In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Важноста на џума намаз

Денешната хутба во петок Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов Помошник, ја одржа во Баит-ул Футух џамијата во Лондон. По тахаџуд и сура Фатиха Халифа-тул Месих V ги проучи следните ајети од Чесниот Кур‘ан:

„О вие кои верувате! Кога ќе се повика на намаз во петок во еден дел од денот, побрзајте кон спомнувањето на Аллах и оставете ја трговијата. Тоа е подобро за вас, да знаете.

А кога намазот ќе се изврши, па растурете се по земјата и барајте од добрината Аллахова, и спомнувајте го Аллах многу за да бидете спасени.

А кога ќе видат нешто од трговијата или забавата, брзаат кон тоа и те оставаат, стоејќи.

Ти кажи: ’Она што е кај Аллах многу е подобро од забавата и трговијата, и Аллах најдобро снабдува‘.“

(62:10-12)

Кога Аллах дал наредба за проштавање, Он исто така спомнал дека тие денови се изброени. Кога започна Рамазан многумина од нас мислеа дека ова се долги летни денови и се прашуваа како тие триесет дена ќе поминат. Но, како што Аллах спомнал, овие денови се изброени и сега тие денови поминаа, а денес е веќе дваесет и петтиот ден од постот. Хузур кажа дека многу луѓе му пишувале зборувајќи како Рамазан им поминал многу брзо. Хузур кажа дека, всушност, вистина е дека кога Рамазан започнува деновите ги чувствуваме како да се многу долги, но како што одминува времето чувството се менува. Денес е последниот петок од Рамазан. Во овие 4-5 преостанати денови треба да се погрижиме да бидат отстранети сите недостатоци. Треба да го молиме Аллах да ги покрие нашите мани, да биде милостив кон нас и да не ни ги одземе рамазанските благодати. Вообичаено, овој петок се нарекува проштален петок. Постои мислење кај муслиманите дека во овој петок сите молитви ќе бидат прифатени, дека сите пропуштени намази и ибадети ќе бидат заборавени и опростени, но тоа е сосема неточно и вистинскиот верник не смее така да размислува. За вистинскиот Ахмади муслиман ова е исмејување на верата.

Аллах е силно Милостив кон нас кога овозможил да го прифатиме најсилниот поклоник на Чесниот Пратеник с.а.в.с. кој ги отстранил од нас таквите мисли и кој не довел до вистинските учења на исламот. Не само што не вовел во вистинските учења на исламот, туку ни ги покажал и патиштата кои водат кон Божјата близина.

Хузур рекол дека во една прилика на Ветениот Месија а.с. му било поставено прашање во врска со клањањето на четирите рекати во овој петок, кои се нарекуваат Кадха-е-Умри, што значи дека овие рекати се клањаат како надоместокот на намазите кои човекот во животот ги пропуштил. Дали ова има некакво значење?

Ветениот Месија а.с. рекол дека ова глуп потег и секој кој намерно го пропушти намазот во текот на годините сметајќи дека тоа ќе го надомести со клањањето на Кадха-е-Умри, всушност, прави грев. Нема штета доколку некој го клања овој намаз со намера дека никогаш повеќе нема да пропушти намаз. Дури, Ветениот Месија а.с. рекол дека во тој случај го следиме примерот на хазрети Али, р.а.. Во текот на Халифатот на хазрети Али р.а., еден човек го клањал намазот во погрешно време. Некој го запрашал хазрети Али р.а., бидејќи е Халифа на своето доба, зошто не го сопре намазот? Тој одговорил дека му е страв бидејќи можеби ќе погреши во врска со следниот Кур‘ански ајет.

„Дали размисли за оној кој му забранува на робот намаз да изврши.“

(96:10-11)

Ветениот Месија а.с. рекол дека ако некој се покае и моли не треба да му се забранува, бидејќи на крајот на денот тој само се моли. Тоа покажува недостаток на дух и на одговорност но за делата се суди според нивните намери. Затоа, хазрети Али р.а. поради спомнатиот ајет бил внимателен. Ветениот Месија а.с. го дал ова правило имајќи го на ум истиот ајет. Тој исто така појаснил дека е погрешно ако некој нема намера да се подобри од тогаш па и за понатаму, туку само сака да ги надомести намазите кои ги пропуштил. Во нашиот Џемаат не постои концепт на Кадха-е-умри. Ние мораме да ги отстраниме сите не исламски обичаи и да и дадеме предимство на верата пред световните нешта.

