In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Рамазан, Таква и постојаност

„О, вие кои верувате! Ви се пропишува постот, како што им бил пропишан на оние пред вас, за да станете богобојазливи.“

Алхамдулиллах (сета благодарност му припаѓа на Аллах), што во нашите животи го дочекавме уште еден месец Рамазан.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш рекол:

„Кога луѓето би знаеле за вредноста на Рамазан, тогаш мојот уммет (голема заедница на муслиманите) би посакал Рамазан да трае цела година.“

На тоа кажување некој прашал кои се тие вредности на Рамазан. Тој одговорил:

„Навистина Џеннетот е украсен за Рамазан од почеток до крајот на годината.“

Во една друга приказна која ја пренел Абу Хуреира, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Оној кој пости во текот на месец Рамазан во состојба на вера и преиспитување неговите претходни гревови ќе бидат опростени, и кога би знаеле кои се вредностите на Рамазан би посакале Рамазан да трае цела година.“

Кога човекот ја зголемува својата вера, кога се преиспитува, ги согледува недостатоците и постапките, обрнува внимание на исполнување на Аллаховите права и на правата на луѓето и се обидува да ги усогласи своите постапки со Аллаховата наредба. Единствено тогаш има гаранција за проштавање на неговите претходни гревови. Ова е исто така целта на постот во текот на Рамазан, што и во Чесниот Кур‘ан го спомнал Семоќниот Аллах џ.ш..

Во ајетот кој го проучив, кажано е:

„Пропишан ви е пост, месец Рамазан е пропишан секоја година за да станете богобојазливи и таквата значи дека треба да ја преземеме секоја работа за задоволство на Возвишениот Аллах џ.ш.. Единствено тогаш можеме да имаме корист од постот и да се спасиме од шејтанот. Кога искрено и богобојазливо постиме можеме да дојдеме во засолништето на Семоќниот Аллах џ.ш..“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„На оној кој пости во текот на Рамазан во состојба на вера, и се преиспитува ќе му бидат опростени претходните гревови.“

Ова не е нешто обично. Ветениот Месија а.с. не учел дека состојбата на верата не може да биде постигната сè додека не го препознаеме Бог. Понатаму рекол дека мораме да поминеме голем степен на препознавање и разбирање на Бог и ако нашето сфаќање на Бог е неисправно или помешано со сомневање, или пак на било кој начин да е помешано со слабоста, нашата вера никогаш нема да биде сјајна и проникната со светлината.

Значи, како личноста може да го препознае Бог? Тоа се случува преку манифестација на Божјиот Рахимијјат (атрибут на милоста), односно препознавањето на Бог може да биде постигнато со средствата за покажувањето на Божјата милост. Понатаму, кажал дека кога ќе се доживеат атрибутите на Рахимијјат, односно милоста на Семоќниот Бог, тие не чуваат од телесни страсти бидејќи телесните страсти се случиле поради слабоста на верата и на верувањето. Меѓутоа, многу јасно е дека ова вера не е наивна работа. Всушност, ова е голема работа и пред нас е огромна цел, а не само пост од 30 дена или пак подготовката за месец Рамазан кои сами по себе имаат малку значење. Вистинското значење е кога сиот наш напор на вежби во овој месец го пренесеме и на остатокот од годината.

Објаснувајќи ја состојбата на верата и начинот на подобрување, Ветениот Месија а.с. на едно место напишал:

„Во стварноста постојат два вида на вера во Бог. Едниот е ограничен само на поместување на устата, што нема никакво влијание на делата и на работата (верата е изразена но во делата не се покажува). Другиот вид на верувањето во Бог е оној кој доаѓа со сведоштво во праксата.“

Тој рекол:

„Јас знам дека овие луѓе го изјавуваат своето верување во Бог, но јас гледам дека и наспроти таа изјава тие се заробени во гнасотијата на овој свет и загадени се со маглата на грешноста.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Така, првата одговорност на човекот е прегледување на своето верување во Семоќниот Бог. Тоа подразбира дека тие не смеат да направат ниту едно дело кое би укажувало на тоа дека тие не го земат во предвид Величественоста на Бог, ниту смее да се противречи со било која наредба на Семоќниот Бог.“

Значи, ова е начинот на кој верник може самиот себе да се анализира во текот на овој месец Рамазан.

