In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Докази за вистината

По учењето на шехадет, тауза, бисмил и сура Ал-Фатиха, Хазрети Емирул-Му‘минин Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов Помошник) рече:

Минатиот петок, додека зборував за Ветениот Месија а.с. спомнав дека тој кажал:

„Ако човекот четириесет дена понизно се моли на Возвишениот Аллах и во своите молитви остане објективен, и, ако е ослободен од било каква тврдоглавост, тогаш Возвишениот Аллах во текот на овој период ќе му ја покаже вистината.“

Покрај тоа, апсолутно е потребно човекот да има чисто срце, срце кое е ослободено од било каква предрасуда.

Во спротивно, Ветениот Месија а.с. вели:

„Луѓето чии срца поседуваат омраза, лутина и кои не поседуваат чисти мисли секогаш ќе кажат како Возвишениот Бог не ги упатил преку сонот или Бог ги предупредил да ме одбијат. Во секој случај, Бог ги упатува оние кои имаат чисто срце.“

Во време на Ветениот Месија а.с. Возвишениот Аллах многу луѓе ги упатил преку соништата.

Во текот на еден состанок било спомнато како некој од Лахор напишал писмо во кое пишувало дека еден побожен човек (Светец) од Лахор рекол: „Постојаното напредување на господинот Мирза ја докажува неговата вистинитост.“ На тоа другиот дервиш рекол: „Сакам да побарам Божјо упатство во врска со тоа.“ Веќе следниот ден кажал: „Бог ме извести дека Мирза е Маула (побожен човек).“ Кога тоа го слушнале другите дервиши рекле: „Бог мора да кажал дека е Маулана. Тоа значи дека тој (Мирза) е твој Маула и мој Маула и сечии Маула.“ Кога Ветениот Месија а.с. ова го слушнал, рекол: „Сега луѓето имаат многу соништа и визии. Се чини дека Возвишениот Бог сака луѓето преку соништата да ги информира за вистината.“

Ветениот Месија а.с. спомнува случка за еден човек кој сакал да напише книга против Ветениот Месија а.с.. Тој човек во сонот го видел Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој му кажал: „Ти пишуваш против господинот Мирза но реалноста е дека господинот Мирза е вистинит.“

Возвишениот Бог ги пресретнува праведните луѓе за да не направат лоши дела и на овој начин ги упатува.

Еден човек од Мали, земја во Западна Африка, во врска со вистинитоста на Ветениот Месија а.с. од Возвишениот Аллах го добил упатството на следниот начин. Мисионерот од таа земја пишува во врска со господинот Мустафа Диалло дека сонувал сон во кој се наоѓал во преубавата куќа во Џеннет. Водата течела од една страна на куќата и имало слика на некој побожен човек со бело лице кој носел турбан. Набргу после тој сон отишол во посета кај еден пријател и во неговата куќа ја видел слика на истиот тој побожен човек од неговиот сон. Кога го прашал својот пријател за сликата тој му одговорил дека на неа се наоѓа Имам Мехди. Господинот Диалло по состанокот на Заедницата изјавил дека и тој станал Ахмади муслиман и член на Џемаатот. Со Аллаховата милост тој е многу активен член на Заедницата.

Слична приказна е и со новиот член  по името  Коне Адам, од градот Гралао во државата Брегот на Слоновата коска, кој сонувал како некој во сонот му зборува да оди во Ахмадија џамијата за да клања намаз. Тој вели дека по сонот бил задоволен и потпишал Баи‘ат (заклетва на верност).

Една жена од Јемен, госпоѓа Џемила, во врска со нејзиното прифаќање на Ахмадијатот вели: „Јас деновите ги поминував во молитва барајќи духовен развој, и во сонот видов како голема ѕвезда слична на Месечината паѓа на Земјата и оди по земјата. Потоа, преку покривот влезе во нашата куќа. Само неколку дена потоа, сонував уште пет ѕвезди кои одат по земјата во иста линија. Како и да беа со слична големина на ѕвездата која ја сонував претходно.“

