In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Брачни врски и проблеми

Хузур а.т.б.а. денес одржа хутба во врска со брачните проблеми, кои стануваат загрижувачки, како и за проблемите кои се јавуваат при потрага по соодветен партнер, и во текот на хутбата даде совет како тие проблеми да се решат.

Хузур а.т.б.а. рече дека семејните врски помеѓу момчињата и девојките и семејните проблеми кои се јавуваат помеѓу мажот и жената се такви што можат да предизвикаат мачнина и страв во домашната атмосфера. Тоа може да стане причина за грижа не само за паровите, туку исто така станува причина за мачнина кај родителите и на двете страни.

Хузур а.т.б.а. рече дека тој дневно прима голем број на писма во кои родителите се жалат како не можат да ја омажат ќерката иако е во години за брак, наведувајќи како причина дека таа моментално студира. После некој период кога ќе се омажи не успева да се разбере со мажот поради нивните зрели години и на крајот бракот завршува со развод.

Друг проблем со кој девојките се соочуваат е тој што нејзините пријатели или понекогаш родителите на нејзините пријателки ја уверуваат девојката како во овие држави жените имаат многу права и таа би требало мажот да го натера да ги прифати нејзините барања. Хузур а.т.б.а. вели дека за жал, кога ќе го видат луксузот во овие држави дури и девојките кои доаѓаат од Пакистан почнуваат да поставуваат неразумни барања.

Хузур а.т.б.а. вели дека некои момчиња кои имаат посебни пријателства и кои се заинтересирани за некоја друга личност се плашат овој факт да го спомнат на родителите и најчесто завршуваат во брак со некоја роднина или со семејна пријателка од Пакистан. Потоа, после некое време тие почнуваат да ја мачат невината девојка и стануваат неправедни кон неа.

Хузур а.т.б.а. рече дека клучот за решението на овие проблеми може да се најде доколку личноста се сврти кон верата. Ние сме среќни што сме го прифатиле исламот и што ги имаме благословите на учењето кое ни го дал Ветениот Месија а.с.. Едно од тие учења е во тоа да и дадеме предност на верата над световните работи. Кога ќе се појави прашањето за бракот, дури и оние кои и служат на верата го забораваат овој клучен принцип, додека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. посебно не советувал дека при прашањето за бракот личноста секогаш мора да и даде предност над световните работи.

Халифа-тул Месих I р.а. рекол дека првиот чекор кој исламот го спомнал во обликот на никах, исламскиот брак, е дека целата на никах треба да биде засилување на верата наместо барање на убавина, богатство и статус. Исто така, пред личноста да стапи во брак треба да изврши истихар во намазот (намаз кој се клања кога го бараме најдобриот исход во поглед на било која работа). Ајетите од Чесниот Кур‘ан кои се учат во текот на церемонијата на никах го свртуваат нашето внимание кон намаз. Уште повеќе, во времето на никах Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. учел молитва за барање на благослов за младенците. Така браковите треба да бидат склопени со барање на она што е најдобро за двете страни и со барање на благослови од Возвишениот Аллах џ.ш..

Меѓутоа, некои луѓе од Пакистан и Индија сè уште се под влијанието на нивните традиционални однесувања и ѝ даваат предност на кастата и на семејство кога го избираат партнерот за брак, додека Возвишениот Аллах џ.ш. вели дека предноста треба да и се даде на верата на личноста.

Навистина, треба да се разгледаат предлозите од семејството но не е задолжително. Ветениот Месија а.с. еднаш бил запрашан во врска со брачните понуди внатре во семејството и Ветениот Месија а.с. рекол дека е подобро да се склучи брак внатре во семејство доколку постои соодветна личност, но тоа не е задолжително.

Од време на време на жените им се приговарало и ги исмејувале што не носат доволно мираз. Таквите луѓе во врска со тоа треба да го погледнат благословениот модел на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој при мажењето на своите ќерки ја усвоил едноставноста во давањето на мираз. Исто така, семејството на младата не треба да става преголем товар на себе и треба да даруваат само онолку колку што имаат. Пред извршувањето на истихар намаз брачниот пар треба да види нешто друго. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во една прилика ги советувал своите следбеници да ја видат нивната идна млада пред стапувањето во брак. Така, не постои ништо лошо во тоа момчето заедно со своето семејство го посети домот на девојката и да се сретне со неа. Меѓутоа, некои семејства од страна на младоженецот покажуваат голема ароганција кога го посетуваат домот на девојката и даваат неубави забелешки. Тие исто така се двоумат во одлуката и ако во меѓувреме најдат подобра прилика тие се свртуваат кон неа. Ова е потполно погрешно однесување.