Кога сме и дале предимство на верата пред световните нешта, како тогаш можеме да помислиме на пропуштање на намаз или на молитва во петок? Прошталниот петок за нас има сосема поинакво значење. За вистинскиот Ахмади муслиман, ние со тешко срце се опростуваме од овој петок, како и од овие благословени денови. Петок за нас значи заедничко собирање и молитва кон Аллах и следната година да ни овозможи да ги дочекаме овие благословени денови и повторно да му посакаме добредојде на Рамазан. Никој од саканите не се збогува зборувајќи дека ќе ги заборави штом тие ќе заминат. И за оние кои не напуштаат засекогаш, ние не ги напуштаме во сеќавањето. Некој се обидува да го задржи своето наследство, продолжувајќи со добри дела. Верниците се молат за оние кои веќе не се тука.  Нашите драги кои заминуваат во друг град или држава поради работа и слично не се заборавени. Денес по телефон, пораки и останати видови на комуникација, на пример Скајп и слично, човекот останува во контакт со драгите луѓе.

Никогаш не се збогуваме со саканите зборувајќи им дека ќе ги заборавиме на година две и дека ќе заборавиме кои се тие. Исто така ќе размислиме за нив и кога повторно ќе се сретнеме ќе одлучиме дали ќе продолжиме да се дружиме со нив. Дали некогаш сме биле сведоци  за таквото однесување во светските односи? Всушност, би бил луд оној кој вака се однесува и сите би го нарекувале лудак. Кога ќе помислиме на Најдрагиот, Господарот на сите светови, на Оној кој ни дава сè, Најљубезниот, Милостивиот, Кој кажува да имаме вера во Него, Кој вели да сочуваме односот со него, Кој вели да Го сакаме и најмногу да се сеќаваме на Него. Како можеме да кажеме дека ќе сеќаваме на Тебе само повремено во овие денови на Рамазан и сега кога сме ослободени од овој петок, ние се опростуваме од Тебе и Те забораваме во текот на годината и потоа кога Рамазан повторно ќе дојде, повторно ќе се сетиме на Тебе. И, ако не ги платиме Твоите надоместоци во текот на Рамазан и понатаму ќе го имаме последниот петок за да платиме. Оние кои имаат такви мисли можеби тоа нема да го кажат, но, судејќи според нивните дела тоа е очигледно. Можете да сведочите за тоа по намаленото доаѓање на џума намаз во петок по Рамазан. Ова покажува недостаток на вера.

Верникот е над таквите размислувања. Верникот е полн со благодарноста на Бог. Верникот пости во месецот Рамазан за да го постигне Аллаховото задоволство. Вистинскиот верник со тешко срце се збогува со Рамазан но секогаш го има во срцето. Ние ќе продолжиме и понатаму исто да се молиме како што тоа го правевме во овој месец. Кога чекоревме кон Бог, Он го одржуваше своето ветување и трчајќи дојде кон нас. Како е можно да се сеќаваме на светот а да го забораваме Оној кој е нашиот Создател. Бог ни направил голема услуга со тоа што ни дал стална молитва во петок за да го сочуваме истото чувство за Рамазан. Можеби имаме само еден проштален петок во годината но на секои седум дена е петок и тоа е начин да се здобиеме со благословите. Истите благослови кои ги бараме во прошталниот петок можат да се постигнат и во секој петок. Постои миг во петокот кога сите молитви се прифатени. Овој миг трае кратко. По денешниот ден треба да знаеме дека ние не сме оддалечени од овие благослови туку дека ќе го имаме истото чувство и по седум дена. Верникот никогаш не се збогува со доблестите и благословите. Верникот никогаш не се оддалечува од Возвишениот Аллах. Верникот бара начини и доблести за да ја постигне Божјата близина. Секоја доблест човекот може да го доведе до Бог. Верникот не се ограничува само на молитвите во петок.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. ни кажал дека со Бог често се среќаваме… како тоа… па клањајќи ги петте дневни намази, помеѓу петок до идниот петок, помеѓу Рамазан и следниот Рамазан, тие ќе бидат покајување за сите гревови кои човекот ги прави во овој период, под услов да се воздржува од големите гревови.

