In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Учењата на Ветениот Месија а.с.

Откако Ветениот Месија а.с. го изнел своето тврдење и го воспоставил Џемаатот, муслиманите и до ден денес постојано се против Ветениот Месија а.с. и против неговите следбеници, и тврдат дека ние го негираме концептот на конечно пратеништво бидејќи Ветениот Месија а.с. себе си се нарекол пратеник, или поради тоа што ние сме го прифатиле како пратеник. Тоа е сосема измислено тврдење. Во согласност со учењето на Ветениот Месија а.с. ние повеќе сме убедени во завршеноста на пратеништвото на Чесниот Пратеник с.а.в.с., и ние тоа посилно го покажуваме во срцето и исполнети сме со љубовта кон Чесниот Пратеник с.а.в.с., и ние неговата вера повеќе ја шириме од сите останати муслимански секти. Всушност, тие не го разбрале статусот на Чесниот Пратеник с.а.в.с., ниту мал дел во споредба со тоа какво разбирање имаат Ахмади муслиманите во светлината на учењето на Ветениот Месија а.с..

Тие секогаш врз основа на завршеноста на пратеништвото им се спротивставувале на Ахмади муслиманите. Времето и некои други работи повторно предизвикуваат пораст на ваквото однесување. И таканаречените верски водачи и организации се обидуваат да ги испровоцираат муслиманите. За да ја спасат кожата по неодамнешното мачење на еден Ахмади муслиман од Глазгов нашите противници се обидоа од тоа да направат проблем на верските чувства. Меѓутоа, поради силно позитивниот став на Владата и големиот интерес на медиумите муслиманските организации, всушност, овдешната најголема муслиманска организација, се обиде да заземе навидум став на сочувство. Сепак, тие тврдоглаво се држат до тоа да без оглед на сè Ахмадиите не се муслимани. Овој нивни став е толку распространет во нивните џамии и толку всаден во муслиманското население што муслиманските деца, кои веројатно и не се сеќаваат кој е Калимаи и немаат знаење за завршеноста на пратеништвото, во училиштата, на децата Ахмади, им зборуваат дека не се муслимани. Некои девојчиња и момчиња неодамна му пишувале на Хазрети Халифа-тул Месих за овој однос кон нив. Хузур рекол: „Јас им велам да учат повеќе за исламот одошто порано и на пријателите да им кажат дека се муслимани и да го практикуваат учењето на исламот.“ Ние, Чесниот Пратеник с.а.в.с. го прифаќаме како Печат на Пратеништвото и во светлината на неговото Пратеништво го прифаќаме Ветениот Месија а.с. како негов слуга и подреден пратеник.

Овој пораст на непријателство кон Ахмади муслиманите расте во различни држави и повторно, со помош на медиумите и на можноста за патување, непријателството стасува насекаде. Така, ниту една држава во светот не е сигурна од таканаречените муслимани кои создаваат безредие и хаос. Тие стигаат насекаде, вклучувајќи ја и Африка. Ахмади муслиманите градат џамии во Африка, а тие доаѓаат таму и изјавуваат дека ние не сме муслимани! Оние кои живеат овде во Европа истите учења ги пропагираат во своите џамии и медреси и со отров ги полнат умовите на децата. За да можат да се носат со нив каде и да се, должноста на нашата Ахмади младина е да биде добро упатена во вистинското учење на исламот кое Ветениот Месија а.с. го разјаснил во ова доба. Чесниот Пратеник с.а.в.с. бил последен пратеник кој донел закон, и во поглед на верскиот закон (Шеријатот) во неговата личност пратеништвото е завршено. Исто така, Чесниот Кур‘ан е последната книга на закони и Ветениот Месија а.с. дошол во подреденост на Чесниот Пратеник с.а.в.с., и како подреден пратеник дојден е да го продолжи и рашири Шеријатот на Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Ние секогаш сме ја почитувале Божјата волја и кога ќе се појави противење, тоа всушност за нас е средство за раст и развој. Во светлината на моменталното противење и на медиумите кои тоа го пренесуваат, нашиот Џемаат доби толку голем публицитет што веројатно не било можно да се постигне во толку кратко време. Привлече многу внимание и ги информира младите кои не се заинтересирани за верата и само во ретки моменти прифаќаат дека ние сме прифатиле дека Ветениот Месија а.с. е пратеник но во подреденост на Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Ветениот Месија а.с. ја исполнил својата улога на подреден пратеник и потврдил дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. е Печат на Пратениците и нас не упатил во таа тема. Тој рекол:

