In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Пронаоѓање на грешки и жалби

Денешната хутба Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов помошник, ја одржа во Баит-ул Футух џамијата во Лондон. После ташахуд и сура Ал Фатиха, Хузур рекче дека има поплаки кон оние кои работат во канцелариите и кон одредени членови, истакнувајќи го посебно погрешното и непристојното однесување кое е спротивно на Шеријатот и затоа се бара брза акција или истрага во врска со тоа, затоа што Џемаатот се прикажува во лоша слика.

Меѓутоа, многумина такви незадоволници во писмата не ги спомнуваат своите имиња или пак ставаат лажно име и адреса. Врз основа на таквите нејасни писма не може да се спроведе истрага и ниту се спроведува. Подоцна, кога ќе помине извесно време, повторно се поднесува тужба како ништо да не е направено во врска со нивните поплаки и дека ако остане така ќе дојде до голема загуба. Поплаките без наведено име најчесто доаѓаат од страна на Пакистанците и Индијците. Скоро, воопшто да нема поплаки од страна на членовите од другите држави во светот. Но, Пакистанците кои живеат во други држави го имаат овој проблем на поплаки без наведување на името. Меѓутоа, ова не е нешто ново и луѓето кои изнесуваат такви тужби се појавувале во сите ери. Такви анонимни жалби се случувале и во времето на  претходните Халифи. Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, исто така одржал хутба која се однесувала на таквите поплаки и, ако сакаме луѓето да замолчат, неопходно е да дојдеме до чист план и користејќи ја хутбата одлучив да кажам неколку збора.

Оние кои не го пишуваат името, или во своите поплаки измислуваат име, се лицемери и лажови. Ако имаат сила, и ако се доволно искрени, тогаш за ништо не треба да се грижат. Тие со зборови дале завет дека секогаш ќе бидат подготвени да го жртвуваат својот живот, имот, време и деца поради исламот, но кога ќе дојдат во ситуација да ја заштитат честа на Џемаатот тие одлучуваат да станат анонимни и да не го откријат името, за нивната почит да остане недопрена. Така, кога уште на почетокот ќе покажат слабост најверојатно е дека во нивните зборови има многу малку вистина и дека не вредат многу. Чесниот Кур‘ан налага ако се појави проблем да се спроведе истрага. Секоја чувствителна личност е свесна дека за било каква жалба не може моментално да се покрене истрага само врз основа на нечии зборови, туку е важно да се земе во предвид карактерот на личноста која се жали. Истрагата за предметот всушност започнува со посматрањето на карактерот на личноста која поднела жалба. Треба да се провери дали личноста која се жали е без било каков вид на грев и дали не е вплеткана во некакви болни работи, како и дали не е слаба во верата. Често може да се види како луѓето кои поднесуваат жалба тоа го прават поради сопствени  интереси и се плашат дека другите (против кои се жалат) ќе имаат негативно влијание на постигањето на нивните сопствени придобивки.

Важно е да се знае дали личноста која се жали е ’Мумин‘ (искрен верник) или е ’фасик‘. Кога ништо не знаеме за оној кој се жали, тогаш не можеме да го анализираме неговиот карактер и не можеме да го ставиме во една или друга од горенаведените категории. Можно некој да пишува за нешто што ќе ги повреди интересите на Џемаатот и тогаш истрагата е во ред. Исто така, ако е познат оној кој се жали, ќе се спроведе анализа на неговиот карактер и потоа ќе се продолжи со жалбата.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, рекол дека Чесниот Кур‘ан заповеда: „Ако фасик дојде кај тебе со некаква поплака, најпрво направи истрага за тоа, а потоа преземи нешто.“

