In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Претскажувањето за Муслех Мауд р.а.

Денес Хузур а.т.б.а. одржа хутба за претскажувањето на Муслех Мауд р.а. кое вдахнува со вера и рече дека исполнувањето на ова претскажување е огромен доказ за вистинитоста на Ветениот Месија а.с..

Хузур а.т.б.а. рече дека Ахмади муслиманите се запознаени со случувањето на 20 февруари, датум кој се однесува на ова величествено претскажување. На тој ден во објавата на Ветениот Месија а.с. се дадени радосни вести за раѓањето на синот кој ќе има многубројни доблести. Помеѓу останатото било претскажано дека Џемаатот (Ахмадија заедницата) ќе доживее исклучителен напредок во текот на ерата на овој Ветениот Реформатор. Хузур а.т.б.а. рече дека денес ќе ги претстави деловите од говорот на Муслех Мауд р.а. кои објаснуваат како ова претскажување се исполнило во неговата личност.

Во 1914 година Бог на Муслех Мауд р.а. му ја доделил обвивката на Халифатот. Триесет години подоцна – во 1944 година – тој прогласил дека го исполнил претскажувањето за Ветениот Реформатор. Дури и пред тоа многумина зналци, и воопшто членовите на Џемаатот, сметале дека претскажувањето се исполнило во неговата личност и го охрабрувале да прогласи дека тој е Муслех Мауд р.а. (Ветениот Реформатор).

Хазрети Муслех Мауд р.а. одговарал дека ако претскажувањето се исполнило во неговата личност тогаш нека биде така, но сепак тој нема потреба тоа да го прогласува. Тој спомнал дека еднаш била објавена листа на минатите Муаџадиди (реформаторите во исламот) која била објавена откако ја видел Ветениот Месија а.с.. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол:

„Колку на листата ги има оние кои тврделе дека се Реформатори? Ветениот Месија а.с. лично кажал дека Ауренгзаб (реформаторот на Мугхал) се чини дека бил реформатор на својата ера. За Умарбин Абдул Азиз велат дека бил реформатор, но и тој исто така никогаш не тврдел ниту прогласил дека е реформатор. Проглас е потребен само за полномошник (одреден) реформатор, како што е Ветениот Месија а.с.. За реформатор кој нема полномоштво не е потребно тврдење.“

Хазрети Муслех Мауд р.а. понатаму објаснил зошто тој не треба да го изнесе својот проглас. Тој рекол дека членовите на Џемаатот не треба да бидат вознемирени од исмејувањето на противниците. Нивните клевети, навреди и настојувања да посрамотат не се важни бидејќи некој може да биде понизен од луѓето но вистинската чест е дадена на судот на Семоќниот Аллах џ.ш.. На оној кој оди по Божјиот пат му е дадена честа во Божјите очи, без оглед на настојувањето на луѓето. Оној кој изнесува лажни тврдења можеби ќе постигне успех во овој живот, меѓутоа, тој на крајот ќе потклекне затоа што ја нема Божјата почит. Тој рекол дека затоа во духовните и во световните работи личноста секогаш треба да ја посвои вистинитоста. И начин за процена на некого е во поткрепата и помошта која тој ја прима од Возвишениот Бог.

И тоа е вистина – еднаш кога Семоќниот Аллах џ.ш. му наредил да го изнесе прогласот – тој тогаш прогласил дека е Ветениот Реформатор.

Хузур а.т.б.а. рече дека кога тој го изнел ова тврдење не го направил тоа на начин што само станал и решително изјавил како е тој е Ветениот Реформатор. Всушност, рекол дека поради неговата природа му било многу тешко тоа да го направи. Кога пак прогласил дека Бог му рекол дека ова претскажување е исполнето во неговата личност, од една страна членовите на Заедницата биле радосни, додека од друга страна гхаирмубаиеен (оние кои одбиле да го дадат заветот на баи‘атот на Халифата) почнале да се спротивставуваат.

