In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Халифа-тул Месих II: Бисери на мудроста

Дешената хутба во петок е базирана на кажувањата на Ветениот Месија а.с. и на преданијата кои тој ги кажувал, а подоцна ги опишал хазрети Муслех Мауд р.а.. Секое кажување или предание дава совет.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека од Ветениот Месија а.с. го слушнал следното предание:

„Дворјанинот на некој крал бил следбеник на човекот кој бил познат како побожен човек. Тој на кралот почнал да го фали овој човек и рекол дека тој е побожен и верен и дури побарал од кралот да го види и да разговара со него. Кралот се согласил и дворјанинот веднаш го известил овој побожен човек за деталите на посетата на кралот и побарал од него со кралот уверливо да зборува за и тој да стане негов следбеник.“

Дали тој човек навистина бил толку побожен или не, приказната продолжува и покажува дека човекот навистина бил будала. Тој размислувал за нештата кои ќе му ги кажува на кралот и кога дошло до средба рекол: ’Ваше височество, вие треба да спроведувате правда. Погледнете колку чесен и праведен бил кралот Сикандер/ Александар (Велики)‘, што меѓу муслиманите и до ден денес останал популарен. Навистина, ерата на Александар Велики била столетија пред Чесниот Пратеник с.а.в.с., дури многу и пред хазрети Иса а.с. но овој човек сепак го нарекол муслимански крал. Ова подразбира дека Александар дошол после неколку века по Чесниот Пратеник с.а.в.с. бидејќи не можел да биде тука во времето на првите четири халифи затоа што во тоа време тие биле водачи. Тој не можел да биде тука во времето на хазрети Маулви бидејќи во текот на своето време тој бил водач на целиот свет. Тој не можел да биде тука во раните Абасијјад халифати затоа што тие управувале со светот во текот на тоа време. Според тоа, Александар не можел да биде муслимански крал бидејќи неговото време е векови пред Чесниот Пратеник с.а.в.с., но овој човек сепак рекол дека тој крал бил од муслиманскиот уммет на Чесниот Пратеник с.а.в.с. поради тоа кралот бил силно разочаран и веднаш си заминал. Се разбира, за да биде побожен човекот не мора да биде историчар, но зошто овој човек воопшто се плеткал со историја? Важно е да имате вистинско знаење и не треба да зборувате за тоа што не сте сигурни. Сопствените интереси го предизвикале уништувањето на овој човек и тоа се случува кога личноста ќе стави само – обликувана светост.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека луѓето се брзаат да прават дови против другите додека нашиот принцип треба да биде; да се молиме за луѓето а не против нив. Хазрети Маулви Абдул Керим раскажува за тоа како живеел на горниот кат на куќата во која живеел и Ветениот Месија а.с.. Една ноќ слушнал глас кој бил како гласот на жена која има породилни болки. Кога послушал по внимателно открил дека Ветениот Месија а.с. ги учел дови и зборувал: „О Боже, луѓето умираат од чума! О Боже, ако сите тие умрат кој ќе верува во тебе?“ Чумата ја претскажал Чесниот Пратеник с.а.в.с. и таа била знак на вистинитоста на Ветениот Месија а.с.. Но видете, тој тука за тоа му упатува чувствителни молби на Бог! Вистинскиот верник воопшто не треба да го моли Бог против луѓето, бидејќи тој е воздигнат за да ги спаси! Ако се моли против нив, кого тој ќе спаси! Навистина, Ахмадијатот е основан токму со таа цел за да го спасот на исламот и муслиманите. Денес Ахмадијатот сака да ја врати славата на периодот на Умметот. Ние сме доволно воздигнати за муслиманите да ги доведеме до висока положба,  и како можеме да се молиме на Бог против нив.

Хазрети Муслех Мауд р.а. навел строфа од една поема на Руми која вели: „Низ било кое искушение Бог можеби ќе стави некоја група на луѓе, а под тоа ставил огромно богатство.“

Читајќи ги овие строфи Ветениот Месија а.с. рекол дека, ако оваа група на луѓе во вистинска смисла станат муслимани, сите искушенија и тешкотии за нив ќе станат извор на просперитет. Позади секоја тешкотија се наоѓа олеснување.

Во ова време, вистински муслимани помеѓу умметот се оние кои се поврзани со вистинскиот и верен поклоник на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Тешкотиите со кои денес се соочуваат навестуваат олеснување во иднина. Нашата историја сведочи дека секогаш така се случувало и секогаш тешкотиите и искушенијата со кои се соочуваме навестувале и овозможувале просперитет.