Но, оние кои анонимно се жалат самите стануваат грешни и како очекуваат нивните поплаки да бидат прифатени тукутака, и како попрво да се објави казна за некој друг.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, рекол дека фасик не значи само блудник, туку според речникот фасик на арапски исто така значи оној кој брза во одлуките, оној кој е непослушен и навредлив, и исто така значи оној кој претерува во пороците и бара оној кој е против него да биде изнесена поплака и биде казнет до крајот.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, на еден искрен Ахмад пријател му рекол дека тој бил добар во верата но дека имал навика да покренува исламски изјави за многу мали нешта. Тој само би погледнал и некои едноставни нешта ги сметал спротивни на исламот и ги сметал како дел од неверувањето. На пример, тој  сметал дека е неверник оној кој неправилно седел на лева нога а десното стапало со прстите го вперувал кон Кибла во текот на ташахуд.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, рекол дека поради болки во коските не можел десното стапало да го држи исправно во текот на ташахуд и ако хафиз сахиб бил жив тој сигурно би го обвинил дека е неверник. Тој таквото однесување би го сметал за спротивно на учењето на Чесниот Пратеник Мухаммед, нека е мир на него, како и спротивно на учењето на Чесниот Кур‘ан а на крајот и спротивно на учењето на Аллах џ.ш..

Така, хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, дал пример кој се однесува за таквите луѓе кои гледаат мали нешта и брзо донесуваат заклучок без оглед на тоа колку се добри во нивното верување. Така, сега тие луѓе кои не го откриваат својот идентитет, кои се слаби во верата и не се срамат од делата на другите да ги гледаат како знак на неверникот, сигурно се фасик.

Очигледно е дека сите оние кои се жалат работат спротивно на учењето на Чесниот Кур‘ан. Чесниот Кур‘ан наредува да го разгледаме карактерот на личноста која се жали. Кога нешто би се преземало само врз основа на таквите писма Џемаатот тогаш не би напредувал и секој би имал право во врска со своите желби да бара нешто да се преземе.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, кажал дека дури и кога знаеме дека личноста која се жали е свесна, искрена и праведна и тогаш е неопходно нејзиниот карактер да се провери, бидејќи никој не смее да наметнува лични барања. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш предводел молитва и во текот на учењето заборавил нешто од учењето на Кур‘анските ајети. Хазрети Али, нека Аллах биде задоволен со него, го поправил но тоа не му се допаднало на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, рече дека ова негодување на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. може да се опише со фактот дека личноста треба да биде одговорна за сопствените битни работи и дека не треба да се грижи за малите нешта. Исто така може да значи дека должноста на луѓето кои го учеле Чесниот Кур‘ан од страна на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е да го поправат а тоа не е работа на хазрети Али, нека Аллах биде задоволен со него.

Исто така хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, во врска со анонимните жалбени писма рекол дека е можно писмото да доаѓа од личност која има важна позиција во канцеларија и затоа тој замолува човекот да се грижи за исполнување на сопствените одговорности и да не се меша во работата на другите луѓе. Оној кој напишал анонимно писмо на  хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, се обидел да открие неисламско однесување на другите вклучувајќи ги членовите на Лаѓна. Хузур, нека Аллах биде негов Помошник, вели дека во еден момент личноста која се обидува да го претстави неисламското однесување на другите во друг момент прави дело против учењето на Чесниот Кур‘ан и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Таа личност не се придржува до исламските учења во поглед на условите на поднесување на жалба. Кога ми пишуваат за тоа тие навистина не ги почитуваат тие услови. Исправна работа е да го пратиме учењето на Чесниот Кур‘ан и суннетот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Чесниот Кур‘ан подучува дека ако е поднесена жалба потребно е правилно да се истражи и анализира пред да се преземат било какви мерки. Така, ако жалбата е анонимна како тогаш може да спроведе истрага, и навистина тоа е спротивно на учењето на Чесниот Кур‘ан. Секогаш треба да се има на ум дека вистинска доблест е почитувањето на наредбите на Чесниот Кур‘ан и на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., без оглед на законскиот статус во општеството. Ако во општеството нешто не се почитува а исламското учење тоа го смета за правилно тогаш мораме да го почитуваме учењето на Чесниот Кур‘ан и на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и треба да веруваме дека не постои никакво отстапување.

Постојат луѓе кои се под влијание на своите карактери и на општествената пракса и затоа во поглед на одредени работи покажуваат строгост. Но, нивните мислења иако се засновани на верата ја немаат вистинитоста и сигурноста. Во поглед на ова хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, навел пример од животот на Ветениот Месија а.с. во кој Ветениот Месија а.с. еднаш одел на станица со хазрети Умм-ул-Моминеен, нека Аллах биде задоволен со неа.

