In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Најдобри од вас се оние кои се најдобри кон своите жени

Учењето на исламот кое го донел Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ни дава упатство во поглед на било која работа. Секој од нас треба да делува во согласност со тоа учење би можело да се создаде преубаво општество.

Во Чесниот Кур‘ан постојат безброј наредби. Меѓутоа, Возвишениот Аллах џ.ш. вели:

„Навистина имате совршен пример во Аллаховиот Пратеник.“

Така, вистинскиот успех може да биде постигнат само ако овој пример го ставиме пред нас, и тоа и во малите и во големите нешта.

Во врска со тоа сега ќе зборувам за одредена одговорност на мажите во неколку работи. Мажот има одговорност како чувар на домаќинството, а и како маж. Тој ја има одговорноста како татко и како син. Ако секој маж ги разбере овие задачи и се обиде да ги исполни тоа ќе стане средство за мир во поширокото општество и ќе се создаде хармонија и љубов.

Постојат мажи кои мислат дека имаат неограничен авторитет како глава на домот и поради тоа насилно и сурово се однесуваат кон семејството и децата. Значи, ако некој сака да продолжи да се однесуваа како незнајко кон жената и децата тогаш не постои никаква корист од прифаќањето на баи‘атот (завет на верноста) на Ветениот Месија а.с..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како чувар на своето семејство направил тоа семејство како прво да ја почитува важноста на тевхид (Божјо Единство). Така, хазрети Ајша р.а. пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се будел во текот на ноќта за да изврши нафила намаз и нив ги будел со малку прскање со вода и тие да извршат нафила намаз и да ја исполнат одговорноста кон Аллах џ.ш..  Покрај тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. помагал во работата која била дел од должноста на жената. Хазрети Ајша р.а. пренесува дека тој самиот си ја зашивал облеката, поправал кондури и ги поправал домашните нешта, како што е на пример е кантата за вода и многу други работи.

Така, многу мажи имајќи ги на ум овие примери ќе мора да го преиспитаат своето однесување во домот кон семејството и кон децата. Сетете се на хадисот:

„Најдобриот од вас во поглед на моралот и однесувањето е оној кој најдобро се однесува кон својата жена.“

Доброто однесување кон сопругата е знак на големина на стандардот на верата.

Во врска со одговорноста на мажот и доброто однесување кон сопруга, Ветениот Месија а.с. вели:

„Освен непристојноста, сите слабости и мани на жената треба да бидат толерирани. Сметам дека е потполно срамно мажот да се кара со жената.“

Еднаш Ветениот Месија а.с. рекол дека нашите членови на Ахмадија муслиманскиот џемаат не треба да се однесуваат лошо и да бидат остри кон жените.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Еднаш го повисив гласот кон жената и веднаш се воздржав од изрекувањето на било каков болен и остар збор. Многу го учев истигхвар  (барање на проштавање) и нафила намаз го направив со голем жар и дадов садака.“

Според тоа, оние кои се нељубезни кон своите жени нивната вера е во опасност. Тие силно треба да се загрижат бидејќи човек кој се наоѓа на највисокиот стандард на верата во било кое време може да падне.

Предупредувајќи ги таквите мажи, Ветениот Месија а.с. вели:

„Ако човекот не е побожен, како тогаш неговата жена може да биде побожна?“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Навистина, ако мажот стане побожен неговата жена исто така може да стане побожна.“

Јас овде забележав дека жените се по религиозни. Тие понекогаш приговараат зошто нивните мажи не се наклонети кон религијата, како се немарни во намазите, како гледаат несоодветни и неморални ТВ програми и дека се несериозни во должностите кон децата. Тие ги караат и физички ги злоставуваат децата. Во овие држави таквите случки се пријавуваат во полиција и на нашата Заедница и носат лош глас. Понатаму, таквите луѓе ја навлекуваат световната казна како и незадоволството на Семоќниот Аллах џ.ш..