„Сигурно имајте на ум дека никој не може да биде искрен муслиман и следбеник на Чесниот Пратеник с.а.в.с., додека Чесниот Пратеник с.а.в.с. не го прифати како Печат на Пратениците. Тој  не е ништо освен ако не се огради од не исламските обичаи и Чесниот Пратеник с.а.в.с. го прифати како Печат на Пратениците и тоа го покаже преку зборови и пракса“.

(Малфузат, Том III, стр. 90)

Цитирајќи го Сади, класичен персиски поет, каде што тој зборува дека личноста треба да се труди да изгради верност и праведност со сите средства, но дека не треба да се одрекне од начинот на кој не подучил Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Нашата цел поради која Бог нашето срце го направил огнено е, единствено пратеништвото на Чесниот Пратеник с.а.в.с. да биде воспоставено, кое веќе претходно засекогаш било воспоставено од страна на Семоќниот Бог, и сите лажни пратеништва кои настанале од човечките нови работи да бидат скршени во делчиња. Обрнете внимание на сите верски обичаи и сведочете за себе дали сме ја прифатиле завршеноста на пратеништвото на Чесниот Пратеник с.а.в.с. или тоа го направиле тие?

Неправедно и штетно е да се смета дека Семоќниот Бог сакал толку малку во поглед на завршеноста на пратеништвото дека некој само на зборови го прифаќа концептот за завршеноста на пратеништвото, но да продолжи да прави што некој ќе посака. И самиот да направи нов верски закон. Токму како што го измислија Багхади намаз и Ма‘акоос намаз итн. Дали наоѓаме било какви зборови за него во Чесниот Кур‘ан или во праксата на Чесниот Пратеник с.а.в.с.? Исто така, дали постои во Чесниот Кур‘ан било каков доказ името на шеик Абдул Кадир Јилани да треба да биде привикувано и опеано? Шеик Абдул Кадир Јилани не бил тука во времето на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Кој тогаш подучува на ова пеење? Имајте малку срам дали е тоа она што го почитува исламскиот Шеријат? Просудите сами за себе, дали после таква вера и таква пракса сте во позиција да зборувате против мене дека јас сум го разбил заштитниот знак на Печатот на Пратеништвото? Вистина е дека ако вие не дозволивте во вашите џамии да влезат не исламските обичаи и ако искрено го прифативте Печатот на Пратеништвото с.а.в.с., и ако неговата пракса ја направивте водечка светлина, ќе немаше потреба јас да дојдам! Вашите не исламски обичаи и новите пратеништва кои во чувствата на честа на Возвишениот Бог предизвика Он да прати личност во наметката на Чесниот Пратеник с.а.в.с. за да ги сруши идолите на овие лажни пратеништва. Бог мене ме одредил за оваа задача и ме пратил. Слушнав дека некакви пеења се случувале на местото Гхоус Али Панипати. Што се однесува до сеџда пред овие луѓе, кои се врски устоличени или кои ги обиколуваат нивните домови, тие се многу чести и тоа е мала работа.

