In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Особини на искрените Ахмади муслимани

По учењето на ташахуд, тау’за и Сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече дека имаме голема наклонетост од страна на Возвишениот Аллах и дека Он ни овозможил, со помош на Неговата милост, да го прифатиме Ветениот Месија а.с..

Он ни овозможил да веруваме во вистинскиот следбеник на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кого тој го спомнал и се обратил со зборовите ’нашиот Мехди‘. Ова е одраз на голема љубов и претставува возвишен степен на блискост, која Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја имал кон Ветениот Месија и Имам Мехди а.с., обраќајќи им се со зборовите ’нашиот Мехди‘.

Ветениот Месија а.с. сериозно ги советувал своите следбеници да ја исполнат должноста кон Баи‘атот (завет на верноста) и да станат искрени верници.

Ние секогаш мораме тие зборови да ги имаме на ум. Тие се средство на нашиот духовен развој. Силата и Чесната Моќ која постои во зборовите на Ветениот Месија а.с. во ниту едни други зборови не можат да се најдат. Така, нашата должност е, кога веќе сме влегле во Баи‘ат на Ветениот Месија а.с., да ги читаме и слушаме неговите зборови и врз основа на нив и да делуваме за да ја подобриме нашата духовна состојба до ниво кое од нас го очекува Ветениот Месија а.с..

Сега ќе претставам неколку изреки кои го формираат нашиот кодекс на однесување во животот. Тие претставуваат мерило со кое можеме да го измериме нашиот духовен статус. Во поглед на доктрината ние се нарекуваме Ахмади муслимани. Меѓутоа, ние во пракса покажуваме многу слабости. Секој може да ја преиспита својата состојба во светлината на овие изјави, за тоа што треба да направи за да го постигне духовниот развој, како да се постигнат очекуваните стандарди на богобојазливост и на доблест, и кои се нашите одговорности?

Што се однесува до ова Ветениот Месија а.с. рекол:

„Возвишениот Бог повеќе пати кажал:

’О вие кои верувате! Плашете се од Аллах.‘

Понатаму, Он исто така рекол:

’Навистина, Аллах е со оние кои се богобојазливи и кои прават добро‘.“

Ветениот Месија а.с. рекол дека оваа објава ја примил илјада пати. Целта на ова е Џемаатот да разбере дека прифаќањето на Ахмадијатот не е доволно само по себе, друштвото и помошта на Возвишениот Бог ние ќе ги примиме само тогаш кога ќе ја усвоиме вистинска богобојазливост и ќе ги усвоиме вистинските доблести. Самото воздржување од пороците не ја претставува целоста на исламот. Тоа мора да биде поткрепено со доблести. Доблестите служат како храна; духовниот живот на личноста зависи од воздржување од пороците и од усвојувањето на доблестите.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Некои гревови се очигледни како што е зборување лага, правење прељуба, предавство, лажно сведочење, кршење на правата на другите и ширк (припишување на партнерот на Бог), итн.“

Меѓутоа, некои од овие нешта се толку мали што човекот не може да ги забележува дури ниту кога ќе се вплетка во нив. Тој ги смета за мали и безначајни и не увидува дека Ветениот Месија а.с. дал пример за таквите гревови, како што се навиката за жалење, изразувањето на лутина во врска со мали нешта, озборувањето итн.

Ветениот Месија а.с. вели дека таквите луѓе овие работи ги сметаат за безначајни, додека пак Чесниот Кур‘ан зборува дека тие, всушност, се од голема важност. Овие мали и безначајни аспекти, како што е жалењето, на крајот доведуваат до озборување. Поради тоа Чесниот Кур‘ан наведува дека ова има големо значење.