Преку петте намази, човекот ја чува релацијата со Бог и ја постигнува Неговата Милост. Учествувањето во секој намаз и исто така во џума намаз е мигот во кој се прифатени молитвите. Продолжете со подобрувањето во овој месец и во текот на годината за да ја посведочите Божјата милост во текот на годината. Денес, секој од нас треба да даде збор дека овој петок и овој Рамазан ќе ги сочува нашите намази, нашите џума намази. Доблестите од овој Рамазан ќе продолжат до следниот Рамазан. Ние мораме да дадеме збор дека ќе бидеме постојани и ќе продолжиме со овие доблести, и со тоа постојано ќе се вежбаме до следниот Рамазан. Така, кога ќе влеземе во следниот Рамазан, можеме да создадеме нови цели и да се подобриме во доблестите и во блискоста со Бог. Многумина од нас мора да поминат разни фази како би ја постигнале Аллаховата близина. Не можеме само да се ослонуваме на Рамазан. Ако се ослонуваме само на Рамазан би ни биле потребни години, и не би биле во можност да ги постигнеме целите.

Во текот на овој Рамазан, хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. одржал хутби на темата за таква, прифаќање на молитвите, побожноста итн. По секоја хутба Хузур а.т.б.а. примал многу писма во кои е кажано дека уште еднаш сме потсетени и затоа подобро ја разбираме пораката на Ветениот Месија а.с.. Тие говори единствено ќе помогнат само ако ги направиме дел од нашиот живот.

Секој петок е важен. Тоа не е поврзано со петокот во Рамазан ниту со прошталниот петок. Значењето на овој петок е само во тоа да ни помогне да водиме сметка за сите наши дневни намази (петте дневни намази) и за намазите во петок. Овој Рамазан е тука за да не потсети да не се оддалечуваме од ибадетот и од добродетелта. Дури и во ајетот кој хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. го проучил е нагласена важноста на намазот во петок.

„О вие кои верувате! Кога ќе се повика на намаз во петок во еден дел од денот, побрзајте кон спомнувањето на Аллах и оставете ја трговијата. Тоа е подобро за вас, да знаете.

А кога намазот ќе се изврши, па растурете се по земјата и барајте од добрината Аллахова, и спомнувајте го Аллах многу за да бидете спасени.

А кога ќе видат нешто од трговијата или забавата, брзаат кон тоа и те оставаат, стоејќи.

Ти кажи: ’Она што е кај Аллах многу е подобро од забавата и трговијата, и Аллах најдобро снабдува‘.“

(62:10-12)

Хузур не потсетува дека треба да поведеме сметка за езанот. Сега во ова време според часовникот можеме да кажеме дека е време за намаз. Хутба во петок е дел од намазот во петок и треба да се трудите да бидете присутни на хутбата а не само на намазот. Во оваа ера Бог ни ги дал благословите на МТА. Во Европа и Африка времето за намаз е исто. Во ваков случај треба да ја слушаме службата на Халифата на своето доба. Во земјите каде ова време не е исто, хутбата треба да се слуша во живо или подоцна да се погледне снимката. Мисионерите треба да ја пренесат кратката содржина на хутбата одржана тој ден или тоа да се пренесе наредниот петок. Ова е величествен начин за во Џемаатот да се оствари единство. Ерата на Ветениот Месија а.с. имала значајна поврзаност со сура Џума и хутбите на Халифата на своето доба се дел од оваа сура. Аллах исто така во овој ајет ни кажал да ги оставиме на страна сите други задачи и да поведеме сметка за говорот во петок. Не е добро да се занимаваме со други задачи а да ги оставиме намазите во петок. Ако човекот не води сметка за Аллах, нивните задачи нема да бидат благословени. Само Аллах може да не благослови и да ни помогне да напредуваме. Разонодите и трговијата не смеат да не попречат да присуствуваме на намазот и на хутба во петок. Сега трговијата не е локална туку национална и меѓународна, и уште повеќе ве зафаќа. Вашата забава е сито така глобална што предизвикува да го заборавите потрошеното/изгубеното време. Вие не смеете да заборавите дека вашата вистинска цел како верник е да ја стекнете Аллаховата близина. Асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с. биле сосема очистени и духовно чисти и Врховниот Бог за нив бил над сè. Не можеме ниту да замислиме како тие го пропуштаат намазот поради трговијата или забавата. Тие својата трговија ја планирале врз основа на времето во петок.

