In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Вистина, лаги и ароганција

Во претходната хутба јас зборував за врската помеѓу добриот морал и побожноста. Она што го рекол Ветениот месија а.с. е тоа дека личноста може да стане побожна доколку поседува добри морални квалитети. Меѓутоа, постојат некои аспекти на моралност кои доколку не се присутни кај верникот неговото ниво на вера стои под знак прашалник. Побожноста е нешто кое следува покасно. Најпрво, личноста мора да гледа на својата вера. Помеѓу сите аспекти кои се неопходни за верникот, најважно е да останеме искрени и да се воздржиме од лаги.

Возвишениот Аллах џ.ш. во Чесниот Кур’ан вели:

„Затоа, отфрлете ја нечистотијата на идолите и отфрлете ги лагите.“

Значи, после обожавањето на идолите а со тоа и преферирањето на лагите, Бог јасно ни покажал дека е грев обожавањето на идолите. Ова преставува многу јасно и отворено предупредување за оној кој ја исповеда верата, дека доколку е верник мора да има високо ниво на искреност.

Ветениот Месија а.с. предочил многу детали во своите говори за важноста на искреноста во нашата вера. Ветениот Месија а.с. вели:

„Чесниот Кур’ан лагата ја смета за еднаква како и обожавањето на идоли. И двете работи се лоши. Ние треба да се држиме на страна од тоа. Избегнувајте го обожавањето на идолите и лажењето. Со други зборови, лажењето е исто така идол. Личноста која својата доверба ја стави на услуга на лажењето ја напушта довербата во Возвишениот Бог. На тој начин кога лаже личноста го губи Бог. Кога личноста ја напушти неговата доверба, Бог не му се приближува туку се оддалечува.

Истакнувајќи дека лажењето е абдоминална пракса Ветениот Месија а.с. своите следбеници ги подучува да се оддалечат од оваа пракса.  Тој вели:

„Потребен е голем напор за ова и личноста мора да се труди многу долго време. Единствено, на тој начин кај себе ќе создаде навика да ја говори вистината.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Оној кој лаже сам создава свој идол, и него го смета како средство за свое спасување.“

Понатаму, Ветениот Месија а.с. вели:

„Запомнете дека нема ништо што е по проклето од лагата. Воопшто, световната личност кажува дека вистинољубивите биле фатени, меѓутоа, зошто јас тоа би го прифатил кога јас лично бев присутен на 7 судски случаи и со Аллаховата милост ниту еднаш не изреков лага. Може ли било кој да каже дека Семоќниот Бог дозволил јас да почувствувам пораз пред нив? Возвишениот Аллах џ.ш. и Самиот е Заштитник и Помошник на искрените. Дали е можно Он да казнува побожна личност или искрена личност? Вакво нешто ако некогаш се случело тогаш никој во светот не би имал снага да ја зборува вистината и искреното верување во Бог би исчезнало.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Вистината е таа дека тие луѓе кои трпат казни бидејќи ја говорат вистината, нивната казна, всушност, не е поради тоа што ја зборуваат вистината. Повеќе е поради нивните суптилни и скриени грешки. Тие грешки и лоши дела се причината за казнување. Казната е резултат на некоја друга лага. Сите записи на нашите дела се сочувани кај Возвишениот Аллах џ.ш.. Личноста може да побегне од секојдневната казна преку извинувања, меѓутоа, Семоќниот Аллах џ.ш. не може да биде излажан.

Оваа изрека на Ветениот Месија дека:

„Световните личности мислат дека не можат да ја напуштат лагата бидејќи не можат да живеат без тоа …“

не е само поради поголеми интереси туку поради самата состојба на световните луѓе која е таква што мора да лажат поради сè, дури и кога се однесува на мали работи. Така, големото проучување на лагата преку многу есеи неодамна е објавено во последното издание на национална географија.

Таму е спроведена истрага на прашањето: ’Зошто лажеме?‘

Авторот сугерирал на тоа дека наводно успехот се сведува на тоа дека преку лагата, како што веќе навел Ветениот Месија а.с., луѓето мислат дека постигнуваат голем успех поради лажењето. Авторот напишал, и исто така се потрудил да докаже дека лажењето е вкоренето во човечката природа. Меѓутоа, не е вкоренето во човековата природа човекот да лаже, поверојатно е дека околината е таа која ја тера личноста да биде лажливец. Во истиот текст авторот создал идеја, или пробал да го оправда лажењето, говорејќи дека тоа преставува навика уште од детството, односно, дека уште во детството околината е таа која ја поттикнува оваа навика. Луѓето лажат за нивните приказни да бидат поинтересни и да заслужат внимание. Во тој текст се зборува за секакви личности, почнувајќи од деца до политичари, од професионалци до научници, дека нивните зборови и кажувања содржат лаги. Во ова општество, во ова опкружување се провлекуваат толку лаги што можеме да забележиме дека лагата е присутна насекаде околу нас. Според нивното видување не постои излез. Почетното истражување кое го спровеле кажува дека секоја личност кажува три од четири лаги дневно.

