In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Екстремизмот и прогонот над Ахмади муслиманите

Денес во светот можеме да забележиме дека се зголемува присутноста на политичките партии на десницата и националистите. Истото тоа го коментираат и стручњаците и аналитичарите и доаѓаат до заклучок дека сето тоа се случува бидејќи партиите на левицата не се доволно строги во своите политики кои се однесуваат на емигрантите. Се наведуваат и други различни причини за таквата ситуација но сепак на крајот сите овие проблеми се сведуваат на тоа да се забрани влезот на муслиманите во нивните држави. Тие изјавуваат дека муслиманите не се трудат да се вклопат во општеството и дека можат да живеат во нивните држави само доколку се одрекнат од своите верски активности и обичаи и ги усвојат нивните вредности и традиции. Ако не се одрекнат од своите учења тоа значи дека тие не сакаат да се интегрираат во општеството. Тие мислат дека со изградбата на минарета, со носењето на марами и со тоа да не се ракуваат со претставници од спротивниот пол муслиманите претставуваат закана за нивниот начин на живеење. Тие мислат дека религијата ислам преставува сериозна закана и силно се трудат да го докажат тоа тврдење со тоа што ја наведуваат моменталната состојбата во некои муслимански држави во кои преовладуваат тероризмот и безредието. Иако поголемиот дел од работите и констатациите доаѓаат чисто од нивното спротивставување на исламот сепак тие со тоа наведување на примерите за моменталната состојба во некои муслимански земји и за делата на тероризам кој го спроведуваат муслиманите не помислуваат дека тие групи на бунтовници се поддржани од страна на Западните сили.

Жално е кога муслиманите претрпат некои загуби, и тоа најчесто се случува поради нивните болни пракси, незнаења и неупатеност во правите учења на исламот. Наместо да ги подобрат своите духовни состојби и да ги следат упатствата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (нека е мир на него) тие и дале предност на својата алчност за секојдневните задоволства. Улемата (зналците) дополнително ги завеле муслиманите, бидејќи наместо да ја прифатат личноста за која Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. најавил дека ќе се појави во подоцнежното доба и која ќе ја оживее верата на муслиманите, тие го зголемиле своето спротивставување кон него.

На пример, во Алжир е многу силно спротивставувањето против Џемаатот и Ахмади муслиманите се затвараат само поради тоа што го прифатиле Имамот на своето доба. Моментално преку 200 Ахмади муслимани се наоѓаат по затворите во Алжир но и покрај суровостите кои се применуваат на нив тие остануваат цврсти и силни во својата вера.

Оние кои ги спроведуваат таквите работи треба да имаат на ум дека Возвишениот Аллах џ.ш. ја гледа нивната неправда и суровост и тој ги слуша молитвите на оние кои се малтретирани во затворите. И кога Он ќе го прогласи Својот суд тогаш тие луѓе ќе доживеат пропаст на овој свет и на Ахирет.

Овие луѓе би требало да се замислат над моменталната состојба на исламот против кој се подигаат разни приговори и обвиненија. Дали исламот нема доволно силни аргументи и докази да воспостави супериорност на неговите учења? Дали тие мислат дека исламот ќе се шири преку убивање на луѓе од другите вери? Ако е тоа она во што тие веруваат, што е очигледно од делувањето на улемата, тогаш тие луѓе ги одбиваат наредбите на Возвишениот Аллах џ.ш. и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Моменталната состојба на муслиманите е многу страшна. Покрај тоа од една страна се наоѓа таканаречената улема и екстремистичките организации кои прават немири и нереди во името на исламот. Од друга страна тука се тие муслимани кои се оддалечиле од своите сопствени учења, и оние кои потпаднале на влијанието на Западот и кои стравуваат да ги изразат убавите учења на исламот. Наместо тоа тие без приговор се согласуваат со она што други луѓе го кажуваат или даваат потполно погрешна интерпретација на исламските учења со цел да ги задоволат на другите. На тој начин муслиманите кои го одбиваат оној кој го пратил Возвишениот Аллах џ.ш. всушност ги одбиваат наредбите Возвишениот Аллах џ.ш. и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Оние кои му се спротивставуваат на Џемаатот немаат никакви аргументи и едноставно посегнуваат по вербално злоупотребување. Противниците ќе продолжат да спроведуваат суровости и терори против Ахмади муслиманите, и оние кои се оддалечиле од верата покасно ќе почнат да се противат на заедницата, кога ќе дојде ред да се зборува за нивните болни активности кои ги практикувале во името на слободата. Дали Ахмади муслиманите во такви околности можат да станат плашливи и ќе бидат согласни со тоа што другите го кажуваат?

