In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Намаз, џума и Рамазан

Благословениот месец Рамазан дојде и уште побрзо помина. Без оглед на долгите денови и високите температури, посебно во овој период, дури и тука се измерени највисоки температури, и поголемиот број од гостите или барем оние кои се сретнаа со мене ми рекоа дека постот не го поминале со толку голема мака туку и покрај временските прилики постот го примиле без поголеми тешкотии. Меѓутоа, самото тоа не е доволно и сите ние треба да се преиспитаме самите себе и да увидиме што сме постигнале во текот на овие благословени денови на Возвишениот Аллах џ.ш..

Во текот на овие денови на месец Рамазан, Возвишениот Аллах џ.ш. се симнува од седмото небо на пониско небо. Во текот на овие денови Он ги слуша довите на Своите робови приближувајќи им се поблиску. Во тој период Возвишениот Аллах џ.ш. станува награда за сите оние кои постат. Во текот на овие денови Возвишениот Аллах џ.ш. шејтанот го става во окови. Што ние направивме за да добиеме корист од овие дела на Милост на Возвишениот Аллах џ.ш.? Или како сме се однесувале? Какви ветувања сме дале за да ги следиме наредбите на Возвишениот Аллах џ.ш. за да можеме да живееме според Неговото учење, да ги отстраниме нашите претходни недостатоци и до која мера сме вовеле некои промени во нас?

Всушност, Рамазан а како камп за тренирање. Рамазан е пропишан за да ги зголемиле нашите добри дела според кои веќе делуваме. При завршувањето на секој Рамазан ние треба да се воздигнеме на ново ниво на нашето обожавање и чинење на праведни дела. Тогаш, ние треба да станеме оние кои воспоставиле нови и високи стандарди на обожавање и праведни дела.

Возвишениот Аллах џ.ш. вели:

„Обрнувајте му внимание на намазот и тоа на средниот намаз.“

Возвишениот Аллах џ.ш. е свесен за човековата природа и поради тоа посебен акцент ставил на средниот намаз. Салат-ул-Вуста (Salat-ul-Wusta) значи среден намаз или најважен намаз, односно, време кога важноста на намазот се зголемува. Причина за тоа е што во текот на одреденото време за намаз човекот дава предност на неговите лични работи или за исполнување на световни дела и активности. На некои луѓе им е тешко да извршуваат фаџр намаз (утрински намаз) и да се пробудат наутро за да извршуваат сабах намаз. На некои пак поради својата работа или бизнис им е тешко да извршуваат зухр или аср намаз, со што важноста на тие одредени намази се зголемува.

Возвишениот Аллах џ.ш. нашето внимание кон намазот го свртел на повеќе различни начини и сето тоа не го ограничил само на месец Рамазан. Што се однесува до намазот, џума намаз и Рамазан, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ни дал упатства кои верникот и оние кои во срцата имаат страв од Возвишениот Аллах џ.ш. постојано треба да ги имаат на ум.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Петте дневни намази од еден џума намаз до друг џума намаз, и од едниот Рамазан до другиот Рамазан се надомест за гревовите кои се направени во периодот помеѓу нив, сè додека личноста се воздржува од правење на големи гревови.“

Меѓутоа, личноста не треба да смета дека им е дозволено да прават помали гревови и дека Возвишениот Аллах џ.ш. ќе им прости. Всушност, тоа значи дека грешките кои се направени поради човечките слабости, но во исто време со извршување на намзите, редовното извршување на џума намаз и барањето за опростување на гревовите, давањето на завет дека личноста нема повторно да го направи истиот грев, тогаш на таквата личност Возвишениот Аллах џ.ш. и проштева.

Што се однесува до важноста и редовното извршување на џума намаз Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Секој оној кој намерно пропушти три зума намази по ред Возвишениот Аллах ќе го запечати неговото срце.“

Возвишениот Аллах џ.ш. вели:

„О вие кои верувате! Кога чуете езан за џума намаз побрзајте да се сетите на Аллах и напуштете ја секоја работа.“

Тоа е подобро за вас да го запомните и да го знаете. Оваа наредба се однесува за секој верник, и за оној кој изјавува дека верува во Бог, дека он мора да создаде услови да клања џума намаз и да ги напушти сите работи и сите бизниси во тоа време.