Накратко, Возвишениот Бог го основал овој Џемаат од оваа причина, за  тие повторно да го воспостават пратеништвото и честа на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Каква би била единственоста на нечија љубов кој себе си се смета за силен љубител на некого ако постојат уште илјадници такви како што е тој! Сега, ако тие потполно во својата љубов се посветени кон Чесниот Пратеник с.а.в.с., како што изјавуваат, зошто тогаш се поклонуваат пред илјадници гробишта и светилишта? Тие ја посетуваат Медина, но кога го посетуваат Ајмир и другите светилишта тие одат боси и гологлави и сметаат дека минувањето низ прозорецот Пакпаттан е доволно за да го остварат спасот… искреното срце на муслиманот затреперува кога ќе ги види нивните годишнини и фестивали и она што направиле од верата! Ако Возвишениот Бог немал чувство за честа на исламот и: „Сигурно, вистинската религија кај Аллах е исламот“ (3:20), не би постоела Божја реч и Он не би изјавил: „Навистина, ние ја објавивме оваа опомена и навистина ќе ја чуваме“ (15:10), тогаш сигурно исламот денес стасал до тој степен што нема сомневање дека ќе биде отстрането.

Но, предизвикана е честа на Возвишениот Аллах џ.ш., и Неговата милост и Неговото ветување дека ќе не штити од Него барале Он да испрати некој кој ќе биде одраз на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и кој ќе го оживее пратеништвото во своето доба. Он го воспоставил ова движење и мене ме пратил како оној кого го избрал за Мехди.“

(Малфузат, Том III, стр. 90-92)

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Мојата вистинска цел е да ја направам очигледна величественоста на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и да ја воспоставам неговата величина. Мојот сопствен дел е случаен. Чесниот Пратеник с.а.в.с. има моќ на привлекување и на доброчинство а мојот дел единствено се базира на тоа доброчинство.“

(Малфузат, Том III, стр. 269)

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Јас исто така велам дека оние кои доаѓаат од Бог не зборуваат ништо лошо, тие единствено сакаат да го обожаваат Бог, да бидат љубезни кон создавањето и да извршуваат намаз. Тие, лошите нешта кои наоѓаат пат во верата ги отстрануваат. Поради тоа, јас сум пратен да ги реформирам лошите нешта кои се развиле.

Најголемо зло е што величественоста на Возвишениот Аллах џ.ш. е провлекувана низ прашината и вистинските и прекрасните учења на Чесниот Пратеник са.в.с. се направени сомнителни.

Од една страна се христијаните кои велат дека Исус е жив и дека вашиот Пратеник с.а.в.с. не е жив, и тие Иса го нарекуваат Бог и Божји син откако е роден пред две илјади години и времето не влијаело на него. Од друга страна, муслиманите признале дека одреден Исус е жив, дека е воздигнат на небесата и дека останал во иста состојба во последните две илјади години. Немало промена во неговата состојба додека Чесниот Пратеник с.а.в.с. починал. Јас искрено велам дека моето срце затреперува кога ќе го слушнам Имамот како зборува дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. починал. Живиот Пратеник е прогласен за мртов. Не може да има поголема срамота и непочитување кон исламот! Сепак, ова зло е од муслиманите кои измислиле нешто што е против Чесниот Кур‘ан. Чесниот Кур‘ан многу јасно ја спомнува смртта на Исус. Меѓутоа, оваа грешка јас морам да ја исправам бидејќи Бог ме нарекол Хакм (избраниот судија) кој треба да дојде и да ја поправи оваа грешка.

Светот не го прифатил но Бог ќе го прифати и ќе ја воспостави својата вистина со силни напади.“

(Малфузат, Том III, стр. 90-92)