Ако одговорот е позитивен тогаш кои се придобивките од давањето на Баи’ат (завет на верност)?

Ветениот Месија а.с. на својот Џемаат му рекол дека мора да бидат послушни на наредбите на Возвишениот Аллах џ.ш., дека треба да го следат примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., дека никогаш не треба да ја изгубат верата ниту да прават било каков неред на Земјата.

Ние исто така на целиот свет мора да му ја пренесеме прекрасната порака на исламот. За да можеме да го исполниме тоа Ветениот Месија а.с. кажува дека Возвишениот Аллах џ.ш. дал упати во Чесниот Кур’ан:

„Повикувај кон Аллаховиот пат со голема мудрост и сјајно охрабрување, и разговарај со Него на најдобар начин.“

На тој начин личноста треба да користи уверливи аргументи за да може да ги докаже искрените и прекрасните учења на исламот наместо да го крева мечот, како што тоа го прават улемите и екстремистите.

Одредени болни пракси кои религијата ги смета за незаконити и грешни дела на големо се шират во некои развиени земји, а законите во тие државите истите активности ги штитат.

Ако другата страна во однос на тоа што ние имаме да го кажеме во врска со тие активности почне да се навредува и лути, во тој случај ние треба да се повлечеме и да престанеме да зборуваме против тоа и едноставно да се оддалечиме со селам, бидејќи тоа е најмудро да се направи во такви ситуации. Меѓутоа, ако некој се уплаши од нив, потпадне под нивно влијание и се согласи со она што тие го кажуваат и тврдат, тогаш тоа во целост ќе биде погрешно и таа личност ќе биде вовлечена во грев.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Разговарај со нив на најдобар начин “,

што не значи дека покажуваме слабост во верата, туку на тој начин ги пренесуваме исправните учења на исламот без создавање на било какви непријатности и нереди. Така, мумин (верникот) треба да биде свесен за разликата помеѓу покажувањето на кукавичлук и покажување на мудрост. Праксите кои исламот ги смета за незаконити мора да бидат прогласени за незаконити, но во исто време не треба да го земаме законот во свои раце и да создаваме непријатности и нереди.

Објаснувајќи го ова Ветениот Месија а.с. рекол дека некои неуки муслимански свештеници мислат дека џихад значи оти исламот ќе се шири низ светот со сабја. Ова е потполно погрешен поим и Чесниот Кур’ан не смее да биде критикуван и крив за нивните погрешни постапки.

Семоќниот Аллах џ.ш. на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му наредил да покаже поголемо трпение од заедничкото трпение кое го покажале сите претходни пратеници. Нему му е кажано дека во религијата нема принуда и дека луѓето треба да се повикаат на патот кон својот Господар со мудрост и со убави совети (да бидат поттикнати). Семоќниот Аллах џ.ш. го советувал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да ја потисне својата лутина и да им прости на оние кои делувале сурово и биле неправедни кон него.

Според тоа, како таков Бог може да донесе учење во кое се кажува дека неверниците треба да бидат убиени?

Другите муслимани не ги практикуваат вистинските учења на исламот бидејќи немаат желба да ја шират пораката на исламот, или како што рекол Ветениот Месија а.с., оваа идеја и пракса примила корени поради будалестите и неуки свештеници.

Меѓутоа, ние мораме да ја унапредуваме вистинската порака на исламот и на муслиманите и на не-муслиманите. Секој Ахмади муслиман мора да посвети посебно внимание на тоа. Оние муслимански групи кои некогаш имале и поддржувале такви екстремистички мислења сега почнале да ги практикуваат и спроведуваат своите суровости. Во такви околности одговорноста на однесувањето на еден Ахмади муслиман како пример наголемо се зголемува.

Ветениот Месија а.с. кажува дека секоја личност која е груба и која покажува лутина не може со својот јазик да изговори паметни и мудри зборови. Срцето кое е обвиено со лутина и брзо ја губи контролата е лишени од мудрите нешта.

Овие работи се очигледно изразени кај верските водачи кои нам ни се спротивставуваат. И исто така, кога еден Ахмади муслиман ги пренесува вистинските и мирољубивите учења на исламот во светот, тогаш противниците на исламот секогаш се подготвени да кажат: ’Иако вие ја проповедате оваа порака другите муслимани вас не ве сметаат за вистински муслимани – како тогаш вие можете да се сметате за предавници на исламот?‘ Затоа, од тие причини секој Ахмади муслиман мора да увиди дека неговите активности и одговорности многупати се зголемиле.

