In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Градителите на Божествената вера

По учењето на ташахуд, тауза и сура Ал-Фатиха хазрети Амеер-ул-Му‘минеен а.т.б.а. рече дека од време на време тој им зборува за, со вера инспирирани приказни, на луѓето кои го прифатиле Ахмадијатот, или пак за нивните извонредни духовни искуства по прифаќањето на Ахмадијатот. Со оглед на тоа дека такви случки се корисни за децата луѓето бараат тој и понатаму да зборува за нив. Другите, кои се задлабочени во профаното, не обрнуваат внимание на Аллах џ.ш. или на учењето на Ветениот Месија а.с., и ги занемаруваат своите должности. Таквите луѓе дигаат врева зошто овие примери инспирирани од верата се наоѓаат само во Африка а не и во Европа.

Прво, луѓето во Европа имаат исти такви искуства. Возвишениот Аллах џ.ш. ги покажува знаците на оние во западниот свет кои се заинтересирани за религијата. Исто така, постојат луѓе кои не даваат баи‘ат, но се импресионирани со Ахмадијатот. Постои голем број на такви приказни кои јас ги пренесувам после моите турнеи или после Џалса. Суштината е во тоа да ние имаме на ум дека Возвишениот Аллах џ.ш. ги упатува оние кои се обидуваат да Го пронајдат. Бог не го интересираат луѓе кои се наклонети кон материјализмот и кои не се наклонуваат кон Бог.

Историјата на пратениците исто така ни зборува дека, општо говорејќи, сиромашните и болните се оние кои ги интересира верата и кои ги прифаќаат пратениците. Материјалистите имаат во себе ароганција и гордост и недостаток на перцепција и увид за да и дадат било какво внимание на верата. Мнозинството луѓе во Европа и во развиените западни држави станале атеисти. Кога потполно се свртеле од Возвишениот Аллах џ.ш., како тогаш Возвишениот Аллах џ.ш. ќе се сврти кон нив и ќе им даде упатство? Прикажувајќи ја сликата на световните луѓе Ветениот Месија а.с. ги споредил со добиток кој пасе трева која не е добра во работата која би требало да ја прават. Таквите животни се бескорисни и не ни се потребни. Возвишениот Аллах џ.ш. не е загрижен за таквите луѓе. Возвишениот Аллах џ.ш. вели дека кој и да поминува низ тешкотии на Неговиот пат, Он создава Свои патишта за таква личност.

Хузур а.т.б.а. рече дека со вера инспирираните приказни доаѓаат од луѓе кои постојано прават некаков напор за да го пронајдат правиот пат. Постојат такви луѓе на кои се спуштила Аллаховата милост и тоа се базира на некое нивно добро дела, и тогаш Он им го покажал патот.

Хузур а.т.б.а. после ова излагање започна со раскажување на некои такви случки.

Еден од нашите мисионери отишол да ја пренесува пораката на исламот во едно село во Буркина Фасо, и на почетокот само една постара жена го прифатила Ахмадијатот. Нашата џамија е околу петнаесет километри оддалечена од тоа село и на средината од патот постои поток поради кој е тешко да се стаса до џамијата. Оваа постара жена секој петок одела на џума намаз, но поради поплавата намазот го извршувала на брегот на потокот. Мисионерот за ова дознал месец дена подоцна. Кога случката ја спомнал на останатите луѓе во населбата нивото на верата на оваа жена придонело околу 130 луѓе да го прифатат Ахмадијатот.

Зборувајќи за луѓето кои преку сонот стануваат Ахмади муслимани, Хузур а.т.б.а. раскажа за искуство во Франција на жена по име Асија сахиба. Тој вели дека таа Ахмадијатот го прифатила случајно, слушајќи ги аргументите за смртта на Иса а.с. и тоа на арапската програма Хавар ул Мубашир, МТА. Програмата ја потсетила на сон во кој за малку не паднала во бунар кога наеднаш ја спасила бела птица.  Ја прочитала литература на Ахмадија џемаатот и се уверила дека Ветениот Месија а.с. бил голем водач на исламот. Исто така, клањала истихара намаз и била водена кон Ахмадијатот.

Една друга жена од Турција вели дека со Ахмадијатот се запознала во 2010 година по слушањето на МТА програмата Хавар. Подоцна, кога Абдул Кадир Аудаз во придружба на моите ќерки и снаа отишол во Турција таа го прифатила Ахамдијатот.

Мисионерот од Бенин вели дека еднаш отишол во село за да ја пренесува пораката на исламот и требало да се врати во петок. Тој ден тој го објаснил значењето на сура Ал-Фатиха и раскажал за аргументите за доаѓањето на Имам Мехди, по што многу луѓе го прифатиле Ахмадијатот бидејќи никогаш не слушнале толку убави објаснувања. Оџата од таа област дал сè од себе но не можел  да го сопре прифаќањето на Ахмадијатот.

