментот не го сфатила но тој всушност ја подготвувал ментално за оваа загуба.

Таа вели дека Мураби сахиб да Мајхар сакал да работи за Џемаатот и секогаш правел планови за својата работа откако постане мисионер. Кога му ја дијагностицирале болеста во октомври 2015 година ја советувал својата сестра да и каже на мајка му внимателно бидејќи тој не можел да ја гледа како плаче. Во болницата редовно клањал, го учел Чесниот Кур’ан и ги гледал хутбите во петок. Ги слушал илахи и гледал слики од Џемаатот на интернет. Секогаш ги поучувал сестрите и докторите за собирите за мир, Џалса Салана и за други активности на Џемаатот. Го сакал Халфатот и неговата мајка вели дека за прв пат видела дека плаче кога слушнал за смртта на Раза сахиб. Бил многу загрижен поради тагата која ќе влијае на родителите на Раза и на Халифата на добата. Тој велел, ние сме задоволни од Аллаховите одлуки. Ова навистина е Негова одлука, Он знае подобро и наша должност е да го молиме. Таа рекла дека Мазхар ги променил со неговото заминување.

Неговата мајка вели дека на 13 септември, на Бајрам, имал обилна кашлица и побарал од неа да му направи зелен чај. Кога отидов до него видов дека има висока температура. Повикав итна помош и кога го прифатија побара од нас да идеме да клањаме Бајрам намаз бидејќи нема потреба да го пратиме до болницата. Рече дека ќе не повика по телефон за да ја слуша Бајрамската хутба во болницата.

Имал многу убав глас и неговата сестра го снимила како учи езан и го користела како аларм за сабах намаз. Неговата мајка вели дека при неговите последни воздишки го чула тој звук на езан. Тоа уште повеќе ги допрело но тоа било Аллахова одлука.

Коскената срж се совпаѓала со таа на неговата сестра и тој одел на третмани. Докторите биле многу изненадени бидејќи на почетокот мислеле дека тоа е невозможно. Во текот на хемотерапијата постојано ги подучувал докторите. Имал цврста вера во Аллах и говорел дека Аллах ќе го сочува. Нека Аллах ги исполни неговите желби на другиот свет. Амин!

Доктор Хафеет Сахиб вели дека кога отишол да го запознае Мазхар во Глазгов, откако му бил дијагностициран канцер, забележал дека тој има совршена доверба во Бог. Неговата мајка вели дека Мазхар секогаш од нив барал да  бидат благодарни на Аллаховите благослови.

Беназир Рафај од Глазгов вели дека е од Шри Ланка и дека се спријателила со мајката и сестрите на Мазхар. Кога отишла во болница да го види Мазхар тој многу трпеливо им раскажал за својата болест. Кога закрепнал учествувал во пешачење на 5 километри со добротворна цел, и тврдел дека тоа многу лесно го направил.

Хафиз Фазл-е-раби сахиб кажува како ова момче било многу заинтересирано за учењето на Чесниот Кур‘ан и ајетите ги кажувал со убав мек глас. Дури и пред да биде примен во школото на Џамијата, тој редовно патувал од Глазгов за Лондон и со семејството присуствувал на Талеем часовите за Чесниот Кур‘ан. Тој вели дека Мазхар секои две недели морал да патува назад во Глазгов поради работата поврзана со дозволата за престој и кога Хафиз сахиб прашал дали ќе му биде тешко толку често да патува тој одговорил дека овие мали проблеми не се важни кога човекот има за цел да постигне нешто важно и духовно.

Васим Фазал сахиб, учител во школото на Џамијата тврди дека Мазхар сахиб бил многу храбар и сериозен студент со постојан каканцертер. Бил меѓу оние студенти кои кон должностите се однесувале многу сериозно и со најголема љубов ги исполнувале. Бил многу добар во организирањето на активностите на Џемаатот. Исто така, во хостелот на Џамијата служел совршено.  Еднаш му била дадена многу важна работа и луѓето се прашувале дали ќе биде во состојба да ја заврши. На ова еден од неговите учители одговорил дека многу работи мора да се скријат од него бидејќи тој работата ја зема со голема одговорност, сериозност и доследност.

