In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Искреност, правда и добра совест

Денешната хутба Халифа-тул Месих V ја изврши на 25 ноември 2016 година во Баит-ул Футух џамијата во Лондон. После ташахуд и сура Ал Фатиха, Хузур го проучи следниот ајет од Чесниот Кур’ан:

„О верници! Бидете строги во чувањето на правдата; сведочете во името на Аллах дури и ако тоа биде против вас, или родителите или блиските роднини. Било да е тој богат или сиромашен Аллах најдобро се грижи и за двајцата. Затоа не следете ги своите ниски желби па да бидете неправедни. А, ако ја превртувате или избегнувате (вистината), Аллах е добро информиран за она што вие го правите.“

(4:136)

Потоа Хузур продолжи: Ние на светот му говориме дека исламското учење е решение за проблемите во светот. Поради тоа ние го претставуваме учењето на Чесниот Кур’ан. Во текот на мојата посета во Канада еден новинар ме праша какво решение ние нудиме за моменталните светски проблеми. Јас му одговорив: „Вие, светските луѓе и големите глобални сили сами си ги исцрпевте вашите напори за решавање на проблемите, воспоставувањето на мирот и запирањето на тероризмот. Проблемите се уште се тука на истото место. Ако се смири на едно место огнот се разгорува на друго место. Ви пробате да го доведете тоа под контрола но немирите повторно се појавуваат на првото место. Користени се сите материјалистички начини за да се сопрат овие конфликти. Постои само уште еден начин кој воопшто не е пробан. А тоа решение се гледа во светлината на исламското учење.“

Тие тоа го премолчуваат. Ние исто така сме сведоци дека за жал и исламски земји зборуваат за исламот но не делуваат или барем не се трудат да делуваат во согласност со Божјите учења, со она што исламот го сака, со праксата која ја воспоставил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Резултат на тоа е што најбурни ситуации всушност се случуваат во исламските земји. Што може да биде по жално од тоа?

Досега ниту еден новинар директно не ми рекол дека ако овие упатства се стават во пракса тогаш исламските држави би требало да се реформираат. Овие прашања можат да се појават во нивните мисли и можеби веќе се присутни во нивните мисли. Затоа, во моите говори пред другите јас ги преставувам лицата на овие моќи, после спомнувањето на ситуацијата во која се наоѓаат муслиманите.

И пред интервјуто со овој новинар и други претходни интервјуа сум кажал дека тоа што муслиманите не делуваат според нив е доказ за вистината на исламот и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. јасно рекол дека муслиманите во еден период ќе се наоѓаат во таква состојба, дека ќе го заборават исламското учење и ќе им дадат предност на нивните лични желби и интереси. И во време на таквата состојба ќе биде роден неговиот искрен слуга. Неговото доаѓање е спомнато во Чесниот Кур’ан и знаците за неговото доаѓање се наведени во Чесниот Кур’ан и јасно се објаснети од страна на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

И, наместо да бидат загрижени тоа преставува среќа за Ахмади муслиманите. Тоа е состојба на задоволство кај муслиманите како што рекол Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и посебната состојба на зналците која тој ја предвидел се остварила и ние станавме сведоци на сето тоа.

Дури и не-ахмади муслиманите почнале да зборуваат за тоа и да го дигаат својот глас против своите зналци. Иако гласовите биле стивнати ние Ахмади муслиманите сме среќни бидејќи сме вклучени меѓу избраните кои ќе го докажат другиот дел од пророштвото и сме меѓу оние кои веруваат во оној кого Бог го пратил и кој е верен слуга на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. – Ветениот Месија и Мехди а.с.. Преку него почнала ренесансата на исламот. Но, дали самото спомнување на тоа ќе доведе до тоа да ја исполниме нашата цел? Ова е прашање над кое треба да се замислиме!