Еден студент сик имал искрена врска со Ветениот Месија а.с.. Тој му пратил порака на Ветениот Месија а.с. дека почнува да има некакви сомнежи за Божјото постоење, иако верувал во тоа. Ветениот Месија а.с. му одговорил да го смени местото на кое седи во колеџот. Овој студент го направил тоа и пратил порака дека неговите сомнежи ги снемало. Ветениот Месија а.с. објаснил дека овој студент бил под влијание на атеист. Кога го променил местото на седење тоа влијание престанало.

Дали некој ќе каже нешто добро или лошо, и двете работи имаат влијание на останатите. Нашата младина посебно треба да води сметка за тоа кои им се пријатели и со кого се дружат, за да не им предизвикаат било какво лошо влијание. Постарите треба да внимаваат децата, да не ги гледаат програмите кои можат да имаат лошо морално влијание или програмите на кои се свртува внимание дека се за одредена возраст на децата, но, ако родителите ги гледаат можно е порано или подоцна и децата да имаат влијание од нив. Покрај тоа, таквите нешта оставаат потсвесно влијание на опкружувањето и на родителите. Овие програми не го зголемуваат стандардот на богобојазливоста. Обврска е на родителите, семејната атмосфера да ја чуваат чиста и да го отстранат потсвесното влијание врз децата.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека Ветениот Месија а.с. им зборувал на луѓето дека човекот треба да има врска со оној од кого бараат да прави дови во неговото име. И тој побарал од нив да направат некаква понуда и тогаш ги уверил дека ќе прави дова. Тој многу пати го пренел ова предание.

Некој отишол кај еден побожен човек за да го замоли да прави дови за него бидејќи ги загубил документите за сопственост на куќата. Овој побожен човек од него побарал прво да му донесе алва (слатко јадење). Човекот бил изненаден но му била потребна дова и отишол да купи алва. Токму кога продавачот сакал да ја замота алвата во хартија, овој човек викнал: ’Не кини ја хартијата, те молам! Тоа е мојата хартија (документите за куќата)‘. Ја однел алвата на побожниот човек и му рекол дека ги пронашол документите. Побожниот човек одговорил, дека зад барањето на алвата стоела желба да заснова врска и поради него да прави дова, но тоа исто така му користело и на други начини.

Постојат многу преданија за тоа дека Ветениот Месија а.с. правел посебно чувствителни дови за здравјето на луѓето и нивната работа. Тоа биле луѓе кои великодушно давале за оваа мисија и развиле посебна врска со Ветениот Месија а.с..

Ветениот Месија а.с. раскажувал предание за двајца асхаби. Еден асхаб донел коњ за да го продаде на пазарот, а другиот прашал за цената. Тој му ја кажал цената но другиот асхаб рекол: ’Не, ова не è цената на коњот‘. И тој дал друга цена која била повисока од првата. Продавачот рекол дека ќе ги земе само парите што тој ги побарал, додека потенцијалниот купувач рекол дека ќе ја плати цената која тој ја сметал за исправна.

Ова е релативно мало предание за искреноста и вистинољубивоста на асхабите. Тие во доброто се натпреварувале. Ако некој и служи на верата ние треба да настојуваме да го правиме подобро од него, и во тој процес да ја жртвуваме својата себичност. Ако секој од нас, наместо натпреварувањето во световните работи се натпреварува во служењето на верата и настојува да ги надмине другите во искреност, тоа ќе ни користи не само на лично ниво, туку исто така, ќе биде добро и за нашите деца и Џемаатот ќе просперира.

Важно е секој Ахмади муслиман да се сосредоточи на тоа дека единствено Бог е Господар на сите атрибути и дека само преку Него доаѓа упатство. Нашата задача е пораката да ја упатиме на другите и да го сториме најдоброто. Меѓутоа, резултатот е само во Божјите раце и од Него доаѓа. Ние не треба да замислуваме дека ако некој стане Ахмад, Џемаатот ќе напредува.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека некои луѓе доаѓале да го видат Ветениот Месија а.с. и зборувале: ’Ако некој во нашето село стане Ахмад и ние ќе го следие во тоа‘. Ова не е правилно однесување. Дури, ѝ ако таква личност го прифати Ахмадијатот ќе има многу други кои се уште ќе го негираат Ветениот Месија а.с..