Пред неколку години во време на годишната спортска програма на Џамијата од него било побарано да работи во одделението за гостопримство. Последниот ден пристигнале многу гости и Мазхар сахиб работел цела ноќ и ниту еден момент не одмарал. Следниот ден го имал истото одушевување од работата и по настанот поднел сеопфатен извештај кој и до денес се наоѓа во архивата, бидејќи бил од голема помош.

Хафиз Масроор сахиб кажува дека пред неколку дена на телефон зборувал со Мазхар и тој изразил желба после закрепнувањето да служи како мисионер. И  кога почнало лечењето тој служел во својот локален Џемаат.

Малик Екрем сахиб (мураби на Џемаатот во Глазгов), раскажува како на денот кога семејството на Мазхар од Дубаи пристигнало во Велика Британија се одржувале одредени програми на Џемаатот. Целото семејство присуствувало на оваа програма а Мазхар отишол во кујната и веднаш почнал да му помага на тимот кој таму работел. Почнувајќи од денот кога дошол до денот кога бил примен во школото на Џамијата тој на локалниот Џемаат и Џамијата им помагал колку што можел. Бил многу тивок, префинет, исклучителен и пристоен млад човек кој времето никогаш не го губел во празен муабет. Тој ја знаел вредноста  на времето и времето го користел соодветно. Имал извонреден каканцертер и благо зборувал. Секого почитувал и неговата најголема желба била неговото жртвување да биде примено и после завршувањето на образование во Џамијата да биде во состојба да стане мисионер. На денот кога бил примен во Џамијата бил толку среќен што изгледало како да ги примил единствените благослови. Имал огромна љубов и почит кон Халифатот.

Арсхад  Махмоод сахиб (Каид во Глазгов) пишува дека Мазхар сахиб учествувал на сите натпреварувања. Иштемата и останатите програми биле организирани на оддалеченост од главниот град и тоа изискувало многу работа пред одржувањето на програмата. Мазхар, иако бил млад човек секогаш бил подготвен за било каков вид на работа. Бил многу храбар што е очигледно од следната случка: еднаш таму имало натпревар во држење говор и темата била многу тешка. Мазхар земал учество во тоа и младите (членовите на Кхудам) се смееле кога го слушнале неговиот говор но тој сепак завршил и не ја изгубил самодовербата. Всушност кажал дека ако не учествуваме не можеме да го надминеме срамот и дека Кхудам треба да биде сериозен во текот на одржувањето на натпреварот во држењето на говор.

Абдул Рахман (мисионер на Гамбија кој минатата година го завршил школото во Џамијата) вели дека во текот на школувањето го минувал времето со Мазхар. По завршувањето останале во врска преку Ватцап. Тој пренел една поканцера која Мазхар му ја пратил откако му бил дијагностициран канцер. Тој напишал:„Иако јас поминувам низ оваа болест Аллах сепак ме благословил со многу нешта и затоа јас Му се заблагодарувам и не го сметам за тешко што минувам низ оваа болка.“ Исто така напишал: „Јас не размислувам за болеста туку наместо тоа размислувам како на најдобар можен начин можам да му служам на Џемаатот.“

Шеикх Самар (еден од неговите школски колеги) кажува дека Мазхар секогаш бил насмеан и луѓето ги усреќувал. Тој со секого постапувал еднакво и не дозволувал било кој од пријателите да се чувствува запоставен. Не се плеткал во караници и бил човек со големо срце. Не пропуштал прилика за проповед. Во болницата бил познат како муслиман кој им проповеда на сите одоколу. Никогаш и никому не нанесол болка. Никогаш за никого не кажал било што лошо. Секому му помагал колку што можел и водел грижа и за најмалите работи. Сите ги сакал.

