In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Суштината на собирите и темата на собирите

Постојат собири од најразличен вид, или пак може да се каже дека различни собири имаат различни цели, како што се разговори за целите во светот, водењето на владата или разговорите за академијата, бизнисот, спортот и рекреацијата. Таквите собири не се случуваат поради Возвишениот Аллах џ.ш., поради Неговото задоволство или пак да се постигне Неговата близина. Нивната цел не е постигнување на Неговата близина. Нивната цел не е постигнување на задоволството на Возвишениот Бог. Сепак, постојат собири кои и служат на верата и кои се наменети за осмислување на планот како човечкиот род да се доведе поблиску до Возвишениот Аллах џ.ш. и како да се бара задоволство на Возвишениот Аллах џ.ш..

Сите собири на верниците, дома, на работа или во џамијата, како главна цел треба да имаат постигање на задоволството на Возвишениот Бог, подобрување на духовноста и моралниот развој. Дури, и обичното ’световно‘ седење на верниците не е празно сеќавање на Возвишениот Аллах џ.ш.. Дури, и кога ги извршува световните задачи тој ги остава на страна сите залудни нешта. Дури, и кога е зафатен со световни задачи тој не пропушта да се сети на Возвишениот Аллах џ.ш.. Дури, и да е на седници кои се поврзани со световни работи верникот не зборува за измама или одземање на правата на другите, иако е зафатен со световни задачи. Тоа е, всушност, нешто што се очекува од верникот.

Возвишениот Аллах џ.ш. вели:

„О, вие кои верувате! Кога се собирате заедно во тајност, соберете се не поради правење на грев и непослушност кон Пратеникот, туку соберете се поради постигање на доблест и праведност, и стравувајте од Аллах џ.ш., пред Кого сите ќе се соберете.“

Возвишениот Аллах џ.ш. вели:

„Стравувајте од Аллах, пред Кого сите ќе се соберете.“

Денес, светот по кој трчате ќе ви се измолкне од рацете и, ако веќе сте ја загубиле верата, сè ќе загубите. Еден од собирите поради световни работи е собирот на ООН, и нивниот состанок неодамна е одржан на кој претседателот на Соединетите Американски Држави одржа говор. Западните аналитичари и колумнисти исто така пишуваа во врска со тоа и заклучија дека наместо развивање на мирот, тој говор повеќе бил наклонет на создавање на секаков вид на неред и хаос.

Сепак, муслиманските држави треба да размислуваат за наредбите на Возвишениот Аллах џ.ш. и треба да избегнуваат секакви видови на неред и хаос.

Во секој случај, ние мораме да размислуваме и да ги процениме сопствените услови и секогаш мораме да имаме на ум дека шејтанот не може да го поднесе напредувањето на Џемаатот. Шејтанот, согласно на својата природа, ќе продолжи да се труди да не подели.

Така, не ставајте сè во рацете на луѓето кои срамежливо го критикуваат Низам-е-џемаат, управен систем на Џемаатот на приватните собири, преправајќи се дека го изразуваат своето мислење поради симпатиите кон Џемаатот. Вистинската процедура е таа во која треба да ги пренесат своите грижи на вниманието кон повисокиот управен систем во државата и кон Халифата на времето. На овој начин, да се критикува системот на Џемаатот значи грев, побуна и непослушност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и е далеку од богобојазливоста.

Значи, Возвишениот Аллах џ.ш. ги предупредил верниците за учество на такви состаноци. Секој Ахмади муслиман треба страсно да го моли Возвишениот Аллах џ.ш. да го отстрани секој зол аспект од Џемаатот и да продолжи да го благословува Џемаатот со луѓе кои одат по патот на богобојазливоста и ги исполнуваат своите должности преку богобојазливоста.

Така, секој треба да ја запомни оваа битна работа. Нека Возвишениот Аллах џ.ш. го заштити Џемаатот од секаков вид на неред, било внатрешен или надворешен. Нека нам ни овозможи да учествуваме на собирите на доблеста и богобојазливоста а не на собирите на гревот, побуната и непослушноста кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и на собири кои не оддалечуваат од богобојазливоста.

Спомнувајќи ја природата на собирите на верниците, и каков би бил неговиот одговор ако неговите стандарди не им одговараат на верниците, Ветениот Месија а.с. вели:

„Ние веруваме, што, исто така би требало да им биде пракса на верниците, дека ако личноста зборува тогаш тоа треба да го прави гласно и отворено. Во спротивно треба да молчи. Ако на некој собир забележите дека го исмејуваат Семоќниот Аллах и Неговиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с., тогаш тоа место треба да го напуштите бидејќи, во спротивно, ќе бидете вбројани меѓу нив. Или треба отворено да им одговорите.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Третата опција е лицемерството, каде личноста седи на собир и се согласува со друга личност и својот поглед го изразува само суптилно.“

Така, ако верникот слушне како за Џемаатот се зборува негативно, истакнувајќи ги забележани слабостите, тој на оној кој зборува такви работи треба да му каже:

„Ако сметаш дека работите кои ги зборуваш се вистинити тогаш треба да го известиш Халифата на времето и управата на Џемаатот, но не е дозволено да зборуваш (отворено) на овој начин.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вели:

„Треба да се присуствува на такви собири бидејќи тогаш тоа те потсетува на Возвишениот Бог и нивната расправа го зголемува твоето знаење и нивните дела те потсетуваат на Судниот Ден.“

Значи, ова е главната насока која верникот треба да ја има на ум додека избира на каков тип на собир ќе присуствува. Човекот треба да преферира собири каде се спомнува Возвишениот Бог и каде се случуваат расправи за величественоста на верата на Возвишениот Аллах џ.ш..

