In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Суштината на проштавањето

„А злото може да се возврати со иста мера, а ако некој проштава и тоа доведе до поправање, неговата награда е кај Аллах. Навистина, Он не ги сака престапниците.“

 (Аш-Шура 42:41)

Учењето на исламот во поглед на оној кој прави прекршок или повредува друг е наклонето кон поправањето. Концептот на казната секако постои но е поврзан со наредбата на проштавање како што кажува напред спомнатиот ајет. Најголемо значење има во тоа што било каква казна треба да доведе до поправање на прекршителот.

Имајќи го поправањето како главна цел, пред одлуката за казна треба да се разгледа дали тоа ќе доведе до поправање или не. Ако се смета дека проштавањето ќе доведе до поправање тоа тогаш треба да ни биде избор, инаку во спротивно, треба да се донесе одлука за казна. Личноста која проштава станува примател на Божја награда. И напред спомнатиот ајет објаснува дека, ако се изрече претерана казна, тоа ќе биде неправедно и сурово. Овој концепт на проштавање и казна е во самиот темел на почитување на поединечните и заедничките меѓународни односи.

Бидејќи вистинската цел на казната е поправањето и моралното подобрување, исламот подучува секогаш да имаме во вид дека не се работи само за изрекување на казна туку казната е одредена според поправањето. Било каква дадена казна треба да биде во врска со прекршокот а ако биде несоодветно доделена ќе го навлече Божјото незадоволство.

Најдобар пример за ова се наоѓа во благословениот пример на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Во делата во кои тој сметал дека се случило поправање тој им проштавал и на најлутите и најсуровите непријатели. Кога виновникот ќе покажал покајание и жалење, Чесниот Пратеник с.а.в.с. проштавал дури и на оние кои биле многу сурови кон него, неговото семејство и неговите асхаби.

Хазрети Зејнеб р.а., ќерка на Чесниот Пратеник с.а.в.с., во текот на иселувањето била сериозно нападната. Во тоа време таа била бремена но бидејќи била ранета го изгубила детето. Повредите од оваа случка подоцна се покажале како смртоносни. На извршителот му била изречена смртна казна но тој избегал. Подоцна, кога Чесниот Пратеник  с.а.в.с. се вратил во Медина тој дошол да го види Чесниот Пратеник с.а.в.с. и објаснил дека му било страв и избегал и дека ги признава своите подли недела, но сепак откако слушнал за попустливоста на Чесниот Пратеник с.а.в.с. решил да дојде. Признал дека го следел патот на незнаењето и прифатил дека Бог поради упатство го пратил Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Тој ги признал своите прекршоци и побарал проштевање. Чесниот Пратеник с.а.в.с. му опростил и рекол дека Божја наклоност е во тоа што бил во состојба да го прими исламот и искрено да се покае.

Ка‘б бин Зухајр на не чист јазик напишал песни за муслиманските жени во кои ја напаѓал нивната чест. Тој бил соодветно казнет. По победата над Мека неговиот брат му напишал дека би требало да побара проштавање од Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Тој дошол во џамијата на Пратеникот во време на фаџр (сабах) намаз и клањал во друштво на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Без да се претстави тој на Чесниот Пратеник с.а.в.с. му рекол дека Ка‘б бин Зухајр сака за своите минати гревови да побара проштавање и го прашал дали може да се претстави. Чесниот Пратеник  с.а.в.с. се согласил. Тогаш кажал дека всушност тој е Ка‘б бин Зухајр. Еден од асхабите станал да го убие но Чесниот Пратеник с.а.в.с. покажувајќи изненадувачка сомилост рекол да го остави на мира, бидејќи тој побарал проштавање. Подоцна, Ка‘б бин Зухајр напишал поетична пофалба за Чесниот Пратеник с.а.в.с. а Пратеникот како подарок му ја дал својата наметка.

Навистина, во животот на Чесниот Пратеник с.а.в.с. постојат многу случки кога тој им проштавал на своите непријатели, на непријателите на своите блиски роднини и на непријателите на исламот, во случај кога тие се поправале. Меѓутоа, тој давал казни таму кај што сметал дека се потребни. Суштината на оваа наредба во исламот е поправање а не одмазда.

Ветениот Месија а.с. можеби во повеќе од тринаесет книги и во многу свои прогласи го објаснил напред спомнатиот ајет од сура Аш-Шура. Тој во делото ’Филозофија на учењето на исламот‘ вели:

„Надоместок за повредата е казна во сразмер со повредата; но ако некој проштава и со тоа создаде поправање во извршителот, и не претчувствува никаква штета, т.е. го примени проштавањето во соодветна прилика, ќе ја има својата награда кај Аллах.“

Овој ајет од Кур‘анот не подучува дека во секоја прилика треба да го негираме злото, или пак, дека оние кои прават интриги и прекршоци не треба да бидат казнети. Неговото учење е дека човекот мора да земе во предвид дали приликата бара проштавање или казна, и да заземе став кој ќе биде најдобар во интерес и на извршителот и на општеството.