Сахир Махмоод (мураби и негови школски другар) кажува дека имал чест седум години да помине со таква благородна личност која имала мноштво доблести. Бил многу гостопримлив, понизен, скромен со позитивни ставови и бил многу искрен во својата работа. Тој бил совршен во текот на првите години во Џамија и своите колеги студенти ги советувал на време да одат на спиење, да ги чистат собите, ги будел другите за намаз и решавал расправии кога се појавувале. Другарите студенти уживале да го предизвикуваат. Сахир сахиб вели дека еднаш направил грешка поради која Мазхар го прекорил. Но бргу потоа дошол кај него се извинил и се расплакал. Тој бил човек со меко срце. Тој раскажува дека кога и да бил болен и останувал подолго во кревет Мазхар сахиб доаѓал и оставал појадок покрај неговиот кревет. Ако бил настинат тој го лечел со топла вода и мед. Многу интересно ги спомнувал своите средби со Хузур. Накратко, бил личност со отворено срце, верен, искрен, понизен, побожен, скромен, вреден работник и вистински следбеник на исламот. Друга добра особина која ја имал била таа дека се што сакал за себе истото го избирал и за своите пријатели. Живеел скромен живот и никогаш расипнички не се однесувал. Водел сметка за хигиената и редовно го клањал тахаџуд намаз. Неговите пријатели кажуваат дека многу пати го гледале како во текот на ноќта го клања доброволниот намаз. Имал навика секоја недела да пости. Освен образованието во Џамијата тој го учел Чесниот Кур‘ан и секој ден читал верски книги. Без оглед на времето вежбал. Секој ден пред спиење читал весници и пишувал дневник. Редовно правел белешки за хутба во петок и со пријателите дискутирал за тоа. Тој бил вистински поклоник на Халифатот и не сакал да слушне грд збор против него. Бил подготвен за секоја нова иницијатива. Себе си се сметал за војник на Халифата на добата и секогаш бил подготвен животот да го даде за Халифатот. Тој тоа не го искажувал само со зборови туку и јазикот на телото го одразувал емотивното значење. Откако му била поставена дијагноза дека има канцер тој ги тешел колегите и од нив барал да имаат верба во Аллах. Болеста ја прифатил како искушение од Аллах и никогаш пред никого не покажал било каков вид на грижа или немир.

Еден од неговите пријатели Шарјеел сахиб пишува дека Мазхар сахиб бил голема личност и многу драг пријател. Имал мноштво доблести. Бил грижлив, на големо се ослонувал и имал доверба во плановите на Аллах. Бил вистински поклоник на исламот и се би жртвувал во името на тоа. Никогаш никого не повредил ниту некого вознемирил и секогаш бил насмеан. Никогаш не се лутел ниту се вплеткувал во бескорисна дискусија. Никогаш не зборувал лошо ниту озборувал некого. Секоја работа ја работел со најголемо трпение и оптимизам. Никогаш ниту една работа не ја сметал за мала и секому му помагал. Не бил мрзелив и бил со силна волја. Бил многу поврзан со Џамијата. Не губел надеж наспроти големата борба и со болеста се борел многу храбро. Никогаш никого не исмејувал и ги предупредувал и другите тоа да не го прават. Бил благословен со особини кои го одликуваат еден мисионер. Бил многу богобојазлив. Водел грижа за многу мали работи така што дури не се ни бричел додека другите спиеле (иако тоа било дозволено). Тој не бил лицемер, бил редовен во следењето на учењето на Чесниот Кур‘ан и правел белешки од преводот на Чесниот Кур‘анот поради што неговиот превод на Чесниот Кур‘ан бил извонреден.

Афак сахиб кој бил примен во Џамија откако се доселил од Пакистан вели дека луѓето доаѓале да го видат. Тој кажува дека и Мазхар сахиб дошол да се сретне со него и по некое време се вратил со перница и душек. Тој вели дека цел клас отишол во Глазгов да се сретне со Мазхар сахиб и тој бил многу задоволен. Приредил ручек за сите и инсистирал сите убаво да се најадат. Бил господин кој ја разбирал суштината на жртвувањето. Иако починал многу млад, на 26 години, секогаш кога имал прилика ги подучувал пријателите и отворено проповедал за исламот. На предниот ѕид од собата поставил материјал за проповед и луѓето што го посетувале можеле тоа да го читаат.

Хузур вели дека секогаш кога на телефон  зборувал со Мазхар сахиб тој му изгледал многу прибран. Неговата мајка вели дека поради лекарствата имал инфекција на устата но сепак секогаш со Хузур зборувал многу јасно. Бил многу верна и предадена личност која ја разбирала целта на своето создавање.

Нека Аллах ги посее Своите благослови на него (Амин!), нека го воздигне неговиот статус и нека му даде место меѓу Своите омилени (Амин!). Нека Аллах ни подари повеќе предани луѓе кои ја разбираат одговорноста токму како тој (Амин!). Правете дови посебно за неговото семејство и нека Аллах џ.ш. им даде трпение да ја поднесат оваа загуба (Амин!).

Хузур најави дека по џума намаз ќе клања џеназа за Мазхар сахиб.