In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Целта на доаѓањето на Ветениот Месија а.с.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека на 23 март, Ветениот Месија а.с. званично земал баи’ат (заклетва на верност) и ја основал Ахмадија муслиманската заедница. Тој рече дека овој ден во Џемаатот се обележува како ’Денот на Ветениот Месија а.с.‘, и поради тоа на тој ден се одржуваат разни собири во Џематите ширум светот. Поради моменталната ситуација на пандемија, можеби овие собири нема да се одржат, и затоа, заедно со сегашната хутба ќе се прикажат и разни други програми кои сите Ахмади би требало да ги погледнат.

Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека Ветениот Месија ас. дошол со потполна покорност на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со цел да ја унапреди неговата мисија и да ја рашири пораката на исламот во целиот свет.

Хузур а.т.б.а. рече дека ќе ги претстави деталите од литературата на Ветениот Месија а.с. кои ја објаснуваат целта на неговото доаѓање.

На еден од собирите Ветениот Месија а.с. изјавил:

„На крајот нека биде јасно дека моето доаѓање во ова време не е само поради реформирање на муслиманите, туку, јас дојдов и да го реформирам народот на сите три религии: муслимани, христијани и индуси. Онака како што Бог ме одредил за Ветениот Месија на муслиманите и христијаните, исто така, јас сум Аватар за индусите.“

Понатаму, цитирајќи го Ветениот Месија а.с., Халифа-тул Месих V а.т.б.а. продолжи со неговите зборови:

„Во последните дваесет години, зборував дека како што сум се појавил во духот на Месија на синот на Мерјем, за да ги отстранам гревовите насобрани на земјата, исто така, дојдов и како Раѓа Кришна – еден од најголемите Аватари на хиндуистичката вера. Со други зборови, иста личност сум според духовната стварност. Ова не е моја фантазија или претпоставка. Богот на небото и на Земјата ме известил, не еднаш, туку многу пати, дека за Хиндусите сум Кришна, а за муслиманите и христијаните Ветениот Месија.“

Халифа-тул Месих V а.т.б.а. тогаш кажа дека Ветениот Месија а.с. нас не предупредил дека не треба да му се спротивставуваме на оној кој е пратен од Семоќниот Аллах и ги цитирал следните зборови на Ветнеиот Месија а.с.:

„Во светот дојде Предупредувач а светот не го прифати; но Бог ќе го прифати и ќе ја покаже неговата вистинитост со силни знаци.“

На крајот Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведел дека ширењето на Заедницата во преку 200 земји во светот сведочи за вистинитоста на Ветениот Месија а.с.. Тој се помоли Возвишениот Аллах на сите нас да ни овозможи да придонесеме во иполнувањето на мисијата на Ветениот Месија а.с. и во исполнувањето на нашите должности.

Во светлото на моменталната пандемија на корона вирусот, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. навел неколку мислења од повикани луѓе кои коментирале на оваа тема. Тој го цитирал Филип Џонстон кој во ’Телеграф‘ објавил еден од најпопуларните филмови кои сега се гледаат на Нетфликс Зараза а кои се во врска со ширењето на вирусот, очајничките обиди на контрола на болеста, загубата на општествена сигурност и на крајот, пронаоѓањето на вакцина која би го сопрела ширењето на вирусот. Новинарот, понатаму, навел дека е неверојатно да се замисли како светот во две недели сосема се променил.

Новинарот изјавил:

„Колку пати сме ги слушнале луѓето како зборуваат:

Се ќе биде во ред бидејќи научниците нешто ќе смислат. Било тоа да е глобално затоплување или пандемија? Токму сега ќе дознаеме дали таквиот оптимизам е оправдан. Ако не е, можеби ќе се вратам во црква.“

Слично на ова Халифа-тул Месих V а.т.б.а. цитираше и неколку други новинари. Халифата рече дека овој вирус направил светот да се сврти кон Бог, и како и да е, исламот е единствената религија која го претставува вистинскиот жив Бог.

Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) рекче дека владата сега издала најстроги мерки. Треба да се придржуваме до упатствата кои таа ги препорачала. Постарите луѓе и тие на кои им се заканува поголема опасност треба посебно да бидат внимателни. Постарите не треба да излегуваат од дома и тоа е совет кој владата го дала.

Хузур а.т.б.а. рече дека џуми треба да се клањаат во локалните места и според денешното присуство во џамија изгледа дека многумина тоа го направиле. Лекарите советуваат за засилување на имунолошкиот систем повеќе да се одмара и да се има убав сон. Не треба да се останува доцна во гледањето на филмовите итн. и поради тоа да се пропушта сабах намаз. И потоа, на работа луѓето заминуваат ненаспани што предизвикува слабост.

Избегнувајте да јадете надвор, како ихрана која содржи конзерванси, како на пример чипс кој посебно е штетен за здравјето. Лекарите, исто така, советуваат да се пие многу вода и редовно да се мијат рацете.

Хузур а.т.б.а. рече дека луѓето кои доаѓаат во џамија веќе ги предупредил на хигиена.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) рече дека крајното решение е молитвата и дека треба да се молиме за Ахмади муслиманите и за целиот свет.

Нека Аллах џ.ш. подари лек на оние кои се болни.

Нека Аллах џ.ш. му овозможи на секој Ахмад да ја зголеми својата вера и своето уверување.