In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Халифа-тул Месих II: Бисери на мудроста

Денешната хутба во петок Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов Помошник, ја објави во Баит-ул Футух џамијата во Лондон. По ташахуд и учењето на сура Фатиха, Хузур, нека Аллах биде негов Помошник, рече дека денес ќе спомне некои одредени работи од хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, и дека секоја работа има поединечно значење. Сите тие содржат одредена насока и совет. Во нив се спомнати нешта кои се однесуваат на Ветениот Месија, нека е мир над него.

Првата работа се однесува на ширењето на пораката. Хузур, нека Аллах биде негов Помошник, рекол дека хазрети Муслех Мауд р.а. по раздвојувањето на Индија и Пакистан пратил порака на Џалса Салана во Кадијана, во која го свртел вниманието на важноста на ширењето на пораката. Рекол дека нашата должност е да проповедаме и да го шириме исламот на Ахмадијатот. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека Возвишениот Аллах во објавата го известил Ветениот Месија а.с. дека се до денот кога светот ќе заврши, неговото име ќе биде возвишено, како и неговата чест, и дека неговата порака ќе биде пренесена до сите краишта на светот. Возвишениот Аллах ја пренел пораката на Ветениот Месија а.с. и го воздигнал неговото име и чест. Хузур а.т.б.а. рекол дека тоа било ветување кое Он го исполнил и ќе продолжи да го исполнува. Меѓутоа, заедно со тоа, Ветениот Месија а.с. од членовите на Џемаатот барал пораката да ја пренесуваат онака како што тоа го правеле асхабите на Пратеникот Мухаммед с.а.в.с.. Ветениот Месија а.с. барал од своите следбеници да го зголемат знаењето читајќи ги неговите книги и пораката да ја пренесуваат до сите краишта на светот како што тоа го правеле асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Во секој случај, за да добие потполна корист и благослови од ветувањето на Возвишениот Аллах, човекот мора да направи напор. Иако ветувањата се тука, Возвишениот Аллах за да го исполни ветувањето ја ставил одговорноста на рамињата на оние кои му се заветувале на Неговиот пратеник. Така, тие можат да учествуваат во големите дела во напредувањето и да ги добијат многуте благослови на Семоќниот Аллах. Кога тоа ќе се случи, тогаш Семоќниот Аллах согласно со ветувањата ги додава и Своите благослови на сите нивни дела. И, исто така, им дава нови начини на проповедување и пренесување на пораката и ние гледаме дека Семоќниот Аллах отворил многу нови патишта на пренесување на пораката.

Хузур а.т.б.а. рекол дека во секој случај дел од пораката кој се однесува на проповедта е пратена во Кадијана. Хазрети Муслех Мауд, р.а. во пораката го свртел вниманието на луѓето кои останале во Кадијана и ги потсетил дервишите дека иако се малобројни а приходите на Џемаатот се слаби, сепак нивната главна одговорност е пренесување на пораката на Ветениот Месија а.с.. Тој им кажал на дервишите дека, иако сега ве има 313 сетете се на тоа дека кога Ветениот Месија а.с. го направил овој Џемаат имало само двајца или тројца луѓе во Кадијана. Секако, 313 луѓе сигурно е повеќе од три. Во моментот на прогласувањето на Ветениот Месија а.с., вкупната популација на Кадијана броела 1100 души. Односот 1100 спрема 3 е 1 спрема 366. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека во тоа време (1947 година) ако целата популација на Кадијана изнесувала 12000 души, тогаш односот на целата популација е еден спрема триесет и шест. Значи, претходно односот бил 1 спрема 36. Од основањето на Џемаатот вашата сила се зголемила за 10 пати. И кога Ветениот Месија а.с. го започнал Џемаатот немало друг џемаат надвор од Кадијана. Сега постојат многу џемаати во Индија. Сега ваша одговорност е да ги разбудите, организирате, ставите во исправена положба со новиот жар, и да ги соберете своите сили со намера да ја пренесуваат пораката на исламот на Ахмадијатот ширум Индија. Хузур а.т.б.а. рекол дека ако во Кадијана има илјада Ахмади муслимани, тогаш веројатно размерот би бил ист како и порано, бидејќи ако Ахмади популацијата се зголемила тогаш и другите популации се зголемиле во ист размер. Но, сега нашите приходи станале подобри од порано и сега постојат подобри врски. Благодарејќи и на милоста на Семоќниот Аллах, сега името на Џемаатот се шири низ многу средства и канали. Но, работната сила, оние кои го посветуваат животот на служење на исламот, мисионерите и останатите кои се дел од пренесувањето на пораката лично треба да ги зголемат напорите во пренесување на порака. При ширењето на пораката некој може да биде и претепан, може да наиде и на спротивставување и тешкотии, но наспроти тоа мораме да ја пренесуваме пораката со мудрост и трпение, иншАллах.

