In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Патувањата по Европа и преглед на патувањата

После проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Неодамна посетив неколку европски земји, помеѓу кои беа Холандија и Франција, и во нив оваа година се одржа Џалса Салана (годишен собир). Помеѓу другото се одржани и свечени отворања на џамии и и други настани и активности со муслиманите во тие земји.

Одржан беше и собир во седиштето на УНЕСКО во Франција кој беше подржан управата на организацијата и во присуство на многу познати личности. Во таа прилика имав можност да ги објаснам исламските учења и посебно да ја нагласам истакнатата улога на муслиманите во напредокот на знаењето и науката.

УНЕСКО е агенција на ОН (Обединетите нации) која е основана за промоција на образованието, науката и културата. Слобода на печатот, искоренување на сиромаштијата, зачувување на светските богатства и многу други активности се дел од целите на оваа организација.

Во моето обраќање до присутните помеѓу другото ги информирав за учењето на Исламот, за делувањето на раните муслимани и за придонесот и улогата на Ахмадија муслиманската заедница во постигнувањето на овие цели.

Исламското учење го претставив и на собирот пред политичари и интелектуалци во Берлин, главниот град на Германија.

Посебно го нагласив овој поим кој постои во размислувањата на Европејците, а кој посебно е распространет во Германија и во неколку други европски држави, а тоа е дека исламот не е компатибилен со културата и цивилизацијата на Европа и дека исламот не би требало да се шири низ Европа, и дека, всушност, исламот преставува опасност за Европа. Од тие причини го изнесов исламското учење кое се однесува на ова прашање.  На собирот беа присутни истакнати интелектуалци, политичари дипломати и други гости.

Во таа прилика Возвишениот Аллах даде прилика Исламот и неговото учење да го преставам и на други собири.

Елхамадулиллах (благодарение на Аллах) можевме да бидеме сведоци на благодатите на Семоќниот Аллах.

Сега накратко ќе спомнам неколку коментари од страна на гостите кои учествуваа на овие настани и кои ни покажуваат дека луѓето се во состојба да го разберат вистинското учење на исламот и дека нивните сомнежи во врска со исламот се отстранети.

Во Холандија имав прилика на гостите да им се обратам на вториот ден од Џалса. Беа присутни 125 гости, не муслимани. Гостот од Нунспит, кадe моментално се наоѓа нашиот центар, зборувајќи за своите впечатоци рече:

„До пред ова не ни сакав да го посетам ова место (односно, да имам врска со Ахмадија муслиманската заедница). Меѓутоа, со време нашите односи се подобрија… Во обраќањето на неговата Висост најмногу ми се допадна тоа што зборуваше со голема храброст.“

На овој настан учествуваше и еден холандски пар кој изјави:

„Атмосферата на Џалса беше неверојатна. Сите покажаа љубезност и изгледаше како небесна атмосфера.“

Гостот Дани Харкинг вели:

„Неговата Висост го спомна немирот кој се раширил во светот и, исто така, ја нагласи потребата за воспоставување на мир. Заедно живееме на земјата и заеднички би требало да се потрудиме да го воспоставиме мирот.“

Потоа се одржа церемонија за отворање на џамија изградена во Алмер во Холандија. Во таа прилика присуствуваше старешината на црквата во Алмер, Хаијо Вицел. Тој кажа:

„Пораката на вашиот Џемаат е порака на мирот. Вашиот Халифа одржа одличен говор за мир и верски слободи.“

Исто така, присуствуваше и арапски гост, Закарија. Тој рече:

„Навистина уживав на овој собир. Ги слушав говорите на вашиот Халифа и, ако сакаме да завладее мир треба да постапуваме согласно на неговиот говор.“

Локална гостинка, Диане вели:

„Овој собир е многу добро организиран. Го слушав говорот на вашиот Халифа и тоа беше многу добар говор. Извонредно е организирана и програмата за жени. Јас за прв пат присуствувам, но повторно ќе дојдам во џамија да се состанам со жените и да го зголемам нашето пријателство.“

Имаше уште еден локален гост кој кажа:

„Пред да дојдам, мојот сосед ме предупреди да бидам внимателен. Ми рече дека никогаш не знае што и кога муслиманите можат да направат. Меѓутоа, исклучително уживав овде. Членовите на вашиот Џемаат се грижеа за нас од почеток до крај.“

Има безброј такви впечатоци, но јас спомнав само неколку од нив. После тоа на ред дојде патот во Франција. Таму е одржана Џалса и беше организиран сличен собир со гости кои не се Ахмади и не се муслимани, и беа околу седумдесет и пет луѓе.

