In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Халифа-тул Месих II – Бисери на мудроста

Хазрети Халифа-тул Месих продолжил со серијата свои хутби кои се однесуваат на моралните приказни и излагања на Ветениот Месија а.с. како што ги навел хазрети Муслех Мауд р.а..

Ветениот Месија а.с. раскажувал детски приказни со морални поуки. Една таква приказна гласи вака: Поплавата која го снајде хазрети Нух а.с. се случила затоа што неговиот народ станал многу неморален. Кога луѓето ги преминат границите во грев тие во очите на Аллах џ.ш. ја губат својата вредност. Така, во времето на хазрети Нух а.с. една птичка останала сама во гнездото на височинката, гладно и жедно затоа што неговата мајка од некои причини не се вратила во гнездото. Птичката се тресела од жед. Бог на Своите мелеки им наредил да заврне дожд и да наврне толку вода во тоа подрачје за водата да стигне до гнездото кое се наоѓало на височинката за таа птичка да може да се напие вода. Мелеките одговориле дека ако наврне толку вода која би била доволна да стигне до гнездото на височинката, тоа би значело дека останатите луѓе би биле потопени и уништени. Бог одговорил дека за тоа не Му е гајле. Останатите луѓе на Бог не му значеле ништо како што му значела таа мала птичка. Моралната порака од ова е дека кога луѓето скршнат од Правиот пат нивното значење во Божјите очи е помало од малата птичка.

Ние треба да размислуваме за себе дали после прифаќањето на Ветениот Месија а.с. и даваме предност на верата над световните нешта, дали го отфрламе злото и ја посвојуваме побожноста. Ако морално пропаѓаме Бог нема да се грижи за нас. Сегашната ситуација во светот сите можеме да ја видиме. Во многу земји ни владата ни јавноста не се почитуваат едни со други. Владее растројство и нереди дури и во земји каде немало растројства, луѓето се свртеле против Бог, го псујат и го навредуваат Неговото име. Тука има толку скршнувања што дури и се озаконети работи кои одат против природата. Природни несреќи се случуваат насекаде во светот бидејќи има изобилство на гревови. Но тие природни несреќи се само предупредувачки знак од Бог. Задачата на Ахмадија муслиманите е да го запознаат светот со тоа дека ако работите не бидат поставени исправно, Бог може да предизвика големо уништување. Многу се зборува за борбата за своите права без оглед на тоа колку штета може да им предизвика на другите. Ќе ви наведам приказна која објаснува каков поглед на светот треба да има вистинскиот муслиман.

Некој асхаб на Чесниот Пратеник с.а.в.с. го довел својот коњ да го продаде на друг асхаб и барал 200 банкноти како цена за коњот. Друг асхаб рекол дека не е можно за него да купи коњ за таа цена бидејќи тој вредел двојно повеќе и додал дека можеби овој асхаб не бил запознаен со цената на коњи на пазарот. Сопственикот на коњот рекол: Не, како јас можам да прифатам повеќе од тоа што мислам дека е цената на мојот коњ. Расправата продолжила до таа мера што побарале трето лице да посредува и на тој начин ја одредиле цената на коњот. Тие и двајцата го покажале духот на исламот. Навистина, исламот поучува наместо да ги бараме своите права да настојуваме да ги исполниме и правата на другите. Најлошо е на други да им ги донесете нивните права. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека сме навикнати на неисламски начин на другите да им ги даваме нивните права, на пример правото да се штрајкува без должна грижа и внимание.

Овие денови млади доктори во Велика Британија штрајкуваат оставајќи ги пациентите загрижени! Овие млади доктори не само што ги лишуваат пациентите од медицински третман туку во одредени случаи си играат со нивните животи!

Во текот на неодамнешната посета на хазрети Халифа-тул Месих на Јапонија, еден пријатен христијански свештеник го прашал за дефиницијата за мирот. Рекол дека досега не слушнал по уверлива дефиниција за мирот и за тоа како да го постигнеме. Хазрети Халифа-тул Месих му рекол дека исламот наложува дека за другите треба да го избереме она би го избрале за себе. Така ќе ги втемелиме правата на другите и ќе постигнеме мир. Овој свештеник рекол дека навистина му се допаднала оваа дефиниција за тоа како да постигнеме мир и рекол дека ова за прв пат го слушнал.