Исто така, ќе претставам делови за тоа како може да се напредува во богобојазливоста, како што тоа ни го објаснил Ветениот Месија а.с.. Човековата вера напредува кога тој напреднува во богобојазливоста.

Свртувајќи го нашето внимание на овој предмет Ветениот Месија а.с. вели:

„Целта на учењето Чесниот Кур‘ан во исламот е развивањето на Таква (богобојазливост), а тоа денес не постои на секаде. Луѓето постат и извршуваат намаз, но поради фактот дека не поседуваат богобојазливост, овој пост и молитви водат во грев.“

Денес кога  чинот на тероризмот се прави во името на исламот, каде се убиваат невини луѓе е знак дека има недостаток од богобојазливост.

Пред два дена околу стотина луѓе се убиени во Авганистан. Дали Рамазан за овие луѓе кои прават такви дела ќе има било каква корист? Дали ќе учествуваат во благословите кои се врзани за неговата величина? Апсолутно нè, бидејќи тие луѓе прават дела кои се спротивни со наредбите на Возвишениот Бог. Исто така, затоа што    се оддалечиле од наредбите на Возвишениот Бог, тие се оддалечиле и од богобојазливоста.

Во потполна согласност со Чесниот Кур‘ан Ветениот Месија а.с. нагласил:

„Дури и намаз без богобојазливост е бескорисен и е клуч кон Џехеннем.“

Тој клуч кој човекот го води кон пекол. Така, како Рамазан може да биде корисен за оние кои се немаат било каква богобојазливост? А што се однесува до оние кои прават суровост во Божјо име и во името на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., тие никогаш нема да ги добијат благословите на Рамазан, и тие наместо тоа ќе страдаат од Аллаховиот гнев. Значи, кога сведочиме на вакви брутални и варварски дела, ние како Ахмади муслимани треба да бараме покајание од Семоќниот Бог паѓајќи Му на сеџда дури повеќе од порано, бидејќи не одвоил од тираните и ни овозможил да го прифатиме Ветениот Месија а.с.. Секогаш треба да водиме сметка за нашите дела и треба да тежнееме кон засилување на верата.

Објаснувајќи го вистинското значење на богобојазливоста, Ветениот Месија а.с. вели:

„Вистинската Таква која ја чисти и прочистува личноста и поради која се појавиле пратеници во светот веќе ја нема. Дали постои некој кој е одраз на – ’Тој навистина го прави успешен оној кој ја прочисти‘.“ Чистотата е совршена доблест и мелеките го поздравуваат оној кој е чист.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Втората сура (од Чесниот Кур‘ан) започнува вака:

„Тоа е упатство за богобојазливите.“

Ибадет, пост, зекат и останатото биваат прифатени кога личноста станува богобојазлива. Така, сè што е напред спомнато ќе биде примено кога личноста ќе ја прифати богобојазливоста. Инаку, тоа нема да биде примено ако личноста нема богобојазливост.

Ветениот Месија а.с. вели:

„На ова ниво Семоќниот Аллах џ.ш. го брише секој поттик на човекот за грев.“

Со други зборови, ако личноста има потполна богобојазливост Семоќниот Аллах џ.ш. ги брише сите побуди и поттици кои го мамат кон престап.

Ветениот Месија вели:

„Кога на човекот му треба жена, Он (Бог) тоа ќе му овозможи. Кога му е потребен лек Он тоа ќе му овозможи. Што и да му треба на човекот Бог тоа му го овозможува и Он тоа го прави на начини кои за него се незамисливи.“

Објаснувајќи ги понатаму богобојазливоста и цврстина Ветениот Месија а.с. вели:

„На почеток вистинскиот муслиман треба да покаже трпение. Асхабите доживеале време кога биле принудени да преживуваат на лисје а во друго време немале ниту парче леб за јадење. Никој не може да му користи на друг доколку тоа не е одредено од Семоќниот Аллах џ.ш. На личноста која ќе усвои богобојазливост Аллах џ.ш. и отвора врата. Оној кој стравува од Аллах џ.ш. – Он за него ќе направи излез и ќе му овозможи начини кои тој не може да ги замисли. Верувајте вистински во Семоќниот Аллах џ.ш.“