Што се однесува за оние кои присуствуваат на џума намаз на време и редовно Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Во петок мелеките доаѓаат на сите врати од џамијата. Тие го запишуваат името на првиот што ќе влезе во џамијата и продолжуваат да ги пишуваат имињата на лицата кои влегле во џамијата сè додека Имамот не седне после хутбата, после што тие ги затвараат записниците и почнуваат внимателно да слушаат за сеќавањата на Аллах.“

Во друго предание Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вели:

„На Судниот ден луѓето ќе седат пред Возвишениот Аллах по редослед по кои тие присуствувале на џума намаз, односно, прв, втор, трет, четврт итн.“

Според тоа, оние кои по обичај доаѓаат покасно на џума намаз треба да обрнат внимание на ова.

Во однос на упатствата Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е многу јасен. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вели:

„Извршувањето на џума намаз во џемаатот е задолжително за муслиманите, освен за четири категории на луѓе: робови, жени, деца и оние кои се болни.“

Зборувајќи за опростување на гревовите помеѓу два Рамазана, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Возвишениот Аллах ги опростува и најмалите наши гревови помеѓу два Рамазана.“

Овде Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги објаснува начините како во низа може да се добие опростување на гревовите. Прво е намазот, потоа џума намаз па доаѓа Рамазан.

Оној кој клања пет намази дневно ќе му се приближи на Возвишениот Бог и ќе сведочи за оваа молитва:

„Твојот слуга дојде пред Тебе поради страв и љубов, пет пати дневно на намаз за да добие опростување на големите гревови.“

Потоа, секој петок ќе сведочи:

„Откако седум дена се одрече од големите гревови Твојот слуга ќе дојде до петок – за кој Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека содржи време кога се прифаќаат молитвите – и така он доаѓа пред Тебе барајќи прифаќање на молитвите.“

Месецот Рамазан ќе сведочи:

„О Господару! Твојот слуга влегува во Рамазан исполнувајќи го своето право, истовремено воздржувајќи се од гревови и извршувајќи побожни дела со надеж дека Господарот ќе даде благослови на Својот слуга, ќе му даде десет дена милост, опростување и засолниште од пеколот.“

Понатаму, посебно внимание се развива во Рамазан според читањата и слушањата на Чесниот Кур’ан. Таму, Возвишениот Аллах џ.ш. го свртува нашето внимание на важноста на намазот, и за извршувањето на намазот во различни приоди од денот тој вели:

„И, рецитирањето на Чесниот Куран на намаз во зори … Навистина, рецитирањето на Чесниот Куран во зори посебно е прифатено од Бог.“

Додека го учиме Чесниот Кур’ан неопходно е да го читаме и преводот на Чесниот Кур’ан за да можеме да го разбереме. Ова ќе ни помогне да ги сфатиме наредбите на Возвишениот Аллах џ.ш.. Редовното учење на Чесниот Кур’ан посебно е важно во ова време и доба кога оние кои себе си се нарекуваат муслимани го заборавиле неговото учење.

Ветениот Месија а.с. понатаму ни свртува внимание и вели:

„Оние кои му оддаваат почит на Чесниот Кур’ан ќе бидат наградени на небото.“

Секогаш имајте го во предвид значењето на Чесниот Кур’ан и не дозволувајте никогаш да надвладее мрзливост при учењето на Чесниот Кур’ан. Слично на тоа, вниманието кое го посветувате при споменувањето на Аллах џ.ш. ќе ви биде од корист само доколку ја одржите оваа пракса и после месец Рамазан.

Другите доблести и морал исто така треба да бидат прифатени. Ние, Ахмади муслиманите сме среќни што Семоќниот Аллах џ.ш. не оспособил да го прифатиме заветот на баи’ат на Ветениот Месија а.с.. Ветениот Месија а.с. постојано зборувал дека оние кои влегле во неговиот завет на баи’ат треба постојано да настојуваат да се подобрат преку ибадет и да покажуваат високи морални стандарди.

