In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Исклучителноста во добродетелта, моралот и однесувањето

После ушењето на ташахуд, тау’за и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

Овие денови се одбележува Денот Муслех Мауд поврзан со претскажувањето за Ветениот Реформатор. На 20 февруари е денот кога Ветениот Месија а.с. – откако Возвишениот Аллах го известил – претскажал и објавил лифлет за раѓањето на синот. Прославувањето на Денот Муслех Мауд, всушност, се одржува поради величественото претскажување на Ветениот Месија а.с., а не да се прославува раѓањето на хазрети Мирза Башир-уд Дин Махмоод Ахмад, Халифа-тул Месих II р.а..

Пред сè, јас сега ќе ги претставам зборовите на ова претскажување, според искажувањата на Ветениот Месија а.с. и тоа гласи:

„Јас ви го пренесувам Знакот на милоста за она за што ме молевте. Затоа што јас ги слушнав вашите молби и ги почестив вашите дови со примањето на Мојата милост и вашето патување (т.е. патувањето во Хошиарпур и Лудијана) го направив извор за благослови за вас. Затоа, вам ви е даден Знакот на моќта, милоста и близината, доделен ви е Знакот на наклонетоста и милосрдието и ви е даден клучот за успех и победа. Мир нека е на тебе, о победнику.“

Вака говорел Бог така што оние кои го сакаат животот можат да бидат избавени од прегратката на смртта и оние кои се погребани во гробовите можат да излезат зад нив и затоа да надмоќноста и достоинството на Божјата Реч можат да станат очигледни и затоа да вистина стаса со сите свои благослови а лагата да побегне со сите свои зла, што луѓето ќе разберат дека Јас сум Господар на моќта и дека Јас правам тоа што Јас сакам, и дека тие можат да веруваат дека Јас сум со тебе, и да оние кои не веруваат во Бог и ја одрекуваат и одбиваат Неговата вера и Неговата Книга и Неговиот Чесен Пратеник Мухаммед, Избраниот с.а.в.с. ќе бидат соочени со јасниот знак, и патот на грешните ќе стане очигледен. Радувај се поради тоа што ќе ти биде дадено убаво и чисто момче; ти ќе примиш момче без дамка кое ќе биде од твоето семе и ќе биде од твоето потомство,,. (Ова значи дека тој ќе биде потомок на Ветениот Месија а.с., и не само дека ќе биде физички потомок на Ветениот Месија а.с., туку всушност ќе биде едно од децата на Ветениот Месија а.с. Убаво и чисто момче доаѓа како твој гост. Неговото име е Емануел и исто така и Бешир. Тој е надарен со духот на чесноста, без било какава нечистотија. Тој е Аллаховата светлина. Благословен е оној кој доаѓа од Бог.

Него ќе го прати милоста која ќе дојде со него. Тој ќе се одликува со величественоста, големина и имотот. Тој на светот ќе дојде и преку своите месијански одлики и преку благословот на духот на чесноста многумина ќе излечи од нивните болести. Тој е Аллахата Реч бидејќи Аллаховата милост и чест го снабделе со Реч на Возвишеност. Тој ќе биде исклучително интелигентен и со перцептивен и со меко срце и ќе биде исполнет со световно и духовно знаење. Тој три ќе го преврти во четири… Понеделникот е благословен понеделник (на Персиски ) – син, радост на срцето, висока положба, благороден – (на Арапски) – манифестација на Првиот и Последниот, манифестација на Вистинскиот и Високиот; како Аллах да се спуштил од небото – (на урду) Неговото доаѓање на големо ќе биде благословено и ќе биде извор на манифестација на Божјото височество. Погледни, доаѓа светлина, која Бог на намирисал со парфем на Своето задоволство. Ние Својот дух ќе го истуриме во него и тој ќе биде засолнет под Божјата сенка. Тој ќе биде голем и ќе биде и ќе биде средство за ослободување на оние кои се заточени во ропство. Неговата популарност ќе се рашири до краиштата на земјата и преку него луѓето ќе бидат благословени. Тој потоа ќе се воздигне до својата духовна положба на небото. (Арапски) (Ова е одредена работа)

Така ова беа зборови на претскажувањето  во поглед на Муслех Мауд р.а. (Ветениот Реформатор). По ова, Ветениот Месија а.с. во врска со Баширудин Махмоод Ахмад, Халифатул Месих II и во врска со објавата вели:,,слично на тоа, кога мојот прв син почина, неуки оџи (религиски свештеници), нивните соучесници, христијани и хиндуси изразија голема радост над неговата смрт. Затоа беа известени дека на 20 февруари 1886 година беше претскажано дека некои од синовите ќе починат. Според тоа, беше неопходно некој од синовите да почине во раното детство. Сепак, овие луѓе не отстапија од изнесување на обвиненија. По ова, Возвишениот Бог ми даде радосни вести за друг син. Значи, радосна вест за раѓањето на другиот син се наоѓа на седмата страна на мојот зелен проглас. Ќе биде даден друг Башир чие второ име ќе биде Махмоод,,. Ветениот Месија а.с. вели:,,Иако е први септември 1888 година ( и тој се уште не е роден)…