Навистина, ние не можеме да го убедиме светот за убавините на исламот а тоа да не им го покажеме во својата пракса, дури и ако тоа значи дека мора да се одрекнеме од своите права кои ни припаѓаат. Ако другата личност е вистински верник таа нема да го прифати она што не е негово право да му припаѓа. Жално е одредени случаи да дојдат пред одборот на кадии каде што братот го присвојува правото на братот и семејствата ги присвојуваат правата на семејствата.

Еднаш хазрети имам Хусеин и имам Хасан не се согласувале за некои работи, како што некогаш не се согласуваат браќата. Имам Хасан имал многу нежен карактер додека имам Хусеин имал огнена природа. Во текот на тоа несогласување на кое присуствувал и друг асхаб, имам Хусеин покажал грубост но имам Хасан останал мирен. Следниот ден еден асхаб го видел имам Хасан како се брза некаде и го прашал каде оди. Тој одговорил дека оди да му се извини на имам Хусеин. Овој асхаб бил изненаден и рекол дека бил присутен на тоа несогласување и видел дека имам Хусеин бил тој кој бил груб кон својот брат, и дека тој треба да биде оној кој се извинува. Имам Хасан рекол дека е запознаен со тоа дека неговиот брат бил груб и дека затоа пошол да му се извини. Тој рекол дека слушнал како Чесниот Пратеник с.а.в.с. кажал дека оној кој прв се извинува во Џеннетот ќе влезе пет стотини години порано.

Тој рекол дека, ако неговиот во ова недоразбирање брат по своја волја би почнал помирување, тогаш имам Хасан би изгубил и во двата случаи. Тоа била причината за неговото брзање за да го почне помирувањето.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека чул оти Ветениот Месија а.с. раскажал интересна приказна: Некој човек отишол во амам (Турска бања) да се избања. Сопственикот на амамот одредил работници да извршуваат разни услуги. Се случило тој ден сопственикот да не биде присутен во амамот. Сите работници почнале да се расправаат за тоа кој ќе ја измие главата на некој гостин, и секој од нив тврдела ’ова е мојата глава, ова е мојата глава‘. Се случила караница и еден од нив со нож повредил друг. Пристигнала полиција на местото на случувањето и случајот завршил на суд.  Работниците во судот ги повториле своите тврдења за сопственоста над главата на овој човек. Кога судијата го испитувал гостинот кој дошол да се избања во амамот тој рекол дека увидел дека работниците биле глупави но бил изненаден и од судијата кој него го испрашувал во ист стил. Рекол дека оваа глава е негова, таа му припаѓа само на него и на никој друг освен него!

Ветениот Месија ја раскажал ова приказна за да објасни каолку се бесмислени световните конфликти!

Кога вистинскиот муслиман каже дека е Абдуллах (Аллахов роб) тој се одрекува од сите свои права и станува Божји. Чесниот Кур’ан на Чесниот Пратеник с.а.в.с. му се обраќа како Абдуллаху: „… Аллаховиот роб се исправи …“   (72:20). Чесниот Кур’ан објаснува дека вистинските верници му се покоруваат на Бог и со својата личност и со својот имот. Ова се две работи на кои човекот е сопственик. Ова укажува на тоа дека не треба да бидеме вплеткани  во било какви конфликти бидејќи и двата аспекта му припаѓаат на Бог. Вистинските верници треба да направат се што можат за да ги остварат своите цели и не треба да се грижат за тоа зошто на овој или на оној му е дадена одредена служба а зошто на овој или на оној не! Или да се расправате за тоа позади кој имам ќе клањате намаз.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол: ’Некои луѓе можеби мислат дека луѓето кои наликуваат на овие повеќе не постојат но за жал некои се уште изнесуваат такви критики. Навистина, во времето на хазрети Муслех Мауд многу асхаби на Ветениот Месија с.а.в.с. биле наоколу и тие ги поправале луѓето таму каде што било потребно. Сега, ние сме многу далеку од тие времиња и треба да бидеме многу повеќе внимателни и претпазливи. Ние сега треба да разбереме, многу повеќе од порано, како вистински да станеме Абдуллах. Ние треба да го напуштиме самоволието и треба да настојуваме да го постигнеме Божјото задоволство.