Значи, Возвишениот Бог рекол (’Дали некој од вас би сакал да го јаде месото на својот починатиот брат?‘). Возвишениот Бог станува незадоволен кога некој изговара зборови кои го нарушуваат угледот на неговиот брат. Човекот не смее дури ниту да ги изговори таквите зборови бидејќи таквите изјави доведуваат до жалење и луѓето се обидуваат да бидат мудри, болно да размислуваат за другите и да озборуваат, и на крајот се создава желба некој да се повреди.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Сличен случај е и со јадот и бесот, бидејќи сето тоа се пороци.“

Да се биде циција и да се биде лутен е порок. На Судниот ден ушите, окото, срцето и секој дел од телото ќе бидат повикани да поднесат сметка.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Многу пороци се создадени врз основа на болното мислење за другите; слушаме за одредена работа за некого и веднаш веруваме дека тоа е вистина без да останеме на критичка дистанца. Ова навистина е лоша навика. Не дозволувајте тоа во што не сте сигурни да фати корен во вашето срце. Овој принцип помага да го сопреме болното размислување. Колку е моќен и силен овој принцип! Така, подобро е да не размислуваме болно за другите, туку всушност, треба да го сочуваме позитивното размислување.“

Меѓутоа, Возвишениот Бог личноста не ја смета за одговорна само поради нејзиното размислување туку е одговорна само ако и работи согласно на тоа мислење.

На пример, човекот не треба да се смета одговорен само ако размислува за избегнување на данокот, но ако истиот нанесува штета на државата со избегнување на плаќањето на данок, или ако не го прикаже вистинскиот данок, чанда (финансиски доход), тогаш Возвишениот Аллах го смета за одговорен. Така, овие два вида на грев обично ги  игнорираме, но тие всушност стануваат средство на сопствено уништување.

Општо зборувајќи, луѓето успеваат да ги избегнат големите и јасните гревови.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Многу луѓе никогаш никого не би убиле, никого не би ограбиле и секогаш вака големи гревови би избегнале. Меѓутоа, прашање е колкав е бројот на оние кои не се жалат, кои не озборуваат или носат лоши претпоставки за некого? Колкав е бројот на оние кои никогаш не ги повредиле чувствата на својот брат преку навреди? Колкав е  бројот на оние кои не изговараат лага?“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Со сигурност можам да кажам дека е мал бројот на оние кои никогаш никого не повредиле, ниту на некого се пожалиле, кои немале лоши претпоставки за некого, или ги лажеле луѓето и немале нечисти мисли.“

Можете да забележите дека токму на собирите се случуваат озборувања, навреди, претерувања и исмејувања што создава лоша крв меѓу луѓето. Собирите, всушност, треба да претставуваат стандард на добри дела каде што човекот мора да ги избегнува сите овие пороци кои не смеат да му бидат својствени на верникот.

Потоа, Ветениот Месија а.с. вели:

„Возвишениот Бог вели дека првиот чекор е развивање на Таква.

Накратко, јас ви велам дека тотално е неприфатливо од страна на Возвишениот Бог да создавате неслога во земјата. Возвишениот Бог сака да го раширите единството на Земјата. Возвишениот Бог сака да создадете единство на овој свет. Оној кој го повредува својот брат, направи неправда или биде нечесен е непријател на заедницата. Таквото однесување не може да доведе до единство, љубов и братство.“

Ветениот Месија а.с. вели дека вистинско единство е невозможно доколку не престанеме да се однесуваме така и да употребуваме такви зли поими. Затоа е Таква првиот чекор. Тоа била целта на доаѓањето на Ветениот Мехди а.с., да ги обедини муслиманите под една рака, да создаде Уммет.