Во тоа време строго се практикувало носењето на хиџаб. На станицата, жените од богати семејства доаѓале во кочии кои правилно биле покриени со завеса. Овие кочии ги донесувале до одделот за воз и кога би седнале прозорците се затворале за да никој не ги види. Нивото на хиџаб бил скоро болен и против учењето на исламот. Ветениот Месија а.с. ги почитувал правилните учења на исламот и затоа хазрети Умму-ул-Моминеен, нека Аллах биде задоволен со неа ставала марама и излегувала надвор. Тој ден исто така хазрети Умму-ул-Моминеен, нека Аллах биде задоволен со неа, имала хиџаб и одела заедно со Ветениот Месија а.с.. Маулви Абдул Кареен и хазрети Халифа-тул Месих I, нека Аллах биде задоволен со него, исто така биле со нив. Маулви Абдул Кареен сахиб бил строг и сметал дека тоа е погрешно. Немал храброст да оди кај Ветениот Месија а.с. и да се жали за тоа, така што отишол кај хазрети Халифа-тул Месих I, нека Аллах биде задоволен со него, и рекол дека не е добро што хазрети Умму-ул-Моминеен, нека Аллах биде задоволен со неа, шета бидејќи оваа вест ќе се прошири и различни медиуми ќе објават дека хазрети Мирза сахиб шета со својата сопруга и затоа тој го замолува да оди и за тоа да го извести Мирза сахиб. Хазрети Халифа-тул Месих I, нека Аллах биде задоволен со него, го прашал што лошо гледа во тоа кога тој самиот не наоѓа ништо не исламско. Ако смета дека тоа е погрешно нека самиот оди кај Ветениот Месија а.с. и нека разговара за тоа. Така тој отишол и се вратил со наведната глава од срам. Кога Хазрети Халифа-тул Месих I, нека Аллах биде задоволен со него, запрашал каков одговор добил, Маулви сахиб рекол дека Ветениот Месија а.с. одговорил што луѓето ќе кажат. Тие само ќе речат дека Мирза сахиб шета со својата сопруга. Маулви Абдул Кареем кога го слушнал одговорот се чувствувал многу непријатно. Хазрети Умму-ул-Моминеен, нека Аллах биде задоволен со неа, правилно се покрила со марама и не постои ништо не исламско да оди со својот сопруг.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., шетал со своите сопруги. Еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се натпреварувал со хазрети Ајша, нека Аллах биде задоволен со неа, и тоа во присуство на други луѓе. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. прв пат останал зад неа и хазрети Ајша, нека Аллах биде задоволен со неа, победила во трката.

Друг пат кога се натпреварувале Чесниот Пратеник с.а.в.с. победил. По победата, тој с.а.в.с. рекол: „Ајша сега сме еднакви.“

Чесниот Пратеник с.а.в.с. не сметал дека шетањето со сопругата е непристојно и, ако исламот дал дозвола за нешто, тоа не може да се смета за срамно и неправилно. Така ако некој критикува друг, тогаш тоа значи дека според неговото мислење тој другиот не ги почитува правилните учења на исламот. И потоа, тој во поглед на таа личност која поднесува жалба вели дека напишала како таа личност за која пишува е со низок статус и на таа основа започнува со лична критика. И исто така напишала, како можат на таква личност да и се доверат службени должности. И уште повеќе, постојат и наводи за кои учењето на Чесниот Кур‘ан бараат четири многу јасни сведоци или жалбата не може да биде исполнета. Може некој да тврди дека помеѓу некое момче и девојче постои врска но за да се докаже тоа потребни се четири сведока. Зачудувачко е дека таква почит кон верата се јавува кај личноста која е против учењето на Чесниот Кур‘ан и која наведува такви обвиненија во врска со другите, а тоа не само да не е дозволено според Кур‘анските наредби туку постојат и граници при таквите наводи. Казна од осумдесет удари се дава на оној кој изнесе лажни обвиненија. Така, кога Шеријатот дал толку строги закони а некој не ги почитува и обвинува некого во поглед на неисламско однесување сигурно тој самиот е оној кој не ги следи искрените учења на исламот.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, вели дека може да се види што се случува со положбата на оној кој се жали. Прво, тој не го открил својот идентитет и не ја поткрепил жалбата со потребен доказ и јас и ниту Ветениот Месија а.с. не сме ослободени од законот на Шеријатот. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил принуден да ги следи правилата на Шеријатот. Така, таа личност поднела такви жалби на кои Шеријатот ставил граници и за кои е неопходно да се прати методот на сведокот кој е препорачан во тој случај. Но, таа личност која се жали сака други да бидат казнети за кои таа мисли дека не ги почитуваат наредбите на исламот, но дека за него не следува казна.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, рекол дека тоа го потсетува на шега од детството во која многу уживал. „Тогаш бев петто или шесто одделение. Нашиот учител имаше правило да секој оној кој на неговото прашање одговори во одредено време ќе биде вклучен меѓу на повисоко ниво. Ние стоевме и прашањето беше поставено. Еден од студентите одговори на прашањето додека другиот крена рака и кажа дека неговиот одговор не е точен. Учителот побара студентот кој одговори на прашањето да слезе долу а овој другиот да се помести погоре. Штом првото момче дојде долу, кој на почетокот беше повисоко, му кажа на учителот дека другото момче укажувајќи во неговата грешка неправилно го изговорил зборот ’неисправен‘. Кога го слушна ова учителот повторно ги замени нивните места.“

Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека ова е состојба на критичарот кој другите ги обвинува за погрешни дејствија и слично на тоа оној кој приговорува во процесот на обвинение на другите самиот бива казнет. И потоа плачат како никој не го казнува престапникот а оној кој го свртел вниманието кон него станува казнет. Но, луѓето кои имаат овластување за казнување навистина се обврзани со Шеријатот. Ако сакате да го втемелите законот на Чесниот Кур‘ан тогаш тоа мора да го наметнете на самите себе. Ако сакате да ја следите Аллаховата а не личните цели тогаш ова не е исправно. Затоа, јас на оние кои приговараат им го кажувам следното: „Да го отповикате својот углед и потоа да процените. Оние кои ги кријат своите имиња и кои изнесуваат обвиненија против другите и велат дека тие луѓе немаат углед и статус, а доказ за тоа им е угледот на нивната фамилија, тоа вистински ништо не значи. Оние кои приговараат самите тие навистина се без углед. Ние мораме да ги следиме Аллаховите наредби и Аллах е тој Кој е нашиот Создател и Господар не сè, Кој обезбедува храна и ги храни своите суштества. И бидејќи Аллах сето тоа ни го дава ние мораме да ги следиме Неговите наредби а не да ги слушаме овие приговори. Како што кажав, овие приговори се со цел другите да бидат казнети според Шеријатот а себе се сметат ослободени од Шеријатот и стануваат сопствени судии. Меѓутоа, кога ќе се истражи тие исто така ќе бидат казнети според законот на Шеријатот. Постојат случаи во кои се неопходни сведоци и ако некој не овозможи сведоци тогаш обвиненијата се сметат за неверодостојни. Потоа, одлуката ќе биде донесена во согласност со закон на Шеријатот. Понекогаш ќе кажат како некој дал лажна заклетва и се заштитил од казна.“

Еднаш пред Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дошле двајца луѓе кои биле скарани и Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека според Аллаховите закони еден од нив ќе се заколне. Едниот од нив го обвинувал другиот дека е лажов и дека може и лажно да се заколне. На тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Јас морам да донесам одлука според учењето на Аллах. Ако тој лажно се заколне тогаш неговата работа е кај Аллах, кој за тоа ќе го казни.“

Според тоа, запомнете дека одлуките нема да бидат донесени според волјата на оној кој приговара. Одлуката ќе биде донесена според Аллаховите закони. Каде и да се потребни два сведока тие мора да бидат претставени и каде и да се бараат четири сведоци тие мора да бидат претставени. Исто така ќе биде спроведена истрага и согласно на тоа ќе биде донесена правилна одлука. Нашиот успех се наоѓа во следењето на Аллаховите наредби во поглед на нашите личните работи и одлуки. И не треба да бидеме меѓу оние луѓе кои врз база на егото и личниот приоритет ја присилуваат управата и Халифата на времето да донесат одлуки според нивните желби. Нека Аллах им даде мудрост на сите овие луѓе кои изнесуваат приговори. Ако некој смета дека приговорот е искрен и правилен тогаш треба да изнесат докази за тоа како и сведоштва заедно со своето право име и адреса. Тие еднакво ќе бидат вклучени во процесот на истражување. Исто така, тие што ќе видат дека во администрацијата нешто не е во ред треба храбро да истапат и искрено и отворено тоа да го истакнат и да бидат подготвени да се соочат со сите последици. Слично на тоа, нека Аллах ни даде мудрост и храброст да сите луѓе кои Халифата на времето ги одредил да одлучуваат за такви нешта секогаш тоа да го прават правилно имајќи ги во вид сите барања за правда и следејќи ги Аллаховите наредби и Суннетот. Амин.