Кога после избори во Џемматот бидат донесени одлуки за доделување на служби кои се спротивни на мнозинството на гласови се слушаат работи кои наликуваат на овие. Оваа година има избори во Џемаатот. Ние треба да го поправиме начинот на своето размислување и соодветно да го користиме своето право на глас а исто така и да ги прифатиме одлуките кои се донесени. Неодамна во една земја се одржани лаѓна избори и една жена пишувала за тоа и прашала зошто на овој и на оној му е дадена служба а на овој и на оној не. Треба да се покаже потполна соработка со оној на кого му е дадена служба.

Вистинските верници треба да настојуваат со цврста решителност да направат напори, и наместо да се ослонуваат на други тие треба директно да се вклучат во работите, и само на тој начин работите можат да се решат и да бидат завршени како што треба.

Ветениот Месија а.с. навел приказна за некој богат човек кој отворил јавна кујна. Многу луѓе секојдневно јаделе во оваа кујна но со неа се управувало многу лошо а сопственикот не го надгледувал добро управувањето со кујната. Неговите вработени не биле искрени. Оние, чија работа била да ја снабдуваат кујната, го купувале најскапиот зеленчук и во помала количина од потребната а други дел од тие количини ги носеле дома. Оние кои готвеле и ја подготвувале храната во кујната ги злоупотребувале своите позиции, им давале храна на своите семејства или лично ја јаделе, а и го оставале магацинот отворен и таму навечер доаѓале кучиња и птици кои ја превртувале храната и ги уништувале прехранбените производи. Како резултат на тоа сопственикот западнал во големи долгови за кои бил информиран после дваесет години од неговото лошо управување. Тој не сакал да ја затвори кујната. Се советувал со пријателите да му дадат совет но не ги спомнувал своите сопствени пропусти. Неговите пријатели му  истакнале дека магацинот за храна немал врата и поради тоа кучињата ги уништувале резервите на храна. Рекле дека штетата би била многу помала доколку на магацинот за храна би била поставена врата. Поради тоа сопственикот наредил на магацинот за храна да се постави врата. Кога вечерта се вратиле кучињата и птиците и ја виделе вратата дигнале врева за тоа што ќе јадат сега бидејќи ова било местото каде јаделе сите кучиња од таа област. Едно постаро куче меѓу нив ги смирувало. Тоа рекло дека оној кој дозволил дваесет години неговиот имот да се краде а тоа не го забележал, нема сигурно да надгледа дали на вратата била ставена брава или не. Тоа ги уверило дека се уште имаат можност да ја изедат храната во магацинот.

Моралната поука од оваа приказна е дека è голема разликата помеѓу желбите за нешто да биде направено и тоа нешто навистина да се направи. Кучињата и птиците дигнале голема врева околу тоа: што ако навистина човекот сакал да ја заклучи вратата? А постарото куче рекло дека ако сопственикот всушност навистина не сакал да ја заклучи вратата, зошто тогаш да се дига врева!