Во некое село биле три верски зналци и селаните рекле: ’Ако еден од овие го прифати Мирза сахиб и ние исто така ќе го прифатиме‘. Еден од нив го прифатил Ахмадијатот и дал баи‘ат, но селаните рекле: ’што ако еден од нив прифатил‘? Тој го изгубил разумот. Подоцна и друг зналец го прифатил Ахмадијатот и дал баи‘ат но селаните рекле дека и двајцата се глупи и бидејќи последниот не го прифатил и тие нема да го прифатат. Ваквото однесување се уште постои и тие со ограничено искуство замислуваат дека, ако некои луѓе прифатат сите ќе ги следат во тоа. Нашата потпора и доверба треба да бидат само во Бог.

Меѓутоа, луѓето се потпираат на само на луѓето. Понекогаш луѓето пишуваат и велат: „Таа и таа личност ги направила овие нешта, прави дови за тој да го прифати Ахмадијатот. Ако го прифати, нашата област ќе има револуционерна преобразба“. Се разбира треба да го молиме Бог за луѓето кои се надминуваат во искреноста и верноста да дојдат во Џемаатот.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека некоја жена со ниска општествена положба дошла кај Ветениот Месија а.с. и го замолила да го моли Бог за нејзиниот син кој станал христијанин, за да се врати во исламот. Ветениот Месија а.с. побарал од неа да го прати детето кај него да слушне за Бог. Детето се разболело од туберкулоза и хазрети маулана Нур-уд Дин го лечел. Ветениот Месија а.с. продолжил да го советува но христијанството се било всадило во него. Слушајќи ги говорите на Ветениот Месија а.с. тој чувствувал дека можеби ќе се врати во исламот и затоа една ноќ, додека вниманието на неговата мајка било свртено кон нешто друго, тој избегал во Батала христијанска мисија. Мајката го следела пешки и го вратила. Таа очајно го молела Ветениот Месија а.с. и рекла дека нејзиниот син и е драг колку и исламот; тој бил нејзин единец и таа рекла дека нејзината желба е тој да се врати во исламот дури и ако треба и да умре. Нејзиниот син станал муслиман и неколку дена потоа починал. Оваа жена знаела дека, ако постојат било какви конечни човечки средства за да го вратат во исламот, тоа било можно само преку Ветениот Месија а.с., бидејќи само тој имал вистинска љубов и болка за исламот.

Еднаш еден сиромашен човек го посетил Ветениот Месија а.с.. Тој на Ветениот Месија а.с. му рекол дека патувал со воз така што картата ја набавил со недозволени средства. Ветениот Месија а.с. му дал една рупија, што во тоа време било многу пари и му рекол дека се надева како на патот назад нема да се служи со такви средства.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека се сеќава на едно момче по името Фаџа, кое му било послуга на Ветениот Месија а.с., кој го ставил за шегрт на еден ѕидар и момчето го научило овој занает. Фаџа имал тешкотии со учењето, но бил искрен и побожен. Еднаш, некои гости дошле да го видат Ветениот Месија а.с.. Тоа биле денови кога се уште не била основана кујна и гостите ги послужувале домашните на Ветениот Месија а.с.. По пристигањето на петте госта, Ветениот Месија а.с. направил чај и му наредил на Фаџа да не пропушти ниту еден гост а да не го послужи. Друг служител, по името Чираг, исто така послужувал чај заедно со Фаџа. За тоа време гостите отишле да го видат хазрети Маулана Нур-уд Дин р.а. Двајцата слуги го однеле чајот кај гостите. Чирага бил постар и поради положбата на хазрети Маулана Нур-уд Дин р.а најпрво него го послужил. Но, Фаџа ја задржал неговата рака и рекол дека Ветениот Месија а.с. него не го именувал како гост. Чираг давал знаци со очите, го подбутнувал, и се обидувал да му објасни дека, иако тој не е именуван тој е нај почесниот помеѓу нив и треба прв да биде послужен, но Фаџа сепак продолжил да зборува дека Ветениот Месија а.с. именувал само пет гости кои требало да бидат послужени. Во поглед на учењето неговите тешкотии биле такви што дури и ваква ситуација не можел да ја разбере. Меѓутоа, тој наскоро се здобил со искуство во ѕидањето кога бил поставен како шегрт на еден ѕидар. Така, хазрети Муслех Мауд р.а. им го свртува вниманието на луѓето кои ништо не работат на тоа дека секој може да научи некаква вештина и да заработи за живот.