Кога ја пренесуваме пораката треба да ја имаме на ум мудроста на хазрети Алија р.а.. Тој рекол дека во одредено време и во одредени ситуации срцето е отворено и наклонето да слуша нешто и да послуша а во некои околности и прилики нè. Затоа треба да се влезе во срцата на луѓето земајќи го ова во предвид и треба да се процени ситуацијата дали личноста е желна да го слуша она што вие сакате да го кажете. Затоа, ние треба да ја прифатиме и да ја практикуваме оваа неоспорна мудрост.

Ветениот Месија а.с. од почеток го упатувал и водел Џемаатот по тој пат и рекол дека секоја личност треба да се замисли над она што сака да го каже и тоа треба да биде концизно. Од влегувањето во долги расправи и длабоки дискусии нема никаква корист. Своето мислење треба да го изнесете концизно со неколку зборови кои задираат право во увото и ако се покаже прилика во иднина тоа што е кажано да може да се објасни. Меѓутоа, ова единствено е можно кога постојано контактирате со Него.

Оние кои и се спротивставуваат на верата настојуваат да го провоцираат и предизвикуваат Божјиот закон и во името на слободата своето лошо однесување да го отсликуваат како морално. Меѓутоа, ние мора да им одговориме со мудрост и да останеме постојано во контакт со Него.

Во денешно време спротивставувањата против исламот ја достигнуваат таа мерка што во Австралија има луѓе и постои иницијатива која вели дека муслиманите кои не се ракуваат со спротивниот пол треба да бидат протерани од земјата. На овие провокации Ахмади муслиманите треба да одговорат со мудрост.

Слично на тоа, и во други земји се изразуваат слични чувства и мислења. Всушност, во Холандија еден политичар рекол дека сите муслимани треба да бидат протерани, односно сите муслимани да бидат вратени во своите земји од каде потекнуваат. И претседателот на Соединетите Американски Држави сака да забрани влез на муслимани од одредени земји.

Хузур а.т.б.а. рече дека иако зад таквите случувања стојат анти-исламски движења во тоа им помагаат и некои муслимански групи, но сепак тоа се должи и на тоа што голем дел од луѓето не се запознаени со вистинските учења на исламот.

Хузур а.т.б.а. им наложи на сите Џемаати кои имаат значаен број на членови на Заедницата да организираат програми во кои би ги преставиле мирољубивите учења и пораката на исламот на начин кој ќе остави длабок и траен впечаток. Само Ахмади заедницата може да организира таков вид на настани бидејќи оваа задача им е доделена на оние кои го следат Ветениот Месија а.с..

Хузур а.т.б.а. пренесе извадок од пишувањата на Ветениот Месија а.с. во кое се наведува:

„Не е важно колку жестоко лагата и се спротивставува на вистината, потполната вистина секогаш ќе ја има врховната власт.“

Хузур а.т.б.а. рече дека кога и Ахмади муслиманите да се соочуваат со спротивставувања и негирања ние сме сведоци дека ова ни дава прилика да го преставиме Џемаатот во најдобро светло.

Во Алжир нашите напори да ја шириме пораката на Ахмадијатот и да го преставиме ветениот Месија а.с. не ги дадоа истите резултати како што ги дадоа овие судски процеси и парници. Слично на тоа, во земјите кои не се муслимански, каде и да се негуваат и протежираат против исламски чувства, Џемаатот треба да прави поголеми напори да ја истакне мирољубивата порака на исламот.

Нека Семоќниот Аллах џ.ш. ни даде прилика своите животи да ги живееме во склад со ова и да станеме примери за вистински муслимани.

Хузур а.т.б.а. најави дека после џума намаз ќе клања џеназа за три личности чии тела не се присутни.

Првата џеназа се однесува за маулви Хакеем Мухаммед Дин сахиб од Кадијана, кој бил син на Азиз-удз-Дин сахиб. Починал на 15 март 2017 година на возраст од  97 години. Му припаѓаме на Аллах и Нему ќе му се вратиме. Неговиот дедо по татко бил хазрети Хакеем маулви Вазеер-уд-Дин сахиб кој бил помеѓу 313 асхаби кои Ветениот Месија а.с. ги спомнал во своите книги: Аина Камалат-е-ислам и додатокот Анјаам-е-Атхам. Неговиот дедо по татко бил учител во училиштето во Кингра кое за некое чудо не било погодено од земјотресот во Кангри во 1905 година – земјотрес кој претходно го претскажал Ветениот Месија а.с..