И во едно друго подрачје само со делењето на летоци бил воспоставен Џемаат. Противењето на локалните суни оџи не ги сопрело луѓе да ја прифатат пораката на Ахмадијатот. Сега таму имаме план да направиме џамија.

Во едно друго подрачје, каде нашиот мисионер го воспоставил Џемаатот, локалниот Имам се обидел од џамијата да го исфрли Џемаатот, но кога обидот му бил неуспешен изградил нова џамија преку пат нашата џамија и рекол дека Ахмадија џамијата наскоро ќе стане само склад за храна. Меѓутоа, Џемаатот продолжил да расте во Ахмадија џамијата, додека во неговата џамија само тој и неговото семејство извршувале намаз.

Мисионерот од Бенин пишува дека околу 200 луѓе во селото го прифатиле Ахмадијатот. Ќерката на претседателот на тоа село се разболела и сите кренале раце од неа. Не можела да се помести, ниту да зборува. Мисионерот им кажал на луѓето да се молат како и да пишуваат до мене за дови и со милоста на Аллах џ.ш. веќе следниот ден девојката оздравела.

Кога во Буркина Фасо нашиот мисионер отишол во едно тамошно село, старешините му кажале дека луѓето поради напорот на тогашниот мисионер во минатото го прифатиле Ахмадијатот и го повикале повторно да ја пренесе пораката за да целото село го прифати Ахмадијатот. Тој исто така ја пофалил истрајност на Џемаатот, зборувајќи дека тоа е доказ за вистинитоста на Џемаатот. Алалховата милост е над овие луѓе за да нивните срца ја прифатат пораката на вистината. Тоа е затоа бидејќи тие се сериозни во поглед на верата.

Хузур а.т.б.а. раскажа за една случка од Индија, каде едно семејство било многу прогонувано што морало да го напушти домот и да оди да живее во друг град. Противниците ги следеле и во новиот град и тие општествено биле тотално изолирани. По некое време автобус полн со противници на Ахмадијатот бил потполно уништен во судир со воз. Тоа довело до тоа што локалните луѓе ја увиделе својата грешка.

Мисионерот од Косово пишува за еден познат зналец кој бил имам на голема џамија и професор по исламски студии на универзитетот. Тој зборувал провокативни работи за Ветениот Месија а.с.. Тој бил отстранет од службата и бил обвинет дека има лош карактер вклучувајќи и тоа дека на терористите им овозможувал засолниште, како и дека бил вплеткан во незаконити трансакции.

Мачењето на Ахмади муслиманите во Индија е такво што кога дете на еден Ахмади муслиман починало противниците не му дале да го погребат на гробиштата. Тој, синот го погребал во својот двор.

Во Брегот на Слоновата Коска на еден Ахмади муслиман по примањето на Ахмадијатот му се заканувале дека сопствените браќа ќе го убијат по ’исламскиот Шеријат‘. Меѓутоа, тој останал цврст.

Хузур а.т.б.а. потоа раскажа за влијанието на неговите Хутби во петок.

Амир сахиб на Франција пишува за еден нов Ахмад кој пред примањето на Ахмадијатот живеел на островот Мајот. Еден тамошен имам на џамијата ги слушал Хузуровите Хутби во петок. Во една во овие Хутби Хузур а.т.б.а. ја спомнал смртта на Иса а.с., што на него оставило голем впечаток. Потоа, тој нашол француски превод на оваа Хутба која Хузур а.т.б.а. ја одржал во врска со хазрети Иса а.с. и тогаш станал Ахмад. Подоцна, исто така и тој имам дал завет на баи‘ат со уште седумдесет луѓе.

Што се однесува до впечатокот кој книгите го имаат на оние кои не се Ахамди муслимани постои приказна за еден нов Ахмад од Конго Бразавил кој пишува дека еднаш кога бил кај братот на посета нашол книга под името ’Вистинита приказна за Иса а.с. (Исус)‘. Тој ја позајмил книгата, која му ги отворила очите, и дал завет на баи‘ат откако повторно ја прочитал и ги потврдил наводите со Библија. Неговиот брат, потоа, го одвел на Џалса Салана во Германија.

Хузур а.т.б.а. исто така раскажа за случка на еден човек кој својот ибадет го променил по читањето на објаснувањето на сура Ал-Фатиха, кое го дал Ветениот Месија а.с..

