In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Претскажувањето за хазрети Муслех Мауд р.а.

Во Ахмадија Муслиманската заедница 20-ти февруари е познат како ден на претскажувањето за хазрети Муслех Мауд р.а.. Во ова претскажување Бог го известил Ветениот Месија а.с. дека ќе добие син кој ќе и служи на верата и ќе има многубројни доблести. Ветениот Месија а.с. рекол дека ова не е само претскажување туку и небесен знак кој Бог го покажал поради вистинитоста и величественоста на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. И овој знак бил многу по висок, по значаен и по возвишен од знакот кој мртвиот човек го враќа во живот. Прво, душата на мртвиот човек може да се врати во живот низ дова и тоа е нешто што е многу оспорувано. Меѓутоа, во овој пример низ Божјата милост и благословите на Чесниот Пратеник с.а.в.с., Ветениот Месија а.с. вели дека неговите дови биле примени и било дадено ветување дека ќе биде пратена благословена душа чии очигледни и скриени одлики ќе се рашират насекаде низ светот. Дури и, ако овој знак изгледа и се чини дека е во склад со знакот на враќањето на мртвиот во живот, по подолго размислување станува јасно сознанието дека овој знак е многу подобар. Мртвите души се враќаат низ дова а овде душата била пратена низ дова, но овие души и оваа душа меѓу себе се оддалечени како два спротивни пола.

Навистина, светот се осведочил дека претскажувањето на Ветениот Месија а.с. било славно исполнето. И времето докажало дека манифестација на ова претскажување не бил никој друг, туку, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмоод Ахмад. Луѓето во Џемаатот во одредено време сметале дека ова претскажување било за него но тој лично тоа не го кажал ниту го прогласил. Така, поминало триесет години од неговиот халифат кога тој, конечно во 1944 година, прогласил дека навистина тој бил хазрети Муслех Мауд р.а..

На 28 јануари 1944 година хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека сакал да каже нешто што не било карактеристично за неговата природа, нешто за што на почетокот му било непријатно да зборува, но, бидејќи тоа било поврзано со Божјата волја како и со пратеништвото, тој немал друг избор освен да зборува за тоа. Тој го раскажал својот долг сон и рекол дека Бог одредил токму во неговата личност да биде исполнето претскажување за хазрети Муслех Мауд р.а.. Рекол дека луѓето постојано го прашувале што мисли тој за претскажувањето, но тој никогаш не се обидел претскажувањето да го прочита искрено за да не го измамат неговите внатрешни размислувања.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека еднаш хазрети Халифа-тул Месих I р.а. му дал писмо кое Ветениот Месија а.с. го напишал за раѓањето на хазрети Муслех Мауд р.а. и за хазрети Халифа-тул Месих I р.а.. Од хазрети Муслех Мауд р.а. побарал писмото да го објави во Ташеезул Азхан. Од почит кон хазрети Халифа-тул Месих I р.а. тој го објавил писмото но во тоа време тој дури не го ни прочитал внимателно. Кога луѓето го изразиле своето мислење за исполнувањето на ова претскажување, тој лично молчел и не одговарал. Тој сметал дека за личноста за која се дадени ветувањата не е неопходно да прогласува дека тој е нивна манифестација. Токму како што Чесниот Пратеник с.а.в.с. претскажал за железницата, и по исполнувањето на ова претскажување не било неопходно и железницата тоа да го прогласи. Кога луѓето инсистирале како сепак треба да прогласи дека тој е манифестација на ова претскажување тој рекол дека самото претскажување манифестацијата ја прави јасна, и, ако ова претскажување требало да биде исполнето во неговата личност светот тоа ќе го види, но, и ако не требало тоа претскажување да се исполни во неговата личност светот и тоа ќе го видел. Тој рекол дека немал што да каже ниту во едниот ниту во другиот случај.