После џума и аср (икиндија) намаз јас ќе клањам џеназа за тројца луѓе во отсуство (на телото).

Првата е за шехид, Шеикх Сајјид Махмоод сахиб, синот на Шеикх Мајеед Ахмад сахиб. Тој имаше 55 години и му припаѓаше на Џемаатот на Гулзар Хијри Карачи. Противниците пукаа во него додека седеше во автомобил надвор од куќата, на 27 ноември 2016 година, во време на магриб (акшам) намаз. Ина Лилах е Ве ина Илејхи Раџиуун. Според деталите, Шеикх сахиб набавувал резервни делови за мелници кои мелат жито во Гулсан е махмар Карачи. На 27 ноември излегол надвор да купи зеленчук. Додека седел во автомобилот непознати лица на мотор пукале во него. Во движење испукале уште четири куршуми и побегнале од местото на злосторството. Бил погоден во десната страна на градите, од зад грб. Уште едно зрно го погодило во ногата. Итно го одвеле во најблиската болница од каде е префрлен во Агха Кхан болницата. Но тој им подлегнал на повредите и стана шехид, Ина Лилах е Ве ина Илејхи Раџиуун. Во нивното семејство Ахмадијатот прво го примил неговиот прадедо, Муккарам Шеикх Фазал Кареем сахиб, кој баи‘атот го дал во 1920 година на раката на Халифа-тул Месих II р.а.. Таткото на шехидот, Шеикх Мајеед Ахмад сахиб, се преселил од Канпур во Лахор во времето на независноста на Пакистан. Во 1961 година тој започнал работа во Карачи. Прадедото на шехидот, Кхаваја Мухаммед Шариф сахиб, долго време бил  претседател на Делхи Дарваза Џемаатот во Лахор. Неговиот дедо по мајка, Алаудин сахиб, бил асхаб на Ветениот Месија а.с. и Муккарам саитх Мухаммед Сиддику Баани сахиб од Калкута бил негов дедо по мајката на жената на шехидот. Рахметли шехид стекнал Б.А. образование и поминал пет години во многу тешки услови. После тоа ја започнал работата со набавување на резервни делови за мелници која  Аллах наголемо ја благословил. Неговиот син, Харис Махмоод сахиб, е заменик претседател на огранокот и е секретар на програмата за Завештание во Гулхсан Икбал во Карачи. Неговиот син исто така му се придружил во работата по завршувањето на АЦЦА. Рахметли шехид имал многу доблести. Неговата ќерка Сана Мубешира е моментално студент во Карачи. Таа прифатила понуда за шестмесечен курс во САД со платена школарина. Рахметли шехид имал огромна љубов кон Халифатот и затоа одржувал силна врска со него. Секогаш своите деца ги советувал да се држат до Џемаатот и до институцијата на Халифатот. Секогаш бил многу активен во плаќањето на членарина и секогаш се грижел да ја плати на време. Истото тоа го барал и од својот син. Одвоено чувал кутија со пари за членарина. Бил многу искрен и доверлив во работата. Секогаш опростувал, покажувал сочувство кон своите браќа и сестри и никогаш со никого не се скарал. Тој бил многу фин и бил отелотворување на чисти мисли. Силно ги почитувал своите роднини. На двата свои дуќана им дал име според својот татко и името на таткото на жената. Кон семејството на жената се однесувал примерно. Пријателите и семејството ги пресретнувал со чисто срце. Тој немал злоба кон никого.