На едно место Ветениот Месија а.с. вели:

„Личноста не е заслужна за помош и поткрепа од Семоќниот Аллах џ.ш. доколку со својата искреност и преданост на своето срце не ги затвори вратите на сите погрешни патишта и не ги склони сите неподобни и нечисти желби, и тогаш да ги рашири своите раце пред Семоќниот Аллах џ.ш.. … Семоќниот Аллах џ.ш. од небесата гледа право низ секој дел од човечкото срце. Ако било кој дел од човечкото срце се замрачи, ширк или штетни нови работи, ибадетот на Аллах џ.ш. на таквата личност ќе биде фрлен назад во неговото лице. Ако Аллах џ.ш. види дека човечкото срце е отворено и е исчистено од било какви врсти на телесни желби и замрачувања, Он за него ги отвора вратите на милоста и презема одговорност за неговото издржување и заштита.“

Додека ова го објаснува Ветениот Месија а.с. вели:

„Вашите срца треба да не мамат, вашите раце не смеат да чинат никакви ѕверства, вашите очи треба да бидат недопрени од нечистотија. Освен упатства и сожалувања за човештвото не смеете да негувате ништо друго во себе.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Ако себе си се обликувате во склад со она што Бог го кажува тогаш бидете уверени дека Бог ќе биде ваш, Семоќниот Бог ќе остане буден поради вас додека вие спиете. Бог ќе внимава на вашите непријатели и ќе ги оневозможи нивните планови додека вие не внимавате на тоа.“

Според тоа, неопходно е да водите сметка за овие наредби. Еден од аспектите на кои Ветениот Месија а.с. постојано не потсетува е тоа дека ако не водиме сметка за овие наредби тогаш едноставно самото давање на баи’ат (завет на верност) не е доволно само по себе.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Затоа нема да бидете прифатени од Бог доколку не бидете исти и од внатре и однадвор. Ако сте во позиција над другите имајте милост кон пониските и не гледајте на нив со понижување. Ако сте учени советувајте ги неуките и не понижувајте ги со презир. Ако сте богати помагајте ги сиромавите и кон нив не однесувајте се со гордост и со надменост.“

Ако Семоќниот Бог ве благословил со богатство и со позиција на власт треба тоа да го искористите и да им помагате на луѓето наместо да покажувате надменост.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Нека секое утро биде сведок дека ноќта сте ја поминале во богобојазливост и нека секоја ноќ биде сведок дека денот сте го поминале во страв од Бог. Не плашете се од проклетствата на светот бидејќи тие ќе исчезнат пред вашите очи како дим и тогаш не можат да го превртат денот во ноќ. Наместо тоа, плашете се од Божјото проклетство кое се симнува од небото и ги искоренува своите жртви и на двата света.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Вие себе не можете да се спасите со лицемерие (дволичност); вашиот Бог е оној Кој гледа најдлабоко во внатрешноста на човекот. Како би можеле тогаш вие Него да го излажете? Затоа станете искрени, чисти и вистинољубиви. Ако и мал дел темнина остане во вас тој ќе ја распаши со сета своја светлина. Бидете внимателни некои наредби да не ве измамат  и да мислите дека доволно сте ја исполниле својата цел. Бидејќи, Бог сака потполна преобразба во вашето битие…“

Во продолжение Вестениот Месија а.с. вели:

„Ако саката Бог да биде задоволен од вас на небото обединете се еден со друг како да сте браќа од една утроба. Оној што најмногу ги опростува престапите на својот брат е нај почестен помеѓу вас. Оној кој е надмен не може да постигне блискост со Бог. Оној кој е неверен не може да постигне блискост со Бог. Секоја личност која љубоморно не го штити Божјото име не може да ја стекне Неговата блискост.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Секое нечисто око е далеку од Него; секое нечисто срце не е свесно за Него. Спријателете се со Бог со вистинско срце, полна искреност и потполна желба, и на тој начин Он да се спријатели со вас. Имајте милост кон своите потчинети и своите жени, со помалку среќните браќа и на тој начин да ви биде покажана милост на небото. Постанете вистински Негови и тогаш и Он ќе постане ваш. Ниедна несреќа не ја погаѓа Земјата додека не дојде наредба од небото и ниедна неволја нема да биде склонета додека милост не се симне од небото. Затоа, кој ќе биде мудар да се откаже од коренот наместо од гранката?“

Според тоа, секој од нас треба да го заврши својот рамазан ветувајќи дека секогаш ќе ги памети наредбите на Семоќниот Бог и на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. – кои Ветениот Месија а.с. ги објаснил – и потоа ќе настојува да ги усвои и практикува во својот живот. Ако ова го правиме и се однесуваме така, само тогаш можеме да кажеме дека сме се бореле Рамазан да го поминеме во склад со наредбите на Семоќниот Бог и на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Нека Аллах џ.ш. не научи и ни даде сила така да работиме.

