In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Прогонувањето на Ахмади муслиманите – Знакот на вистината

По ташахуд, тауз, тасмиа и сура Ал Фатиха, хазрети Амеер-ул-Му‘минеен (а.т.б.а.) рече:

Спротивставувањето кон Ветениот Месија а.с. започнало и пред Ахмадија муслиманскиот џемаат да биде воспоставен, и пред тоа некој да даде баи‘ат (завет на верноста). И двете страни, и муслиманите и не муслиманите, сите свои сили ги насочиле на спротивставување кон него, а тоа и денес продолжува. Денес, токму муслиманите се оние кои најмногу му се спротивставуваат, но Возвишениот Аллах џ.ш. прави заедницата на Ветениот Месија а.с. и понатаму да расте, да се развива и да цути. Со Аллаховата милост Ахмадија муслиманската заедница е воспоставена во 209 држави во светот.

Како што спомнав во моите неколку претходни хутби Ахмади муслиманите во Алжир моментално се прогонувани и се на удар на теророт и суровоста. Затоа, ние во своите молитви не треба да ги заборавиме овие потлачени и прогонети наши членови. Нека Возвишениот Аллах џ.ш. им подари истрајност и нека ги заштити од прогонувањето. Исто така, во нашите молитви не треба да ги заборавиме Ахмади муслиманите во Пакистан. Таму исто така, посебно во областа на Пенџаб, на дело е добро смислен план за прогон на Ахамди муслиманите.

Хузур а.т.б.а. рече дека знаците кои ги прорекле Аллах џ.ш. и Неговиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. јасно се исполниле и продолжуваат да се исполнуваат кога се однесува на Ветениот Месија а.с.. Ова е единствениот пат кој на муслиманите може да им ја врати честа и големината.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Многу е јасно дека Возвишениот Бог ме пратил на светот како избраник Свој и Ветениот Месија. Оние кои ми се спротивставуваат всушност не се спротивставуваат на мене туку на Бог.“

Така, оние кои и се противат на Заедницата, тие делуваат против Божјата желба. Тие всушност му се спротивставуваат на Бог, и таквите луѓе во минатото ништо не постигнале ниту нешто ќе постигнат во иднината, иншАллах.

Божјата помош и поткрепа секогаш биле покрај Ветениот Месија а.с.. Во Алжир сакале да го уништат Ахмадијатот. Весниците и медиумите и дале многу простор на оваа тема и на широко објавувале материјали против Џемаатот. Навистина, весниците одиграле важна улога во спротивставувањето кон нас. Меѓутоа, ова спротивставување станало средство за прогон на Ахмадија заедницата.

Ветениот Месија а.с. исто така рекол дека сите озборувања против нас во литературата и во книгите всушност ги охрабруваат луѓето да ги читаат нашите книги и да го свртуваат вниманието кон нив.

Понатаму Ветениот Месија а.с. рекол дека ова време е предвидено за неговото појавување, и неговото доаѓање е согласно со Аллаховата одлука за да тој може да го стабилизира колебањето на бродот на исламот. Многумина пишуваат за сопственото искуство во прифаќањето на Ахмадијатот и кога некој тоа ќе го прочита не може а да не стане восхитен на тоа како Возвишениот Аллах џ.ш. дава начини за прифаќање на оние кои се добродушни.

Хузур а.т.б.а. потоа раскажа неколку такви приказни.

Првата приказна која Хузур а.т.б.а. ја раскажа доаѓа од Алжир и во неа писателката на приказната раскажува како во сонот видела две личности. Едната од нив имала бела брада додека личноста од неговата десна страна била со просечна висина и имала боја слична на бојата на пченицата а косата и брадата и биле црни.

Откако го запознала Ахмадијатот почнала да ја гледа МТА и во првите неколку дена била прикажана слика на Ветениот Месија а.с.. Исто така на програмата одела и хутбата на Хузур а.т.б.а. и таа жена рекла: „Кога ги видов и двете слики се сетив на сонот.“ После тоа таа го дала баи’атот (завет на верноста за влез во Ахмадија муслиманската заедница).

Амир (национален претседател) од Гамбија пишува дека една жена, Синта сахиба, која живеела во дистриктот Ниабини, сериозно му се спротивставувала на Џемаатот. Кога некој ќе го спомнал името на Џемаатот таа станувала многу лута и користела погрдни зборови за Џемаатот. Зборувала дека Ахмади муслиманите се неверници и дека ќе завршат во пеколот, и дури и оние кои имаат било каква врска со нив ќе завршат во пеколот. Таа жена била земјоделец и поседувала земја но родот последните две години не бил најдобар, нешто поради инсектите, нешто поради другите животни, и во секој случај таа не знаела зошто тоа се случува. Една Ахмади жена и кажала дека токму кога започнала да му се спротивставува на Џемаатот нејзиното земјоделие заостанувало и поради тоа треба да престане со противењето и да го прифати Џемаатот, а Возвишениот Аллах џ.ш. ќе ја благослови со родот. Жената веднаш разбрала и одлучила да го прифати експериментот. Таа и осумте членови на нејзиното семејство го прифатиле Џемаатот и гледале како Возвишениот Аллах џ.ш. обилно ги наградува. Не само што посевите нараснале туку таа дошла во контакт со еден од своите синови со кој долги години немала врска бидејќи тој живеел во Италија. Сега оваа жена на сите им кажува да го прифатат Ахамдијатот бидејќи во него се наоѓа спасот.

