In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Ветениот Месија и Мехди а.с.

По учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

Денес е 23 март. Овој ден во Ахмадија муслиманската заедница се одбележува како Денот на Ветениот Месија а.с. и овој ден Заедницата организира свечени собири. Јас ќе претставам делови од делата на Ветениот Месија а.с. во кои тој ја објаснил целта на доаѓањето на ’Ветениот Месија‘, потреба од него и неговата положба. Откако го изнел своето тврдење, таканаречените зналци вложиле напор и максимално ги поттикнале муслиманите против него, а тоа и понатаму го прават. Меѓутоа, со помош на Семоќниот Аллах неговата Заедница и понатаму напредува и луѓето со чиста природа и понатаму ѝ се придружуваат на Заедницата.

Сепак, додека го спомнува своето доаѓање согласно на Божјите ветувања и прогласува дека тој навистина е спомнатиот Месија, Ветениот Месија а.с. вели:

„Божјите ветувања секогаш се вистинити. Тој во светот го пратил Предупредувачот согласно на Своите ветувања. Светот не го прифатил но Семоќниот Бог сигурно ќе го прифати и ќе ја утврди неговата вистинитост преку моќни знаци.“

„Јас навистина ви велам:

’Јас дојдов како Ветениот Месија а.с. согласно на Божјите ветувања. Нека оној кој сака тоа го прифати и нека оној кој сака тоа го одбие. Меѓутоа, вашето одбивање нема да направи никаква разлика. Тоа што Аллах џ.ш. го ветил сигурно и ќе се случи, бидејќи Он ветил Брахеен-е-Ахмадија: (АРАПСКИ) (Аллах џ.ш. и Неговиот Пратеник ја зборувале вистината и ова ветување ќе се оствари)‘.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Нормално е за секој трагач по вистината од нас да бара доказ за нашето тврдење.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Ова се текстови од Чесниот Кур‘ан и од хадисите (говорите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и логични докази, односно: потребата на ова време која бара Реформатор. Покрај тоа, јас изнесов краток преглед кој ги покажува Божјите знаци кои Он ги покажал на моите раце.“

Ветениот Месија а.с. вели дека изнел краток преглед кој содржи приближно сто и педесет знаци во кои се посведочиле милиони луѓе. Да се претставува бесмисленоста не е доблесна постапка.

Ветениот Месија а.с. вели дека од оваа причина Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека Ветениот Месија а.с. ќе дојде како судија. Со други зборови, кога ќе се појави Ветениот Месија а.с. тој ќе биде судија и вие треба да и се покорите на неговата одлука. Тој ќе донесува одлуки и вие треба тие одлуки да ги прифатите. Тие луѓе, чии срца се исполнети со интрига и понатаму не веруваат и понатаму претставуваат залудни докази и обвиненија. Меѓутоа, тие треба да запомнат дека Семоќниот Аллах согласно на своето ветување јасно ја покажал мојата вистинитост преку моќни знаци.

Потоа, изнесувајќи факт дека одбивањето на Ветениот Месија а.с. води кон одбивање на Возвишениот Аллах и Неговиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Ветениот Месија а.с. вели:

„Ако мене ме отфрлите всушност го отфрлате Аллах џ.ш. и Неговиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Причина за тоа е што ако некој мене ме отфрли, чувај Боже, верува дека Возвишениот Аллах лаже бидејќи е сведок дека внатрешните и надворешните нереди ги поминале сите граници а Возвишениот Аллах – наспроти на Своето ветување (АРАПСКИ Хиџр: 10)

Навистина, Ние пративме предупредување и навистина Ние ќе бидеме неговиот чувар“…

не направил никакво уредување за нивно подобрување. Тоа, како тој привидно да верува во факт дека Возвишениот Аллах во ајетот Исткхал (наследство) кое изгледа како поредок на Муса, ветил дека Он ќе го заснове системот на Халифатот (халифат или наследство во поредокот на Мухаммед с.а.в.с.) меѓутоа, дека Он, чувај Божеј, не го исполнил Своето ветување и дека сега не постои Халифа (наследник) во овој уммет…