Некои зборови од оваа објава гласеле: „Тие велат дека тој очекуваниот навистина е овој, или пак треба да очекуваме друг.“ Луѓето долго време постојано го прашувале хазрети Муслех Мауд р.а. за ова претскажување. Во овој долг период, исто така и во објавата на Ветениот Месија а.с. вниманието се насочувало кон случката со хазрети Јакуб а.с. за тоа како (неговите синови), браќата на хазрети Јусуф а.с., му зборувале на таткото колку долго ќе се зборува за хазрети Јусуф р.а.. Оваа објава исто така му била дадена на Ветениот Месија а.с. како и објавата: „Јас го чувствувам мирисот на Јусуф“. Ова било од причината што сакал да го извести дека исполнувањето на ова претскажување за хазрети Муслех Мауд р.а. ќе се покаже после долго време. Хазрети Муслех Мауд р.а. бил уверен дека, ако ова претскажување не се манифестира до времето на неговата смрт, дури и тогаш ситуацијата и кажувањата ќе откријат дека тие се исполнети во неговата личност. Меѓутоа, тој рекол дека Бог го известил дека навистина тој бил манифестација на овие претскажувања за хазрети Муслех Мауд р.а..

Хазрети Муслех Мауд р.а. спомнал некои аспекти на претскажувањето за хазрети Муслех Мауд р.а., на пример: ’тој три ќе го преврти во четири‘ и ’понеделникот е благословен понеделник‘. Прашале што значи ова.

Што се однесува до ’тој три ќе го преврти во четири’, хазрети Муслех Мауд р.а. објаснил дека тој биде четврти син на Ветениот Месија а.с.. Пред него се родиле Мирза Султан Ахмад, Мирза Фазл Ахмад и Башир, а Муслех Мауд бил четврти. Хазрети Муслех Мауд р.а. од Бог бил насочен да смета дека оваа објава не се однесувала на синовите. Тој рекол оти смета дека ’тој три ќе го преврти во четири‘ се однесувало на времето на неговото раѓање. Тој се родил во четврта година од ова претскажување. Претскажувањето било дадено во 1886 година а хазрети Муслех Мауд р.а. е роден во 1889, четири години пред претскажувањето, односно со три години помеѓу, и така три го превртел во четири.

’Понеделникот е благословен понеделник‘ може да има други карактер и значења, но хазрети Муслех Мауд р.а. сметал дека понеделникот е трет ден од неделата и дека во духовните движења Божјите пратеници и нивните наследници (Халифи) имаат свои сопствени ери. Времето на Пратеникот е ера на резултатите на неговите сопствени тврдења, токму како што и времето на Халифата е ера на резултатите на неговите сопствени тврдења и напори. Во сегашно доба првата ера била ера на Ветениот Месија а.с., а другата ера била ера на хазрети Халифа-тул Месих I р.а., додека третата е ера на хазрети Муслех Мауд р.а.. Другата објава на Ветениот Месија а.с. ’Фазл е Омер‘ (име кое му било дадено на неговиот нероден син) го потврдува ова. Хазрети Омер р.а. бил трет по ред по Чесниот Пратеник с.а.в.с.. ’Понеделникот е благословен понеделник‘ не означува никаков посебен или благословен ден, тоа всушност значи дека тој ќе биде третиот помеѓу луѓето кој ќе биде воздигнат во оваа мисија да и служи на верата. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека оваа објава  се исполнува во неговата личност на начин кој е надвор од неговата моќ. Тој во 1934 година ја започнал програмата на Тахрик а Џедид во одговор на ситуација која воопшто не била под неговата контрола. Бидејќи тогашната влада планирала да преземе груби чекори кон Џемаатот и поради подлите завери на Ахрар движењето, Бог неговото срце во 1934 го наклонил да ја започне програма Тахрик е џедид и тој планирал првата фаза да трае десет години. Тој рекол дека после секое жртвување е бајрам (празник), и дека на крајот на десетгодишната фаза на Тахрик е џедид ќе биде година на празникот и дека таа година ќе започне во понеделник. Така, тој објаснил дека Бог низ овие зборови известил дека во времето кога исламот ќе биде ослабен, ќе биде основана организација за негово пропагирање и дека успешен завршеток на неговата прва фаза ќе биде благословено време за Џемаатот.