Мисионер од Заедницата во Бенин пишува дека оваа година во текот на монсуните во градот Басил имало обилен дожд и како резултат на тоа еден ѕид од мисионерската куќа се срушил. Како дождот продолжил да паѓа и во текот на ноќта постоела опасност да падне и вториот ѕид. Рекол дека бил многу загрижен поради загубата која и се случила на мисионерската куќа и поради тоа помислил да се моли (таква мисла може да им дојде само на нашите мисионери): „О Аллах! Поправи ја оваа загуба преку баи‘ат и благослови го напредокот на  Џемаатот.“ Рекол дека се уште на ја завршил молитвата кога телефонот заѕвонил. Била полноќ и дождот силно паѓал а имало и молњи. Тој се јавил на телефон и на линија бил господин по името Мухаммед од село Боча кој кажал дека луѓето во селото сакаат да дадат завет на баи‘ат. Ова село се наоѓало на 110 километри од мисионерската куќа. Тој (мисионерот) вели дека по неколку дена отпатувал во тоа село и околу 198 луѓе дале завет на баи‘ат и го прифатиле Ахмадијатот, наспроти силното спротивставување на останатите кои се цврсто врзани за својата вера.

Така Семоќниот Аллах џ.ш. ги упатува луѓето на крајно специфични начини.

Хузур а.т.б.а. наведе многу случки кои се случиле во Африка и спомна дека пренесувањето на пораката во овие области е исклучително тешко, иако луѓето мислат дека во Африка лесно го прифаќаат Ахмадијатот бидејќи луѓето таму се главно необразовани. Меѓутоа, оваа констатција е сосема погрешна. Таканаречените зналци на овие необразовани луѓе се замешале во сите обреди и неисламски работи со цел да ги сочуваат своите средства и да ја втемелат својата исклучивост. Оние кои ги следат овие зналци исто така не сакаат да се одвојат од нив и поради тоа нашиот Џемаат се соочува со спротивставување, што веќе беше спомнато во некои случки кога луѓето од Африка му се спротивставувале на Џемаатот. Според тоа, прифаќањето на Ахмадијатот не е нешто лесно, меѓутоа Семоќниот Бог продолжува со овозможувањето на средства за нивното упатство и исто така на мисионерите и на локалните проповедници им открива како да ја пренесуваат пораката.

Хузур а.т.б.а. рече дека Семоќниот Аллах џ.ш. многу луѓе ги упатува преку соништата и овој вид на упатство луѓето го доживуваат во секој дел од светот.

Мисионерот на должност во Индија пишува за една случка во врска со прифаќањето на Ахмадијатот од страна на една личност која неодамна преминала (во Ахмадија муслиманската заедница), во Каннур Керала. Овој нов Ахмади муслиман пред заветот на баи‘атот бил многу тажен и некој му кажал дека учењето на салаватите се решение за неговите грижи и затоа треба да започне обилно да ги учи. Еден ден во сонот го видел гробот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. а до него и еден празен гроб. Потоа дошол некој човек кој кажал дека тој е Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и му рекол дека тие наскоро ќе се сретнат. Човекот го раскажал сонот на зналец што не бил Ахмади муслиман и тој му кажал дека тоа е многу благословен сон и значи дека тој ќе постигне многу висок статус. По неколку дена од сонувањето на сонот тој на патувањето се сретнал со еден Ахмади муслиман кој му кажал дека оди да ја посети Нуур џамијата во својата област. Така, човекот еден ден отишол во Нуур џамијата во својата област и клањал џума намаз. На тој начин му бил претставен Џемаатот и тој почнал да ја чита литературата на Ахмадија муслиманската заедница. Подоцна го дал заветот на баи‘атот и се придружил на Заедницата. Тој кажува дека е очигледно како толкувањето на скорешната средбата со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. значи дека тој ќе му се придружи на Ахмадија џемаатот.

Амир сахиб од Танзанија исто така пишувал за еден интересен настан. Тој рекол:

„Локален џемаат долго време постои во Нјангмара, меѓутоа, само едно или две семејства беа Ахмади. Оваа година (односно 2016 година) со помош на локалните членови на заедницата направени се заеднички напори за пренесување на пораката во која на сите присутни им е објаснето значењето на Халифатот.