После џума намаз јас ќе клањам џеназа за починатите чии тела не се присутни.

Прва е Мустхак Зухра сахиба, жена на рахметли Цхаудхру Захоор Ахмад Бајва сахиб. Таа умрела во 08:45 часот ноќта на 12 Јуни во Рабва на 91 годишна возраст. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Семоќниот Аллах џ.ш. починатата ја благословил со три сина и две ќерки. Едниот син, Захеер Бајва сахиб, во Америка својот живот го посветил во служење на верата. Цхаудхру Захоор Ахмад Бајва сахиб служел како мисионер во Англија. Мустхак Зухра сахиба на извонреден начин својот живот го поминала со сопругот кој животот го посветил во служење на верата, и никогаш немала некои барања кои нејзиниот маж би го ставиле на маки. Во периодот од 1951 година до 1955 година неговата жена, заедно со Захоор Бајва, живееле овде во Англија. Во тоа време ситуацијата на мисионерите и Заедницата, посебно финансиската ситуација, била таква што морале да минат низ тешки времиња, па сепак не приговарале поради тоа и целата таа ситуација ја преброделе без било какви приговори. Хенееф Махмоод сахиб пишува: ’Во 1955 година на Цхаудхру Захоор Ахмад Бајва сахиб му биле дадени инструкции од Лондон да се врати во центарот (во Рабва, Пакистан). Во тоа време неговата жена била многу болна и лекарите и советувале одмор во постелата, но веднаш штом ги примил инструкциите Цхаудхру Захоор Ахмад Бајва сахиб и неговата жена ги почнале подготовките за враќање во Рабва. И покрај болеста таа не дала никаков приговор без оглед на фактот што во тоа време патувањето на толкави релации било многу тешко.‘

Нека Аллах џ.ш. и даде прошка и мир на почината и нега ја воздигне нејзината положба и им помогне на нејзините деца да чинат добри дела. Амин!

Другата џеназа е за Абдул Бакр сахиб од Египет. Тој починал на 12 Јуни поради срцев удар. На Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме. Тој бил професор по Арапски јазик и религиски студии, но ја напуштил работата и својот живот го посветил во служење на Заедницата. Спомнувајќи го својот завет на верност починатиот го раскажал овој случај: „Јас гледав програм во која учествуваше рахметли Мустафа Сабит сахиб. Тој го спомнуваше фактот дека Иса а.с. (Исус) не умрел на крстот туку дека паднал во несвест. После тоа се иселил кон исток и покасно умрел од природна смрт. Додека тоа го гледав на ТВ јас седев наклонет во креветот. Кога почнав да го слушам тоа излагање се исправив и посветив големо внимание на излагањето.“ (тоа била Ал-Хиварул-Мубасхир програмата). „Кога на крајот ја дознав вистината јас гласно извикав ’Аллаху Екбер‘ (Бог е Велик)! Три дена подоцна Семоќниот Аллах џ.ш. ми ја разјасни загонетната смрт на  Иса а.с. (Исус), спасувањето од крстот и иселувањето.“ После неговиот завет на баи’ат покојниот го отфрлиле најпрво неговите колеги од работа, потоа соседите, пријателите и роднините и му нанеле големи тешкотии, но и покрај сето тоа тој не се поколебал во вистината. Всушност, од ден на ден станувал се поснажен во својата вера и својата истрајност кон неа. Тој со својата жена после смртта оставил четиригодишна ќерка, Зејнаб, и двогодишен син, Мухаммед. Со Аллаховата милост неговиот син е вклучен во дел од програмата вакф-е-нау.

Нека Аллах џ.ш. му даде прошка и милост на починатиот и нека ја воздигне неговата положба. Нека Он ја преземе целата грижа за неговата жена и деца и нека им помогне да чинат добри дела. Амин!