Џемаатите во другите држави истото ова треба да го имаат на ум, дека Семоќниот Аллах ни дал упатство за пренесување на порака. Иста е наредба и на Чесниот Кур‘ан и Ветениот Месија а.с. рекол дека истата наредба му била дадена и на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Поради ова, ние во другите држави и насекаде мораме добро да планираме. И потоа, најголема задача е да се грижиме за оние кои штотуку влегле во Ахмадија муслиманскиот Џемаат. Во одредени подрачја пораката е убаво пренесена и луѓето го прифатиле Џемаатот, но, потоа се случува да не се грижиме за нив и ги губиме. Во Индија, претежно луѓето од селата и сиромашните го прифаќаат Ахмадијатот, но кога непријателите ќе ги нападнат тие кои се со слаба вера се враќаат назад.

Хузур а.т.б.а. вели дека ако на таквите места нашите организатори работници ја применат истата мудрост при водењето на сметка за оние кои поминале во Ахмадијатот, како што тоа го прават со пренесувањето на пораката, тогаш резултатите би биле поинакви. Со Аллаховата милост тие извршуваат добра работа. Освен тоа, одделот Ислах-о-Ирсхад и одделот Ноорул Ислам, пораката ја пренесуваат на најразлични начини, преку телефон, весници и други средства. Исто така и преку Вакф-е-Џадид пораката се пренесува. Сите овие оддели и останатите кои му помагаат на Џемаатот треба да дојдат до подрачјата каде се наоѓаат оние кои поминале во Ахмадијатот и се малтретирани од страна на непријателот, и дури и да се работи за сосема мало село тие треба да одат таму. Исто така и во Африка, членовите и мурабиите треба да ја подобрат врската со оние кои штотуку го прифатиле Ахмадијатот. Бидејќи, како што спомнав во моите дерсови и хутби противниците веднаш доаѓаат до оние кои само што влегле во Џемаатот за да видат како да создадат омраза кон Џемаатот. Во секој случај, тоа е она што треба да се прави во деловите каде многумина луѓе го прифаќаат Ахмадијатот како и во сиромашните делови.