Ветениот Месија а.с. потоа вели:

„Исто така, може да се забележи дека кога луѓето седат на благороден собир, срцата на повеќето од нив се импресионирани и тие овие работи ги сметаат за добри, но кога ќе го напуштат собирот тие ги забораваат сите добри работи кои ги слушнале. Тоа е причината поради која постојано треба да ги повторуваме овие работи и постојано да ги имаме на ум за де се потсетуваме на нив и да не ги заборавиме.“

Така, од витална важност е да ја разбереме филозофијата на исправното и погрешното за да направиме вистинска работа. Чесниот Кур‘ан постојано ги истакнува овие детали. Значи, читајте го Чесниот Кур‘ан постојано, запишете ги сите делови кои се означени како зли и потоа со помош на Аллаховата милост избегнувајте ги. Избегнувањето на злите дела е првиот степен на Таква (богобојазливост). Со Таква човекот создава аверзија кон гревот и напредува во добрите дела. Ова се постигнува со обожавање на Бог. Но, некои луѓе одат во џамија да клањаат и на истото место тие критикуваат и се жалат на другите, имаат болни мисли за другите и зборуваат зло за другите, и стануваат неискрени во довербата. Ветениот Месија а.с. вели дека ако некој стане заробен во такви зли работи, тогаш неговиот намаз нема никаква корист.

За многу млади луѓе сум слушнал дека поради однесувањето на одредени личности, кои извршуваат некаква должност во Џемаатот, полека се оддалечиле од Џемаатот, се отселиле од соседството на џамијата, се оддалечиле од намазот и на крајот се оддалечиле и од Бог. Така, молитвите немаат никаква корист за нив, и всушност преку нив ги повредуваат и другите. Затоа, ако сакаме да ја заштитиме следната генерација, пред сè, сите луѓе кои извршуваат некаква  должност, како и постарите, мора да ја усвојат богобојазливоста.

Значи, Ветениот Месија а.с. вели дека првата тешкотија на човекот кој сака да стане верник е да се оддалечи од правењето на зло и тоа само по себе е Таква.

Во една прилика Ветениот Месија а.с. објаснил дека седењето на собири каде што се случува зло е исто така грев, дури иако човекот не учествува во понижувањето, жалењето и озборувањето на другите.

Ветениот Месија а.с. потоа вели:

„Исто така, запомнете дека оној кој слуша таква приказна е ист со оној кој зборува.“

Ветениот Месија а.с. понатаму објаснува:

„Секако, човекот треба да се воздржува од гревот, но, заедно со тоа мора да продолжи со правење на добри дела и без тоа не може да се спаси. Исламот човекот не го доведува само до овој степен и го остава, всушност, настојува да ги исполни и двете добри дела, напуштање на злото и правењето на добро во секоја прилика. Сè додека човекот не ги поседува овие две особини, тој не може да постигне вистинско спасение.“

Ветениот Месија а.с. потоа вели:

„Јас уште еднаш ја замолувам својата Заедница да се истакне во богобојазливоста и пристојноста, и потоа Возвишениот Бог ќе биде со вас.“

Ветениот Месија а.с. потоа вели:

„Имајте на ум дека доколку не успеете да ја постигнете богобојазливоста и не учествувате потполно во таа доблест која Возвишениот Бог ја посакува од вас, тогаш вие ќе бидете први кои Возвишениот Бог ќе ги уништи, бидејќи сте ја прифатиле вистина но во пракса сте ја отфрлиле… (т.е. човекот во своите дела треба да ја покаже вистина). Нека Возвишениот Бог ве поддржи. Ако станете невнимателни во покажувањето на милост кон Божјите суштества, кон љубезноста, доблестите, сочувството, понизноста и благоста, тогаш сум сигурен дека таквата заедница ќе биде уништена, и тоа е она што во многу прилики го кажував. Така, императив за вас е да дадете предност на верата над сите профани работи.“

Отстапување од профаното за да се поврати верата не го загрозува верникот.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Никој не треба да мисли дека преку напуштањето на материјалниот свет ќе биде уништен. Возвишениот Бог никогаш не дозволува да личноста која Нему му станува блиска биде уништена, напротив, Возвишениот Бог станува нејзин чувар. Уништени се животите само на оние кои ќе го напуштат Возвишениот Бог и кои ќе се свртат кон материјалниот свет. Зарем не е вистина дека секоја работа е во рацете на Возвишениот Бог?“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Навистина треба да запомните дека сè додека практичната состојба на човекот не се реформира, вербалните изјави немаат никаква корист и остануваат само изјави. Вистинската вера е нешто што влегува во срцето и сведочи преку физичко делување.“