Ајетот кој го проучив сум го спомнувал многу пати во моите говори и обраќања кон другите. Зборував дека исламот говори за почитување на правдата и еднаквоста и стандардот кој сакаме да го воспоставиме се спомнува во овој ајет. Многу луѓе се силно импресионирани од тоа. За тоа зборуваат и во своите канцеларии. Но, нашата работа не е академски да ги импресионираме. За да ја продолжиме мисијата на Ветениот Месија а.с. мораме преку делата да покажеме практични примери на налозите од Чесниот Кур’ан. Ние немаме влада на која можеме да и ги покажеме примерите на овие наредби на државно ниво. Ако Бог даде, кога ќе дојде тоа време ние ќе мораме на повисоко ниво да ги насликаме овие примери. Но моментално, овие примери мораме да ги воспоставиме во заедницата и на општествените нивоа. Светот може да не испрашува иако немаме надлежност за управување, но сепак имаме заеднички став. Вие сте заедница, вие тврдите дека станувате и седнувате на една наредба. Можете да комуницирате за економските и општествените прашања. Дали склопувате договор во согласност со договорите за правда и искреност?

На почетокот на овој ајет Бог го употребил зборот ’правдам‘ и на друго место зборот ’еднаквост‘, што значи дека потполната правда и високиот морален стандард мора да биде јасен во поглед на било какви предрасуди и дека мора да се работи без влијание и наклонување кон едната страна. Сега, сите ние треба да испитаме дали, ако сакаме да направиме нешто, ги имаме во предвид овие прашања. Дали сме подготвени да сведочиме против себе за да ги одржиме овие стандарди? Дали сме подготвени да сведочиме против нашите роднини за да ги воспоставиме овие норми? Кога кажувам ’роднини‘ најпрво мислам на децата. Имаме ли храброст да ги задушиме желбите за да ги постигнеме овие норми? Можеме ли практично да го докажеме тоа? Ова не се безначајни работи.

Во ова доба, искрениот слуга на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги покажал овие норми. Се пренесува дека кога неговиот татко бил сопственик на тоа подрачје во Кадијана започнала семејна караница со работниците на фармата и говорејќи ја вистината во корист на работниците тој не се грижел за финансиската загуба на семејството. Иако работниците на фармата знаеле дека и тој има дел од наследството, од судот барале одлуката да ја донесе врз основа на неговата изјава бидејќи знаеле дека тој секогаш ќе сведочи вистинито и праведно. Така тој сведочел во нивна корист. Тој сакал да воспостави таков стандард меѓу своите следбеници бидејќи сакал да создаде заедница која ќе делува според наредбите на Чесниот Кур‘ан, и чии добри дела ќе бидат на високо ниво. Затоа од нас е земен завет дека ќе ја прифатиме и ќе ја исполниме власта на Чесниот Кур‘ан.

На друго место во Чесниот Кур‘ан, Бог вели:

„… И нека непријателство на некој народ не ве наведе да не постапувате праведно. Бидете праведни, тоа е најблиску до богобојазливоста.“

(5:9)

Ветениот Месија а.с. во овој поглед рекол дека непријателство кон противничките заедници не треба да не попречува во праведното однесување. Бидете постојани во праведноста бидејќи исправноста е во неа.

Тој рекол:

„Јас тврдам дека со чиста вистина лесно е да се делува на штета на противникот, но тешко è и само многу храбра личност може да ги заштити правата на непријателот и да не допушти праведноста и еднаквоста да му одат од рацете во тужба против нив.“

Понатаму рекол:

„Многумина ги сакаат роднините на непријателот и кон нив се однесуваат со добар збор, но од друга страна им ги одземат правата. Братот го сака својот брат а му ги одзема правата преку облеката на љубовта.“

Ветениот Месија а.с. од својата заедница очекува да има високи стандарди и да делува во согласност со учењето на Чесниот Кур‘ан. Не придружувајте им се на редовите на оние кои го отимаат правото и неправедно се однесуваат. Ако добиете власт да прогласите пресуда одлучете без оглед на врските, дури и ако тоа може да ве повреди и вас, вашите родители, блиски роднини и вашите деца. Високите стандарди на правдина мора да бидат прифатени без било каков исклучок. Така, кога меѓу нас ќе ги воспоставиме овие високи стандарди, само тогаш ќе можеме да му кажеме на светот дека ние сме оние кои донесувајќи промена во нас самите и делувајќи според исламското учење имаат храброст да ја шират правдината, и дека тоа го правиме дури и со своите непријатели. Ние сведочиме искрено дури и ако тоа е против нас, против нашите родители, нашите деца или против оние кои ни се блиски.