Една госпоѓа, по професија антрополог, рече:

„Кога Халифата кажа дека ги осудува нападите кои се случија во Франција, јасно кажа дека исламот нема никаква врска со тоа. Од правата исламска слика која ја претстави Имамот на Ахмадија џемаатот се гледа дека муслиманите лесно можат да се вклопат во западниот свет.“

Од Иран присуствуваше и не Ахмади гост, Муртаза, кој кажа:

„Состојбата на муслиманите е таква што тие не се ни свесни за своето верување и за својата вера. Тие луѓе би требало за исламот да научат од вашиот Халифа.“

Гостот од Маракеш, Суфијан, рече:

„Од денешниот говор сфатив дека вие сте вистински муслимани… Не знаеме како се брани исламот и како да ги отстраниме нашите стравови. Денес, вашиот Халифа, на прекрасен начин го одбрани исламот.“

Во УНЕСКО беше одржан собир на 8 октомври на кој присуствуваа деведесет и еден гостин. Амбасадорот од Мали во УНЕСКО, министри на внатрешни и надворешни работи на Франција, советник во министерство за верски работи во Франција, директор на верското одделение, претседател на меморијалот на НАТО, членови на парламентот, советници, градоначалници и останати поврзани со различни институции на власта, исто така, земаа учество на овој настан.

Потоа, беше отворена џамија во Стразбург, уште еден град во Франција, блиску до границата со Германија. Беа присутни околу 191 гостин, меѓу кои беа и пратеник во парламентот, пет градоначалници од различни градови, претставници на различни религии, шефови на различни здруженија, луѓе од различни области и оддели како и луѓе од помалите соседни села. Тие луѓе посебно дојдоа поради резервираноста која ја имаа кон исламот, или повеќе поради скриената омраза, но после присуството на Џалса нивните впечатоци се сменија.

После тоа отпатувавме за Германија, и на 14 октомври беше отворена џамија во Висбаден. Свечената церемонија беше одржана во добро позната хала, бидејќи во џамијата просторот е ограничен. Вкупно 370 гости присуствуваа на овој собир меѓу кои и градоначалникот на Висбаден.

Претставник на црквата во Мајнц исто така беше присутен и тој изјави:

„Тоа што Неговата Светост го кажа за должноста кон соседите, и воопшто за исламското учење, ми беше ново и многу интересно. За прв пат слушам како еден верски водач дава толкав акцент на правата на соседите.“

Исто така, џамија Баит-ул-Хамиид беше отворена во Фулде, а на свечената церемонија присуствуваа 330 гости. Господинот градоначалник на Фулде исто така присуствуваше и откако не дочека надвор си замина. Народот на Фулде има големи резерви кон муслиманите, односно, постои и отворена нетрпеливост. Тоа е старо седиште на христијанството и е познато по зачувување на традицијата.

Нека Возвишениот Аллах им овозможи на нивните срца да го разберат вистинското учење на исламот, нека им овозможи да го прифатат неговото учење, да поверуваат во Божјото Единство и да дојдат под знамето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Ова е единственото средство за постигање на напредок, бидејќи нивниот привремен световен напредок не може да обезбеди средства за постигање на вистински напредок.

Исто така сакам ги спомнам некои детали во врска со известувањата во медиумите. Два медиумска канала во Холандија објавија извештаи, РТВ Нунспеет (RTV Nunspeet) и Еуро Тимес (Euro Times), и 70 000 луѓе добија извештаи за настаните.

Во текот на отворањето на џамијата Баит-ул-Афијат, веста за овој настан ја објавија Алмере вести, која допре до 1,5 милиони луѓе. Слично на тоа, илјадници луѓе оваа вест ја примија по пат на најразлични социјални мрежи. Тие проценија дека вкупната покриеност на медиумите во текот на патувањето низ Холандија достигнала до 16 милиони луѓе.

Националната новинска агенција на Франција објави колумна за говорот во УНЕСКО. Во врска со отворањето на Махди џамијата во Стразбург, ДНК весникот објави извештај и настанот беше покриен и со радио канал. Преку овие различни медиуми, вестите стасаа до милион луѓе.

Во Германија се одржаа собири во Висбаден, Фулде, Берлин и Махдибад. Според извештајот на нивниот секретар за надворешни работи, пораката е пренесена на отприлика 49 милиони луѓе преку 13 новинарски извештаи, 4 ТВ канали, една радио станица и 13 извештаи по пат на електронски медиуми. Слично на тоа, Прегледот на религии пораката преку различни средства ја пренесе на приближно 1,5 милиони луѓе.

Како што веќе кажав, нека Аллах им овозможи на луѓето да ја разберат оваа порака.

После џума намаз јас ќе клањам џеназа во отсуство на почитуваниот Маулви Махмуд Ахмад сахиб, кој беше мисионер од Палгата, Керала, Индија. Почина на 15 октомври во својата 54 година од животот.

Навистина На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Маулви Махмуд Ахмад сахиб најпрво го напуштил факултет и по совет на својот татко му се придружил на Ахмадија џемаатот, а подоцна, во 1988 година, дипломирал. Бил сјаен зналец, многу побожен и редовен во своите намази, постел и редовно го клањал тахаџуд намаз. Бил исклучително побожен во своето обожавање, се грижел за сиромашните и бил исклучително трпелива, благодарна и искрена личност. Имал длабоко знаење за Чесниот Кур‘ан, Хадисите, книгите на Ветениот Месија а.с. и Халифатот. Знаел многу добро арапски, малајски и тамилски јазик. Во стварноста, тој бил султан-и-Насиир (голем помошник) на Халифатот. Нека Семоќниот Бог му ја подари Својата милост и прошка. Нека го воздигне неговиот статус и нека на неговото потомство овозможи да продолжат да ги прават неговите добри дела.