Ветениот Месија а.с. продолжува велејќи:

„Гранката која не останува прицврстена на дрвото на крајот се крши и паѓа.“

Човек кој има искрена вера никогаш не се грижи за материјалните добра, и наспроти тоа тој е награден со секаков вид на материјално богатство. Благословен е оној кој предноста и ја дава на верата пред материјалното, меѓутоа, оние кои даваат предност на светските желби над верата, тие се ништо освен тело без живот кое никогаш нема да го види лицето на Божјото спасение. Единствена корист од овој завет на верност може да се добие само ако човекот и даде предност на верата и ако се труди да напредува во тој поглед.

Несреќите на овој свет сè повеќе се зголемуваат. Од сите катастрофални несреќи, ќе бидат спасени само оние луѓе за кои Ветениот Месија а.с. зборувал во еден од своите стихови, дека постои огнот од кој ќе бидат спасени сите оние кои имаат љубов спрема Семоќниот Бог.

Така, човек мора да обрне внимание кон ова за да се спаси самиот себе, како и светот воопшто. Ние мораме да направиме заеднички напор со сите свои моќи и сили да ја постигнеме блискоста со Семоќниот Бог.

Ветениот Месија а.с. вели:

„За да го сочува животот човекот треба да јаде и да пие барем минимално, во спротивно не може да преживее. Ист случај е и во односот кон верата. Ако човек не поседува минимална количина на духовност, таа не може да остане духовно жива.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Оваа Заедница е воспоставена за да се сврти внимание кон Возвишениот Бог. Тешка е задачата да се стане близок со Возвишениот Бог и треба да се доживее некаков вид на смрт, но на крајот човекот од ова дело добива нов живот. Човекот кој од себе ќе ги отфрли шејтанските аспекти станува благословен и неговата куќа, душа и целиот град ги добива тие благослови.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Постојат два вида на зло. Едното е припишување на партнер на Возвишениот Бог, невнимание кон Неговата величина, покажување несериозност во Неговото обожавање и послушност. Другиот вид е неуспехот во покажување на сочувство спрема Неговите суштества и исполнување на нивните права. Така, човекот мора да настојува да се оддалечи од двете форми на зло и да остане зафатен во послушноста спрема Возвишениот Бог. И мора да остане цврсто во заветот на Баи‘атот.

Човек не смее да предизвикува никакво зло на Божјите суштества и мора длабоко да размислува за Чесниот Кур‘ан и да се придржува до него. Треба да се оддалечиме од собири каде луѓето ги исмејуваат другите и каде припишуваат партнер на Бог. Треба да ги извршуваме петте дневни намази, накратко, човек не треба да ја напушти ниту една наредба од Возвишениот Бог.

Чувајте ја својата надворешна убавина и прочистувајте ги своите срца од било каков вид на зло, омраза и љубомора. Ова од вас го посакува Возвишениот Бог.“

Нека Возвишениот Бог ни овозможи да направиме чисти промени во нас самите исполнувајќи го заветот на Баи‘атот. И нека ни овозможи сè додека живееме на овој свет да го исполниме нашиот завет на давање предност на верата над световни работи. Нека делуваме според упатството на Ветениот Месија а.с., имајќи ги на ум десетте услови на Баи‘атот кои велат да бидеме послушни на сите Маруф одлуки, да ја разбереме суштината на послушноста спрема Бог и да ги постигнеме тие стандарди, и како резултат на тоа да станеме приматели на благословите  на Возвишениот Бог, кои Он му ги ветил на Ветениот Месија а.с..