Ветениот Месија а.с. дал друг проглас во септември 1888 година и кажал:,,Иако е први септември и тој се уште не се родил, тој сигурно ќе се роди во одредено време согласно на претскажувањата на Возвишениот Аллах,,. Ветениот Месија а.с. рекол:,,Ова е накратко содржина на седмата страна на зелениот проглас, согласно на која синот ми се роди во јануари 1889 година и нему му е дадено име Махмоод и со милоста на Возвишениот Аллах, се уште е жив и има седумнаесет години.

Хазрети Халифатул Месих I р.а. потпишал изјава во која потврдува дека тој верува дека хазрети Мирза Баширудин махмоод Ахмадд е тој Ветениот. Еден од старешините, Гулам Хусеин сахиб исто така потврдил дека во сонот видел а тоа го пренел хазрети Халифатул Месих I р.а. дека хазрети Баширудин Махмоод Ахмад бил Ветениот син. Постои уште еден старешина, уважениот суфи Мути‘ур-Рахма сахиб од Бангладеш кој исто така имал сличен сон. И хазрети шеик Мухаммед Исма‘ил сахиб од Сарасавиј вели:,,Ние слушнавме како Ветениот Месија а.с. не еднаш туку стално повторувајќи вели дека ова момче кое е спомнато во претскажувањето е всушност Миан Махмоод. Понатаму, ние слушнавме дека Ветениот Месија а.с. рекол дека Миан Махмоод е исполнет со огромна љубов за религија и дека посебно треба да правиме дови за него,,.

Се додека Возвишениот Аллах не го известил хазрети Муслех Мауд р.а. (за тоа дека тој е Ветениот Реформатор) тој самиот не тврдел дека е Муслех Мауд р.а. (Ветениот Реформатор). Покрај тоа, кога јасно му било дадено одобрение да изнесе проглас, тој така и направил. Во време на овој проглас, во текот на Џалса Салана во Хошиарпур, тој рекол:,,Според Божјата наредба, јас се колнам со Неговото име и отворено прогласувам дека Бог согласно на претскажувањето на Ветениот Месија а.с. прогласил дека јас сум тој Ветениот син, кој ќе го рашири името на Ветениот Месија а.с. до сите агли на светот. Потоа во текот на Џалса во лахор, тој рекол:,,Јас се колнам во Оној Највисокиот Бог, во Кого лажното колнење е работа на проколнатите  – кој и да изнесе лажно тврдење во Негово име не може да ја избегне Неговата казна  – дека Бог ме известил во Лахор, во куќата на адвокат Шеик Башеер Ахмад сахиб, бр. 13 Темпл Роуд, дека всушност јас сум исполнување на претскажување за Муслех мауд р.а. (Ветениот Реформатор) и дека токму јас сум тој Муслех Мауд р.а. (Ветениот Реформатор), преку кого исламот ќе стаса до сите краишта на светот и (преку кого) ќе биде втемелена Божја Единственост во светот,,.

Во претскажувањето за Муслех Мауд р.а. (Ветениот Реформатор) можат да се најдат неколку знаци кои Ветениот Месија а.с. ги спомнал во врска со Ветениот син. Такви постојат пеесет два илу пеесет осум. Воглавном има повеќе од педесетина знаци. Хазрети Халифатул Месих V а.т.б.а. навел еден број на признанија кои одразуваат способност, знаење, политичка моќ и над се разбирање на Чесниот Кур‘ан кои му биле дадени на овој Ветениот син и кои нашироко го потврдиле Ахмади и не Ахмади. Во текот на собирите кои овие денови се одржуваат и со прилика која ја имаме за да слушаме за ова претскажување како и за неверојатни остварувања на хазрети Муслех Мауд р.а., ние треба да правиме дови за да положбата на Муслех Мауд р.а. продолжи да расте. Во исто време, својата состојба треба да ја анализираме и да разбереме дека напредокот на Ахмадијатот   од секој Ахмади муслиман бара да има цврста решеност и своите способности да ги користи најмногу што може со цел тоа да го постигне. Ако тоа го правиме ќе го видиме напредокот и успехот на Ахмадијатот, токму во нашето време. Нека Семоќниот Аллах не оспособи така да правиме.