Слично на тоа, тие ќе бидат приморани да покажат дека е лажен ајет на Чесниот Кур‘ан (Арапски) (Ал-Џума: 4) и на другите (него го пратил) меѓу оние кои сè уште не се придружиле, Он е Моќен, Мудар), кој дава радосни вести за (доаѓањето) на одразот на Ахмад (Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.).“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Нема сомневање дека моето отфрлање налага отфрлање на Бог и дека моето прифаќање сведочи (за вистинитоста) на Бог и се развива цврста вера во Неговото Битие. Освен тоа, моето отфрлање, всушност, не (е ограничено) на мене. Всушност, тоа отфрлање е отфрлање на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Според тоа, пред тоа некој да собере храброст мене да ме одбие и да ме одрекне, прво треба да размисли и да побара упатство од сопственото срце за тоа кого отфрла.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Затоа, јас отворено велам дека ако некој ме отфрла тоа не е лесна задача. Пред тоа некој мене да ме прогласите за неверник, вие самите ќе станете неверници… Со цел мене да ме прогласите за некој кој го напуштил Чесниот Кур‘ан и хадисите (традицијата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.) вие лично ќе мора да ги напуштите. Дури во тој случај само таа личност ќе ги напушти, јас нема да ги напуштам.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Јас сведочам (за вистинитоста) на Чесниот Кур‘ан и за хадисите (традицијата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.) и јас сум нивното исполнување. Јас не заталкав. Всушност, јас сум Мехди. Јас не сум неверник туку сум вистинско исполнување (АРАПСКИ) (Јас сум првиот кој верува).“

Ветениот Месија а.с. овие аспекти им ги објаснувал на гостите кои доаѓале во посета.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Не брзајте во врска со мене. Всушност, треба да се замислите со чиста намера и со чисти ум.“

Потоа, во една прилика Ветениот Месија а.с. рекол:

„Значи, ако срцата на овие луѓе немаат лутина и злоба, тие треба да ги слушаат моите зборови, да ме следат и да погледнат дали Возвишениот Бог ги остава во темнина или ги упатува кон светлина. Јас сум сигурен дека ако некој мене ме следи со трпение и со чисто срце, нема да биде уништен. Всушност, ќе учествува во живот кој нема да заврши.“

Со други зборови, тој ќе биде почестен на овој свет и Возвишениот Аллах исто така ќе ги расипе Своите благослови на него на Ахирет.

Со Аллаховата милост, денес тој глас кој потекнал од малото село, се раширил до 210 земји и тоа е исто така доказ за неговата вистинитост. Во оддалечени места,  пред 30-40 години не можевме да замислиме дека Ахмадијатот ќе се прошири, а всушност, не само дека пораката стасала до таму туку Семоќниот Аллах на луѓето им дава толку цврста вера што човекот станува одушевен.

Јас ќе раскажам за една случка. Бенин е мала држава во Африка каде во 2012 година Џемаатот беше формално основан. Постои таму еден Ахмади муслиман од едно село кој се нарекува Ибрахим сахиб. Тој го прифатил Ахмадијатот но пред тоа бил добро упатен и образован муслиман. По прифаќањето на Ахмадијатот почнал да ја зголемува сериозноста и искреноста. Почнал да им проповеда на своите браќа и роднини. Неговиот брат бил вознемирен со неговата проповед сметајќи дека тој ќе ги одврати од нивната вера и почнал да се кара со него.

Хузур а.т.б.а. раскажал случка која вдахнува со вера и за тоа како Семоќниот Аллах покажал знаци за неговата поткрепа и непријателите биле поразени а била покажана вистинитоста на Ахмадијатот. Затоа, со Аллаховата милост такви случки и денес помагаат за поткрепа на Ветениот Месија а.с..