Јас накратко го изнесов мислењето на сите кои ми пишуваа во поглед на шехидот. Неговата мајка е многу болна и беше тешко да и се соопшти за смртта на синот. Но, кога дозна и кога го виде неговото тело таа повторувајќи храбро викаше: „Мојот син е шехид и нека никој не плаче над тоа.“ Неговата жена исто така храбро ја прими тажната вест и покажа голем степен на трпение. Неговиот син кажа: „Мојот татко имаше смиреност и како личност имаше огромна доверба во Аллах. Секогаш викаше дека Аллах му ја дал најголемата почит за која не се надевал. Беше многу точен во својот ибадет. Беше многу едноставен и сочувствителен.“ Имаше единаесет браќа и сестри и за секого се грижеше, во областа Суккур кога ситуацијата стана многу затегната се случија многу убиства и тој многу пати патуваше за да ја изврши должноста. Неговата ќерка кажува дека во сон видела голема градина каде биле собрани многу луѓе со светли лица. Секој од нив на себе имал бела и чиста облека. Таа видела дека нејзиниот татко е таму окружен со луѓе кои се многу среќни поради неговото присуство. Потоа, нејзиниот татко тргнал и сите му се придружиле. Мајката на шехидот е многу стара и болна и врзана е за креветот. По убиството на синот во сонот видела како рахметли шехид и кажува дека е многу среќен и дека таму му е удобно и не треба да се грижи за него.

Зад себе остави мајка, жена Мансоор Јасмин сахиб, син Шеикх Харис Махмоод, ќерка Сана Мубашир, четири браќа и шест сестри. Нека Аллах ги воздигне стандардите на овој шехид и нека ги упати неговите деца да ги следат неговите стапки. Амин.

Другата џеназа е за Муккарам Шеикх Абдул Кадир сахиб синот на Абдул Карим сахиб кој е бивш дервиш на Кадијана. Тој почина на 92 години од срцев удар на 26 ноември 2016 година, Ина лилах ве ина илејхи раџиуун.

Ахмадијатот во неговото семејство дошол преку Абдуллах Синори сахиб кој бил асхаб на Ветениот Месија а.с.. Во ноември 1947 година кога последниот конвој тргнал од Кадијана за Пакистан тој седел во камионот заедно со болната мајка. Блиску до границата на Кадијана неговата мајка го сопрела камионот и од него побарала да остане поради заштитата на ’Центарот‘ и затоа тој добил почест ’дервиш‘ на Кадијана. Имал голема љубов кон институцијата на Џемаатот и Халифатот. Имал длабока вера и се ослонувал на Аллаховата волја. Секој успех и пораз ги доживувал како волја на Аллах. Бил многу внимателен кон жената, децата и останатите роднини. Иако имал толку години самиот си ги извршувал работите. Служел во разни служби на Садр Анѓуман Ахмадија во Кадијана. Неговиот син рекол дека во подготовка за Џалса веќе купил боја за куќата. Таа ноќ го повикал синот и рекол дека мисли како неговиот крај е блиску, и дека има 500 рупии од некого кому тоа треба да се врати. Кажал и други работи и потоа починал. Ина лилахи ве ина илејхи раџиуун. Зад себе оставил три ќерки и еден син. Неговиот син, Насир Вахеед сахиб го служи Џемаатот во Кадијана.

Третата џеназа е за Танвеер Ахмад Лоон сахиб од Насирабад Кашмир. Тој работел во полиција и на 25 ноември додека бил на должност непознат вооружен човек пукал во него. Ина лилахи ве ина илејхи раџиуун. Тој исто така се воздигнал на ниво на шехид ина лилахи ве ина илејхи раџиуун. Бил многу точен во своите намази, со љубезно срце, сочувствителен кон сиромашните, природен, верен и храбар и секогаш и се покорувал на Аллаховата волја. Бил секогаш активен во финансиското жртвување и редовно давал членарина со зголемен износ. Секогаш ги поттикнувал и им помагал на помладите браќа и сестри. Исто така водел грижа за нивното образование. Неговите комшии рекле дека во дословна смисла ги исполнувал нивните права. Неговите колеги зборуваат дека бил одговорен кон своите должности и никогаш не покажал невнимание кон работата. Зад себе оставил мајка, жена, две сестри, шест браќа и три малечки деца. Едното од неговите деца е во вакф нау програма. Нека Аллах ги возвиши неговите стандарди и секогаш нека ги чува неговите деца врзани за Џемаатот и институцијата на Халифатот. Амин.

Нека ги чува на патот на доброто и нека им биде доволен. Амин.