Помеѓу другото, во објавата за хазрети Муслех Мауд р.а биле и зборовите: „Тој ќе дојде на свет и ќе излечи многумина од нивните  болести низ своите одлики на месија (реформатор) и низ благословите на Рухул Кудус (Возвишениот дух).“ Возвишениот Дух го означува духот на Божјата Единственост. Тој рекол дека во сон видел како трча а земјата се собира под неговите стапки. Навистина, зборовите на претскажувањето исто така вклучуваат: „Тој нагло ќе расте во духовното созревање“, и хазрети Муслех Мауд р.а. во сон видел како посетува многу земји и дека овие патувања потполно не ја довршуваат неговата задача и тој планира да оди далеку и се подалеку. Тој рекол дека во сонот велел: „О благодарен Божји робу, јас ќе одам понатаму и преку патувањето ќе истражам дали Божјата Единственост е втемелена и дали е истребена праксата на припишување другари на Бог и дали учењето на исламот и учењето на Ветениот Месија а.с. е всадено во срцата!“ Претскажувањето исто така кажало: „Неговата слава ќе се прошири до краевите на Земјата.“ Навистина, овие зборови  величествено биле исполнети.

Хазрети Муслех Мауд р.а. исто така ги објаснил аспектите на ова претскажување низ кажувањето во додатокот на кажувањата за соништата.

Кога тој ја преземал службата на Халифатот луѓето во џамијата зборувале дека Џемаатот е уништен со посатавувањето на дете на истакнато место.

Тој бил зачуден на кое дете мислеле. Подоцна, во џамијата прашал заа кое дете тоа се однесувало. Овој човек се насмеал и рекол: „Ти си тоа дете.“ Овие зборови на клеветниците биле потврда на зборовите на претскажувањето. „Тој нагло ќе расте во духовното созревање“ бидејќи неколку месеци подоцна токму истите луѓе го критикувале хазрети Муслех Мауд р.а укажувајќи на него како на оној, лукавиот. Иако луѓето го сметале за дете, Бог му дал духовна служба. Во световната служба личноста може да користи сила, моќ, имот и многу повеќе, но нему му била дадена духовна служба во времето кога само неколку фенига му останале во куферите и бил натрупан голем долг. Оние кои биле одговорни за оваа ситуација биле неговите клеветници, од кои некои изјавиле дека кога тие ќе си заминат многу брзо после нив христијаните ќе ја преземат зградата на медреса во Кадијана. Во материјална смисла немало ништо и клеветниците се радувале и рекле дека времето на оној кому му била дадена служба се приближува кон крајот. Можете да замислите што чувствувала заедницата во таква ситуација. Меѓутоа, тоа се случувало во минатото, и постоела голема разлика помеѓу тоа време и времето кога хазрети Муслех Мауд р.а. зборувал, и Џемаатот се развил постојано и пораката на Ветениот Месија а.с. стасала до многу земји, и куферите во кои останале само неколку фенига тогаш се исполниле со стотици илјади! Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол: „Дури и да умрам сега зад себе ќе оставам стотици илјади и исто така ќе оставам големо знаење.“ Така, на крајно извонреден начин се исполнило Божјото претскажување: „Тој нагло ќе расте во духовното созревање.“

