In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Џамија во Зион – голем знак на вистинитоста на Ветениот Месија а.с.

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

„Денес со Аллаховата милост се собравме на свеченото отворање на џамијата во Зион. Семоќниот Аллах на Џемаатот во САД му овозможи да изгради џамија во градот кој има големо значење за Ахмадија муслиманската заедница.“

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) зборуваше за значењето на овој град, наведувајќи дека градот го основал противникот на нашиот Џемаат.

Во расветлувањето на историското значење на градот, Џемаатот поставил изложба преку која луѓето можат да ги дознаат деталите за него и да имаат корист од тоа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека овој лажливец зборувал лошо за Ветениот Месија а.с., и со колкава и грда смрт да починал, Ахмадија муслиманската заедница се основала во неговиот град, изградила џамија во Зион и сите сме му исклучителни благодарни на Возвишениот Аллах за тоа.

Големиот знак за вистинитоста на Ветениот Месија а.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека оние кои не се благодарни на луѓето не се ниту на Аллах џ.ш..

Потоа, овој ден не е само ден на неизмерна радост за Ахмади муслиманите, туку е ден на сеопшта благодарност, бидејќи Семоќниот Аллах на ова место покажал голем  знак за вистинитоста на Ветениот Месија а.с..

Навистина, Возвишениот Аллах се погрижил за напредокот на Заедницата на Ветениот Месија а.с., но ние на тоа ќе можеме да сведочиме само кога ќе станеме благодарни и работливи.

Пред 120 години ни е дадено претскажување за лошиот крај на овој лажливец и непријателот на исламот, за што не известил Возвишениот Аллах, и колку убав знак е што сега на Џемаатот му е овозможено да изгради џамија токму на ова место каде што тој човек тврдел дека на ниту еден муслиман нема да му биде дозволен влез во градот ако не го прифати христијанството.

Вистинската цел на изградба на џамијата

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека џамиите се градат за да луѓето можат да ги клањаат петте дневни намази, да го величаат Аллах џ.ш. и да се воздржуваат од световните работи.

Но, ако тоа не е причина за изградба на оваа џамија, тогаш нема да бидеме дел од нејзините благослови. Ветениот Месија а.с. рекол дека Џемаатот мора да продолжи да го поддржува во своите покајни молитви.

Тогаш, нашата должност е ибадетот да го направиме составен дел од нашите животи и да го пренесеме и на нашите деца.

Колку навистина се среќни тие кои тоа го постигнале и да сведочат на Аллаховите благослови кои се истураат врз нив?

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека мораме да се запрашаме дали навистина тоа го исполнуваме.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека не треба, поради своите работи, да го одложуваме исполнувањето на Аллаховите ветувања или да останеме без нив.

Навистина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил најомилен пратеник на Семоќниот Аллах. Неговата понизност била таква што, дури и покрај ветената победа во текот на битката на Бедр, тој многу плачел и ја барал Аллаховата помош, и рекол дека неговата должност е со најголема понизност да моли и бара помош од Аллах џ.ш..

После тоа, големата победа која му била доделена била таква што во целата историја не пости друг пример.

Ветениот Месија а.с. објаснил дека довите на оној кој бил толку задлабочен во својата љубов кон Возвишениот Аллах му донеле победа.

Манифестација на голема победа против Александар Дови – џамија ’Фатх-и-Азиим‘

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека оваа џамија, наречена ’Фатх-и-Азиим‘ џамија, е манифестација на голема победа која му била дадена на Ветениот Месија а.с..

Крајот на непријателот прогласен е со победа на која сведочевме отприлика пред 115 години.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. цитираше од весниците во тоа време во кои се спомнува дека, навистина, Ветениот Месија а.с. го претскажал крајот на Александар Дови.

Овој човек од Индија тврдел дека тој е Месија за кого било претскажано дека ќе дојде во оваа ера.

Понатаму, се спомнува дека, ако Дови избега од предизвикот на Ветениот Месија а.с. да се молат еден против друг, тоа ќе биде пораз за него и ќе се докаже дека неговите тврдења се лажни.

Ветениот Месија а.с. рекол дека тој и Дови треба да се молат за смрт на оној другиот за да утврдат кој од нив е вистинит во своето тврдење.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Дови починал во многу жална состојба; неговиот град станал место на внатрешно несогласување, го изгубил целото свое богатство, неговата физичка и ментална состојба се влошила и неговите следбеници почнале да го прифаќаат исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тоа, навистина, е доказ за вистинитоста на Ветениот Месија а.с., но нашата радост не сопира тука.

Наместо тоа, мора да пронајдеме нови патишта за ширењето на пораката и да продолжиме со реформа за да постигнеме вистинска радост.

Прва голема победа била во текот на битката на Бедр, но нивото на богобојазливст, благодарност и ибадетот на муслиманите не се намалила. Затоа, не смееме да мислиме дека овде сме оствариле голема победа и да го изгубиме фокусот на вистинската цел.

Божја помош и наша одговорност

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тоа е Аллаховото дело и помош кои овозможиле оваа Заедница да се прошири во преку 200 земји, и светот се запознал со името на Ветениот Месија а.с..

Сите тие кои стоеле против него исчезнале. Секако, Аллаховите заедници се соочуваат со прогон, но наспроти сите непријателски напори и моќи, непријателите не успеваат во својата мисија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека мораме да покажеме ист пример како што покажале муслиманите во времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., да го поддржиме Ветениот Месија а.с. и да го исполниме даденото ветување.

Мора да ги кренеме нашите стандарди на обожавање за да ја исполниме целта на животот за која сме создадени. Луѓето ќе обрнат внимание на оваа џамија само тогаш кога ние ќе ја исполниме должноста кон обожавање на Аллах џ.ш., и дури тогаш ќе ја исполниме мисијата на Ветениот Месија а.с..

Значи, секој Ахмад мора да  преиспита самиот себе.

Молитвата е наше единствено оружје

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во светот постојат убави џамии, но тие кои одат во нив не ги исполнуваат своите должности.

Ибадетот не значи брзо клањање на молитва без цел.

Всушност, треба внимателно да ги исполниме молитвите за да ја постигнеме близината на Аллах џ.ш..

Значи, мора да ги наполниме овие џамии но мораме и да ги исполнуваме наредбите на Возвишениот Аллах и да ги клањаме намазите со цел да го постигнеме Неговото задоволство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека светот сведочел на понижувањето на Дови, а оваа победа ја прогласила вистинитоста на хазрети Мирза Гулам Ахмад а.с., бидејќи ова претскажување се исполнило.

Ова не бил знак за уништување на непријателот, туку за големината на исламот, и покажување дека сега е време Заедницата на Ветениот Месија а.с. да преовладее.

Затоа, денес наша должност е да го воспоставиме Аллаховото единство, да ја зголемиме нашата праведност и побожност.

Уште повеќе, мораме да ја очистиме својата внатрешна состојба за да се отворат понатамошните патишта до победата. Секој знак на победата треба да донесе револуционерна промена во нас.

Овој ден мора да предизвика духовна револуција во нас, инаку крајот на Дови нема да донесе корист. Големата победа мора да биде голема промена која се случува во нас и тогаш светот ќе дојде под знамето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах да ни овозможи нам и на нашите потомци тоа да го постигнеме, и исто така рече дека повеќе детали за оваа џамија ќе даде во иднина.