Ние ова го правиме бидејќи светот мораме да го поведеме во иднината. Ако таквите примери не се тука, тогаш ја разбиваме довербата на нашите задолженија оддалечувајќи се од Божјите упатства. Така секоја Ахмади муслиман, и јас овде би кажал, посебно сите носители на должност треба да размислат како стојат со стандардите на правдината и еднаквоста бидејќи тие се одлика на нивната искреност и сите нивни одлуки треба достигнат високи стандарди на правдина.

Кога ја посетив Канада таму луѓето ми се пожалија за одредени вршители на должност и на одредени службеници дека тие не работат праведно. Некои од нив во нивните одлуки прават услуга на своите ближни. Точно е дека секоја одлука треба да се донесе во корист на едната страна а против другата, но и двете страни треба да бидат сигурни дека се сослушани и дека одлуката е донесена во согласност со интелектуалните способности на судијата.

Меѓу јавните служби постои одделение Каза кое одлучува во случаи кога луѓето се различни. Потоа, Аморе Аама одделението има одредено влијание. Потоа, тука е Тарбијјат одделението и Ислахи одборот, и постојат служби кои се занимаваат со одредени предмети и комисии кои држат расправи. Така, одлуката на сите одделенија треба да биде донесена после длабоко размислување, користење на сите можности и со земање во предвид на сите ситни детали.

Молете и барајте помош од Бог да ви овозможи да донесете правилна одлука. Пред донесувањето на било каква одлука морате да се молите. Постојат и такви кои се додека не се помолат не донесуваат никаква одлука. Постојат и такви кои невнимателно одлучуваат или одлучуваат под посебни околности. Постои и уред на генерален секретар кој е споен со уредот за односи со јавноста. Должноста на генералниот секретар и на сите оние кои работат во таа канцеларија е кон секој поединец да се однесуваат со почит и достоинство.

Не смее кон оние кои ви се допаѓаат или ви се пријатели да се однесувате поинаку одошто кон оние кои ви се непознати и кон нив да се однесувате негативно. Ова мора да го надгледуваат службеници од сите други одделенија – да секој работник и помошник покрај нив своите должности ги исполнува со барањата на правдата. Оваа е доверба која им е дадена на работниците и дури и ако добијат работа во време кога се уште не го дале заветот сеедно мора своите должности да ги исполнуваат со барањата на правдата. Оваа доверба е само поради Бог.

Општо, тоа е должност на секој верник кој е обврзан да ја заштити и исполни довербата и заветот како што и Бог во Чесниот Кур‘ан вели:

„Оние кои внимаваат на аманетите и на своите обврски.“

(23:9)

Колку многу мора да бидат внимателни оние кои работат само поради Бог или велат дека тоа го прават поради Аллах? – Оние на кои им се доделени овие должности; колку многу повеќе мора да бидат повнимателни од обичните верници. Овде сакам да разјаснам да не помислите дека ова им е упатено само на централните вршители на должност. Претседателите и членовите на сите извршни тела исто така се наоѓаат меѓу оние кои треба да согледаат дали ги задоволуваат барањата на правдата.

Ова не се однесува само на Канада; се приговара и во Германија и во некои други земји. Затоа е потребно своето однесување секаде правилно да го поставите, инаку тие нема да ги занемаруваат само своите (аманети) и завети туку ќе ја занемарат и довербата. Аллах вели дека нема да покажува наклонетост кон оние кои ја изневеруваат довербата. Наместо служење и заработување на благослови, тие го навлекуваат Божјото незадоволство со правење неправда и со покажување на горделивоста. Затоа, каде и да се направени грешки, наместо да се наоѓаат изговори тие треба да бараат проштавање и да настојуваат да се подобрат. Затоа, нашите вршители на должност треба да преиспитаат дали ги задоволуваат барањата на правдината со следењето на принципите кои Бог ги кажал. Дали работата ја извршуваат како треба и ја спроведуваат правдата кон оние кои со нив работат?

Да се биде претседател, секретар или амир само по себе нема никаква заслуга. Овие служби никому не можат да му донесат опростување ниту да ја дадат наклонетоста на Бог и на Неговата заедница. Нема придобивка ако не ја исполнат довербата и заветот како што  Бог сака да ги исполнуваат со чисто срце. Затоа, секој вршител на должност треба да работи поради Бог и да ги исполнува барањата на правдата. Ако биде донесена погрешна одлука, тогаш како што кажав, тие треба да ја признаат грешката и да ја променат одлуката. Подобрете ги своите начини и запомнете ја Аллаховата наредба.