Во склад со ова истражување лагите се кажуваат за да се создаде лажна слика за некој само поради лично истакнување. Овие лаги се наоѓаат на помало ниво. Помеѓу поголемите лаги се наоѓаат лагите помеѓу сопружниците. Ако личноста ја согледа ситуацијата, семејните расправи, несогласувања и разводи се случуваат поради тоа што личностите се ослонуваат на лагите, каде што после разбирањето на овој главен елемент на човечката психа еден ајет кој го учиме во текот на Никах е:

„О, вие кои верувате! Плашете се од Аллах, и зборувајте ја вистината.“

И понатаму вели:

„Он ќе ја благослови вашата работа и ќе ги прости вашите гревови. И оние кои Му се послушни на Аллах и на Неговиот Пратеник сигурно ќе постигнат голем успех.“

Возвишениот Аллах џ.ш. зборувал за искреноста во однос на мажот и жената до таа мера што не треба да има криење на вистината туку треба да постои голема доза на искреност. На тој начин не само што вашата врска ќе биде вредна туку и вашите деца ќе бидат спасени од многу проблеми. Аллах џ.ш. ќе ви ги опрости вашите гревови и ќе ви подари успех. После такви упатства секоја лага во бракот ќе стане тежок и загрижувачки грев, и ова е многу алармантно бидејќи тие со тоа не ги почитуваат Аллаховите наредби и самите себе се лишуваат од опростување на гревовите и од прекрасното ветување за успех.

На тој начин во ова истражување во проценти се наведени разни типови на лажливци. Во четирите најголеми категории спаѓаат луѓето кои лажат за да ги сокријат сопствените грешки како би добиле финансиска корист, лична корист наспроти партите, и како би побегнале или би ги избегнале другите луѓе. Тоа детално се наведува во овој извештај. Поради тоа ние мора да ги анализираме стандардите на искреност и тоа треба постојано да го имаме на ум.

Што се однесува до давањето на сведочења Возвишениот Аллах џ.ш. забранува давање на лажно сведочење.

Во Чесниот Кур’ан се вели:

„И оние кои не даваат лажно сведочење.“

Затоа, не смееме да даваме лажни изјави од било кои причини, дали поради некаква финансиска добивка и стекнување на било какво богатство или извор на помош, нити тоа смееме да го правиме поради било каква друга предност.

Ако сакаме да бидеме вброени помеѓу робовите на Семоќниот Бог и да напредуваме во својата вера мора да ги избегнуваме овие невистини.

Додека ги истакнувал стандардите на нашата вистинољубивост и начинот на тоа како да ја избегнеме невистината на едно место Ветениот Месија а.с. вели:

„… Јас вас ве поттикнувам да не бидете подмитени во поглед на правдата и да ја пролевате крвта на вистинољубивоста. Посвојте ја вистината дури и ако ја слушнете од мало дете. Ако забележите и бидете сведоци дека вашиот противник ја зборува вистината тогаш веднаш напуштете ја својата јалова логика. Тогаш, вистината ќе преовлада и личноста секогаш треба да ја говори вистината, баш онака како што Возвишениот Аллах џ.ш. вели:

’Затоа, отфрлете ја нечистотијата на идолите и отфрлете ги лагите‘.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Било што и да е, ако личноста ја свртува од правецот на вистината и ја води подалеку од вистината тоа за неа преставува идол. Секогаш зборувајте ја вистината, без оглед на тоа дали таа изјава ќе биде против вашиот татко, брат или пријател.“

Некој христијанин еднаш го обвинил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дека дал одобрување оти може да се излаже во три прилики а дека во Чесниот Кур’ан е дадена јасна наредба оти личноста може да ја сокрие својата вера користејќи лага, додека во Библијата нема такви наредби.

Во одговорот на ова обвинение Ветениот Месија а.с. изјавил:

„Треба да ни биде јасно дека во поглед на истакнувањето кое е дадено во Чесниот Кур’ан за придржувањето кон вистината и искреноста јас не верувам дека и мал дел од ова е спомнат во Библијата. Чесниот Кур’ан лагата ја прогласил сродна со идолопоклонството и во него се вели:

Затоа, отфрлете ја нечистотијата на идолите и отфрлете ги лагите‘.

