In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Делувањето на мисионерите и на вршителите на должност

Денес Хузур а.т.б.а. својата хутба ја изврши со голема  вдахновеност и со вера за значењето на мисионерите и на оние кои животот го посветуваат на верата, како и за потребата од разбирање помеѓу мисионерите и вршителите на должност кои како животна потреба треба да одат рака под рака и да помогнат во заедничките напори за напредокот на Џемаатот.

Хузур а.т.б.а. рече дека со Аллаховата милост Ахмадија џемаатот е основан во неколку држави во светот. Мисионерите своето школување го завршуваат овде и потоа им се доделуваат различни задачи за извршување. На почетокот Ахмадија џемаатот постоел само во Кадијана и во Рабва.

Во последните неколку дена е одржан заеднички состанок со студентите на Џамија Ахмадија во Велика Британија и на Џамија Ахмадија во Канада. Овие дипломати избрале своите животи да ги посветат на служењето на верата, без оглед што одраснале на Западот. Повеќето од нив, ако не и сите, се дел од вакф-е-нау програмата.

Освен во Рабва и во Кадијана, Џамија Ахмадија се воспоставени и во Велика Британија и во Германија каде студентите од европските држави имаат прилика да студираат. Понатаму, Џамија Ахмадија во Канада е службено призната како образовна институција и како резултат на тоа и студентите од други држави можат да се школуваат на таа институција. Организирана е и Џамија Ахмадија во Гана, каде оваа година Шахид (завршна година) генерацијата ќе дипломира. Оформени се и Џамија Ахмадија во Бангладеш и Џамија Ахмадија во Индонезија кои се проширени со Шахид курс (потребно е школувањето да се заврши во рок од 7 години за да се стане мисионер).

Кога овие млади мисионери ја започнуваат работата на теренот тие во своите умови имаат одредени прашања поради кои мора овде да се обратат и вршителите на должност треба да разберат дека за нив е важно да работат во хармонија, односно мисионерите и вршителите на должност треба да соработуваат едни со други, посебно  претседателите и Амирите  (националните претседатели).

Понекогаш може да дојде до несогласувања кои можат да предизвикаат напнатост помеѓу двете страни. Може да се случи мисионерот да согледа одреден аспект од морална точка на гледиште и да посака да спроведе програма во своите места, а наспроти тоа Садр (претседателот на локална заедница) со тоа да не се согласи. Или, може да се случи поради друг мандат Садр да смета дека неговите планови се исправни и мисионерот да треба и мора да работи според неговата наредба. Може да се случи тој на состанокот непримерно да побара одговори од мисионерот. Можно е на мисионерот да не му се допадне неговото однесување и да му одговори дрско. Меѓутоа, јас сакам да ги потсетам мисионерите дека секогаш треба да им бидат послушни на оние кои имаат авторитет над нив, и дека мора да покажат висок стандард на послушност така што ќе премолчат. Во исто време сакам да им се обратам на Садрам и Умарахам и да ги потсетам дека имаат одговорност да покажат почит и да се погрижат другите луѓе да покажуваат почит кон мисионерите. Треба заедно да работат како една личност и тоа исправно и побожно. Во малите неразбирања помеѓу претседателите и мисионерите и вршителите на должност се појавува шејтанот кој влегува во судир и настојува околу сите да ги наруши темелите на праведноста.

Ветениот Месија а.с рекол дека ниту една заедница не може да опстане доколку секогаш се обидува да предизвикува и да наоѓа грешки меѓу себе. Тој рекол дека треба да станеме една личност, бидејќи нашата сила лежи во заедницата. И мораме да го зголемиме нашето ниво на моралност кое може да се постигне со ширење на љубов, братство и сочувство.

Хзур а.т.б.а. рече дека мисионерите и вршителите на должност треба да имаат навика да ги покриваат туѓите грешки, да покажуваат милост и проштавање и да бидат пример во тоа. Тие не треба да се лутат на малите работи и да развиваат лоши чувства кои произлегуваат како резултат на тоа.

Хузур а.т.б.а. разјасни дека со овие примери тој не заклучува дека, не дај Боже, постојат генерално раширени судири во Џемаатот помеѓу мисионерите, претседателите и Амирите. Тоа воопшто не е случај. Постојат само неколку такви случаи кои му биле укажани на Хузур а.т.б.а..