Значењето на сонот не и било познато на госпоѓа Џамила, но сепак првата ѕвезда која ја видела веројатно бил Ветениот Месија а.с. а останатите пет неговите Халифи. Таа вели: „Подоцна преку МТА дознав за Џемаатот и гледајќи ја програмата АЛ ХИВАРУЛ-УЛ-МУБАШИР  дознав дека оние кои вистински трагаат кон хазрети Имам Мехди а.с. би требало да клањаат истихар намаз и да го молат Возвишениот Бог за упатство.“ Таа вели дека според прописите клањала два рекати и заминала на спиење. „Истата ноќ го сонував хазрети Имам Мехди а.с.. Неговото лице сјаеше како светлината на Месечината а неговите очи беа исполнети со тага. Кога внимателно го погледнав неговото лице сфатив дека лицето на Имам Махди е всушност лицето на Ветениот Месија а.с. кого го имам видено на МТА телевизија. Кога се разбудив, очите ми беа полни со солзи.“

Таа вели дека по овој сон била сигурна дека тоа е вистина и дека оваа личност е Имамот на ова време, и така одлучила да даде заклетва на тој Имам.

Таа е од Јемен. Сите ние сме свесни колку овие денови е таму тешка ситуација. Нивната соседна држава, Саудиска Арабија, ги затвори сите патишта кон Јемен, како морските така и воздушните. Недолжни деца, жени и постари луѓе умираат поради недостатокот на харана и медицински услови. Муслиманите ги убиваат другите муслимани, а причина за тоа е што не го прифатиле Имамот на ова време. Молете се за нив, нека Возвишениот Аллах ја промени нивната состојба за да можат да вдахнат слобода и полесен живот. Нека Семоќниот Аллах ја спушти Неговата милост на нив.

Постојат луѓе со чиста природа кои во срцето веруваат дека Ахмадијатот е вистинит, но тие од разни причини не го потпишуваат Баи‘ат (заклетва на верност).

Како Возвишениот Аллах го привлекува вниманието на таквите луѓе за да го потпишат Баи‘ат (заклетва на верност) и да му се придружат на Џемаатот, нашиот Му‘алим (верски учител) од регионот Кајеса во Мали пишува: „Господинот Абдул Хај Ѓаби неочекувано почина во последните десет дена од месецот Рамазан. Еден ден сонувал како патува со починатиот пријател. Тој пријателот му кажал: ’Џемаат на кој ти сакаш да му се придружиш е вистински Џемаат а и јас самиот му се придружувам.‘ После тоа ја прифатил вистината и станал Ахмади муслиман.“

Пријателот од Египет, господин Махмуд Гариб вели: „Од мојата деветта година во соништата слушам моќен глас кој продолжува да ѕвони во моите уши. Потоа, во 2010 година кога дознав за МТА телевизијата и кога слушнав како Мухаммед Шериф Одех и Асад Муса Одех го читаат тоа што го напишал Ветениот Месија а.с., веднаш сфатив дека тоа е гласот кој од својата деветта година го слушам во сонот. Така започнав да ја гледам МТА телевизијата и мојот интерес се зголеми. Еден ден додека ја гледав МТА се појави слика на Ветениот Месија а.с.. Обраќајќи му се реков : ’Те прашувам во името на Бог, дали ти и твоето тврдење сте вистинити или не‘?“

Потоа отишол на работа. Вечерта кога се вратил дома го вклучил телевизорот и веднаш почнал да ја следи МТА. Во тој момент бил емитуван дел од пишувањата на Ветениот Месија а.с. во кој тој велел:

„О мои луѓе! Јас сум пратен од Возвишениот Бог. Пратен сум од Возвишениот Бог и го повикувам мојот Господар да ми биде сведок дека сум пратен од Возвишениот Бог.“

Кога го слушнал ова паднал на колена и неконтролирано почнал да зборува: „Мир нека е на тебе, мир нека е на тебе.“ Потоа го потпишал Баи‘ат (завет на верност).