Постои и друг вид на собири на кои одат младите. Тие на таквите собири присуствуваат само поради забава и задоволство, што од друга страна има негативно влијание на нив. Постојат случаи во Џемаатот кога поради лошото друштво и влијанието од неморалните собири некои наши млади членови направиле такви дела кои преставуваат извор на срам за Џемаатот кога ќе се дознае дека виновникот е член на Ахмадија заедницата.

Така, родителите треба да внимаваат на тоа и на опкружувањето и пријателствата на своите деца за да ги сочуваат нашите млади членови од лошо друштво. Треба да одржуваме такви чисти собири во нашите домови кои се најдобри во поглед на моралното усовршување.

Во една прилика Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Кога група на луѓе седи во џамија поради учење на Чесниот Кур‘ан и поради образование и учење, тогаш Возвишениот Аллах џ.ш. ги дарува со мир и тие се прекриени со Неговата Милост и мелеците ги носат под својата закрила.“

Само милоста на Возвишениот Аллах џ.ш. му овозможува на Џемаатот, без оглед на тоа каде и да е основан во светот, да има прилика да организира собири, како што се Џалса и Иштема. Целта на тие настани е морална обука и зголемување на знаењето, спомнување на Семоќниот Аллах џ.ш. и правење ибдат (дова) на Него. Тие кои присуствуваат на овие настани треба да се преокупираат со конструктивен разговор и секогаш треба да се воздржуваат од празни приказни и губење на времето.

Во една прилика Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека на Судниот Ден луѓето кои седеле на собири, во кои не се спомнува Семоќниот Аллах џ.ш., ќе зажалат поради таквите собири. Во светот денес сретнуваме и имаме заемни работи и односи со голем број на најразлични луѓе  вклучувајќи ги и тие што не се муслимани. Меѓутоа, близок круг на пријатели, луѓе со кои поминуваме повеќе време треба да бидат оние кои имаат цврста вера и да се држат до богобојазливоста, така што со нив можеме да ја зголемиме богобојазливоста и побожноста.

Ветениот Месија  а.с. понатаму вели:

„(Семоќниот Бог) прво вели:

„О вие кои верувате! Стравувајте од Аллах!…“

Тоа значи дека човекот прво треба да го исповеда верувањето и потоа да ги напушти грешните работи и да се држи во друштво на вистинољубиви. Друштвото на поединецот има длабоко влијание на личноста на тој поединец.“

Ветениот Месија а.с. потоа вели:

„На пример, ако некој редовно ги посетува местата каде се пие алкохол, не е важно колку тој и да се воздржува на крајот ќе заврши така што и тој ќе почне да пие алкохол.“

Објаснувајќи го понатаму влијанието кое пријателствата и друштвото го имаат, Ветениот Месија а.с. вели:

„Кога човекот седи во друштво на друга личност која е побожна и вистинољубива тогаш тој учествува во вистинољубивоста. Меѓутоа, ако личноста го напушта друштвото на побожните и наместо тоа се дружи со грешни и безбожни, тогаш тој поединец е под влијание на зли мисли.“

Затоа, Чесниот Кур‘ан и хадисите истакнуваат дека треба да се воздржуваме од друштвото на зли и неморални. Истакнато е дека ако во одредено друштво се исмејува Семоќниот Бог и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тогаш човекот веднаш мора да го напушти таквиот собир бидејќи и тој ќе биде вбројан меѓу оние кои се виновни за богохулство.

Ветениот месија а.с. вели:

„Кога личноста го моли Семоќниот Аллах џ.ш. да се воздржи од гревот, во исто време не смее да ја напушти мерата која се бара за да се постигне тоа. Треба да го напуштите секој собир кој ве поттикнува да направите грев и исто така да го молите Семоќниот Аллах џ.ш во врска со тоа. Внимавајте! Доколку човекот нема помош од Семоќниот Бог никогаш не може да ги избегне овие искушенија кои се одредени за него.“

Со други зборови, само Семоќниот Бог има лек да го излечи гревот. Затоа, треба да се падне на земјата пред Него и да се бара Неговата помош за Он засекогаш да ве заштити од злото влијание на овој свет и од влијанието на злите собири.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. ја учел следната дова кога ги напуштал собирите:

„О Аллах! Возвишен си Ти и јас се колнам со Твоето име (дова) дека никој не е вреден за обожавање освен Тебе. Јас го барам Твоето проштавање и се свртувам кон Тебе!“

Според тоа, оваа дова човекот го штити од зло дејствие на било која несоодветна изјава која е изговорена и го оспособува да извлече максимална корист од побожните собири. Нека Семоќниот Аллах џ.ш. секогаш не заштити од налетот на шејтанот и нека со нас постапува милостиво и нека ни опрости. Нека секогаш не држи врзани за Халифатот и Низам (административна структура) на Џемаатот. Нека не заштити од злото на секој што прави неред.

По џума намаз јас ќе клањам џеназа за починатиот чие тело е отсутно, односно за нашиот Ахмади муслиман од Африка, уважениот Билал Абдус Селам сахиб. Тој живеел во Филаделфија, САД и починал на 13 септември 2017 година.

’На Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Тој беше активен член на Џемаатот во Америка. Беше исклучително љубезен, пријателски и драг човек. Секогаш им помагаше на другите и секогаш беше на чело на активностите на Џемаатот. Кога и да ме сретнеше секогаш имаше посебна насмевка на лицето и неговата искреност и преданост беа очигледни од неговите очи. Нека Аллах џ.ш. ја воздигне неговата положба и нека му подари проштавање и нека ги оспособи членовите на неговото семејство исто така да го прифатат Ахмадијатот.