Меѓутоа, дошло време кога сите лаги излегоа на виделина. Овие прашања не можат да останат скриени од оној кого Бог го пратил како Хакм. Чесниот Кур‘ан јасно одлучил дека Ветениот Месија ќе биде конечен Халифа и тој дошол. Ако некој и понатаму остане ограничен не само дека ќе претрпи загуба туку и ќе му штети на исламот. Факт е дека погрешното и неточно верување илјадници луѓе ги направило издајници. Овој став го понижува исламот и го навредува Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Ако прифатиме дека Исус е тој кој ги оживува мртвите, дека тој е жив воздигнат на небесата и тој донесува конечен суд, тогаш не дај Боже, нашиот Чесен Пратеник с.а.в.с. не би имал статус. Иако тој е наречен милост за сите светови и е дојден како пратеник на целото човештво и бил печат на пратениците! Луѓето кои се придржуваат до таква бесмислена вера наспроти тоа што се нарекуваат муслимани, исто така веруваат дека, не дај Боже, од сите птици некои му припаѓаат на Исус а некои на Возвишениот Аллах џ.ш.. Еднаш го прашав верникот за Единството на Бог, што ако му бидат претставени две животни и ако биде прашан која од нив му припаѓа на Бог а која на Исус. Тој ми одговори дека тие сега се измешани.“

(Малфузат, Том III, стр. 251-252)

Покажувајќи дека преданоста на Ветениот Месија а.с. во тоа да го докаже високиот статус на Чесниот Пратеник с.а.в.с. не била ограничена само на интелектуална употреба туку и неговата пракса го покажувала учењето на исламот. Малку подолу се кажувањата за неговиот чесен живот.

Еден млад човек по име Абдул Хак, кој од исламот преминал во христијанството, дошол во Кадијана и се сретнал со Ветениот Месија а.с. и расправал за многу прашања. Тој рекол дека кога му кажал на некој христијанин дека ќе оди во Кадијана тој вербално го навредувал Ветениот Месија а.с. што на Абдул Хак воопшто не му се допаднало. Ветениот Месија а.с. одговорил: „Јас не сум загрижен што луѓето вербално ме навредуваат. Јас примам многу навредливи писма и дури за нив треба да платам и поштарина. Кога ќе ги отворам гледам дека се навредливи. Мене ме навредуваат во постерите и сега луѓето навредите ги испраќаат дури и на разгледници. Но овие работи не се важни и Божјата светлина не може да се изгаси. Неблагодарните секогаш со пратениците и со вистинитите се однесувале на овој начин. Што му се случило на Иса од Назарет по чиј лик јас дојдов. И каков третман му е даден на нашиот Чесен Пратеник с.а.в.с.. Глупите луѓе се уште го навредуваат. Јас сум искрено добронамерен кон човештвото и секој кој мене ме смета за непријател е свој сопствен непријател.“

(Малфузат, Том III, стр. 126)

Во текот на неговиот престој Ветениот Месија а.с. го охрабрувал Абдул Хак да поставува прашања често и колку сака.

Тој рекол: „Јас повторно те советувам, доколку нешто не разбираш ти  треба постојано да прашуваш. Не е добро некој да каже дека разбрал а сепак не разбрал. Од ова не произлегува добар резултат. Ова го направил Сираџ-уд-Дин кога дошол овде и од тоа немал никаква корист. Дали тој нешто ти кажал?“

Абдул Хак рекол: „Да, тој ме сопираше да дојдам овде и ми кажа дека нема потреба за тоа. Сега кога ја најдовме вистината, каква е потреба да продолжиме да трагаме! Исто така кажа дека кога тргнал ти си го испратил три милји и си се испотил.“

Уредникот на Ал-Бадр пишува: „Луѓето со добра нарав треба да размислат за љубовта и сомилоста на Ветениот Месија а.с. и да ја замислат сомилоста која тој ја чувствувал за спасот на некоја душа. Зарем тоа што со него одел три милји додека го испраќал не било родено само од сомилост? Што тој друго имал со Миан Сираџ-уд-Дин? Ако природата на човекот беше добра вистината можел да ја најде само во вакво покажување на сомилост. Нека Божји мир е на вас, кои имате таква сомилост за нас…“

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Тој сфатил дека (моето) потење било навестување како во тоа да немало ништо. Уф! Вие требало да го прашате зошто клањал намаз во текот на својот престој овде. И зарем не кажа дека е задоволен! Ако беше овде пред мене јас ќе го прашав да се заколне. Кога ќе се најдеш лице во лице човекот се срами (да лаже).