Опишувајќи како и се придружил на Заедницата, Ѓамил Заран, пријател од Јордан вели: „Една ноќ во сон сонував дека стојам на еден прав и тврд пат. Наеднаш доаѓа модерен мерцедес и сопатникот ми кажа да влезам и да го возам автомобилот. Седнав зад воланот. Во срцето чувствував како да се возам со Имам Мехди а.с.. Чувствував вознемиреност. Додека возевме се појавуваа луѓе со црни лица и пукаа во нас но ние сигурно стасавме до целта. Во визијата автомобилот го паркирам и Имам Махди а.с. ми зборува да го отворам багажникот на автомобилот. Излегувам од автомобилот и го отворам багажникот на автомобилот. Внатре наоѓам убава дрвена кутија во која се наоѓа пет годишно момче кое гледа во мене. Кога се разбудив, бев задоволен со овој сон и помислив дека тоа е сигурно порака од Бог. Моето толкување на сонот беше дека автомобилот претставува нов пат во животот. Луѓето со црни лица кои пукаа кон нас се зборови и дела на опозицијата на ова ново животно патување која ќе нема никакво влијание. Тајните се држат во убави кутии и пет годишното момче значеше дека ова ќе се исполни за пет години. Изненадувачки е тоа што мојот нов животен пат дојде кога дознав за Ахамдија заедницата и кога му пристапив на Џемаатот во благословената ера на петтиот Халифа.“

Пријателот од Сирија, господин Мухаммед Абдуллах, кој моментално живее во Канада вели: „Работев како трговец и се запознав со синот на еден мој муштерија. Овој млад човек беше Ахмади муслиман. Кога повеќе се зближивме тој ме информираше за основното учење на Заедницата и за разбирање на реформата. Ми даде арапски превод на книгата ’Islami Usul Ki Philosophi‘ (Филозофија на учењето на исламот). Кога ја прочитав книгата бев многу импресиониран. Ги сакав логичките поенти во неа. Имав силна вера дека Возвишениот Аллах нема да ме остави на погрешниот пат и дека ќе ме упати, и имајќи го ова во предвид почнав да го клањам истихар намаз. Сонував како еден мој побожен роднина ми дава лист хартија и ми кажува дека листот е од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Радосно и многу брзо го отворам и таму пишува: ’Мир и благослов од Аллах нека е на тебе.‘ Се будам многу среќен учејќи го ајетот од Чесниот Кур‘ан:

„Влези овде во мир и сигурност.“

Тоа беше јасна порака да и се придружам на Заедницата. Јас бев сигурен дека ова е одговор за мојот истихар и потоа го потпишав Баи‘ат (завет на верност).“

Додека раскажуваше како го потпишала Баи‘ат (завет на верност) една жена од Сирија раскажува: „Сонував како еден човек ме повикува да го гледам новиот сателитски канал. Кога почнав да ја гледам МТА телевизијата, програмата Ал-Хивар, наеднаш се сетив на човекот од сонот кој поставуваше сателитски канал и на кого му ветив дека ќе го гледам тој канал. Кога ја видов сликата на Ветениот Месија а.с. бев возбудена бидејќи сфатив дека во сонот го имам видено како спасител на муслиманскиот уммет. Ги информирав поблиските роднини и пријатели во врска со овој канал и Заедницата но многумина од нив не го примија тоа сериозно. После тоа, мојата сестра и тетка со денови продолжија да ја гледаат МТА телевизијата и потоа одлучија да го потпишат Баи‘ат. Потоа и мојата мајка, брат и уште две сестри го потпишаа Баи‘ат“.

Името на госпоѓата е Ганал Еејан.

Пријателот од Египет, господин Саид Рука, раскажува за два долги сона во кои го видел Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. два пати, и двата пати имал поинаков физички изглед. Тоа го збунило. „Многу години поминаа и еден ден, гледајќи различни телевизиски канали, налетав на МТА (Муслиманска Телевизија Ахамдија). Беше емитувана програмата Ал-Хивар Ал-Мубашар каде тие зборува за смртта на Иса а.с. (Исус Христос). По некое време во текот на програмата господинот Шариф Одех кажа дека ќе земат пауза а гледачите можат да ја послушаат Касида која ја напишал Ветениот Месија, Имам Мехди а.с.. Додека одеше Касида беше покажана слика на еден човек која многу ме запрепасти. Човекот на сликата беше ист како човекот од мојот сон за кој јас бев известен дека е Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Вистината ми остави впечаток, но јас со никој не зборував за тоа и тајно со мојата сопруга почнав да ја гледам МТА телевизијата. По месец дена ја прашав сопругата какво мислење има за Заедницата. Таа ми кажа: ’Според моето мислење ова е вистински права Заедница.‘ Потоа и раскажав за моите соништа во кои Ветениот Месија а.с. ми беше покажан како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.; на пример, бидејќи Ветениот Месија а.с. му бил нај понизен и нај предан следбеник на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и кога некој ќе го види тоа значи дека Ветениот Месија а.с. претставува второто доаѓање на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и тоа е токму така бидејќи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тоа го  рекол.“