Хузур а.т.б.а. рече дека причината поради која ја нагласува оваа работа е претседателите и Амирите, како и мисионерите, да го  сфатат огромниот обем и значење на нивните задачи. И, ако се случи некакво недоразбирање меѓу нив тие веднаш ќе знаат како да го решат. На крајот, треба да разберат дека имаат заедничка цел и потреба да работат заедно за да ги исполнат одговорностите и да помогнат во реформата на членовите на Џемаатот.

Како што Ветениот Месија а.с. еднаш кажал, работата која може да биде завршена со две раце никогаш не може да биде повторена само со една рака. Нашиот успех се наоѓа во меѓусебната соработка и во заедничката работа кон иста цел. Што може една личност да направи во световните или во религиозните прашања во споредба со една голема заедница, која работи рака под рака за да ги достигне заедничките цели?

Ниту Амирот треба да дава наредби согласно на своите желби, ниту мисионерот своите гледишта треба да ги наметнува како неприкосновено точни. Улогата на мисионерот е да помогне во обучувањето и реформата на Џемаатот, така што нивото на праведност на мисионерот треба да биде поголемо од нивото на следбениците. Поставувањето на овој стандард природно ќе создаде ниво на почит кон мисионерите помеѓу останатите членови. Амирот, со оглед на тоа дека е на чело на управата во својата држава, има задача во системот и во управата да овозможи сè да тече глатко и тој е претставник на Халифата. Амирот, претседателите и мисионерите за да ја постигнат оваа цел мора заедно да работат под обединета платформа.

Хузур а.т.б.а. рече дека повторно ќе повтори оти обврска на сите Амири, претседатели и вршители на должност е лично да покажат почит и во Џемаатот да всадат почит кон сите мисионери и кон оние кои животот го посветиле на служењето на религијата (вакф-е-зинадаги). Ова исто така ќе ја вдахне младината да посака својот живот да го посвети на служењето на верата. Навистина, личноста го посветува животот или станува мисионер само поради Божјото задоволство. Меѓутоа, понекогаш децата и младите треба да имаат видлив потстрек кој ќе ги вдахне за на почетокот да преземат постепени чекори за посветување на целиот свој живот. Кога еднаш ќе ја разберат вистинската цел на посветувањето на својот живот тогаш ќе можат постигнат духовен напредок и ќе го отфрлат материјализмот.

Сите Амири, претседатели и вршители на должност заедно со мисионерите и оние кои животот го посветиле на служењето на верата треба да се однесуваат со крајна понизност и соработка што ќе ја олесни нашата задача за добивање на нови мисионери. Нам ни се потребни многу повеќе нови мисионери и оние кои животот го посветуваат на служењето на религијата и затоа итно во срцата на сите мораме да ја втемелиме почитта кон нив.

Хузур а.т.б.а. рече дека сака да им се обрати на сите млади кои животот го посветиле на служењето на религијата и на мисионерите кои моментално и служат, за да им каже дека без оглед дали светот им покажува почит или не, било тоа да е Амирот, претседателот или вршителот на должност или било кој член на Џемаатот, тие во секој случај треба да го исполнат заветот за жртвување кој му го дале на Семоќниот Аллах џ.ш.. Мисионерите за сите свои проблеми треба да погледнат во Бог а не на светот. Ако некој вршител на должност според нив не се однесува како што треба тогаш наместо тоа да го кажува на други луѓе, мисионерот своите проблеми преку дови треба да ги поднесе на Бог. Мисионерот не треба да се грижи за луѓето (за нивното мислење) туку всушност едноставно треба да му се моли на Бог. Навистина, оние кои животот го посветиле на служењето на религијата целиот живот ќе служат во Џемаатот, додека вршителите на должност се избрани за краток период. Кога вршителот на должност своите должности не ги извршува како што треба и само создава проблеми, одговорот на мисионерот треба да се довите кои ќе му помогнат на вршителот на должност да оди по исправниот пат или пак Семоќниот Бог да го ослободи од таква функција.

Хузур а.т.б.а. им се обрати на мисионерите и на вршителите на должност и рече дека ако очекуваат од членовите да се воздржуваат од лошиот говор за вршителите на должност, тогаш мисионерите и вршителите на должност прво треба да се потрудат озборувањето да не се случува во нивните сопствени домови.

