In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Ислам Ахмадија: Пат кон духовниот развој

Хузур рече дека луѓето во светот воопштено се утопиле во материјализмот. Тоа преставува трка за да се стекнат световните аспирации и како резултат на тоа се појавува немир и метеж. На Семоќниот Бог и на религијата им е дадена споредна важност. Сè поголем број на луѓе во светот потполно го негираат постоењето на Семоќниот Бог. Меѓутоа, тука постојат и другите кои тежнеат кон тоа да ја најдат и да ѝ се придружат на вистинската религија. Тие неуморно упатуваат молби за да најдат средства да се поврзат со Семоќниот Бог. Семоќниот Бог ги упатува таквите личности. Тој ја јакне нивната вера. Семоќниот Аллах џ.ш., како што ветил, го пратил Ветениот Месија а.с. и Имам Мехди во ова доба за луѓето повторно да се поврзат со Семоќниот Бог. Луѓето биле известени дека ако сакаат внатрешен мир и направат вистински ибадет – треба да го прифатат овој Божји избраник.

Семоќниот Бог на извонредни начини ги упатува луѓето кои се жедни да ја пронајдат вистината. На овој Божји начин и пристап сведоци се Ахмади муслиманите и во минатото и во сегашноста. Секојдневно ширум светот се случуваат настани со таква природа. Таквите случувања и настани ја јакнат верата на оние кои му се придружуваат на Ахмадијатот – вистинскиот ислам – но таквите случувања исто така и оние кои долго време се Ахмади муслимани.

Денес Хузур а.т.б.а. наведе неколку мислења за тоа како Бог ги упатил луѓето да трагаат по вистинската религија и Семоќниот Бог.

Една госпоѓа од Гамбија, на возраст од 65 години, имала болки во стапалата повеќе од десет години и не можела да најде лек за својата болест. Таа воопшто не била во состојба да оди. Таа побарала помош за лечење во едно село далеку од нејзиниот дом. Таму случајно слушнала за  хутбите во петок што ги држи Хузур а.т.б.а. на МТА. Кога се вратила дома во сонот и било речено: „Оној кој си го видела на телевизија е тој кој треба да го следиш бидејќи тој ти говори за вистинскиот пат на спасението.“ Таа после тоа дала завет на верност (баи’ат) и после тоа болката во стапалата постепено почнала да се намалува. Таа сега оваа порака ја пренесува и на други и им кажува дека Џематот (Ахмадија заедницата) и помогнала да и се подобри нејзиното здравје.

Световната личност ќе смета дека оваа жена е неука и необразована и дека едноставно е во заблуда. Меѓутоа, оние кои личното искуство му го повериле на Семоќниот Аллах џ.ш. дадена им е неизмерна и непоколеблива вера и други работи веќе не ги интересираат.

Семоќниот Аллах една личност ја упатил во некоја далечна област во Буркина Фасо. Суад сахиб Ахмадијатот го прифатил после Џалса Салана во Германија. Тој редовно го слушал Ахмадија радиото и кога Ахмади муслиманите го посетиле неговото село, иако не бил Ахмад, тој им помогнал во нивните напори да ја пренесат пораката. Маулвите (муслимански свештеници) го предупредиле никогаш повеќе да не го слуша Ахмадија радиото ниту да има било каков контакт со Ахмади муслиманите ако сака да го спаси своето верување во исламот. Поттикнат од ова однесување на свештеникот тој престанал да го слуша Ахмадија радиото и да се среќава со Ахмади муслиманите. Меѓутоа, во тек на едно патување застанал да изврши намаз и единствено место за намаз била една Ахмади џамија, така да бил принуден да клања намаз заедно со нив. Аллах џ.ш. повторно отворил пат за него да се поврзе со Ахмади муслиманите. После некое време во сон видел како илјадници луѓе се собрале околу некој човек. Во сонот му било кажано дека тоа е личноста која треба да ја слуша – и дека маулвите (свештениците) го тераат на другата страна од исправниот пат. Кога подоцна отишол во мисионерската куќа на МТА го видел истиот призор и истата личност која ја видел на сонот (тоа било на завршната програма на Џалса Салана на која Хузур а.т.б.а. држел говор).

На таквите луѓе кои лично ги доживеат Божјите знаци Бог им дава снажна вера.

Хузур а.т.б.а. рече дека луѓето му пишуваат и му кажуваат дека никој не може да ги оттргне од Ахмадијатот затоа што дале завет на баи’атот (завет на верност) откако виделе јасни знаци и докази од Семоќниот Аллах џ.ш.. Семоќниот Аллах џ.ш. ги упатува оние кои ја прифаќаат понизноста и сомилоста и ако добијат корист од тие упатства после тоа тие стануваат приматели на милоста на Семоќниот Аллах џ.ш..

Слично искуство доживеал Ахмад сахиб од Сирија каде Семоќниот Аллах џ.ш. го упатил кон вистината. Тој му се спротивставувал на Џемаатот (Ахмадија заедницата) и со некои Ахмади муслимани жестоко би расправал за разни религиски теми, но во сето тоа не можел да го прифати поимот за смртта на Иса а.с.. Еден негов Ахмади пријател, Мутазил Казад сахиб, го советувал да побара упатства од Аллах џ.ш. кои се однесуваат на таа тема. Тој таа вечер кажувал дови со голема посветеност и покасно во сон видел личност која го спасила да не падне во длабока провалија, и таа личност во тој момент му рекла: „Абу Хасан! (како што му се обраќа на својот син) Никогаш повторно немој да доаѓаш овде и знај дека Иса а.с. умрел.“ Кога се разбудил отишол во куќата на Казад сахиб и кога влегол внатре видел слика; му било речено дека тоа е слика на Ветениот Месија а.с.. Ахмад сахиб веднаш изразил желба да даде завет на баи’ат (завет на верност) бидејќи открил дека ова е личноста која ја видел во својот сон.