Според тоа, ако сакате да имате мир во куќа, ако сакате да ја одгледате идната генерација и да ја врзете за религијата, тогаш вие мажите треба да бидете внимателни кон својата состојба. На тој начин ова е стандардот до кој треба да се држите. Сите ваши напори за пренесување на пораката и за стекнување на религиско знаење се јалови ако не сте добри со своето семејство. Кога мажите своите должности не ги земаат сериозно домовите се растураат и животите на децата се уриваат.

Мажите не смеат да ги принудуваат жените да се покриваат а жените треба да имаат на ум дека треба да ги покријат главата и телото согласно на барањата на умереноста. Тоа е наредба на Семоќниот Аллах џ.ш. и затоа тие треба да водат сметка за тоа.

Ветениот Месија а.с. објаснувајќи го ова вели:

„Односот помеѓу мажот и жената треба да биде како помеѓу двајца вистински и искрени пријатели… Ако односот со неговата жена не е добар, како тој може да биде во мир со Бог?

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Најдобар меѓу вас е оној кој е најдобар кон својата жена.“

Покрај тоа, мажите треба да ја сфатат својата одговорноста на таткото. Татковците исто така треба да земаат голема улога во воспитувањето и во подигањето на децата. Во седмата и осмата година од животот на момчињата посебно им е потребно вниманието на таткото. Мажите и татковците мора да покажат добар пример. Таму каде таткото покажува добар однос и обѕир кон децата тие стекнуваат добар морал, бидејќи добриот однос на таткото на децата им дава чувство на заштита. Така, за да се всади чувство на сигурност татковците имаат обврска одредено слободно време да го проведат во активност со децата и да прават дови за нив.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Јас правам дови за своите деца и од нив барам да го следат широкиот спектар на правила на однесување (што е нашето учење, кои се неговите правила, кои се неговите прописи, јас им го свртувам вниманието на нив) и ништо повеќе. После ова јас својата доверба ја ставам во Семоќниот Аллах џ.ш. со надеж дека семето засеано во секој од нив ќе се расцути во соодветно време.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Искушението поврзано за сопствените деца е големо искушение. Ако децата се личности со многу доблести (морални), зошто тогаш треба да се грижиме.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Однесувајте се така што ќе бидете извонреден пример за децата а за такво однесување потребно е да се подобрите.“

Ислам исто така нагласува дека и тие (децата) имаат одредени одговорности. Кога ќе стасаат до млади години имаат одредена одговорност кон родителите која треба да се исполни.

Еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на еден асхаб кој сакал да оди во џихад му рекол:

„Ако родителите ти се живи ти нив треба да ги служиш, тоа е за тебе џихад.“

Според ова, можеме да ја оцениме важноста на служењето на родителите.

Хазрети Абу Саеед Ал-Сијаади пренесува:

„Ние бевме присутни кога некој човек од Бани Салам го праша Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.:

’О Аллахов Веровеснику! Постои ли добродетел која можам да ја направам откако родителите ќе ми починат?‘

Чесниот Пратеник с.а.в.с. кажа:

’Секако. Треба да правиш дови за нив и да молиш за нивното проштавање. Треба да ги исполниш ветувања која тие им ги дале на луѓето. Треба да покажуваш љубезност и сочувство кон сите нивни врски и пријатели‘.“

Потоа во една друга прилика Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол:

„Кој сака да има долг живот и приходот да му биде благословен треба да покажува љубезност и сожалување кон своите родители и да покажува почит кон нивните роднини.“

Според тоа, децата не треба само да изнесуваат барања кон родителите туку кога ќе достигнат одредени години и тие ја преземаат  одговорноста и правата кои им ги должат на родителите. Посебно после склучувањето на брак треба уште повеќе да водат сметка за својата одговорност. Ако личноста ја користи мудроста и го исполнува правото на жената како и на нејзините родители, со почит се однесува кон своите баба и дедо, тогаш не постои причина за караница во куќата, какви што понекогаш можеме да видиме.

Во секој случај, мажот мора да исполни разни одговорности кои се ставени на него. Секогаш дома поставете пример кој ќе создава атмосфера на љубов и наклонетост. Мажот е сопруг, татко и син. Затоа мора да ја разбере својата одговорност согласно на своите способности. Нека Семоќниот Аллах џ.ш. секого го оспособи тоа да го постигне.