In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Намаз и она што го следи

Денешната хутба во петок Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов Помошник) ја одржа во Баит-ул Футух џамијата во Лондон. После ташахуд и сура Ал Фатиха Хузур го кажа следното:

На минатата хутба јас говорев за важноста на извршувањето на намаз и после тоа примив писма од членови на Џемаатот и од вршители на должност во кои тие спомнуваат дека тој говор бил благовремен потсетник, дека биле мрзеливи во однос на тоа и дека ќе продолжат да се поправаат во извршувањето на своите намази. Нека Аллах им помогне да го исполнат своето ветување и да ги оспособи да ги наполнат куќите на Аллах (џамиите).

На почетокот луѓето се страсни во следењето на насоките и обврските но како што времето минува нивната страст бледнее. Системот на Џемаатот тоа треба да го препознае и мора постојано да ги потсетува членовите на Џемаатот. Всушност, истрајноста е клуч за тоа.

Не секогаш покажувањето на мрзеливост од страна на поединци мора да има штетни последици, но кога организацијата покажува мрзеливост тоа води кон неможност за поправање и оваа работа доведува до голема загриженост. Помошните организации и заедницата треба да обрнат големо внимание на таа задача – задача која ја преставува самата цел за нашето создавање. Треба да се организираат и направат такви програми кои ќе доведуваат до тоа секој ден да почувствуваме напредок. Нашиот напредок во ибадетот ќе не води кон вистински победи. Ова е многу важен принцип. Џемаатот треба да обрне сериозно внимание на тоа.

Членовите на Лаѓна Имаиллах организацијата треба да ја изврши својата улога – тие треба да ги надгледуваат децата при извршувањето на намази. Тие треба да ги потсетуваат машките членови во својот дом своите намази да ги извршуваат во џамија. Ако жените ја исполнуваат својата улога тогаш можеме да доживееме голема реформа.

Они кои изнесуваат изговори дека намазот е однос помеѓу нив и Бог (и поради тоа не треба да ги потсетуваат) треба да запомнат дека кога веќе стануваме членови на системот тогаш треба да се придржуваме до правилата кои тој ни ги донесува. Затоа, задачата на Џемаатот е секој свој поединец да го потсети за нивните одговорности.

Некои жени приговараат дека кога ги потсетуваат своите мажи на обврските тие им се лутат со изговор дека се уморни и дека не можат  да бидат на фаџр (сабах) намаз. Сепак, обврска на жените е да ги потсетуваат своите мажи. Да било доволно личноста која клања ако сака, или ако е во состојба, да се разбуди за фаџр (сабах) намаз тогаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не би зборувал дека треба да се разбудиме еден со друг поради извршување на намазот.

Понекогаш се поставуваат одредени прашања кои се однесуваат на намазот и фикх (правила) и поради тоа јас денес ќе одговорам на некои од тие прашања. Луѓе од различни воспитувања и начини на размислување му се придружуваат на Ахмадија џемаатот и тие одредени работи ги извршуваат на различен начин. Ветениот Месија а.с. го поучил и повел Џемаатот кон подобри и честити патишта и начини.

Што се однесува до подигањето на раката, Рафах Јадаин (после секое изговарање на Аллаху екбер), тоа не било пракса на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Ветениот Месија а.с. исто така тоа не го правел.

Учењето на сура Ал Фатиха од имамот е честита пракса и би било многу подобро кога се учи.

Ветениот Месија а.с. не го прифатил гласното учење на ’Бисмиллах‘ пред учењето на сура Ал Фатиха во намазот и не го прифатил и гласното изговарање ’Амин‘ после сура Ал Фатиха. Меѓутоа, нема ништо погрешно ако тоа се практикува.

Што се однесува до врзувањето на рацете во текот на намазот Ветениот Месија а.с. препорачал рацете да ги врзуваме во пределот на папокот.

Кога се работи за подигањето на показалецот Ветениот Месија а.с. рекол дека тоа го правеле Арапите кога сакале да навредуваат или да псујат некој, но исламот го променил тоа значење поучувајќи ги своите следбеници истиот прст да го користат како прогласување на Божјата Единственост.

Ветениот Месија а.с. чинел ибадет (извршувал намаз) на начин кој бил доследен на праксата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Важно е да не се задржуваме на ситни детали туку нашата концентрација треба да биде насочена кон Семоќниот Аллах.