Хазрети Муслех Мауд р.а. спомнува една случка за Каваја Камал-уд-Дин сахиб кој го прифатил Ветениот Месија а.с., но во времето на изборот на вториот Халифа бил на суд, паднал под искушение и станал водач на оние кои го отфрлиле Халифатот. Во секој случај, тој побарал водство кое го добил одвојувајќи се од Халифатот. Хазрети Муслех Мауд р.а. опишал како Каваја Камал-уд-Дин сахиб го зголемил своето знаење како и тајната на научените предавања. Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека главна причина за успехот на Каваја Камал-уд-Дин сахиб е во тоа што тој говорите ги подготвувал од книгите на Ветениот Месија а.с. и потоа доаѓал во Кадијана и се консултирал со првиот халифа и други учени следбеници на Ветениот Месија а.с., и потоа го завршувал предавањето. Потоа одел во различните делови на Индија и успешно го извршувал предавањето. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол оти Каваја Камал-уд-Дин сахиб зборувал дека ако некој има подготвено 12 предавања тогаш тој може да стане популарен. Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека кога отишол во Велика Британија тој имал само седум подготвени предавања. И со тие седум предавања веќе стекнал доволно слава. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол како тој верува дека доколку едно предавање е убаво примено, бидејќи добро е запаметено ќе остави добар впечаток на луѓето. Но вистинска работа е да ги проучуваме книгите на Ветениот Месија а.с., потоа да ги разбереме и на крајот да подготвиме говор врз основа на нив. Хазрети Муслех Мауд р.а. понатаму објаснува како во минатото постоеле посебни наставници за посебни делови на јазикот. Имало различни наставници за ’Сарф‘, ’Качи Рооти‘ и ’Паки Рооти‘. Хузур а.т.б.а. вели дека светот напредувал а минатото се вратило и науката напреднала. Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека треба предавачите своите говори убаво и прецизно да ги подготват. И тие говори треба да ги одржат кога одат надвор. Тој вели дека користа од тоа е што говорите ќе бидат согласни на учењето на Џемаатот и додека седиме овде ние знаеме што ќе им биде пренесено на луѓето. Тоа треба да бидат вистински предавања, но ако е потребно тогаш локалните луѓе треба да подготват предавања во согласност со потребите. Значи, ова упатство е за мисионерите како и за оние кои ја пренесуваат пораката. Исто така, тоа се однесува и на луѓето кои присуствуваат на вакви интелектуални собири. Ако предавањето е подготвено на ваков начин, тогаш учените професори, верските зналци и оние кои и се противат на верата ќе бидат под влијание.

Хузур а.т.б.а. вели дека пред неколку дена била одржана програма од страна на Таблигх на која присуствувал професор од Израел. Тој студирал во Израел и напишал многу книги. Еден млад мисионер одржал добро подготвено предавање и на професорот предавањето му оставило впечаток. Професорот многу лукаво зборувал во корист на исламот но исто така и дискутирал против исламот. Нашиот мисионер убаво ги побил неговите аргументи. Хузур а.т.б.а. рекол дека тој професор подоцна дошол кај него и дека го пофалил младиот мисионер и рекол дека е многу паметен. Хузур а.т.б.а. рекол како овие луѓе со своите говори ги импресионираат не ахмади зналците и им ги затвораат устите. Или, не ахмади немаат никаков аргумент за да ги побијат нивните аргументи. Но, Ахмадија Џемаатот има многу знаење од пишувањата на Ветениот Месија а.с. така што еден Ахмад може да затвори било чија уста и никој не може да стои пред нивните аргументи. Значи, мораме да ги проучуваме книгите на Ветениот Месија а.с. за да го зголемиме нашето знаење како и духовноста.

Хузур а.т.б.а. рекол дека во минатото луѓето биле многу ревни за проповед. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол: „Кога јас бев млад го започнав весникот со помош на неколку пријатели. Еден меѓу нив беше и Чаудри Фатех Мухаммед Сиал сахиб, неговата ќерка беше мажена за Чаудри Абдуллах Кан сахиб (Чаудри Абдуллах Кан сахиб бил помлад брат на Чаудри Зуфруллах Кан сахиб). Неговата жена еднаш ми кажа дека нејзиниот татко (Чаудри Фатех Мухаммед Сиал) рекол дека кога Муслех Мауд р.а. го одредил за Назир Ааала тој покажал незадоволство што тој својот живот го посветил на проповедта и ширењето но Халифата одредил да седи во канцеларија.“

Од ова можеме да извлечеме порака дека овие луѓе давале предимство на проповедта над должностите во канцеларијата. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека од една страна мисионерите му пишуваат како тие треба да бидат повеќе ценети. Хузур а.т.б.а. вели дека одредени луѓе му пишуваат да ги постави овде во централните канцеларии. Тој понатаму вели дека поедини луѓе приговараат како членовите на Џемаатот не ги почитуваат како што треба да ги почитуваат. Хузур а.т.б.а. ги потсети  членовите на одделите на Џемаатот со повеќе почит да внимаваат на мисионерите и на животите на оние кои ги вовеле во верата. Со тоа, Хузур а.т.б.а. вели дека одговорноста на мисионерите и на верниците е да се борат за повисока духовна положба преку стекнување знаење што никој нема да може да биде во ситуација да каже било што против нив. Понекогаш луѓето во управата зборуваат против мисионерите; кога некој мисионер се обидува да ги подобри луѓето тие почнуваат да зборуваат против него.