Сите вршители на должност, посебно претседателите и националните претседатели, секогаш кон членовите на Џемаатот треба да се однесуваат со голема љубов и наклонетост. Тие мора да запомнат  дека ова служење е само поради благословите на Семоќниот Аллах џ.ш. и дека тие немаат никакво неприкосновено право на тоа. Затоа, со најголема понизност мора да ја исполнат оваа доверба која Халифата на времето им ја дал. Според хадисот, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. секогаш со насмевка ги поздравувал луѓето, и затоа тој благороден пример на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. секогаш треба да го имаме на ум.

Одредени луѓе приговараат дека нивните предмети биваат пратени во Џемаатот но поминуваат и месеци додека не примат извештај за текот и решавањето на предметот. Хузур а.т.б.а. рече дека и претходно било спомнато како работите не треба да се развлекуваат и дека треба што побрзо да се решаваат. Ако одреден случај бара повеќе време тогаш страните на кои тоа се однесува треба да бидат известени за текот на работата и треба да се потврди приемот на нивната жалба или нивното прашање.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не потсетил дека ниедна постапка на доблест не смееме да ја сметаме за безначајна бидејќи дури и отворениот и великодушен поздрав кон некој е честито дело. Ако вршителите на должност им се обраќаат на членовите на Џемаатот со насмевка и великодушно самото тоа може да ублажи половина од нивните жалби. Секоја постапка и одлука на вршителот на должност треба да биде донесена додека влева страв од Аллах џ.ш. со понизност и исполнување на барањата за правдина. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во една друга прилика рекол дека на Судниот ден праведниот владар ќе биде најомилен и најблизок кај Семоќниот Бог а неправедниот владар ќе биде најлош во очите на Семоќниот Бог и ќе биде чуван далеку од Него.

Според тоа, вршители на должност мора да ја исполнат својата должност и тоа исто така вреди и за сите помошни организации. Причина поради која хазрети Муслех Мауд р.а. ги основал овие помошни организации било за да се стаса до секој член на Џемаатот. Националниот Амир, локалните претседатели и помошните организации треба да соработуваат и тоа ќе го зголеми вкупниот напредок на Џемаатот.

Вршителите на должност треба да покажат крајна храброст и срченост, и дури ѝ да е изнесен приговор против нив тие не смеат да настојуваат да се светат туку наместо тоа треба да се оценат самите себе дали таа мана (недостаток) се наоѓа кај нив или не и да се подобрат. Ова исто така доаѓа под барањата на правда и чесност.

Секој член на Џемаатот исто така треба да настојува да го зголеми своето ниво на богобојазливост (Таква) и да бидат подучени да помагаат еден на друг во богобојазливоста и побожноста. Тие себе треба да се проценат во поглед на својата богобојазливост и побожност. Секој член на Џемаатот мора да ги исполни своите должности во поглед на послушноста бидејќи нивните примери на послушност не само што нив ќе ги оспособи да ја засилат својата врска со Џемаатот туку исто така ќе ги оспособи и нивните потомци да останат врзани за Џемаатот. Ако нивото на богобојазливост и побожност на идните генерации биде високо тогаш природно е и идните вршители на должност да имаат високи стандарди на богобојазливост и побожност.

Според тоа, членовите на Џемаатот треба во срцата да ја всадат наредбата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како и во срцата на своите деца дека мора да покажуваат послушност без оглед на околностите. Поединецот секогаш мора да го моли Семоќниот Аллах џ.ш. да одреди такви вршители на должност кои кон нив ќе се однесуваат со љубов и наклонетости и ќе прават дови за нив, а и тие исто така ќе ги сакаат и ќе прават дови за нив. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во една прилика рекол дека Аллах џ.ш. ќе ја даде Својата милост на Судниот ден на оние кои се сакаат меѓусебно поради Него.

Хузур а.т.б.а. го молеше Аллах џ.ш. секој од нас да го оспособи да ги исполни своите должности кои му се зададени по придружувањето на Џемаатот, верниот поклоник на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и да живеат според очекувањата кои тој ги имал. Ветениот Месија а.с. еднаш рекол дека Семоќниот Аллах џ.ш. сака да создаде Џемаат кој ќе биде пример за побожност и богобојазливост. Нивниот степен на вистинољубивост и понизност мора да биде исклучително висок и тие треба да бидат со чиста нарав и да избегнуваат собири каде луѓето се исмејуваат еден со друг. Нека Семоќниот Аллах џ.ш. го оспособи секој член да постапува на овој начин и да стане примател на милоста на Семоќниот Аллах џ.ш..