Во Чесниот Кур’ан понатаму се вели:

’О, вие кои верувате! Бидете строги во придржувањето кон правдата и сведочете поради Аллах, дури и ако тоа биде против вас или против вашите родители и роднини.‘

Ова е стандардот на вистинољубивоста.“

Ова се стандардите кои се неопходни за верникот. Објаснувајќи го понатаму овој предмет Ветениот Месија а.с. вели:

„Семоќниот Бог рекол дека правдата не може да биде втемелена без вистината. Семоќниот Бог вели:

’Бидете цврсти на Аллаховиот пат, сведочете непристрасно; и немојте непријателството на некој народ да ве наведе да постапувате поинаку освен праведно, тоа е најблиску до богобојазливоста‘.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Многу луѓе можат да покажат љубов кон своите непријатели и со нив да се однесуваат љубезно, меѓутоа, тие ги злоупотребуваат нивните права…“

„На изглед едниот брат покажува љубов кон другиот брат, меѓутоа, тој го мами и под маската на приврзаноста тој ги гуши неговите права.“

Љубовта и приврзаноста им се страни на неискреноста. Не е можно некој да има вистинско сожалување и приврзаност кон друго лице а сепак да ја мами и лаже. Вистинската приврзаност е нешто што се случува со нагон. Накратко, ние треба да се бориме да ги постигнеме таквите стандарди.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„… Вистинскиот верник внимателно се контролира што зборува (тој или таа постојано се воздржуваат да изговорат нешто што не е исправно). Според тоа, контролирајте го својот јазик наместо да дозволите тој да ве контролира вас и да ве води да зборувате премногу и да говорите работи кои не се достојни.“

Да го задржите својот јазик под контрола значи дека со него треба да ’владеете‘ и да  не си дозволите самите на себе да зборувате сè што ви дојде на ум, бидејќи тоа може да доведе до ситуација да зборувате сè и сешто, без оглед на тоа дали тоа е вистина или лага. Таквите работи доведуваат до неред и недоразбирање. Нека Аллах џ.ш. секој од нас не научи  да ги разбереме овие факти.

Друга особина (својство) која треба да ја поседува секој верник со што ќе ја привлече близината на Семоќниот Бог е понизноста и одвратност кон гордоста.

За оние кои се горди Семоќниот Бог вели:

„Не вртете го своето лице од луѓето со гордост и не одете по земјата надуено; навистина, Аллах не ги сака горделивите фалбаџии.“

Ветениот Месија а.с. во неколку прилики ова го споменал во своите пишувања, и во истите давал совети против горделивоста во религиските и во световните работи. Некои луѓе стануваат горделиви после предано извршување на ибадетот или после доживување на вистински соништа.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Пазете! Гордоста потекнува од шејтанот и може да доведе до тоа таа личност исто така да стане шејтан…“

На човекот не може да му биде дадена мудрост доколку не ја отфрли гордоста и не ја прифати понизноста. Причината поради која на човекот не може да му биде дадена мудрост е таа што гордоста е дело на шејтанот кој Бог не го сака.

„… Човекот не смее да покажува гордост во било која негова одлика; било тоа да е за своето познавање и знаење, имотот, независноста (угледот), класата, својот семеен углед или позиција. На човекот не може да му биде дадена мудрост доколку не ја отфрли гордоста и не ја прифати понизноста. Причината поради која на човекот не може да му биде дадена мудрост е таа што гордоста е дело на шејтанот кој Бог не го сака.“

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Ова, всушност, е тајната од случувањата кога некои луѓе му се обратиле на Исус (Иса а.с.) говорејќи: ’О, чесен учителу‘, на што Исус (Иса а.с.) одговорил: ’Зошто вие мене ме нарекувате побожен?‘

Ветениот Месија а.с. вели:

Неукиот денешен христијанин вели дека вистинското значење после оваа изјава е: ’Зошто не ме нарекуваш Бог?‘, иако на нивното прашање Исус (Иса а.с.) одговорил на најфин начин. Тој во целост бил запознаен дека вистинската побожност може да ја даде само Семоќниот Бог.