Во времето кога Ветениот Месија а.с. го открил ова претскажување неговите непријатели го напаѓале од сите страни, и тоа само поради тврдењето дека е примател на Божја објава. Тој уште не го изнел тврдењето дека е Муџадид (реформатор) или Месија. Во тоа време  изнел претскажување дека ќе има син кој ќе има многу високи одлики. Кога ќе се спомене угледен човек како нечиј претставник тоа значи претставник на господарот. ’Популарноста‘ на која се повикува во ова претскажување значи дека, преку хазрети Муслех Мауд р.а. името на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и на Ветениот Месија а.с. ќе стаса насекаде во светот.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека ова се исполнило на величествен начин. Во текот на животот на Ветениот Месија а.с. пораката значајно била упатена само во Авганистан. На другите места стасале само вести за неговата порака. Кхаваја Камал-уд-Дин отишол во Лондон но тој мислел дека ниту Ветениот Месија а.с. ниту Џемаатот не треба да спомнуваат по име, така што во Лондон било познато само неговото име. Меѓутоа, кога хазрети Муслех Мауд р.а. станал Халифа-тул Месих пораката била упатена на Јава, Думатра, Кина, Маурициус, во некои Африкански земји, Египет, Палестина, Иран, и некои Арапски и Европски земји. На многу места бројот на членовите на Џемаатот изнесувал неколку илјади а во Африка тој број изнесувал и неколку стотици илјади.

Ова претскажување исто така содржело: „(Тој) ќе биде исполнет со световно и верско знаење.“ Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека не бил склон да изнесува тврдења но дека не можел да го сокрие фактот дека Бог му помогнал да пишува и да зборува за нештата кои се однесуваат на исламот кои во тоа време требало да се толкуваат, и тој може да тврди дека ако ова пишување било оставено на страна, пропагирањето на исламот ширум светот не можело да биде направено. Тој рекол дека во Чесниот Кур‘ан има многу аспекти кои луѓето не би ги разбрале во поглед на времето во кое живеат доколку не им се објаснат во контекст на други ајети. Рекол дека била Божја милост што тоа било решено преку неговата милост. Рекол дека исламот поминува низ слаба и чувствителна фаза и дека преку Ветениот Месија а.с. повторно е втемелено чувањето на исламот. Меѓутоа, во текот на животот на Ветениот Месија а.с. не се направени никакви просветни напади против исламот како што биле во неговото време. Затоа Бог сакал, во склад со претскажувањето на Ветениот Месија а.с., да го воздигне поединецот преку одликата на Својата Реч, поединецот кој со себе го има благословот на Возвишениот Дух. Оној кој бил исполнет со духовно и световно знаење и кој ги побил просветните напади на противниците во светлината на коментарите на Чесниот Пратеник с.а.в.с., и на Ветениот Месија а.с., и на значењето на Чесниот Кур‘ан, и така го заштитил исламот. Така Бог на хазрети Муслех Мауд р.а. му ја подарил дарбата на пишувањето.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека сè додека Бог не го известил, тој навистина е манифестација на претскажувањето за хазрети Муслех Мауд р.а ., и тој молчел и зборувал само кога Бог му рекол да им каже нешто на другите. Тој рекол дека Бог со Својата милост создал ситуација која го потврдила ова претскажување. Многумина имале синови за кои се повторувала темата за хазрети Муслех Мауд р.а.. Некој во сон видел како мелекот го повикува името на хазрети Муслех Мауд р.а. и најавува дека неговото име ќе биде земено заедно со имињата на Божјите пратеници. Некој друг во сон видел дека хазрети Муслех Мауд р.а. стои на минаре и прогласува: „Зарем Аллах не му доволен на Својот роб?“ (39:37) Ова се разбира била една од раните објави на Ветениот Месија а.с. и прогласувањето на таа објава од минарето значело дека Бог понатаму преку хазрети Муслех Мауд р.а. ќе го засилува пропагирањето на Ахмадијатот.