„Понекогаш извршителот, бидејќи му е опростено, престанува со правењето на прекршоци, а понекогаш проштавањето поттикнува на понатамошни прекршоци. Затоа, Семоќниот Бог наредува во сите прилики да не ја слепо развиваме навиката на проштевање. Секогаш треба внимателно да разгледаме дали проштевањето или казната се соодветни и секогаш да се држиме до тој пат. Некои луѓе толку се одмазливи што на ум ги имаат и неправдите кои им се направени низ генерации на нивните татковци, а постојат и такви кои имаат трпение и до крајност проштеваат, понекогаш дури до граница на бесрамност. Тие покажуваат таква слабост, проштевање и трпение кои се потполно во спротивност со достоинството, честа и честитоста. Нивното однесување е одлика на добар карактер и резултат на нивното проштевање и трпение предизвикува чувство на гадење кај луѓето кон нив. Затоа, Чесниот Кур‘ан за користењето на секаква морална одлика ја поврзува состојбата на соодветно време и место, и не одобрува покажување на морална одлика надвор од нејзиното место.“

(Филозофија на учењето на исламот, стр. 62-63)

Луѓето на кои Чесниот Пратеник с.а.в.с. им опростил јасно се промениле. Еднаш кога се смениле, овие непријатели на исламот кои направиле прекршоци станале побожни и служеле на религијата и на исламот.

Исламот во секое доба го посведочува значајот на своите наредби. Тој го одобрува преземањето на било какво дејствие кое е во најдобар интерес за извршителот. Денес, заговорниците за човековите права имаат став кој е наклонет кон една крајност. Не е важно колку прекршокот е голем, во името на човечкото сожалување на прекршителите им се одврзани рацете и повеќето го изгубиле чувството за погрешно. Тоа можат да бидат платеници и луѓе кои немаат никаков обѕир за било кој. За нив треба да има смртна казна, освен во ситуација кога семејството на жртвата ќе им опрости. Меѓутоа, Западниот свет ги напуштил своите закони и во името на човековите права ја напуштил смртната казна. Сепак, никакво поправање не се случува а прекршоците се во пораст!

Спротивно на тоа, муслиманските шефови на држави се соборуваат и наместо да се покрене законска постапка и да се приведат кон правдата се искористуваат локални луѓе кои немилосрдно ги убиваат. Кога локалните луѓе постапуваат на ваков начин тие имаат поддршка од други сили.

Ветениот Месија а.с. напишал:

„Во Евангелието е напишано да не се бориме со злото. Учењето на Евангелието е наклонето кон крајна попустливост и не може да се практикува со исклучок на специфични ситуации. Од друга страна, учењето на Тевратот е наклонето кон друга крајност. Тоа нагласува само еден аспект и тоа, око за око, уво за уво и заб за заб. Во него дури не се ни спомнува проштавањето и заборавот. Факт е дека овие книги биле наменети за одреден период и за одреден народ. Чесниот Кур‘ан ни го покажа чистиот начин во кој нема две крајности и е точно во хармонија со човечката природа. На пример, Чесниот Кур‘ан вели: ’А злото може да се возврати со иста мера, а ако некој опрости и тоа доведе до поправање, неговата награда е кај Аллах…‘. Односно, надоместокот за направеното зло треба да биде сразмерен, но ако биде опростено поправањето треба да биде поддршка за тоа проштавање. И проштавањето треба да биде во согласност со времето и местото и треба да биде соодветно. Оној кој на овој начин проштева ќе биде награден од Бог.

Такво е чистото учење, без никаква крајност! Надоместокот е одобрен но тоа, исто така, е и поттик да се опрости под услов на поправање… Задолжително е чесен човек да спореди и процени кое учење е соодветно на човечката природа а кое учење човечкото чувство на чесност и совест го одбива.“

(Тафсеер хазрети Муслех Мауд р.а., том V, стр. 111-112)

Исламот подучува дека ако некому му опростите не смеете да имате никакви злобни намери кон него. Во текот на битката кај Ухуд, жената на Абу Суфијан, Хинда, направила крајна суровост. Таа го масакрирала телото на Хамза, амиџа на Пратеникот, и го извадила неговиот црн дроб и го изела. Од друга страна, под победата на Мека, Хинда со прекриено лице дошла на собир кај Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Таа го дала заветот на верност и станала муслиманка.  Чесниот Пратеник с.а.в.с. и го препознал гласот и ја прашал дали таа е жена на Абу Суфијан. Таа одговориле дека е но со целото срце го прифатила исламот и барала да и биде опростено за тоа што се случило во минатото. Чесниот Пратеник с.а.в.с. и опростил. Таа на Чесниот Пратеник с.а.в.с. му пратила две печени кози со порака дека моментално нејзиното стадо не е толку големо и затоа праќа толку малку. Чесниот Пратеник с.а.в.с. правел дови за неа и нејзиното стадо набргу се зголемило.