Абдул Хак рекол: „Јас го прашав за намазот и тој призна дека клањал намаз и тогаш на крајот кажа дека ќе оди некаде каде е ладна климата за да одлучи. Господинот Сираџ-уд-Дин исто така кажа дека Мирза сахиб сака да биде популарен. Кажа дека поставил четири прашања и дека ти си ги објавил одговорите.“

Ветениот Месија а.с. одговорил:„Нема никаков елемент во ова дека барам популарност. Зошто да ја кријам вистината! Ако ја сокриев ќе бев грешен и тоа ќе беше погрешно. Бог мене ме одредил и поставил и затоа ќе ја зборувам вистината и задачата кон луѓето која ми е доверена ќе ја исполнам.“

Ветениот Месија а.с. му рекол  на Абдул Хак: „Ти си наш гостин а на гостинот може да му биде пријатно само ако не е премногу официјален. Ако имаш потреба за нешто не треба да се двоумиш да ме прашаш.“ Потоа на луѓето во Џемаатот им кажал: „Тој е нашиот гостин и секој од вас треба да биде љубезен со него и да се труди на било кој начин да не го вознемирува.“

(Малфузат, Том III, стр. 111-112)

Куреши сахиб кој не се чувствувал добро поради лечењето дошол во Кадијана и на Ветениот Месија а.с му испратил неколку пораки во кои барал дови и тој рекол дека ќе прави дови. Една вечер Куреши сахиб на Ветениот Месија а.с. му пратил молба да се сретне со него но не може да дојде поради отечени стапала. Ветениот Месија а.с. ветил дека тој ќе го посети и тоа и го направил. Тој со него долго зборувал за неговата болест и потоа како пренесување на порака му кажал:

„Јас правев дови но всушност самите дови не можат да помогнат доколку Бог тоа не го сака. Сиромашните луѓе минуваат низ многу тешкотии но нивните тешкотии можат да бидат отстранети со мало влијание и внимание на некој од власта. Слично на тоа, сè се случува со наредбата на Возвишениот Аллах џ.ш.. Јас примањето на довите ги доживеав во време кога Возвишениот Аллах џ.ш. наредил бидејќи иако Он кажал:„…Повикајте ме Мене…“, Он исто така рекол: „…Јас ќе ви одговорам.“

(40:61)

Важно е човекот да направи чисти промени во себе, и во себе да се помири со Семоќниот Бог и да ја најде причината за доаѓањето на светот и да се труди да ја исполни таа цел. Додека човекот не го навлече гневот на Возвишениот Аллах џ.ш. тој нема никакви тешкотии. Но, ако човекот направи промена Семоќниот Бог му се обраќа со сожалување. Во такво време и лекарот станува вдахновен да даде точна дијагноза. Ништо не е тешко за Возвишениот Аллах џ.ш., всушност Он е Возвишен: „И доволна е само Негова наредба, кога Он ќе одлучи за некоја работа, ќе рече ’Биди‘ и тоа токму ќе биде.“

(36:83)

Еднаш во весниците читав како некој заменик инспектор ноктите ги чистел со молив и тоа му предизвикало инфекција и отекување на раката. Докторот предложил раката се исече но тој сметал дека тоа не е ништо страшно и тоа довело до негова смрт. Исто така јас еднаш моливот го острев со ноктите и кога наредниот ден излегов во прошетка мислев на овој заменик инспектор бидејќи и мојата рака беше заразена. Веднаш почнав да го молам Бог и примив објава. Кога погледнав во раката таа беше сосема излечена, и немаше никаков оток ниту болка. Меѓутоа, неопходно е човекот да направи промена во себе. После ова, кога Бог види дека човекот е корисен, Он му дава да напредува. Во поглед на тоа во нашата Книга јасно е напишано: „…а она што им користи на луѓето останува на земјата…“ (13:18), и слични тврдења се наоѓаат и во поранешните книги.