За духовното напредување на новите Ахамди муслимани Хузур а.т.б.а. рече дека мисионер од Косово пишувал:

„Новите Ахамди муслимани од ден на ден напредуваат во искреноста и жртвувањето. Еден таков човек на Џемаатот му служи и ден и ноќ и секогаш е подготвен своето време да го жртвува и да извршува вакф-е-арзи посетувајќи ја соседната држава. Преку него се основани многу нови контакти. Еднаш, иако беше болен, учествуваше на Таблигх програмата (програма за пренесување на пораката). На средина од програмата мораше да си оди дома бидејќи беше слаб, но сепак повторно се врати на програмата зборувајќи: ’Тоа е Таблигх програма јас морам да земам учество во тоа‘.

Еден друг нов Ахмади муслиман кога го земал Ахамдијатот престанал да употребува грди зборови и да зема алкохол.

Друг нов Ахмад од Буркина Фасо пишувал дека имал многу тешкотии и дека децата му умирале како мали. Кога и се придружил на Заедницата, Семоќниот Бог ги отстранил сите негови тешкотии и му подарил здрави деца. Кога оџите го прашале (за Ахамдијатот) тој рекол дека е многу задоволен. Исто така децата веќе не му умирале.

Зборувајќи за користа од радиото Хузур а.т.б.а. рече дека му пишувал мисионерот од Бенин и дека рекол како еден господин христијанин се јавил во радиото и прашал за второто доаѓање на Иса а.с.. Бил уверен дека мислењето на Ахамдија џемаатот е вистинско и го прифатил Ахамдијатот.

Мисионерот од Боливија пишува како сакал да научи нешто повеќе за Јеховините сведоци и договорил состанок со нивниот свештеник. Кога се состанале свештеникот почнал со прашањата за исламот и за Ахамдијатот. Мисионерот го известил за тоа и го повикал да присуствува на џума намаз во петок. Тој се грижел за можното спротивставување во своето  семејство, како и за својата работа. Но, после читањето на арапскиот материјал, онлајн, сметал дека ја пронашол вистината и после еден џума намаз и се придружил на Ахмадија заедницата.

Без оглед на тоа дали некој даде завет за верност или не, пораката на Ахамдијатот сигурно влијае на другите луѓе. Камар Мубашар сахиб од Австралија пишува како еден човек од Австралија, кој на почетокот бил многу непријателски расположен кон сите муслимани и кон пораката на исламот, бил известен за мотото на Џемаатот ’ЉУБОВ СЕКОМУ, ОМРАЗА НИКОМУ‘ и почнал да омекнува, па дури подоцна наминал и во мисионерската куќа.

Хузур а.т.б.а. рече дека оние кои бараат азил времето треба да го трошат во пренесување на пораката. На еден таков емигрант му било помогнато бидејќи судијата бил од област каде овој азилант делел лифлети (на Џемаатот).

Хузур а.т.б.а. рече дека луѓето во Велика Британија се запознаени со Ахмадија заедницата и нашите млади веќе не се срамат од тоа. Меѓутоа, постојат места каде што не е така.

Хузур а.т.б.а. рече дека при ширењето на пораката во Австралија на младите (Кхудам) им било кажано да носат маици со информации за Џемаатот, па потоа да ја пренесуваат пораката на луѓето. Еден млад човек се срамел да носи маица со името на Џемаатот. Но токму таа маица станала повод луѓето да се сликаат со нашите млади и пораката на исламот била пропагирана.

Семоќниот Аллах џ.ш. на Ветениот Месија а.с. му ги објавил следните зборови:

„Блиску е времето кога ќе добиеш помош и твоето име ќе биде воздигнато меѓу луѓето.“

Тој оваа објава ја примил во 1883 година. Ветениот Месија а.с. кажал:

„Дали можат оваа работа да ја спроведат и да ја одработат самите луѓе? Апсолутно не! Само Семоќниот Аллах џ.ш. може да направи таква работа, најпрво Он да извести за некое случување – Он единствено има знаење за невидливото и само Он може да објави било каква вест.“

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Овој знак секој ден се исполнува, на луѓето им се претставува Ветениот Месија и луѓето го дават заветот на верноста.“

Тој исто така рекол:

„Семоќниот Аллах џ.ш. дава радосна вест: ’Ќе дојде време за тебе кога ќе станеш добро познат во светот‘.“

Ова се случува во ова време. Ние денес сме сведоци. Со милоста на Семоќниот Аллах џ.ш. името на Ветениот Месија а.с., името на Џемаатот и името на исламот се шират во светот. Гласот кој бил воздигнат во далечна земја, стасал до безброј земји во светот. Тој стасал до 220 земји.

Што се однесува до бројот на земјите во светот, Хузур а.т.б.а. објасни дека само 190-195 се земји членки на Обединетите Нациии. Меѓутоа, вкупниот број на земјите во светот е околу 220.

Нека Семоќниот Аллах џ.ш. не оспособи да ја шириме оваа порака, порака која Семоќниот Аллах џ.ш. ни ја претставил преку Ветениот Месија а.с..