На Џалса Салана во 1945 година хазрети Муслех Мауд р.а. им се обратил на оние кои се спротивставувале и посебно се осврнал на  ставот на маулви Мухаммед Али. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека откако го изнел тврдењето дека е Ветениот Реформатор, маулви Мухаммед Али непотребно почнал да му се спротивставува. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека тврдењето го изнел на база на објавата, соништата и Божјата волја. Меѓутоа, маулви Мухаммед Али не бил во состојба да претстави никаков сон или објава со кои ќе го негира неговото тврдење. Единствениот доказ кој маулви Мухаммед Али го дал била објава стара 30 години за која се покажало дека е неточна.

Со цел да покажат дека се вистинољубиви, непријателите на пратеникот тврдат и изјавуваат како пратениците самите ги претставиле објавите кои им биле дадени. Евреите и христијаните исто така изнесувале обвиненија против Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека е чудо што Семоќниот Бог не им дал вистинити објави на Евреите и на христијаните како што ги дал на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за да изложи и да покаже која страна е лажна.

Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека и денес маулви Мухаммед Али сахиб изнел исто обвинение како објавите кои мене ми се дадени се лажни. Зошто Семоќниот Бог не објавил никаква вистинита објава на маулви Муххамед Али сахиб со цел да одреди кој од нас ја зборува вистината?

Хузур а.т.б.а. потоа претстави неколку објави кои му биле дадени на хазрети Муслех Мауд р.а. кои докажуваат дека тој бил Ветениот Реформатор. Првата објава се случила во текот на животот на Ветениот Месија а.с. која тој ја запишал во својот дневник во кој ги забележувал објавите. Објавата гласела:

„Навистина, Јас ќе направам до Судниот ден твоите следбеници да бидат победници над оние кои те отфрлија.“

Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека зад оваа објава се наоѓа длабока мудрост и дека таа е слична на онаа која му била дадена на Иса а.с. (Исус), како што и било спомнато во Чесниот Кур‘ан. Меѓутоа, зборовите на таа објава биле:

„Јас до Судниот ден ќе ги поставам оние кои тебе те следат над оние кои не веруваат.“

Ова е затоа што тврдењето на Иса а.с. било дека тој е конечен пратеник во поредок на Муса. Во тој случај луѓето се спротивставиле на такво тврдење, а потоа по долго време го прифатиле тој пратеник. Меѓутоа, Семоќниот Бог сакал Муслех Мауд р.а. (Ветениот Реформатор) да го воздигне до положбата на Халифатот, а Халифата истовремено ја наследува заедницата, и затоа реченицата:

„И ќе ги поставам оние луѓе …“

не била потребна. Оттаму во објавата е кажано:

„Навистина, Јас ќе направам до Судниот ден твоите следбеници да бидат победници над оние кои те отфрлиле.“

Семоќниот Бог укажал дека (на хазрети Муслех Мауд р.а.) некогаш во иднина ќе му подари втемелена заедница која за возврат Семоќниот Бог ќе ја засили.

Зборовите:

„Јас ќе направам оние кои веруваат во тебе …“

како што е спомнато во Чесниот Кур‘ан овде не се потребни бидејќи не било неопходно да се чека луѓето да ја прифатат пораката. Наспроти фактот дека непријателите ќе планираат тоа да го уништат и ќе се обидуваат да создадат бура на спротивставување, сепак Семоќниот Бог ќе му подари (на Муслех Мауд р.а.) втемелена заедница и ќе стори нивните непријатели да бидат скршени.

Пегхами (оние кои одбиле да дадат ветување на раката на Халифа-тул Месих II р.а. и основале сопствена заедница) тврдат дека хазрети Муслех Мауд р.а. рекол како ова не бил сон бидејќи содржело зборови кои веќе биле објавени – тоа била објава примена пред 40 години.