Човекот е испратен поради важна задача но кога ќе дојде време тој не ја исполнува задачата. И Бог постапува со него. Земете ги како пример куќните помошници, ако тие не работат како треба добиваат отказ. Зошто Семоќниот Бог би чувал некого кој не ги исполнува своите обврски!

Нашиот Мирза сахиб (таткото на Ветениот Месија а.с.) се лечел педесет години. Тој зборувал дека не нашол рецепт. Вистина е дека без наредбата на Семоќниот Бог секое делче кое го земаме не може да биде од корист. Ние на големо треба да се зафатиме во барањето на проштавање од Бог за да Бог ни ги подари Своите благослови. Кога ќе дојдат Божјите благослови довата станува прифатена. Затоа, доколку Божјата наредба не настапи јас немам многу надеж за прифаќање на довите. Човекот е исклучително и нежен. Ние секогаш треба да ја имаме предвид Божјата милост.“

(Малфузат, Том III, стр. 317-319)

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Најголемо право меѓу правата на Возвишениот Аллах џ.ш. е тоа дека треба да Го обожаваме и тоа обожавање не треба да биде поради лична корист. Всушност, дури и да не постои никаков Џеннет или Џехеннем, Бог сепак треба да го обожаваме и не смее да има промена во личната љубов која суштествата треба да ја имаат за својот Создател. Моето верување во поглед на сомилоста кон луѓето е такво што мислам дека човековото срце не е потполно исчистено доколку тој не го моли Бог за својот непријател. Возвишениот Аллах џ.ш. не ставил никакво ограничување во „…повикајте ме Мене, Јас ќе ви одговорам…“ (40:61), ако некој моли за непријателот Бог ќе ја прими и таа дова. Всушност, во моето срце е всадено верувањето дека суннетот е да правиме дова за својот непријател. Чесниот Пратеник с.а.в.с. често учел дова за хазрети Омер р.а. и тоа довело до тоа тој да стане муслиман. Според тоа, човекот не смее да има лично непријателство кое прераснува во злоба. Тоа е нешто за што треба да се биде благодарен за да не видиме непријател за кој неколку пати не би го молеле Бог. Не постои таков непријател. Јас ве подучувам на истото. Семоќниот Бог е толку недоверлив за некого кој нанесува болка на другиот што има несоодветно непријателство родено од злоба исто толку колку што не сака некој да Му се придружува. Во еден пример Бог не сака одвојување а во друг пример Он не сака придружување, односно, Он не сака взаемно одвојување меѓу луѓето и било какво придружување со Него.

И на овој начин личноста треба да ги учи довите за оние кои ја негираат (вистината), тоа го чисти срцето, предизвикува уверување и ја крева храброста. Поради тоа, доколку Џемаатот не ги прифати овие гледишта нема да има разлика помеѓу нив и останатите. За мене е важно кога некои преку верата ќе се спријателат и ако некој меѓу нивните роднини е загрозен или сиромашен тој истиот со него се однесува со многу трпение и нежност, и ги сака… Така, вие кои сте поврзани со мене треба да станете заедница за која е кажано (во хадисот) дека тоа е заедница чии блиски пријатели не се нечесни. Ова е кратка содржина на учењето за впивање на Аллаховите атрибути.“

(Малфузат, Том III, стр. 96-97)

Ова се само неколку извадоци од огромната ризница која нам ни ја дал Ветениот Месија а.с. и ние гледаме дека тој ја прифатил должноста на прифаќање и примање на учењето на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и на Чесниот Кур‘ан. Тој едноставно не ги извикувал слоганите за завршеноста на пратеништвото, всушност, секој негов збор и дело биле потчинети на неговиот учител. Тој им налагал и ги советувал своите следбеници да се држат до ова учење. Нека Аллах џ.ш. не оспособи ова учење да го практикуваме и нека Аллах џ.ш. ни даде вистинска проникливост во високиот статус на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и на светот да му ја претставиме вистинската слика на исламот.