In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Халифат

После учењето на ташахуд, та‘уза, тасмиа и сура Ал-Фатиха, Хазрети Амеер-ул-Му‘мунеен го проучи 56-от ајет од сура Ал-Нур и потоа рече:

Преводот е следниот:

„Аллах џ.ш. цврсто им ветил на оние кои веруваат и прават добри дела дека Он сигурно ќе ги одреди за халифи на Земјата како што им одредил халифи на оние пред нив; и дека Он ќе им ја зајакне нивната вера која Он ја одбрал за нив; и дека Он стравот нивни со сигурност ќе го замени; тие Мене ќе ме обожаваат и никого нема да Ми здружуваат. А оној кој после тоа биде неблагодарен, па тоа се оние кои се непослушни.“

Овој ајет очигледно зборува за ветувањето кое Возвишениот Аллах џ.ш. им го дал на муслиманите дека Халифатот ќе остане во исламот. Меѓутоа, според зборовите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. поради лошото однесување на муслиманите и поради состојбата на нивната вера, овој благослов привремено ќе биде одземен од нив. Сепак, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. додал дека согласно на ветувањето кое Возвишениот Аллах џ.ш. го дал, овој систем повторно ќе биде воспоставен. Халифатот на наредбите на пратеништвото ќе биде повторно воспоставен и повторно ќе биде присутен во светот за оние кои се цврсти во своја вера, кои прават добри дела и ја пратат конечната и потполната религија.

Додека го спомнувал недостатокот на знаењето на муслиманите или уште повеќе недостаток на разбирање и незнаење на муслиманските зналци, Ветениот Месија а.с. рекол:

„Некои луѓе ја негираат општата конотација на ајетот (поширокото значење на овој ајет), зборувајќи дека значењето на ‘минкум’ од вас може да се однесува само на асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а со нив е завршен правилниот Халифат.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Јас ќе поставам прашање, дали било која доблесна личност може да верува дека мандатот и халифатот на Муса а.с. траеле 14 илјади години, а сепак личноста која била најдобра од сите пратеници и најдобра меѓу пратениците, чии благослови на мандатот ќе траат до Судниот ден – неговите благослови траеле само во неговото столетие, како да кажуваат дека Семоќниот Бог не сакал благословите на неговиот модел да се преставуваат прикажани преку неговите духовни халифи.“

Така, постојат луѓе кои вака размислуваат и за кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. детално зборувал. Меѓутоа, постојат и такви кои халифатот сакаат да го воспостават со поткрепа на светските сили. Тие луѓе не ја разбрале јасно пораката на Возвишениот Бог, дека ова ветување е пропишано со вера и со добри дела. Да се стане искрен слуга на Возвишениот Бог е состојба поврзана со ова ветување.

Пред три години еден новинар во Ирска ме праша:

„Која вистина во исламскиот свет се наоѓа зад системот на халифатот? Кои опасности се создадени кон твојот халифат?“

Јас му објаснив дека постојат екстремисти и дека и нивниот крај ќе биде како и на сите останати екстремистички организации. Неодамна во Велика Британија во Манчестер дваесет и двајца луѓе беа непотребно убиени вклучувајќи и невини деца. Ова беше срамна постапка на суровост, и никогаш и ни по која цена ова не може да му се припише на учењето на исламот. Ние сме вознемирени со ваквото сурово дело на терор.

Нека Аллах џ.ш. има милост кон починатите и нека на нивните роднини им подари трпение. Нека Аллах џ.ш. ги запре рацете на овие тирани кои во името на исламот и Халифатот спроведуваат злобни дела.

Во ова време Ахмади муслиманите се оние кои го сфатиле учењето на Чесниот Кур‘ан и како Ахмади муслиманите ги разбираат насоките кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги дал, затоа што ние го разбравме учењето за мирот и хармонијата во исламот преку прифаќањето на Кхатам-ал-Кхулафа (Печат на Халифатот, односно Ветениот Месија а.с.).

Во сура Џума од Чесниот Кур‘ан, Семоќниот Бог вели:

„…И помеѓу другите од нив кои се уште не им се придружиле….“

Кога овој ајет бил објавен еден асхаб прашал:

„О Божји Пратенику с.а.в.с.! Кои се тие луѓе кои сè уште не им се придружиле, а сепак имаат таков статус да бидат наречени асхаби?“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не одговорил сè додека овој асхаб прашањето не го повторил три пати, по што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја ставил раката на рамото на хазрети Селман, Персиец, и рекол:

„Кога верата ќе стаса до Плејадите (да се крене од Земјата до нај оддалечените ѕвезди), некои поединци од овие луѓе ќе ја достигнат (и ќе ја вратат назад на Земјата).“

Што се однесува до оние ’други‘ (кои се уште не им се придружиле) Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш рекол:

„Мојот народ е благословен народ, тешко ќе се одгатне дали првото столетие ќе биде нај благословено или пак последното столетие.“

Според тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дал радосни вести за благословите на подоцнежното доба. Ветениот Месија а.с. дошол да го подмлади исламот, додека во исто време овие асхаби кои се поврзале со Ветениот Месија а.с. постигнале таков сјај кој преставува светлина на верата. Тие се посведочиле во многу знакови. До овој ден постојат многумина кои се појавуваат од мракот за да ја видат светлината, и откако ќе ги видат знаците тие влегуваат во Ахмадија муслиманската заедница.