Што се однесува до тоа да се прочистиме самите себе Ветениот Месија а.с. вели:

„Според моето мислење ова е најдобриот начин за личноста да постигне чистота, иако е можено дека можеби постои подобар начин, а тоа е да не покажувате никаков вид на гордост. Ако некој сака да биде исчистен тогаш не смее да покаже никаков вид на гордост – без оглед на тоа дали се однесува на своето познавање и знаење, семејната состојба или имотот. На човекот секогаш му е потребна небеска светлина. Очите не можат да гледаат доколку нема светлина од сонцето која паѓа од небесата. Слично на тоа, внатрешната светлина ги склонува сите облици на мрак и наместо тоа се развива духовниот сјај на богобојазливоста и чистотата. Јас навистина ви велам дека богобојазливоста, верата, ибадетот и прочистувањето на личноста доаѓа од небесата и сето тоа зависи од милоста на Семоќниот Аллах џ.ш.. Ако Он сака, Он може да направи тоа да остане и исто така Он може да направи тоа да исчезне ако Он сака.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Стекнувањето на вистинското сфаќање (за божественото), всушност, е да го задушите сопственото его и себе си да не си давате никаква важност. И да паднете на прагот пред Семоќниот Аллах џ.ш. со најголема можна понизност и благост, и да ја барате Неговата милост и духовно просветлување која ги сузбива внатрешните страсти на личноста и ја осветлува во внатрешноста, и допринесува силата и љубовта да прават честити дела.“

Со цел човекот да биде ослободен од гордоста неопходно е секоја негова одлука да му ја препише на Семоќниот Аллах џ.ш.. Секоја добра одлика треба да му биде припишана на Семоќниот Аллах џ.ш..

Објаснувајќи понатаму за ова Ветениот Месија а.с. вели:

„Вистина е дека нечистотијата која е родена поради страстите внатре во нас и кои се покажуваат во облик на неморално однесување, гордост, вообразеност итн., не може да биде искоренета доколку се нема милоста на Семоќниот Бог, и овие морални недостатоци (мани) не можат да бидат претворени во пепел додека не бидат запалени со огнот на вистинската проникливост (сфаќање). Кога личноста почнува да ја развива оваа снага на вистинско сфаќање (увид) таа постепено почнува да биде ослободена од недостатокот кој го има во својот морал и однесување и, покрај тоа што има висок углед, таа себе си се смета за ниска … и всушност, почнува да верува дека тоа е само поради милоста на Семоќниот Аллах џ.ш. и Неговата милост, на ист начин како што ѕидот станува светол кога на него паднат сончевите зраци, но сепак, самиот ѕид не може да се гордее поради тоа.“

Зраците од сончевата светлина паѓаат на ѕидот и како резултат на тоа тој станува светол, меѓутоа, самиот ѕид не може да биде горд на тоа дека истото е резултат на неговите сопствени вродени одлики.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Освен тоа, колку што ѕидот е почист оваа светлина е почиста.“

Ако ѕидот е чист и сјаен тогаш светлината која се одбива од него ќе биде уште посветла.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Пратениците никогаш на себе не си препишуваат било какви способности или снага. Тие тоа го примаат од Бог и само го прогласуваат Неговото име.“

Според тоа, ако ова е состојбата (понизноста) на оние кои му биле многу драги на Семоќниот Бог, тогаш кој степен на понизност треба да го покажуваат обичните Ахмади муслимани и колку треба самите себе да се понижат поради понизноста за да ги заслужат придобивките од Семоќниот Аллах џ.ш. за Неговите благослови?

Гордоста доведува до духовна смрт и личноста станува оддалечена од Семоќниот Бог.

Објаснувајќи за гордоста Ветениот Месија а.с. вели:

„Јас сигурно знам дека оваа болест е многу полоша од убиството. Гордата личност му станува брат на шејтанот затоа што гордоста е причина за уништување според шејтанот. Затоа, еден од условите за верникот е да не смее да има никаква гордост, односно, треба да биде понизен, скромен и благ и ова се карактеристиките на вистинскиот пратеник на Семоќниот Аллах џ.ш..“

Советувајќи ја Заедницата во поглед на овие работи Ветениот Месија а.с. вели:

„Гордоста се раширила насекаде во светот. Улемата (зналците) паднаа на жртвата да се прават важни поради своето знаење и стануваат горди … “

Затоа, на вас останува обврската да се концентрирате на вистинско подобрување. Ако Семоќниот Аллах џ.ш. го сака ова од оваа Заедница тогаш членовите на Заедницата треба да обрнат внимание на вистинското подобрување.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Вие треба да се концентрирате на вистинско подобрување онака како што не учел Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..“

Нека Аллах џ.ш. не научи да ги оставаме по настрана неморалните дела и во себе да всадиме добар морал преку следењето на суннетите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Нека нашите достигнувања на вистинољубивоста бидат оние кои ќе ни ја подарат близината на Семоќниот Бог и ќе не научат да ја посвоиме понизноста која му се допаѓа на Семоќниот Бог. Да станеме онакви членови на Заедницата какви што од нас Ветениот Месија а.с. очекува да бидеме.