Нашиот мисионер од Брегот на Слоновата коска, господин Басит, пишува: „Група луѓе од селото Касхало побараа да дојдам и да зборувам за верата. Следниот ден дојдовме со делегација во селото и по Јација намаз почнавме да го правиме Таблигх (ширење на верата). Програмата започна во 22:00 часот и заврши во 3:00 часот наутро. Беа присутни многу муслимани, христијани и мушрици (политеисти). Сите сметаа дека луѓето во Африка лесно ја прифаќаат пораката. Како и да е, овој состанок траеше 5-6 часа и имаше многу прашања.“

Тој понатаму пишува: „Главатарот на селото, господин Ѓиманди, ја слушаше цела програма и 160 луѓе го потпиша Баи‘ат и влегоа во закрила на Ахмадијатот. Во 8:00 часот ја посетивме куќата на главатарот на селото кој штотуку му пристапи на Ахмадијатот и тој ни раскажа за сонот кој го сонувал во 2014 година. Сонувал како седи дома и како два бели авиона доаѓаат. Едниот поминал покрај селото и заминал а другиот се спуштил на дрвјата блиску до селото. Земал скали, се качил на авионот и видел дека сите патници внатре се муслимани. Тие му дале книга. Се симнал и ја погледнал книгата која се претворила во преубава златна книга а потоа поради звукот на езан се разбудил. Нашиот мисионер овој сон му го протолкувал на главатарот и рекол: ’Двата бела авиона всушност означуваат два бела автомобила; едниот од нив не можел да стаса до твојата куќа но другиот стасал‘. Потоа тој рекол: ’Мојот и автомобилот на господинот Емир се бели. Пред да стасаме во селото господинот Емир дојде во нашиот град но на пола пат се врати во својот бел автомобил. Ставањето на скали и качувањето го означува вашиот труд во изнаоѓање на повеќе вистина за исламот, бидејќи седевте и го слушавте до 3:00 часот наутро нашиот говор. Што се однесува до книгата, во врска со Мехди кој ќе се појави е кажано дека ќе подели богатство, а вие ја добивте оваа литература која навистина е големо богатство.‘ Кога го слушнал ова толкување на сонот, главатарот станал и со големо задоволство прогласил дека станал муслиман и се покаел поради своето идолопоклонство.“

Значи, Возвишениот Аллах дури и на идолопоклониците им дава упатство.

Госпоѓа Надиа од Франција вели: „Мојот маж уште од порано е Ахамди муслиман, но јас никогаш не го потпишав Баи‘ат. Се молев на Возвишениот Господар , зборувајќи: ’О Аллах! Упати ме.‘ Во текот на тоа време сонував како седам во библиотека во џамијата Мубарек во Франција. Го видов мојот починат татко како ми го дава Чесен Кур‘ан и уште еден документ. По овој сон го примив Ахмадијатот и потоа сфатив дека документот што таткото ми го даде во сонот е всушност Баи‘ат формулар и резултатот на тоа беше моето прифаќање на Ахмадијатот.“

Уште еден пријател, господин Ризван од Алжир, пишува: „Кога бев запознаен со Ахамдијатот, потполно се посветив на гледањето на МТА телевизијата. Еден ден по клањањето на истихар намаз сонував како сите пет Халифи на Ветениот Месија а.с. се  во мојата куќа и јас седам со нив. Иако сонот беше многу краток сепак ми донесе јасна порака. Во 2009 година го потпишав Баи‘ат.“

Ова се само неколку примери кои ви ги наведов а постојат и уште многу такви. Нека Возвишениот Аллах го ја зголеми верата на новите Ахмади муслимани, како и нивната искреност и преданост. А ние кои сме долго време Ахмади муслимани, нека и ние се подобриме во нашата искреност и вера.