Ветениот Месија а.с. некои дваесет години не бил задоволен со некој човек кој подоцна станал крајно искрен Ахмади муслиман. Тоа било од причината што, кога Ветениот Месија а.с. со својот брат отишол да му изрази сочувство поради смртта на неговиот син, тој плачејќи го гушкал секој кој доаѓал и истото го направил и со братот на Ветениот Месија зборувајќи дека Бог (чувај Боже) бил суров кон него. Тоа силно го разочарало Ветениот Месија а.с. и тој подоцна не сакал дури ниту да го види. Подоцна, Бог го упатил овој човек и тој ги напуштил сите патишта на оние кои не знаат.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека Ветениот Месија а.с. зборувал како хазрети Мир Мухаммед Исмаил сахиб во текот на студентските години во класот имал некој атеист. Еден ден имало земјотрес и овој атеист несвесно изговорил ’Рам Рам‘. Тој веројатно бил хиндус. Мир сахиб го прашал зошто ги изговарал зборовите ’Рам Рам‘ кога не верува во Бог. Ова момче одговорило дека направило грешка. Хазрети Муслех Мауд р.а. објаснил дека луѓето поради незнаењето стануваат атести додека верата во Бог е втемелена на знаењето. Тоа е она што во времето на смртта и кога се плашат атеистите мислат дека веројатно не биле во право. Инаку, тие во времето на смртта би рекле: ’Напуштете го празноверието за Бог, но сепак доживуваат нешто спротивно. Ова е голем доказ за Божјото постоење.

Еднаш Ветениот Месија а.с. направил приватни забелешки во приватен нотес. Тоа било многу лично, како да му шепотел на Бог, и не било напишано за секој  да го чита или види. Тоа хазрети Муслех Мауд р.а. го објавил бидејќи Бог му ставил во срцето тоа да го направи. Кратката содржина на она што е напишано е: ’О Боже, како јас можам некогаш да Те напуштам, Ти ме увери и ми помогна во времето кога ниту пријателот ниту доверителот не можеа на било кој начин да ми помогнат.

Во многу прилики Ветениот Месија а.с. советувал дека секој Ахмад треба да има висок морал. Еднаш жената на неговиот лут непријател хиндус силно се разболела. Мошус бил една од состојките на лекот кој го препишал лекарот но овој хиндус не можел да го најде. Тој дошол кај Ветениот Месија а.с. да го праша има ли нешто малку заштеден мошус. Му требало сосема малку мошус но рекол дека Ветениот Месија а.с. му дал цела боца и рекол дека сето тоа треба да го земе бидејќи неговата жена била многу болна. Во овој поглед таков бил личниот пример на Ветениот Месија а.с..

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека Ветениот Месија а.с. зборувал како коренот на зборот ’тауун‘ (Персиски/урду збор за чума) е ’таан‘ што значи да се прободе со копје. Според тоа, истиот Бог кој ја покажал силната демонстрација на непријателите на Исус кои днес живеат сигурно Својата моќ повторно ќе ја покаже и нема да остане нем. Меѓутоа, ние ќе останеме неми и Џемаатот ќе го советуваме да ги контролира своите емоции и на светот да му покаже дека во светот постои Џемаат кој останува мирољубив наспроти сите предизвици.

Ветениот Месија а.с. советувал дека ако некој кога клања не може да доживее вистинска понизност и кроткост не треба да се преправа дека чувствува понизност и тоа понатаму ќе го одведе до чувството на искреност и мекост.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Нашиот неуспех во одредени нешта, и тоа да бидеме опкружени со непријателите, е само поради тоа што некои од нас се троми во намазот и постојат многу кои не знаат како да клањаат дури и не знаат што е тоа намаз. Намаз, всушност е прифаќање  на смртта. Да се бара од некој нешто е смрт и човекот не може да бара а да не ја поприми смртта (да ја преземе на себе смртта).

Намаз значи човекот да поприми еден вид на смрт кон себе затоа што човекот кој знае дека нешто може сам да го направи од никого не бара помош! Човек кој бара помош знае дека нешто не може сам да направи. Слично на тоа, оној кој себе си се смета за мртов и без некаква помош пред Бог, бара од Бог. Бог вели дека доколку човекот на Божјиот не поприми одреден вид на смрт, неговиот намаз нема да биде вистинскиот намаз.

Нека Аллах сите не оспособи да ја посвоиме искреноста и високиот морал, и високите стандарди во обожавањето на Бог и нека исто така Он не оспособи да правиме намаз кој е примен и исто така да ги исполнуваме должностите кон намазот.“