Ако мажот навистина ја разбира целта на бракот тогаш жената никогаш нема емоционално да ја мачи ниту ќе покажува било каква ароганција. Ветениот Месија а.с. вели дека целта на бракот е да ја сочуваме невиноста, да ја одржиме физичката благосостојба и да добиеме праведно потомство. Понекогаш причината за неслога во бракот е затоа што мажот нема сопствен дом и живее со родителите. Можеби тоа е поради одредени финансиски тешкотии или се уште студира и не е во можност да купи сопствен стан. Во такви моменти сопругата треба да го подржува и да живее со неговите родители додека тој не стекне услови за сопствен дом. Се случува жената и нејзините родители да завршат со бракот но тоа е нешто сосема погрешно. Ако девојката не може да живее со родителите на мажот, тогаш на самиот почеток тоа треба да го каже. Меѓутоа, постојат мажи кои живеат во домот на родителите поради своите неодговорни дела и како изговор наведуваат дека едноставно сакаат да ги подржат своите стари родители.

Хазрети Халифа-тул Месих I р.а рекол дека таквите луѓе, посебно оние кои живеат на пот континентот, често се жалат поради караници помеѓу снаата и свекрвата. Меѓутоа, ако луѓето точно се придржуваат до учењето на Чесниот Кур‘ан такви проблеми нема да се јават бидејќи Чесниот Кур‘ан јасно наведува дека секој треба да живее во својата куќа.

Хузур а.т.б.а. додаде дека семејството на девојката често пред бракот прашува дали идниот сопруг има своја куќа и ако нема тие не одат понатаму со предлогот за брак. Ова исто така е погрешно затоа што на крајот момчето сепак добива можност да купи куќа и затоа бракот треба да биде склопен со давање на предност на богобојазливоста (Таква), а не со световните стандарди. Слично на тоа, одредени семејства своите ќерки не ги даваат за мисионери затоа што тие својот живот го посветиле на религија (и живеат скромно).

Потоа, Семоќниот Аллах џ.ш. во Чесниот Кур‘ан на мажите им наредил да не реагираат пребрзо ако нивните жени нешто кажат и со нив да се однесуваат нељубезно. Семоќниот Аллах џ.ш. вели:

„… И дружете се со нив на убав начин; ако вие нив не ги сакате, можно е да не ја сакате ниту една работа во која Аллах ставил многу добро.“

(4:20)

Објаснувајќи го овој ајет, хазрети Халифа-тул Месих I р.а. рекол дека Семоќниот Аллах џ.ш. мажите ги советувал на многубројни начини кон своите жени да се однесуваат убаво и мажите тоа секогаш треба да го имаат на ум.

Друг факт кој е повод за создавање на проблем е кога мажите одлучат да оженат и друга жена. Меѓутоа, иако исламот одобрил да се оженат со повеќе жени постојат одредени услови и околности за тоа. Тоа сигурно не е за да ги исполнат телесните страсти.

Во поглед на ова, Ветениот Месија а.с. рекол дека Законот на Семоќниот Бог не смее да се зема спротивно на неговата цел, ниту смее да сеповикува на него како на штит за само-уживање. Таквото однесување ќе биде голем грев. Семоќниот Бог постојано предупредувал дека не смееме да им се препуштиме на телесните страсти. Вашиот мотив треба да биде богобојазливоста.

Иако Семоќниот Бог за нас одобрил многу световни работи, од тоа не смееме да извлечеме заклучок дека целиот живот треба да го поминеме само во тоа. На пример, не треба сето свое време, енергија и внимание да ги трошиме само со своите жени. Тоа би значело дека нашиот брак поставува другари на Аллах џ.ш. како рамни на Него, бидејќи Чесниот Кур‘ан вели дека одлика на Аллаховите робови е:

„… Тие да ја минуваат ноќта пред својот Господар, поклонувајќи се и стоејќи.“

Накратко, ние треба да избегнеме целата своја енергија да ја ангажираме во исполнување само на световните желби по цена на развивање поблиска врска со Аллах џ.ш.. Иако Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. имал многу жени тој своите ноќи ги поминувал во ибадет.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Запомнете добро, дека всушност Божјата волја е да не бидете потполно совладани од страста и да ја усовршите својата богобојазливост, ако се појави вистинска потреба оженете се повторно. Меѓутоа, сите оние кои сакаат по втор пат да се оженат треба да проценат дали тоа го прават засновано на богобојазливоста или само поради своите страсни желби.“

Потоа Ветениот Месија а.с. рекол:

„Запомнете дека оној кој ожени повеќе жени од чисто блудни и телесни желби е оддалечен од вистинската суштина на исламот. Човекова пропаст е ако тој во секој ден кој се раѓа и во ноќта која паѓа не се соочува со тешкотии и мака и не е подготвен да преземе никаква болка и само посакува розов живот, и ’малку плаче а многу се смее‘.“

Ветениот Месија а.с. ги советувал жените ако нивниот маж сака повторно да се ожени од вистински причини дека тие не треба да протестираат. Меѓутоа, на жените им е дозволено да го молат Семоќниот Аллах џ.ш. да им даде причина тие воопшто да не се соочат со таква тешкотија. Мажите биле советувани дека не треба повторно да се женат само од страсни желби туку само поради богобојазливоста.

Ветениот Месија а.с. понатаму објаснува дека жените често негативно гледаат на исламскиот концепт на можноста за повеќе жени и не му веруваат на тој концепт. Меѓутоа, тие не се запознаени дека исламот дава решение за сите околности и проблеми. На пример, ако жената психички оболи (стане духовно болна) или пак се разболи од некоја друга болест поради која станува неспособна за исполнување на брачни должности а мажот нема трпение да живее без жена, неправедно е кон способностите на мажот да не му се дозволи повторно да се ожени.

Додека Аллах џ.ш. оставил отворен пат за мажите на темелот на одредени околности, Аллах џ.ш. исто така задржал отворен пат за жените во одредени околности да можат да бараат кхул преку овластувањето (покрената постапка за развод) ако мажот не е во состојба да ја исполнува должноста.

Божјиот закон е како склад за лекарства за сите болести. Ако Божјиот закон ја немал оваа можност да вториот брак ги разреши во одредени ситуации складот немало да биде делотворен.

Господ развод на брак дозволува само поради прељуба но не познава безброј други судири кои можат да се појават помеѓу мажот и жената и да му зададат смртен удар на бракот. Меѓутоа, Ветениот Месија а.с ги уверува жените и вели дека не треба да се грижат бидејќи Книгата која ја следат не се ослонува само на толкување тука таа ги чува нивните права токму како и правата на мажите.

Ветениот Месија а.с. објаснува дека жената може да се разведе поради неспособноста на мажот. Меѓутоа, наместо да му приговара на Бог кога нејзиниот маж намерава повторно да се ожени таа треба да постапува побожно и на тој начин Бог и нејзиниот маж ќе го направи побожен. Шеријатот вториот брак за мажите го дозволил од одредени вистински причини, меѓутоа, ако жена не може да ја поднесе оваа наредба на Шеријатот, таа не треба да му приговара на Бог туку наместо тоа на Божјата одредба треба да се жали со дови бидејќи Божјата одредба има превласт над Шеријатот. Таа треба да прави дови за да Божјата одредба биде свртена и сите мисли за повторна женидба да бидат отстранети од умот на нејзиниот маж.

Ветениот Месија а.с. вели дека ако таа прави дови од срце тогаш можноста нејзиниот маж повторно да се ожени никогаш повеќе нема да се појави.

Хузур а.т.б.а. заврши со друга дова чија кратка содржина е:

„Нека Аллах даде членовите на Џемаатот, мажи и жени, своите семејни проблеми да ги решат на темелот на Божјите наредби.“

Понатаму, нека сите проблеми бидат отстранети од новите брачни врски бидејќи се раѓаат многу проблеми. И нека сите ја разбереме вистинската цел на бракот која не е исполнување на материјалните желби туку дека треба да и се даде предност на верата и да се сочуваат идните генерации.

Хузур а.т.б.а. клањаше џеназа намаз за четворица починати, од кои две тела биле присутни, а две не.