Хузур а.т.б.а. рече дека Аллах џ.ш. ги упатува луѓето кон вистината на многу различни начини, понекогаш преку соништа а понекогаш преку раскажувањата на Ахмади муслиманите, преку читање на литература и книги, преку очигледните искуства од моралното однесување на Ахмади муслиманите или преку следењето на содржините на МТА, и многумина луѓе од тие и од многу други причини го прифаќаат Ахмадијатот.

Мисионер од Бенин пишува дека главатарот на локалната област во почетокот бил идолопоклоник но подоцна го прифатил Ахмадијатот откако ја примил пораката на исламот. Тој не само што станал Ахмади муслиман туку и на други постојано ја пренесувал пораката на исламот. Во неговата област била отворена џамија и при отворањето на џамијата тој одржал говор и Хузур а.т.б.а. прочитал неколку делови во кои главатарот рекол дека не може да разбере зошто не ахмадиите и се спротивставуваат на Ахмади заедницата. Ахмади заедницата проповеда само за љубовта, мирот и братството; понатаму кажал дека доколку може би сакал да изгради куќа покрај џамијата и на секој кој би поминал покрај неа би сакал да каже дека во Ахмадија муслиманскиот џемаат се негува вистинскиот ислам. Главатарот рекол дека Ахмади муслиманите во своите закрила доведуваат и христијани и идолопоклоници и дека тоа не им предизвикува никаква болка. Понатаму рекол дека ако христијанин влезе во неговата џамија поради молитва тој никогаш не би го запрел да го стори тоа.

Хузур а.т.б.а. рече дека од една страна имаме верски водачи кои одобруваат неправди и предизвикуваат муслиманите да пролеваат крв помеѓу себе поради нивната надменост и его. Меѓутоа, од друга страна има луѓе кои биле идолопоклоници и Семоќниот Аллах џ.ш. ги упатил поради некои нивни добри дела, или едноставно поради Својата милост ги оспособил сега и тие да ја пренесуваат пораката на исламот на други. Ова е начинот како Семоќниот Аллах џ.ш. постапува кон оние кои се понизни, но ако некој е полн со надменост, дури и да направи илјадници намази и да тврди дека е побожен и себе си се нарекува ’аџија‘ (оној кој бил на аџилак), тој не може да прими вистински упатства од Семоќниот Аллах џ.ш..

Еден наш мисионер наведува пример како Семоќниот Аллах џ.ш. ги упатува луѓето и после тоа во нив се случува ненадејна промена после прифаќањето на Ахмадијатот.

Ова е настан кој се случил во Камрун. Еден пензиониран воен службеник на Ахмадија муслиманскиот џемаат му подарил парче земја за да изградат џамија на неа. Кога службениците на Џемаатот (Заедницата) отишле да го посетат местото откриле дека таму веќе бил изграден подрум од човекот со намера на неговата основа да изгради куќа. Овој воен службеник објаснил дека во сон го видел својот рахметли татко кој го советувал на тоа место наместо куќа да изгради џамија. Поради тоа одлучил оваа земја да ја поклони на Ахмадија муслиманскиот џемаат.

Еден господин по име Саеед сахиб, кој живее во едно оддалечено место во Брегот на Слоновата Коска, рекол дека исламот во неговото село стигнал преку неговиот дедо но подоцна со тек на времето луѓето потполно се оддалечиле од исламот. На крајот останале муслимани само според називот. Тој рекол дека често и со голема болка му се молел на Семоќниот Бог во нивниот крај повторно да се разбуди и да се практикува вистинскиот ислам. Тој, во 2016 година во благословениот месец рамазан, во една прилика правел дови со толкава жар што очите му биле полни со солзи. Само неколку дена после ова случување во селото дошол мисионер на Ахмадија муслиманската заедница и го преставил Ахмадија џемаатот. Ова бил настан кој го вдахнал Саеед сахиб се вера и после оваа посета 55 луѓе го прифатиле Ахмадијатот.

Хузур а.т.б.а. рече оти треба длабоко да се размисли за фактот дека во последно време луѓето во развиените земји ја напуштаат религијата и се посветуваат само световните работи, додека во далечните села во далечна земја во Африка, каде нема никаков луксуз, луѓето тежнеат за тоа вистински учења за исламот да се прошират и во нивното село.

Хузур а.т.б.а. рече дека должност на секој Ахмади муслиман е да ги шири вистинските учења на исламот на секој поединец.

Хузур а.т.б.а. потоа прочита еден исечок од пишувањата на Ветениот Месија а.с. во кој Ветениот Месија а.с. го истакнува давањето на баи’ат (завет на верност) и кажува дека тоа не треба да се сфати несериозно. Личноста може да го исполни заветот на пристапување само доколку го напушти сопственото постоење и потполно да стане предана и искрена личност.

Нека Семоќниот Аллах џ.ш. им даде сила и цврстина на сите оние кои влегуваат во оваа Заедница. Нека Семоќниот Аллах џ.ш. ни даде прилика да ја основаме врската со Него и никогаш да не бидеме повод за било кој друг да се поколеба во својата вера.