Оваа сура навистина ја отсликува нашата ера, ерата на Ветениот Месија а.с. каде поради медиумите и трговијата во текот на сите дваесет и четири часа не наоѓаме време за намаз. Во оваа ера, нашите световни работи имаат предност пред нашите религиски должности. Она што Аллах го нуди е далеку поголемо од разонодата и трговијата. Навистина, Он е тој од Кого потекнуваат сите благослови. Ако ги чувате своите петоци ќе ги стекнете и световните благослови. Ние кои веруваме во Имамот на ова доба – Ветениот Месија а.с., своето присуство во петок не смееме да го ограничиме само на Рамазан или на последниот петок во Рамазан. Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека кога ќе дојде петок на сите врати во џамиите има мелек. На оние кои дојдат последни наградата е еднаква на едно јајце. На оние кои доаѓаат порано им се даваат награди, а на оние кои доаѓаат први добиваат награда еднаква на камила. Ако дојдете порано во џамија, не губете време туку зафатете се со спомнувањето на Аллах што ќе ви помогне да ја постигнете Аллаховата близина. Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека на Судниот ден луѓето ќе бидат собрани врз основа на присустввото на намазот во петок. Покрај тоа, Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Доаѓајте често на намазите во петок и седнете поблиску до Имамот. Оној кој заостанува во извршувањето на намазот во петок не само што ги губи намазите во петок туку го губи и Џеннетот.“ Мрзеливоста човекот го оддалечува од Џеннетот и од Бог. Луѓето наоѓаат изговори без да го увидат значењето на намазот и на хутбата во петок.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека оние кои ќе го напуштат намазот и хутбата во петок три пати по ред, Бог им става печат на срцата. Печатот подразбира дека на нив не им е дадена прилика да ги покажуваат доблестите и да ја стекнат Божјата близина. Секој петок е важен и треба да се бориме да бидеме присутни. Одредени луѓе Аллах ги исклучил. Аллах не е тиран. Слугите, децата, жените и болните, сите се исклучени. Жените ми пишуваат и приговараат бидејќи им е кажано да не присуствуваат на намазите во петок поради вознемирувањето кое децата го предизвикуваат. Хузур вели дека Аллах ги исклучил жените и дека намазот во петок е задолжителен за мажите. За нив тоа е неопходно.

Во 1895 година Ветениот Месија а.с. сакал да ја започне програмата со која на работниците би им бил даден одмор од два часа поради намазот во петок, но маулви Хусеин Баталви  го сопрел предлогот и рекол дека тој сака тоа да го започне. Ветениот Месија а.с. му рекол да продолжи, но сепак програмата никогаш не успеала. Ниту некој друг муслимански зналец направил нешто во врска со тоа.

Ветениот Месија а.с. еднаш пратил благодарница на заменикот на кралот на Индија, лорд Курзон. Тој, оваа благодарница ја започнал зборувајќи дека почитува сè што владата направила за муслиманите, посебно што си ја вратила назад Бадшани џамијата во Лахор како и останатите џамии кои ги опфатила железницата. Тој побарал владата да ја прошири љубезноста кон муслиманите и да им даде одмор поради намазот во петок  поради што тие би биле силно благодарни.