Друга детска приказна на која се сеќава хазрети Муслех Мауд р.а. била за Аладин и неговата ламба. Аладин бил сиромашна личност и нашол ламба. Кога би ја протрил ламбата би се појавувал џин кој правел сè што Аладин сакал да се случи. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека како дете мислел дека Аладиновата ламба е вистинита но покасно сфатил дека не è. Меѓутоа, кога достигнал зрели години, оценил дека во Аладиновата ламба постоела природна појава. Оваа ламба не работи на нафта туку на решителност и настојување. На кој и да му биде дадена оваа ламба од Бога, Он ќе направи таа да работи. Поради фактот дека решителноста и настојувањето се божји одлики, бидејќи кога Бог вели ’Биди‘, тоа и се случува. Слично на тоа, кога човек следејќи го Бог, во склад со принципите кои Он ги поставил, и постапувајќи по Неговите наредби, правејќи дови за Него и барајќи ја Неговата помош Он вели ’Биди‘, тоа и се случува. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека во детството бил уверен во својствата на Аладиновата ламба но ги отфрлил кога дошол во зрелите години. Меѓутоа, кога достигнал зрели години и кога го искусил животот во текот на подолг период увидел дека приказната за Аладиновата ламба била вистинита. Меѓутоа, тоа е метафорична приказна и ламбата подразбира решителност и настојување, кои кога бидат протриени/направени, тогаш нештата, не е важно колку се големи, веднаш се случуваат.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека некои луѓе сакаат понекогаш да направат нешто но тоа не се случува. Ова се случува затоа што нивната желба е малодушна и не постојат потребните услови за тоа да се случи. Тоа е само желба, мисла. Тоа се однесува посебно на намазот. Многу луѓе велат дека сакаат редовно да прават намаз но не го прават. Кога не ги користиме своите можности и не ја бараме Божјата помош, нештата не се случуваат. Не може да биде некој да сака нешто а не е во состојба да го направи тоа.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека како дете слушал некоја приказна на која многу се смеел, иако приказната имала морални карактеристики и писателот давал сличности кои им се случуваат и на денешните муслимани. Некоја семејна помошничка станувала во време на сехур но не постела. Домаќинката на куќата мислела дека помошничката станува за да помогне но бидејќи не пости таа сметала дека е непотребно да ја вознемируваат. Така, после неколку дена домаќинката и рекла на помошничката да не станува за сехур и рекла дека сама ќе ги извршува работите. Помошничката изненадено и одговорила: ’Госпоѓа, јас не клањам намаз, јас не постам. Ако уште и не јадам сехур потполно ќе станам неверник.‘ Се разбира, ова е сликовит приказ за состојбата на муслиманите, на пример, нивниот став за присуството на џума намаз последниот петок од рамазан. Смешно е да се смета за доволно извршувањето на само еден намаз. Навистина, петте дневни намази се задолжителни за одраснатите муслимани со здрав разум и за муслиманите мажи задолжителен е кланање намаз во џемаатот.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека од Ветениот Месија а.с. слушнал дека кога некој крал или водач оди негде со него оди и негов придружник и тој не треба да бара одобрување од домаќинот за да биде во друштво со него. Било кој достоинственик кога посетува друг има безбедносна и друга придружба со себе. Исто така, тој вели, не е важно колку и да е на ниски гранки нашиот духовен напредок ние треба да ја всадиме врската со мелеките, на начин што, каде и да појдат тие ние треба да ги следиме. Ние ќе бидеме вклучени во нивната придружба. Ако тие ги проникнуваат срцата и умовите, и ние ќе бидеме таму. Нашата сила лежи во нашата духовност и ако сакаме и понатаму да ја засилуваме треба да се поврземе со мелеките до таа мера да можеме да досегнеме до срцата на луѓето. Ние ќе ја следиме Божјата светлина.

Хазрети Халифа-тул Месих рекол дека треба да го запомниме основниот принцип кога се собереме, било на џалса или иштема, дека сме се собрале за да постигнеме духовен напредок. Ако бидеме доследни во одржувањето на влијанието на духовното собирање, мелките ќе ни помогнат. Вистински верник е оној кој чини добри дела, кој бара да биде во состојба да чини добри дела со понизност и тогаш кога бара простување од Бога (истигхфар).

Хазрети Муслех Мауд р.е. рекол дека асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с. пренеле дека тој кога го молел Аллах џ.ш. тоа звучело како лонец кога врие. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол: ’Всадете чистотија и богобојазливост и не сметајте дека сте побожни бидејќи елементи на неискреност можат да се вовлечат без оглед на тоа колку делото е побожно. Ветениот Месија а.с. се прашувал зошто срцата на луѓето кога се вратат од аџилак имаат повеќе горделивост и пороци од порано. Многу луѓе не го разбираат значењето на аџилакот но се гордеат со самото тоа што направиле аџилак. Тој раскажувал една интересна приказна на таа тема. Некоја стара жена во едно ладно предвечерие чекала на железничка станица. Додека чекала некој и ја украл наметката. Кога осетила студенило и сакала да ја наметне наметката открила дека ја нема. Веднаш повикала: ’О аџија, брате, јас имам само една наметка која ми е потребна, те молам врати ми ја.‘ Аџијата седел покрај неа и ја слушнал. Засрамен, и ја вратил наметката и прашал како знаела дека тој и ја украл. Старата жена  одговорила дека во ова време само аџиите можат да направат такво бездушно нешто. Навистина, никогаш не смееме да си замислуваме дека чиниме побожни дела и имаме побожни планови. Верувањето доаѓа, но со Божја милост и не како резултат на она што го правиме. Секогаш во вид имајте ја Божјата милост. Трагачот кој не ја зема во предвид ниту една друга врата освен Божјата, ја привлекува Божјата милост. Се дотогаш додека го имаме Бог во вид ќе бидеме сигурни, но, кога ја напуштиме неговата врата, не е важно колку многу добри дела да правиме или да имаме добри планови, ништо нема да ни биде од корист.