Првата џеназа се однесува за Мухаммед Наваз Момин сахиб, вакф-езиндаги (кој животот го посветил на служењето на верата), зетот на асхабот на Ветениот Месија а.с.. Неговиот татко дал завет на баи‘ат во 1922 година на рацете на на хазрети Муслех Мауд р.а.. На почетокот на неговиот татко децата му умирале уште при раѓање и муслиманите кои не биле Ахмади го исмејувале поради тоа. Кога Наваз Момин бил роден, неговиот татко на Бог му ветил дека животот на ова дете, ако преживее, ќе му го посвети на исламот. Тој преживеал и целиот негов живот бил посветен на овој пат. Тој дипломирал во училиштето Џамија Ахмадија и служел во службата на Ал-Фазл, Дарул Каза и Завештание. Во 1969 година отишол во Германија и таму служел. Имал голема љубов за проповед, бил редовен во намазот и во постот, многу трпелив и благодарен. Имал неограничена љубов кон Чесниот Кур‘ан. Зад себе оставил една ќерка и син. Бил мууси.

Втората џеназа е за Сајед Рефик Сафир Ахмад сахиб од Велика Британија, кој бил претседател на Сурбитон џемаатот. Неговиот татко бил др. Сафир-уд-Дин кој бил прв директор на Ахмадија второстепеното училиште на Кумаси во Гана. Рефик Сафир сахиб од детството служел во Џемаатот и во текот на животот бил на служба во својство на секретар на атфал, каид Кхудам и на централно ниво во Ансаруллах како каид Сехт-о-Јасмани и Каид Амооми. Неговата последна служба била служба како Претседател на Сурбитон џемаатот. Бил мууси, имал длабока врска со Халифатот, извршувал тахаџуд намаз, бил пријателски расположен и дружељубив и имал многу нежна, побожна и искрена природа. Неговата жена пишува дека откако се оженил до смртта бил зафатен со служењето на Џемаатот. Тој со љубов и нежност ги потсетувал своите деца за намаз.  Исто така ги решавал проблемите на луѓето и финансиски им помагал. Човек кој моментално ја извршува должноста на Амир вели дека една од неговите добри навики била да после иша (јација) намаз ги испрашува децата за секоја хутба во петок и им давал награда за секој точен одговор, и на тој начин кај младите го всадувал интересирањето за хутби. Зад себе оставил два сина и две ќерки.

Третата џеназа, (телото на починатиот) не е присутно, е за др. Мирза Лаик Ахмад сахиб, синот на Сахибзада Хафиз Ахмад сахиб. Тој бил внук по татко на хазрети Муслех Мауд р.а., нека Аллах џ.ш. даде сила на неговата мајка која се уште е жива. Покрај претходното стекнато образование тој се стекнал и со магистратура на медицинскиот факултет во Мултан. Работел во Рабва и водел грижа за сиромашните кои кажале дека тој кон нив покажувал големо сочувство. Неговиот прв брак бил со Фаиза Сахиа со која има два сина. Неговиот втор брак бил со Аматул Шакоор сахиба, ќерка на хазрети Халифа-тул Месих III р.а.. Нека Аллах на починатиот му подари милост и проштавање.

Четвртата џеназа (чие тело не е присутно) е за уважениот Амеенуллах Кхан сахиб, бивш мисионер на САД. Починатиот имал можност да служи како мисионер во САД, Либерија и Англија. Од детството неговите родители неговиот живот го посветиле на служењето на Џемаатот со молбата на хазрети Халифа-тул Месих III р.а.. Во 1949 година по завршувањето на средното образование се запишал во училиштето Џамија Ахмадија. Во 1955 го завршил маулви Фаазаил образованието. Од 29 февруари во 1960 година до април 1963 година служел како мисионер во САД. Неговата прва служба во САД била во 1960 година кога имал 23 години. Бил страстен мисионер. Имал многу прилики за пренесување на пораката преку весниците и радиото. Во текот на служењето во Либерија го повикувале на месечните состаноци и барале да учи дова. Кога хазрети Халифа-тул Месих бил во обиколка на Либерија одржана е вечера во чест на Халифата и домаќинот за Амеенуллах Кхан рекол ’тој е многу силен‘. Амеенуллах Кхан сахиб исто така бил пратен во Англија каде служел до 1970 година. Потоа се пензионирал поради слабото здравје. Бил оженет со Бусхра Схах сахиба, ќерка на Икбал Схах сахиб, и внука на Валајат Схах сахиб, асхаб на Ветениот Месија а.с..

Хузур а.т.б.а. се молше да ја воздигне положбата на сите починати.