Што се однесува до учењето на ајети од Чесниот Кур’ан на руку (во положба на поклонение) тоа не треба да се прави. Тоа е време на голема понизност, а Божјата Реч има возвишена положба. Тоа не било пракса на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Се поставува прашањето дали се смета дека личноста извршила одреден рекат во намазот ако му се придружи на намазот во положба на поклонение (руку). Ветениот Месија а.с. рекол дека негова лична склоност е дека нема намаз без учење на сура Ал Фатиха. Меѓутоа, ако некој задоцни и покрај настојувањето и му се придружи на намазот во положба на поклонение (на руку) ќе му биде сметан еден рекат бидејќи така е наведено во хадисите.

Ако имамот предводи аср (инкидија) намаз а дојде личност која не извршила зухр (пладневен) намаз тогаш треба прво да клања зухр намаз – што значи дека треба да се држи до редоследот на намазите. Ако оној што клања не знае кој намаз се клања тогаш треба да го следи имамот кој намаз го клања во Џемаатот, а после тоа треба да го изврши намазот кој го пропуштил. Тоа значи, ако во тој случај го извршил прво аср (икиндија) намаз со имамот, а претходно не го извршил зухр (пладневен) намаз, тогаш тој после тоа треба да го изврши зухр намаз.

Бидејќи Ветениот Месија а.с. суннетот го извршувал дома некои луѓе погрешно разбрале дека ова значи оти извршувањето на суннет не е задолжително. Хазрети Халифа-тул Месих I р.а. ја разјаснил оваа работа и кажал дека Ветениот Месија а.с. во својата куќа извршувал суннет на секој намаз. Мирза Башир-уд-Дин Махмоод Ахмад р.а. и други членови тоа го потврдиле.

Се поставува и прашањето за извршување на намаз после имамот кој оваа позиција ја смета како професија? Ветениот Месија а.с. рекол дека смета оти извршувањето на намаз после било која друга личност која го предводи намазот како професија не е исправно. Тие го предводат собирот имајќи ги на ум парите кои ќе ги добијат за тоа. Ако случајно не биле платени за тоа тогаш тие сигурно би ја напуштиле задачата. Ако средствата за живот се заработуваат со чиста намера тоа само по себе преставува ибадет.

Ветениот Месија а.с. рекол дека извршувањето на намаз после било која личност која издаде указ за неверување кој се однесува на Месијата на ова доба не е дозволено и тоа преставува харам. Овие луѓе кои ги обвинуваат другите муслимани за отпадништво навистина се тие кои ќе бидат уништени. Затоа, тие не заслужуваат било која личност од мојот Џемаат за извршува намаз после нив. Дали може жива личност да извршува намаз кој го предводи мртва личност? Запомнете дека тоа – како што Аллах мене ме извести – за вас преставува харам да извршувате намаз после таква личност. Треба да бидете сигурни дека вашиот имам доаѓа од вашата средина.

Во хадисот Букхари се вели: ’Имамукум минкум‘.

Потоа се поставува и прашањето за извршување на намаз после личности кои не се непријателски настроени кон Џемаатот но сепак не го прифатиле Ветениот Месија а.с.. Ветениот Месија а.с. рекол дека овие луѓе не ги прифатиле верувањата на Ахмадија муслиманскиот џемаат и не ги земале во предвид знаците дадени од Аллах, не се замислиле над состојбата на муслиманите и не го следеле патот кон богобојазливоста.

Аллах во Чесниот Кур’ан вели:

„Аллах прима само од богобојазливите.“

(5:28)

Затоа не извршувајте намаз после личност чиј намаз не е соодветен за да биде прифатен.

Имаме молба за дови (да го молите Аллах) за Ахмади муслиманите во Алжир. Тоа е нов Џемаат и поголемиот дел од членовите пред кратко време го прифатиле Ахмадијатот. Сепак, тие се многу цврсти во својата вера. Ситуацијата во земјата за нив е многу тешка. Поднесени се (судски) пријави против нив без било какви причини. Некои од нив дури и се ставени во затвор. Таму нашите луѓе ги сметаат за група која е слична на Даисх (неузубиллах). Вистината е дека ако во денешно време во било која земја постои некоја група која е мирољубива и се држи до законите на својата влада во соодветната земја, тогаш тоа се членовите на Ахмадија муслиманскиот џемаат. Сепак тие измислуваат лажни обвиненија за да можат да не малтретираат. Нека Аллах ја олесни ваквата ситуација за Ахмади муслиманите во таа земја и нека им даде трпение, и нека Аллах ги одлие овие злобни дела над непријателите на Ахмади муслиманите. Нека Аллах го заштити секој Ахмади муслиман од овие свирепи ѕверства.