Хакеем Мухаммед Дин сахиб е роден 1920 година во Мукериан, место кое се наоѓа во областа Хосхиарпур. Првото образование го завршил во Кадијана и се стекнал со Мунсхи Фазал диплома (виш степен на образование пред универзитетот) и после тоа отишол да студира медицина. Од 1939 до 1944 година служел во одделението на железницата како помошник директор на станицата. По започнувањето на програмата за посветување на животот во служење на религијата која ја организирал хазрети Муслех Мауд р.а., Хакеем сахиб во 1943 година поднел молба до организацијата да го посвети својот живот на религијата, меѓутоа хазрети Муслех Мауд р.а. го советувал да продолжи да ја работи работата со која се бави. Сепак, после извесен период хазрети Муслех Мауд р.а. ја прифатил неговата молба  и му одредил должност, мисионер во Бомбај. После тој период следните 25 години имал можност да служи во разни служби. Во 1972 година се вратил во Кадијана и на почетокот бил одреден за учител во Медреса Ахмадија, а после тоа следните 12 години бил директор на Медреса Ахмадија во Кадијана. Служел како директор на одборот на кадии, бил претседател на Мајлис Ансаруллах во Индија, бил член а подоцна и претседател на Мајлис Карпурдаса. Ја извршувал и должноста на назим, Вакф-е-џадид програмата, а од 2011 до 2014 година имал прилика да служи како претседател на Анјуман Ахмадија. Имал прилика и да изврши хаџ.

Бил несебична личност и служел во разни служби со крајна понизност.

Нека Аллах џ.ш. ја воздигне неговата положба и нека ги оспособи неговите деца да му служат на Ахмадија Џемаатот со верност и искреност.

Втората џеназа се однесува на Фазал Илахи Анвари сахиб, кој бил син на Мастер Имам Али сахиб. Умрел во Германија на 4 март 2017 година на возраст од 90 години. Роден е во Бера на 16 април 1927 година. Во 1946 година го положил ФС испитот на Та’леем-ул-ислам колеџот во Кадијана. Во 1947 својот живот го посветил на служење на верата и после тоа во 1950 година се стекнал со БС диплома на владиниот колеџ во Лахор. Во 1951 година бил примен во Јамаит-ул-Мубасхиреен (образование во траење од пет години за обука на мисионери).

Во 1956 година бил пратен како мисионер во Гана каде служел до 1960 година. Од 1960 до 1964 година служел како учител во Џамија Ахмадија во Рабва. Од 1964 до 1967 година служел како мисионер во Западна Германија, а во 1968 година бил пратен во Нигерија каде останал до 1972 година. Во 1972 година повторно се вратил во Западна Германија и таму останал се до 1977 година. Во 1982 година бил пратен како мисионер во Гамбија. Во 1983 година бил преместен во Нигерија и таму служел до 1986 година, а после тоа бил поставен за учител во Џамија Ахмадија во Рабва каде работел до 1988 година. Во 1988 година се пензионирал и се преселил во Западна Германија. Во текот на немирите 1974 година многу му помогнал на Џемаатот со тоа што овозможил голем број на Ахмади муслимани да се доселат во Западна Германија.

Нека Аллах џ.ш. ја воздигне положбата на починатиот и нека ги оспособи неговите потомци да ги продолжат неговите честити дела.

Третата џеназа се однесува на Ибрахим бин Абдуллах угзул сахиб, кој е татко на Јамал Угзул сахиб од Мароко. Умрел на 10 март 2017 година на возраст од 81 година. На Аллах џ.ш. му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Завет на баи’ат дал во 2000 година. Неговата жена Ахмадијатот го прифатила пред него и го охрабрувала да даде завет на баи’ат. Редовно ја гледал МТА. Бил редовен во извршувањето на петте дневни намази и чувствувал голема љубов кон Чесниот Кур’ан. Бил сочувствителен и добродушен кон своето семејство и ја чувал својата поширока фамилија заедно. Гостопримството било негов посебен атрибут и секогаш со добредојде и задоволство ги пречекувал своите гости, колеги членови на Ахмадија Џемаатот. Бил познат поради својата искреност уште од млади години. Кога како млад за прв пат бил вработен газдата стекнал голема доверба во него и му ја доверил целата трговска стока и капитал, на изненадување на другите работници. Во последните денови од животот иако бил болен тој постојано се распрашувал  за намазите.

Нека Аллах џ.ш. ја воздигне положбата на починатиот и им подари цврстина на сите оние кои останале после него и нека ги оспособи да останат поврзани за Халифатот.