Овој ајет има два дела. Првиот е дека за оние кои вистински веруваат Семоќниот Аллах џ.ш. ќе изнајде начин и средства. Другиот дел значи дека Семоќниот Аллах џ.ш. ќе овозможи начини кои за човекот се незамисливи.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Држете се цврсто во верувањето во Семоќниот Аллах џ.ш. бидејќи сите нешта од тоа ќе ги постигнете. Тоа бара цврстина и решителност. Возвишената положба на пратениците е постигната преку нивната цврстина и трпение.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Која можна корист може празна и безживотна дова и пост да дадат некому? (едноставно, само да се прави ибадет и да се пости во текот на Рамазан ништо не се постигнува, туку оној кој тоа го прави со постојано и решително уверение сè ќе постигне). Според тоа, Семоќниот Аллах џ.ш. сака да станеме богобојазливи за вратите на Неговата неизмерна милост да се отворат кон нас, и посебно во текот на месец Рамазан Неговите врати се отворени кон оние кои во себе всадат богобојазливост (Таква). Со цел да стане богобојазлив, човекот треба да се воздржи не само од порок туку исто така да усвои правење на добри дела.“

Објаснувајќи го ова Ветениот Месија а.с. вели:

„Со цел некој да стане богобојазлив неопходно е после силно воздржување од повеќе смели гревови како што се блудот, кражбата, грабењето на правата на другите, покажувањето на гордост, презирот и скржавоста, да треба да се воздржува од ниските навики и пракси ѝ наспроти тоа треба да напредува во посвојување на високи морални одлики.“

Личноста треба да се воздржи од сите такви ниски навики и да напредува во посвојувањето на висок морал – ова е неопходен услов.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Човек со другите треба да се однесува со сожалување, љубезност и треба да биде искрен и вистинит кон Бог. И треба да трага за такви начини што ќе им служат на другите и кои се вредни за почит.“

Личноста треба да прави такви дела и услуги кои се вистински вредни за пофалба и извонредни по природа и само тогаш е можно да се постигне ниво на богобојазливост. Личноста треба добро да се однесува со другите додека го покажува духот на несебичноста  и треба да ги исполни правата на Семоќниот Бог, како и правата на други луѓе на примерен начин кој е вреден за пофалба.

Објаснувајќи детално за богобојазливоста и за целта на своето доаѓање, Ветениот Месија а.с. вели:

„Причина поради која јас бев одреден е таа што полето на богобојазливоста е празно. Тука е потребата за богобојазливост наместо за земање на оружје кое е прогласено за недозволиво. Ако посвоите богобојазливост тогаш целиот свет ќе дојде на ваша страна, затоа посвојте богобојазливост. Оние кои пијат алкохол, или таму кај што алкохолот се смета за централен аспект на нивните верски традиции, немаат никаква врска со богобојазливоста и водат војна против побожноста. Затоа, ако Семоќниот Аллах џ.ш. му подари на нашиот Џемаат луѓе со таква добра среќа и им подари способност да се борат против злото и да бараат напредок на полето на богобојазливост и чистотата тогаш тоа е големо достигнување и нема ништо по делотворно од тоа.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Нашиот Џемаат затоа треба да биде во страв од ова затоа што само оние кои имаат богобојазливост ќе бидат спасени, а неа Семоќниот Бог ја посакува од нас. Семоќниот Аллах џ.ш. ја основал оваа Заедница со цел за постигање на богобојазливост затоа што полето на богобојазливоста е потполно празно.“

По џума намаз јас ќе клањам џеназа за уважениот Кхваја Ахмад Хуссеин сахиб, дервиш од Кадијана чие тело не е присутно. Тој бил син на Мухаммед Хуссeин сахиб. Починал на 31 мај 2017 година на 92 години. Навистина на Аллах џ.ш. му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Тој е роден во 1926 година во село Секхван блиску до Кадијана. Неговиот дедо по мајка бил хазрети Миа имам Дин сахиб како и неговите двајца браќа, Миа Назим и Миа Кхаир Дин сахиб биле асхаби на Ветениот Месија а.с.. Нека Аллах џ.ш. ги оспособи неговите потомци и идните генерации да создадат цврста врска на верност со Халифатот. И, нека неговите потомци и идни генерации ги помнат жртвите кои тој ги направил, и нека создадат цврсто верен и искрен однос со Џемаатот.