Ветениот Месија а.с. кажувал дека еднаш бил украден накит од куќата на хазрети Абу Бакр р.а. или хазрети Омер р.а.. Слугата на куќата почнал да извикува: ’Која е таа расипана личност која украла од куќата на Божјиот Халифа!‘ Подоцна е откриено дека овој накит бил даден како залог кај некој Евреин и Евреинот го именувал слугата како лице кое го донело накитот како залог. Вербалната клетва или изразувањето на послушност не е ништо, она што се брои е праксата. Оној кој изнесува вербално тврдење за послушноста може да биде најголем лицемер.

Ветениот Месија а.с. раскажувал дека владеела заразна колера. Еден човек бил многу критично расположен на џеназата на некое лице кое умрело од колера и рекол дека овие луѓе сами себе се убиваат. Дека владее зараза од колера а тие не водат грижа и се лакоми. Рекол дека тој јаде само мало парче леб а дека тие се прејадуваат и умираат. Наредниот ден била друга џеназа и некој прашал на кој се однесува џеназата. Лицето кое долго боледувало одговорило дека ова е џеназа  за оној кој јадел само мало парче леб. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол: ’Каква смисла има да се изнесуваат празни тврдења какви што ги изнесувал овој човек.‘ Навистина, можеме да зборуваме за она што Бог го прогласил. На пример Бог вели: „Сигурно Јас и Моите пратеници ќе надвладееме …“ (58:22).  Тој рекол: ’Сега ако некој каже дека ќе не скрши, тоа не е работа на мојата сила, јас не можам ништо да кажам. Меѓутоа, ако тие тоа го кажат за Ахмадијатот, тогаш тоа никогаш не може да се случи, бидејќи Ахмадијатот ќе победи, што и да се случи.‘

Ние имаме цврсто верување во исполнувањето на Божјите ветувања повеќе од тоа што имаме цврсто верување за сопствениот живот. Ахмадиајтот навистина ќе победи, било ве текот на нашите животи или подоцна.

Богобојазливоста е тоа што е потребно за да бидеме дел од тоа.

Ветениот Месија а.с. говорел дека мајчината љубов е нај прекрасниот приказ за љубов. Тој напишал: ’Од една страна малото бебе плаче од глад а од друга страна мајката толку е трогната од плачењето и липањето на детето што во нејзините гради веднаш надојдува млеко. На ист начин, секој трагач треба да ја докаже својата духовна глад и жед со својот плач и липање така да биде поттикнато духовното млеко кое ќе го задоволи.‘ (Суштината на исламот, том 21, стр. 34)

Според тоа, треба да настојуваме колку што можеме, но не неискрено и на лицемерен начин, и откако ги направиме најголемите напори треба да се свртиме кон ибадетот колку што е можно повеќе. Хазрети Муслех Мауд р.а. ги советувал во Џемаатот доброволно да постат, а и хазрети Халифа-тул Месих пред неколку години не советуваше да постиме. И тоа некои во Џемаатот се уште го практикуваат. Треба да се пости барем четириесет дена, што значи еден ден во неделата. Исто така, треба да се прават дови и да се клањаат доброволни намази и да се дава садака.  На некои места Џемаатот минува низ многу прогони. Ако го молиме Бог, онака како што плачот на малото бебе го поттикнува мајчиното млеко, Божјата помош ќе се симне од небесата, како што се симнувала и во минатото.

Хаазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека не е во наша моќ да склониме некои тешкотии како што се вербалните навреди и навредите преку пишувањето за Ветениот Месија а.с. кои ниту можат да се поднесат ниту да се читаат и слушаат. Не постои место каде да се оди и да се бара помош за ова и никаде не останува место затоа што никој не е, а ниту властите не посветиле и не посветуваат никакво внимание. Барем во минатото не биле донесувани закони против нас а сега во Пакистан постојат закони против Ахмади муслиманите. Огромна е потребата да плачеме пред Бог, посебно за Ахмадиите во Пакистан но истовремено и за другите муслимани. Тие треба искрено да се свртат кон Бог, да клањаат доброволни намази, да даваат садака и да постат. Ние немаме друг пат освен Божјата милост. Нека Алла џ.ш. не оспособи  да правиме ибадет на начин кој ги стресува и небесата!