Хузур а.т.б.а. рекол: „Во што е тајната на примањето на довите?“ Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека Ветениот Месија а.с. дошол да покаже такви чуда и да создаде такви луѓе низ чии дови ќе се родат големи револуции. Ветениот Месија а.с. рекол дека довата може да направи она што целиот свет не може (Персиска строфа). Но, тоа не значи дека Аллах ги прима сите дови. Синот на Ветениот Месија а.с. Сахибзада Мубарак Ахмад починал, маулви Абдул Керим починал. Тој правел дови за нив но сепак тие починале. Тоа е исто така знак бидејќи тој бил однапред известен за Мирза Мубарак Ахмад а кога нешто однапред е најавено тогаш тоа станува знак. Според тоа, ниту сите дови се примени ниту сите се одбиени. Да! Кога Аллах одлучи да прими тогаш тоа никој не може да го сопре.

Потоа, кога зборуваме за примањето на довите и побивањето на приговорите на Паигхамеес, хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека е важна трајноста на благословите на Семоќниот Аллах кои започнале со Ветениот Месија а.с.. Точно е кога Паигхамеес велат дека тоа не може да продолжи низ него (низ хазрети Муслех Мауд р.а.) но неопходно е да го покажат водачот против него. И потоа да кажат како преку тој водач се манифестирале овие благослови. И како Семоќниот Аллах ја открива иднината и ги прима неговите дови и тогаш ние ќе признаеме дека сме погрешиле. Но, вистинитоста на Ветениот Месија а.с. била потврдена. Тој на Пигхамееси им кажал да не изнесуваат такви обвиненија кои го навредуваат Ветениот Месија а.с.. Од една страна вие го прифаќате Ветениот Месија а.с., дури и ако го прифатите како Муџадид тој е вистинит, тој претскажал. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол: Ако вие не сакате да ме прифатите тогаш претставете водач против мене и докажете дека неговите дови се примени и ако тоа го докажете тогаш ние ќе прифатиме дека не сме биле во право. Но, ако кажете дека знаците не се исполниле тогаш изнесувате обвиненија на вистинитоста на Ветениот Месија а.с.. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол: „Но, овие луѓе не сакаат да слушнат за ништо исправно, тие само ги затвораат вратите.“

Тука има уште неколку работи за Ветениот Месија а.с. за кои хазрети Муслех Мауд р.а. зборувал. Една од нив е приказната за жената со грпка. Се зборува дека некој ја прашал: Сакаш ли грбот да ти се исправи или и другите луѓе да станат грбави. Таа одговорила дека поминало многу време и таа останала грбава и луѓето не престанувале да ја исмејуваат. Сега е стара и што би правела со исправениот грб? За неа би бил среќен момент кога сите што ја исмејувале би станале грбави за да може и таа нив да ги исмејува и да ужива. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека постојат такви љубоморни луѓе кои немаат интерес нивната болка да им се олесни туку повеќе се заинтересирани другите да ги видат во болка. Затоа, треба да го молиме Аллах да не заштити од таква љубомора и такви љубоморни луѓе.

Хузур а.т.б.а. рекол дека постои приказна за некој слеп човек. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека Ветениот Месија а.с. раскажувал приказна како бил некаков слеп човек кој ноќе разговарал со некого и поради неговиот говор другиот човек се вознемирил. Тој, слепиот го замолил да оди да спие на што слепецот му одговорил дека за него спиењето значи само да замолчи бидејќи очите му се веќе затворени. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека тешкотиите на верникот не се болни затоа што тој веќе е навикнат на такви услови. Бидејќи светот сака да го убие верникот тој вели: „Зошто вие сакате да ме убиете? Јас веќе сум мртов на Аллаховиот пат.“

Светот сака да го убие верникот но тој не се плаши од смртта затоа што починал на денот кога го примил исламот. Разлика е само во тоа што претходно чекорел мртов а сега ако го закопаат тоа за него не прави никаква разлика. Ова е состојба на вистинскиот верник.