Објаснувајќи еден свој сон, хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека овој сон го раскажал на некои свои пријатели во време кога сонувал, што било во текот на раните години на првиот Халифат во Ахмадијатот. Тој во сонот видел дека Шеикх Рехмат Уллах сахиб предлага да видат кој е повисок: маулви Мухаммед Али сахиб или хазрети Муслех Мауд р.а.. Иако хазрети Муслех Мауд р.а. се двоумел тоа да го прифати Шеик сахиб го присилил. Во стварноста маулви Мухаммед Али сахиб бил повисок. Меѓутоа, кога во сонот застанале еден покрај друг хазрети Муслех Мауд р.а. бил повисок. Шеик сахиб тогаш ставил стол на масата и го качил маулви Мухаммед Али сахиб на неа. Но тој сепак бил понизок. Шеик сахиб го кренал маулви Мухаммед Али за да се обиде да го воздигне до висината на хазрети Муслех Мауд р.а., но неговите нозе виселе во воздух и стапалата досегале само до лактите на хазрети Муслех Мауд р.а.. Така Бог го известил за нештата кои ќе се случат. Иако во времето на сонот Кхаваја Камал-уд-Дин бил тој кој ја кревал главата а не маулви Мухаммед Али во сонот, Бог го објаснил тоа што подоцна ќе дојде.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека на крајот маулви Мухаммед Али сахиб бил толку смален во споредба со хазрети Муслех Мауд р.а. што сета негова енергија била истрошена во мислењето дека во Божјите очи почесни се оние кои се помалку на број. Иако и порано овие луѓе себе се нарекувале мнозинство од 95% и зборувале дека другите се само 4% или 5%, и дека тоа индиректно покажува дека мнозинство на Џемаатот сигурно е на правилното. Во времето на раздорот со Џемаатот хазрети Муслех Мауд примил објава: „Ние ќе ги сведеме на парчиња.“ Овие луѓе кои себе се нарекувале мнозинство од 95% навистина преку Божјата објава биле сведени на парчиња. Пред својата смрт Кхаваја Камал-уд-Дин напишал: „Објавата која хазрети Мирза Махмоод Ахмад ја објавил во поглед за нас сигурно се случила и ние сме сведени на парчиња.“

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол: „Бог мене Лично многу пати ми се манифестирал, исполнувајќи го (аспектот) на претскажувањето: тој ќе ја има честа на Божјиот Возвишен дух.“ Луѓето го прашувале која е мудроста зад тоа да тој подоцна прогласи дека навистина бил манифестација на хазрети Муслех Мауд р.а., иако пријателите тоа долго време му го припишувале.

Мудроста зад ова е истата како и што е речено во Чесниот Кур‘ан: „…А не му прилега на Аллах да ги поништува вашите верувања…“ (2:144). Кога Бог го воздига оној Ветениот по доаѓањето на Своите пратеници, Он не сака заедницата која тој ја основал да ја вплетка во неверувањето. Он создава ситуација мнозинството да биде волно да го прифати. Хазрети Муслех Мауд р.а рекол дека кога луѓето виделе како претскажувањата на Ветениот Месија а.с. се исполнуваат, верата им пораснала. Мудроста на доцното изнесување на ова тврдење била во тоа што Бог не сакал вистинските верници да ги стави на долго искушение во верата. Тој не сакал два пати да поминат низ оваа душевна мака. Така, Бог прво него го одредил за Халифа-тул Месих и на Џемаатот да му даде завет на верноста и потоа го исполнил претскажувањето. Кога пред Џемаатот вистината била јасна како ден, на оној кој бил ветен исто така му било дадено духовно и световно знаење за да го потврдат и небесата и Земјата и верниците да бидат заштитени од дамката да го одбијат и негираат.

Нека Аллах ја заштити верата на сите Ахмади муслимани. Ние треба да го користиме духовното знаење на хазрети Муслех Мауд р.а. колку што е можно повеќе, кое е достапно на урду и на други јазици.

Потоа е најавена џеназа во отсуство за Суфи Назир Ахмад сахиб. Тој починал на 7 февруари во Германија.