Ветениот Месија а.с. напишал:

„Надоместокот за злото треба да биде сразмерен на направеното зло. Но, ако човекот заборави и го опрости гревот и тоа проштевање доведе до поправање и до ништо лошо, со тоа Бог бива задоволен и Он оваа постапка ја наградува. Така, во светлината на Чесниот Кур‘ан секоја ситуација не повикува на казна, а и во секоја ситуација попустливоста не се препорачува. Всушност, треба да се земе во предвид соодветноста на времето и на местото. Казната или проштавањето треба да бидат применети соодветно со времето и местото, а не слободоумно. Ова е тоа на што укажува Чесниот Кур‘ан.“

(Тафсеер хазрети Муслех Мауд р.а., том IV, стр. 105)

Управата на Џемаатот и вршителите на должност треба да ги имаат овие нешта на ум. Соодветните одделенија треба да настојуваат и да направат препораки, и после добро размислување и разгледување да дојдат до одлуки кои на крајот ќе ги базираат на она со што Бог е задоволен. Низ довите треба да се бара помош од Бог а по нив треба да се следат препораките на Халифатот така што подносителот на приговорите и управата на Џемаатот ќе останат заштитени од било какво штетно влијание.

Ветениот Меисија а.с. напишал:

„Ако некој ве повреди, ви скрши заб или ви го извади окото, казната треба да е во сразмер со направеното зло. Меѓутоа, ако го опростите гревот со мисла дека тоа ќе доведе до нешто добро што ќе води кон поправање, на пример, извршителот во иднина ќе ги батали таквите работи, тогаш  подобро е да се опрости и награда за тоа ќе биде кај Бог.

Сега, гледате дека овој ајет ги ословува двата аспекта и ги поврзал казната и проштевањето со соодветно време и место. Ова навистина е мудар принцип на кој светот функционира. Навистина, разумно е да се употребат и топло и ладно соодветно со времето и местото. Гледаме дека не можеме да следиме само еден вид на диета, туку всушност, сезонски ја менуваме нашата диета како што облекуваме соодветна гардероба во есен и во лето. Исто така, нашата морална состојба бара промена согласно со времето и местото. Постои време кога личноста треба да влева почит. Попустливоста и проштевањето во такви ситуации нештата ги прави полоши. Во некое друго време човек треба да биде нежен и попустлив и покажување на силата во такви ситуации се смета за лоша пресуда. Накратко, постои време и место за сè. Така, човек кој не оди соодветно со времето и местото е животно а не човек, тој е суров а не љубезен.“

(Тафсеер хазрети Муслех Мауд р.а., том IV, стр. 105-106)

Во лето облеката (на Западот), посебно женската, исклучително е скромна, додека во зимо жените навлекуваат капути и шалови. Кога муслиманските жени во лето наметнуваат некој вид на шал за да ја покријат главата велат дека тие се угнетувани. Сега и владата почнува да се плетка во овој случај и целта не е нешто да се подобри туку тоа е само нешто нечесно и неправедно. Неодамна претседателот изјави дека размислуваат да преземат нешто против жените кои на јавни и работни места се покриваат. Световниот закон е земен до друга крајност и тоа ќе создаде неред и вознемиреност, и велат дека одлуките треба да бидат базирани на постигнувања за подобрување на поединецот.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Чесниот Кур‘ан проштевањето не го смета за апсурдно и за попустлива гаранција бидејќи тоа предизвикува опаѓање на човековиот морал и создава општ неред. Всушност, проштевањето е дозволено само таму кај што ќе доведе до поправање.“

(Тафсеер хазрети Муслех Мауд р.а., том IV, стр. 108)

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Надоместокот за злото треба да биде сразмерен со она што е направено, но, ако се проштева и проштевањето е сразмерно на времето и местото со цел на поправање, неговата награда е кај Аллах. На пример, ако крадецот не биде фатен тој ќе се охрабри и ќе продолжи да краде. Според тоа, тој треба да биде казнет. Ако еден од двајца вработени се засрами на мал укор и поради тоа се поправи, не е исправно строго да го казните. Но, ако на друг вработен кој предизвикува проблеми му опростите тој ќе стане полош. Сега кажете која наредба е соодветна? Онаа која Кур‘анот ја наведува или онаа која ја претставуваат Евангелијата?

Учењето засновано на проштевање со цел за поправање е учење без исклучок, и на крај, пристојните луѓе го следат. Кажано е дека на оваа работа треба да се гледа од секоја агол според доказите и да се замисли над таа разборитост. Проштевајте ако проштевањето е корисно, но, ако извршителот предизвикува проблеми и е зол тогаш следете го: ’А злото може да се возврати со иста мера…‘. Нашите чисти учења на исламот се исто така базирани на такви принципи и во секое доба јасни се како ден.

(Тафсеер хазрети Муслех Мауд р.а., том IV, стр. 109)

Најавена е џеназа во отсуство за Билал Махмоод сахиб кого во Рабва на 11 јануари го убија двајца напаѓачи на мотор кои пукале во него додека си одел дома. Билал сахиб е роден во 1989 и бил вакф-е-нау. Работеше во одделението за Тестамент. Се оженил во април 2015 и неговата жена очекува дете. Нека Аллах ја воздигне неговата положба и на неговото семејство нека му даде трпение.