Напишал како петок е многу важен ден за муслиманите и дека во Чесниот Кур‘ан е спомнат како празник. Петокот е спомнат во сура Џума во Чесниот Кур‘ан. Во оваа сура се наоѓа наредбата во која се вели дека кога ќе се проучи езанот за намазот во петок треба на страна треба да ги оставиме световните работи и да појдеме да го извршиме намазот. Оној кој ова не го прави е грешник и ќе биде исфрлен од исламот. Чесниот Кур‘ан овој ден го смета за исклучително важен, до таа мера што намазот во петок е многу позначаен од бајрам намазот. За време од 800 години кога муслиманите владееле со Индија тие секогаш во петок имале слободен ден.

Потоа рекол дека во Индија постојат три типа на луѓе: индуси, муслимани и христијани. Индусите и христијаните ја имаат неделата која владата ја одредила. Затоа муслиманите треба да го имаат петок. Ако на муслиманите им биде даден овој ден, слободен за да ја извршуваат верската обврска, тоа засекогаш ќе биде запишано со златни зборови. Ако и не цели ден, тогаш треба да имаат барем половина слободен ден.

Денес свештениците изнесуваат приговори против Ветениот Месија а.с. дека неговата Заедница ја засадила Британската влада, но тој е единствениот кој направил Британската влада да ги признае должностите и правата на муслиманите.  Во оваа ера е важно вистинските учења и исламот да се направат очигледни. Ова било задачата на Ветениот Месија а.с.. Ние кои тврдиме дека веруваме во Ветениот Месија а.с. треба да имаме вистински исламски одраз на зборовите и делата. Ние мораме да направиме секоја доблест и благословите на овој Рамазан да бидат дел од нашиот секојдневен живот, иншаАллах.

Ние мораме да го исполниме заветот и ветувањето кое сме го дале на Имамот на ова доба. Хузур го свртел вниманието на тоа дека овој петок е поврзан со времето на Ветениот Месија а.с., и со неговото значење до овие денови и ова доба. Ветениот Месија а.с. вели дека Аллах ја надополнил Својата наклонетост кон нас и не благословил со исламот како совршена религија. Аллах ги надополнил Своите благодати за нас.

„Дека тој (исламот) ќе биде тука за да направи религијата да преовлада со целиот свет.“ Денот петок дошол и е поврзан со доаѓањето на Ветениот Месија а.с..

Ветениот Месија а.с. вели:

„Честитки за оние кои имаат корист од ова. Оние кои се здружени со мене не смеат да се гордеат дека постигнале сè што посакувале. Да, вие сте среќни во споредба со оние кои ме одбиле и со одбивањето го предизвикале незадоволството на Семоќниот Бог. Со покажувањето на добро мислење вие сте се заштитиле од Божјиот бес. Вие дојдовте блиску до фонтаната на животот која Семоќниот Аллах ја создал заради вечниот живот. Реалноста е дека вие сте блиску до овој еликсир (животен напиток), но сепак треба да ја пиете оваа вода. Така, Семоќниот Аллах соодветно ќе ве засити, а само Аллах тоа може да го направи и без Неговата помош ништо не може да се направи. Јас сигурно знам дека оние кои пијат од овој еликсир нема да бидат изгубени и нема да изумрат. Водата дава живот. Овој еликсир ќе ги заштити од уништувањето и од проколнатиот шејтан. Но, како човекот може да има корист од овој еликсир?

Бог сака да ги исполнувате должностите кон Него и должностите кон луѓето. Вие можете да имате корист од овој еликсир преку исполнувањето на должностите кон Бог и кон другите луѓе.

Затоа, денес треба да дадеме ветување дека ќе го исполниме заветот на баи‘атот. Дека, исто така, ќе ги исполниме должностите кон Семоќниот Аллах и кон Неговите луѓе на начин кој се очекува од верниците и како што Аллах наредил.

Како што Ветениот Месија а.с. ова го објаснил, ова е начин како да продолжиме да ги добиваме благословите на Рамазан во текот на целиот живот. Нека Аллах не оспособи така и да направиме. Амин.