Хузур а.т.б.а. рекол дека потоа хазрети Муслех Мауд р.а. рекол како Ветениот Месија а.с. раскажал друга приказна каде некоја жена присуствувала на свадба заедно со својата золва. Таа била циција но нејзината золва била добра во трошењето пари за подарок. Жената циција дала само еден рупи како подарок додека золвата дала дваесет рупии. Подоцна цицијата некој ја прашал што подарила. Таа одговорила дека таа и нејзината золва потрошиле 21 рупи како подарок. Хазрети Муслех Мауд р.а. ја пренесува оваа приказна за да ја објасни состојбата на одредени членови на поедини оддели во поглед на плаќањето на членарината. Тој рекол дека во некои оддели постојат луѓе чии износи во членарината се големи и ако се зборува за такво плаќање како плаќање на целиот оддел исто е како приказната за жената циција. Тој понатаму рекол дека во секој оддел постојат богати луѓе кои малку трошат и не плаќаат голем износ за членарина но врз основа на другите големи плаќања тие како и спомнатата жена тврдат дека прават големи жртви.

Хузур а.т.б.а. рекол дека еднаш во текот на игрите не се водела грижа за пристојноста на Џемаатот. На ова хазрети Муслех Мауд р.а. ги предупредил и рекол дека е нивно право да уживаат, и Чесниот Пратеник с.а.в.с. исто тоа го правел. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека и ние се шегуваме: ние не велиме дека не се шегуваме, ние по стотина пати се шегуваме. Ние се шегуваме со своите деца, се шегуваме со своите жени, со своите блиски пријатели. Но, никого не го понижуваме или навредуваме. Ако некој биде повреден или се почувствува понижен тогаш тоа не е исправен начин за шега. Тој понатаму рекол дека ако случајно изговориме понижувачки зборови тогаш треба да се покаеме и да правиме истигхфар. Истото тоа треба да го направат и другите. Ако по грешка бидат изговорени понижувачки зборови или некому не му се допадне шегата и биде повреден тогаш треба да се покаеме и да правиме истигфар. Тој рекол: „Јас ги сакам игрите, мене ми е драго кога гледам дека учествувате во игрите, се смеете и уживате. Но ако се играте со брадата на својот татко тоа значи дека не вие грижа за честа на сопствениот татко и за почитта кон него, и тогаш тоа не е исправно.“

Тој рекол: „Држете ја положбата на Бог на Неговото место, држете го фудбалот на неговото место, држете ја поезијата на нејзиното место и дадете им вистинска положба на претскажувањата. Постојат луѓе кои претскажувањата ги употребуваат во својот говор на денгубата што го понижува статусот на претскажувањата и што е сосема неприкладно.“

Тој рекол дека ако сакате да играте игри и да се исмејувате тогаш одете во Лахор, одете надвор од центарот како што се Кадијана и Рабва и учествувајте во тоа. Бидејќи, ако одите во Лахор и земете учество во тие нешта тогаш луѓето ќе кажат дека луѓето на Лахор тоа го направиле. Но, ако направите и една десетина од тоа во Кадијана или Рабва тогаш луѓето ќе кажат дека тоа го направиле Ахмади.

Потоа рекол: „Јас не ви ги одземам уживањето и игрите но ве предупредувам да не претерувате на таков начин што на Џемаатот ќе му донесе лош глас.“

Хузур а.т.б.а. рекол дека ние игрите ги организираме насекаде, не само во Кадијана и Рабва, и сега ако се случи такво нешто во било кој оддел тоа ќе му донесе лош глас на Џемаатот. Затоа, во сите прилики треба да бидеме внимателни а тоа можат да бидат игри или други програми кои Џемаатот ги организира и од нашето однесување треба да биде  очигледно дека ја чуваме честа на Џемаатот и дека нема да го изневериме. Хузур а.т.б.а. рекол дека во сè што кажал имало порака во себе и секој тоа мора да го запамети и да се држи до тоа.