„… И ќе им зборувате на луѓето убави зборови.“

(2:84)

Како што кажав, вршителите на должност во секоја земја во светот треба да го проценат своето однесување. Ако ја наведов Канада или ова мисла таму се развила, причината е што Заедницата таму е многу по позната и знаењето за неа се зголеми со мојата посета и сега повеќе сме во центарот на вниманието. Од таа причина ние на секое поле треба да поставиме норми. Нашите вршители на должност секој посебно а и секој Ахмад поединечно треба да бидат пример во светот. Каде и да биде направен неред и правото да биде узурпирано таму треба да се покаже правда и исполнување на правата во Џемаатот. Само така Џемаатот и неговите членови ќе бидат пример. Затоа секој Ахмад треба да запомни дека тоа не е должност само на вршителите на должност. Секој Ахмад е одговорен да се однесува примерно, да ја исполнува правдината и своето однесување да го воздигне на повисок степен. Тие треба да го отстранат секој вид на необјективност и наклонетост во своето взаемно однесување. Тие не смеат да бидат пристрасни кон било која страна. Сведочењето и исказите на Ахмади муслиманите треба да бидат правични и вистинити и светот да прогласи дека ако некој Ахмад сведочи тоа сведоштво не може да се доведе во прашање бидејќи тие сведочат со високи стандарди на правда. Ако тоа го постигнеме тогаш сме вистинити во своите говори, а инаку сме само како и другите.

Секој Ахмад треба да запомни дека ние во својот завет на баи‘атот ветивме дека ќе се воздржуваме од секој вид на порок и дека ова занемарување на заветот и не однесување според него се сведува на неисполнување на довербата.

Додека зборува за знакот на вистинскиот верник, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вели дека верата и неверувањето, вистината и лагата не можат да постојат во една иста личност. Потоа во хадисот тој вели дека и сите вршители на должност треба да запомнат дека верникот не може да го прекрши ветувањето во три нешта: 1) вистинитоста во намерата во Божјите нешта; 2) взаемната и заедничката добра волја за секој муслиман: 3) заедничкиот живот со муслиманска заедница.

Така како што кажав, праведно исполнувајте ја должноста кон верата и Бог и правете го тоа со добра намера за да ја исполните Аллаховата доверба. Слично на тоа, секој поединец мора да внимава на правата на другите. Кога секој поединец ќе внимава на правата на другите, автоматски ќе заврши трката за постигање на правата. Луѓето ќе ги исполнуваат правата наместо да ги бараат. Ова е вистинскиот знак на муслиманите, како што кажал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Затоа, секој Ахмад треба да запомни дека тоа што е муслиман од Џемаатот е тоа што го прави вистински муслиман.

Во тоа време постои еден и само еден Џемаат кој се нарекува Ахмадија муслимански. И ова е единствен Џемаат кој е познат под едно име ширум светот. Не постои друг меѓународен Џемаат кој е познат под едно име во светот. Според тоа, она што вас, според говорот на Чесниот Пратеник с.а.в.с., ве прави вистински муслиман е тоа да се држите заедно и да станете дел од системот на Џемаатот. Бидејќи е толку среќен секој Ахмад не може доволно да му се заблагодари на Бог. Вистинска благодарност е потполна верност на системот на Џемаатот и да му бидете послушни на Халифатот. Нека Аллах му подари на секој Ахмад способност да биде благодарен и способност да ги исполни барањата на правдата. Потоа, ако е потребен било каков вид на сведоштво, тие нема да ја прекршат довербата. Нека Аллах даде секој службеник на Џемаатот да ги разбере своите одговорности, да биде во состојба да ги исполни своите завети и доверби и своите должности да ги исполни согласно со барањата на правдата.

Нека ова убаво учење продолжи во нашите генерации и да работиме на тоа така да кога ќе дојде време да бидеме во состојба да покажеме дека во светот е втемелена вистинска правда. Правда која ја втемели Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и правила и мерила кои ги поставил неговиот вистински слуга во ова доба, и тие се истите кои се очекуваат од неговите следбеници. Нека Аллах ни даде способност така да направиме. Амин.

Хузур најави џеназа за Аднан Мухаммед сахиб од Сирија, Башир Бегум сахиба, жена на Манзоор Ахмад Чеему сахиб и Рана Мубарак Ахмад сахиб.