Како последица на тоа многумина посакале да го видат Халифата. Тие од еден не Ахмад кој имал антена побарале да им овозможи да го пратат каналот на МТА. Кога го вклучиле телевизорот имале прилика да го видат и чујат Халифа-тул-Месих а.т.б.а. Овој настан го трасираше патот за ширење на пораката.“

Тој понатаму кажал:

„Оваа година (т.е. годината во која е пишуван извештајот за 2016 година) нашата делегација повторно го посети ова село каде еден свештеник предизвикуваше неред и постоеше опасност програмата да биде неуспешна. Меѓутоа, само со Божјата помош, откако програмата заврши и откако заврши делот за прашања и одговори повеќето селани кои се уште не беа Ахмади му се свртеа на свештеникот и му кажаа: ’Ако Ахмади муслиманите се неверници тогаш и ние исто така сме Ахмади. Вие можете да го напуштите ова село бидејќи Ахмади муслиманите нема да си одат од тука‘. По овој настан поради однесувањето на свештеникот повеќе луѓе биле привлечени кон Ахмадијатот. Како резултат на тоа претходниот ден тринаесет луѓе имаа среќа да го прифатат Ахмадијатот, и истите го дадоа заветот на баи‘атот а еден од нив даде и парче земја на Џемаатот. Друг човек кој го прими Ахмадијатот кажа дека неговата куќа е прилично голема и блиску до другите членови и може да се користи за намазите во Џемаатот додека да се изгради џамија. Сега сите членови од селото се собираат и клањаат намаз во неговата куќа.“

Постојат многу случки на непријателство во обид луѓето да се оддалечат од Ахмадијатот. Меѓутоа, ова е работа на Семоќниот Бог и како што Ветениот Месија а.с. рекол:

„Ние секој ден напредуваме.“

Многумина луѓе самите дознаваат за Ахмадијатот а ние сме сведоци на изјавата на Ветениот Месија а.с. која вели:

„Водете сметка! Семоќниот Бог сè работи Лично. Ладното ветре дува и плановите на Семоќниот Бог постепено се завршуваат.“

Ветениот Месија а.с. понатаму кажал:

„Ако свештениците ја имаат во предвид грижата за луѓето и ги земаат во предвид нивните интереси тие никогаш не би продолжиле кон мене да се однесуваат онака како што сега се однесуваат. Тие треба да размислат дека против мене изнесоа фетви, но сепак, кој може да спречи да се случи таков настан кој веќе е одреден од Семоќниот Бог?“

Ветениот Месија а.с. понатаму рекол:

„Запомнете, ако не ме прифатите, тогаш никогаш нема да ви биде дадена прилика да прифатите било кој друг кој е ветен.“

Нека Аллах џ.ш. ги оспособи овие луѓе да станат вредни за прифаќање на упатствата која Семоќниот Бог ги соопштил, и нека Он ги отвори нивните срца.

По џума намаз Хузур а.т.б.а. клањаше џеназа за господин хаџи Нух Свенд Хансен сахиб чие тело било присутно. Тој бил Ахмади муслиман од Данска и починал пред два дена. На Аллах џ.ш. му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Тој бил роден на 28 јуни во 1929 година во Копенхаген и ѝ припаѓал на Лутеранската црква. Би под големо влијание на данскиот филозоф и реформатор по името Лудвиг. Тој исламот го прифатил на 26 јануари 1956 година. На почетокот неговото прифаќање било поради жена со која сакал да се ожени, меѓутоа, подоцна лично детално го проучувал исламот и од тогаш натаму со целото срце ги прифатил исламските учења и почнал да се однесува согласно на нив. Во 1964 година за прв пат бил на аџилак во придружба на својата жена и таму обилно правел дови за својот духовен напредок. Семоќниот Бог ги прифатил неговите дови и го оспособил да го прифати Ахмадијатот и откако се придружил имал повторно прилика на оди на аџилак, како и неколку пати да оди во Уммра (аџилак надвор од пропишаното време за аџилак). Во Заедницата служел во разни својства и претставувал пример за финансиско жртвување. Во поглед на неговото финансиско жртвување хазрети Халифа-тул-Месих IV р.а. еднаш напишал:

„Финансиското жртвување кое Хансен сахиб го дал е вредно за пример. Со Аллховата милост, тој од самиот почеток е примерен во давањето на жртва и во искреноста. Во термините на финансиското жртвување тој преставува пример и никогаш не треба да го потсетуваш.“

Хазрети Халифа-тул Месих IV р.а. понатаму рекол:

„Нека Аллах џ.ш. ги оспособи другите членови на Џемаатот да станат како него, и кога ова ќе се случи, улогата на финансискиот секретар ќе биде само да прави забелешки и никогаш нема да го троши времето на потсетување.“

Нека Аллах џ.ш. овозможи тоа да се случи.

Нека Аллах џ.ш. ја воздигне положбата на починатиот и нека на неговите деца и на неговата жена им подари прилика да го прифатат Ахмадијатот.