Другиот знак кој му бил објавен и кој се повикувал на него како на Ветениот син,  хазрети Муслех Мауд р.а. го примил во кашв (визија). Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека кога бил во состојба на кашв видел како му бил врачен пакет на кој биле испишани две имиња: Мухиј-ул-деен и Мун-ул-деен. Името Мухиј-ул-деен се однесувало на Ветениот Месија а.с. кој дошол да го оживее исламот, а Мун-ул-деен се однесувало на хазрети Муслех Мауд р.а. кој дошол да помогне на патот на исламот.

Третиот знак кој хазрети Муслех Мауд р.а. го спомнал била објавата која ја примил. Оваа објава гласела:

„О потомци на Давуд! Држете се до наредбите на Семоќниот Аллах џ.ш. и бидете Му благодарни!“

Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека со зборовите ’потомците на Давуд‘ Семоќниот Аллах џ.ш. него го поврзал со хазрети Сулејман а.с.. Хазрети Сулејман а.с. станал Халифа после хазрети Давуд а.с. и исто така бил негов син.

Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека петтиот знак кој сведочи дека тој е Ветениот син е кашф (визија) која ја доживеал. Во оваа визија видел како прави ибадет во Баитул-ул-Дова (мала) соба на Ветениот Месија а.с. (во која Ветениот Месија а.с. правел ибадет), и тогаш на хазрети Муслех Мауд р.а. му станало очигледно дека Ветениот Месија а.с. бил Ибрахим. Исто така му било објавено дека во овој уммет се појавил голем број на Ибрахим (следбеници на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.), како пример, бил известен дека хазрети Халифа-тул Месих I р.а. исто така бил Ибрахим. На хазрети Муслех Мауд р.а. исто така му било кажано дека и тој е Ибрахим.

Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека петтиот знак му бил објавен во сон кратко по смртта на Ветениот Месија а.с.. Хазрети Муслех Мауд р.а. видел мелек во сон кој на него му рекол дека ќе го поучи на коментарот на сура Ал-Фатуха. Мелекот рекол дека до сега коментаторите на Чесниот Кур‘ан коментарот го напишале до зборот: ’Јеум-и-Деен‘ (Судниот ден), меѓутоа, тој  хазрети Муслех Мауд р.а. ќе го поучи на целиот коментар на сура Ал-Фатиха. Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека кога се разбудил веќе не можел да се сети што мелекот го поучил. Покрај тоа, од тој ден Семоќниот Аллах џ.ш. го поучувал хазрети Муслех Мауд р.а. на безбројни интересни и фини значења од сура Ал-Фатиха. Всушност, хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека Семоќниот Аллах џ.ш. го поучил на сеопфатна програма во светлината на сура Ал-Фатиха со цел да ја втемели величественоста на исламот. Така, вистинското значење на овој сон било општото разбирање и сознание за Чесниот Кур‘ан и посебно на хазрети Муслех Мауд р.а. му било дадено значењето на сура Ал-Фатиха.

Хазрети Муслех Мауд р.а. исто така спомнал дека ја примил следната објава:

„Навистина, Јас нив ќе ги истребам.“

Оние кои во тоа време го напуштиле Џемаатот тврделе дека се мнозинство од 95% на Џемаатот. Навистина се покажало дека тоа е вистина и Кхваја Камал-уд-Дин сахиб пред смртта признал дека објавата на хазрети Муслех Мауд р.а. се исполнила и дека тие биле истребени.

Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека Семоќниот Аллах џ.ш. објавил безброј знаци кои докажуваат дека ова претскажување се исполнило во неговата личност.

Хузур а.т.б.а. заврши зборувајќи дека наредните денови во Џемаатот ќе се одржат многу собири во спомен на исполнувањето на ова претскажување и дека исто така голем дел од програмите ќе бидат прикажани на МТА. Членовите на Џемаатот треба да вложат краен напор да присуствуваат и да ги слушаат овие програми со цел да го разберат ова претскажување. Постојат безброј знаци спомнати во ова претскажување и сите се исполниле во хазрети Муслех Мауд р.а. со голема величественост.