Следбениците на Ветениот Месија а.с. продолжиле да се соочуваат со тешкотии, тегоби и несреќи. Меѓутоа, тие сета мака и несреќа ја поднесуваат со извонредно трпение и цврстина. Примерот од Алжир во овој поглед е токму пред нас. Џемаатот таму воопшто не е стар, меѓутоа, тие го прифатиле Ветениот Месија а.с. и така им се придружиле на ’оние од подоцнежното доба‘ и го следат Халифатот, и нивната вера е воздигната до највисокиот степен.

Можеме да ја оцениме верата и цврстото верување на овие (Ахмади муслимани) кои биле затворени, преку зборовите, каде писателот вели:

„Јас тебе (Хузур) исто така те сретнав во сонот. Твоите дови ја засилија нашата вера и ни дадоа утеха во затворот. Сигурно дека нашето ослободување е резултат на довите кои ти и Џемаатот ги правевте.“

„Неговата жена е единствениот Ахмади муслиман во своето семејство, и бидејќи сета нејзина роднина не се Ахмади ја напуштиле. Меѓутоа, побожните Ахмади жени оваа празнина ја исполниле со својата љубов и преку нив е формирано семејство.“

Освен неколку нив, овие Ахмади муслимани од Алжир никогаш не го сретнале Халифата. Меѓутоа, затоа што имаат потполна вера Семоќниот Аллах џ.ш. обезбедува средства за нивниот мир на ист начин како и во времето на Ветениот Месија а.с., кога биле создадени средства за мир на оние околу него.

Така, во лифлет, Завештание, (The Will), Ветениот Месија а.с. пишува за своето заминување од овој свет и за продолжениот напредок на Џемаатот преку Халифатот, и понатаму вели:

„Затоа, драги пријатели! … Но, кога јас ќе заминам Бог ќе ја испрати таа другата манифестација за вас која засекогаш ќе остане покрај вас токму како што Бог ветил во Брахеен-е-Ахмадијја… Според тоа, неизбежно е вие да го видите денот на моето заминување, така да после тој ден дојде денот кој е ден на трајно ветување. Нашиот Бог е Оној Кој одржува ветување, и е Верен, и е Вистинит Бог. Он ќе ви покаже сè што ветил.“

Институцијата на Халифатот која е основана преку доаѓањето на Ветениот Месија а.с. сега е единствената институција преку која може да се постигне успех, како и мирот и хармонијата во светот.

Голема е наклонетоста на Семоќниот Аллах џ.ш., иако Џемаатот доживеа голем шок во време на смртта на Ветениот Месија а.с., меѓутоа, Семоќниот Аллах џ.ш. веднаш повел грижа за Џемаатот преку хазрети Халифа-тул Месих I р.а. и затоа ако некој ѝ имал намера да создаде неред тоа било брзо задушено. Така, Џемаатот доживеал друг шок кога хазрети Халифа-тул Месих I р.а. починал и одредени истакнати и водечки членови на Џемаатот се воздржувале од давањето на баи‘ат (завет на верноста) и го одбивале Халифата, и Џемаатот поднел многу тежок период во тоа време. Потоа, Џемаатот се соочил со многу непријателски период во текот на третиот Халифа и наспроти страшните планови на државата, Семоќниот Аллах џ.ш ја дал својата милост и тие не можеле да го попречат напредокот на Џемаатот. Водачот на Пакистан во тоа време се фалел дека ќе сè направи Ахамди муслиманите да ги доведе до просјачки стап, меѓутоа Семоќниот Аллах џ.ш. тоа го ублажил. Во времето на четвртиот Халифа пакистанската влада го засилила прогонувањето и повторно Семоќниот Аллах џ.ш. подарил средства за да овозможи удобност. Покрај тоа, Џемаатот продолжил да се вивнува во нови висини и се појавиле нови средства за пропагирање на пораката на исламот, и потоа преку сателитскиот систем бевме во состојба да ја пренесуваме пораката. Потоа, во времето на петтиот Халифа начините на пренесување порака се проширија и таа стасуваше не само до  стотици или илјадници луѓе, туку пораката на Џемаатот почна да стига до милиони луѓе. Сето ова покажува дека и наспроти привремените препреки судено е победата на исламот да случи преку Ветениот Месија а.с., и да се создаде институција на Халифатот основана по него. Нека Аллах џ.ш. даде стандардот на ибадетот на Ахмади муслиманите да продолжи да расте, и да продолжиме да имаме удел во овој успех.

По џума намаз јас ќе клањам џеназа намаз за Чаудхрј Хамеед Ахмад сахиб, синот на Чаудхрј Мухаммед Сулеман Акхтар сахиб. Тој живееше овде (Велика Британија) во последните седум до осум години. Почина на 20 мај 2017 година во 42-та година од животот. Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме. Нека Семоќниот Аллах џ.ш. го воздигне неговиот статус и нека му подари милост и опростување, и нека Он исто така ги оспособи неговите деца да бидат побожни и честити и нека ги оспособи да останат поврзани со Халифатот.