Додека им одговарал на оние кои приговараат дека веќе го следат исламското учење и дека веќе во исламот постојат многу секти  што не треба да се создава уште една, и каква е целта за придружување на Џемаатот, Ветениот Месија а.с. кажал:

„Запомнете, таквите работи произлегуваат од недостаток на разбирање и сфаќање. Ова не е поради мене. Ако е создадено ова несогласување тогаш тоа го започнал Семоќниот Аллах Лично кој го основал ова Движење. Јас не го започнав ова Движење, Семоќниот Аллах е тој Кој го основал, затоа што духовната состојба постојано опаѓала а што довело до потполно изумирање на силата на верата, и Семоќниот Аллах сака преку ова Движење да го оживи духот на вистинската вера.“

Ветениот Месија а.с. објаснил дека целта на доаѓањето на Ветениот Месија а.с. била исламот да се сочува од внатрешните и надворешните зли завери и напади. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. исто така ова го претскажал.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Што се однесува до подоцнежното доба Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека ќе постојат два вида на зло. Едното од нив ќе биде внатрешно а другото надворешно. Внатрешното зло ќе биде тоа што муслиманите веќе нема да бидат утврдени врз вистинското учење и ќе станат плен на шејтанското влијание. Во нивните постапки ќе нема богобојазливост. Надворешното зло ќе се огледа во измислувањето на лаги против благословениот карактер на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и секаков вид на напор и планови ќе бидат направени луѓето да поверуваат во божеството на Иса а.с. (Исус) и во проколнатата смрт на крстот. Накратко, поради отстранување и на двете зла, и на внатрешното и на надворешното, дадени ни се радосни вести преку Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дека некој од неговите следбеници ќе биде одреден да ги разбие сите надворешни зла и да ја открие вистината за христијанската вера, и од таа причина тој ќе биде наречен Иса синот на Мерјем.

Тој ќе биде наречен Мехди. Тој ќе биде наречен Мехди бидејќи ќе го трасира патот за решавање на внатрешните судири и нереди. Зборовите:

’И меѓу другите од нив (кои се уште не им се придружиле) целат кон тоа‘.“

Затоа, бидејќи ние го прифативме Ветениот Месија а.с. стандардот на нашето однесување со Семоќниот Бог и нашата богобојазливост треба да бидат многу поголеми одошто кај другите муслимани. Нашата практична состојба треба да биде подобра одошто на другите. Нашите постапки треба да бидат согласни со задоволството на Семоќниот Аллах и треба да бидеме богобојазливи.

Во врска со ова Ветениот Месија а.с. објаснува:

„Оној кој дава баи‘ат не треба да биде задоволен со верувањето дека оваа Заедница е основана врз база на вистината… Кога еднаш сте влегле во Заедницата, тогаш станете побожни, богобојазливи и воздржете се од секој вид на зло. Намалете го тонот, останете зафатени во барање проштавање и ибадет.“

Додека го толкувал значењето на изразот амаале-е-салих (побожни дела) Ветениот Месија а.с. рекол:

„Во Чесниот Кур‘ан, Семоќниот Бог верата ја поврзал со амаале-е-салих. Амаале-е-салих е дело во кое нема ни трошка (намера за создавање) на неред. Запомнете, човекот секогаш станува жртва на самозадоволство. Што е тоа што го прави самозадоволен? Дали тоа е вообразеноста, односно, дали нешто прави само затоа за да го покаже на други луѓе. Ујаб значи нешто да се прави и да се биде задоволен со сопствените постапки.“

Ветениот Месија а.с. потоа вели:

Амаал-е-салих се оние дела кои се без неправда, вообразеност, самозадоволство, гордост и грабеж на правата на другите. Онака како што човекот може поради свои исправни дела да биде сочуван на Ахирет, слично на тоа, преку нив може да биде сочуван и на овој свет.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Дури и ако има еден поединец кој прави честити дела, како резултат на тоа целата куќа може да биде спасена. Водете сметка за фактот дека без правење добри дела едноставното верување не е од корист. Ако лекарот препише некаков лек, тоа значи дека лекот треба да се зема онака како што е пропишано. Ако не го земаме лекот и рецептот го ставиме на страна, каква корист може да има од тоа? Бидејќи вие сте се покајале, Аллах џ.ш. сега сака да види колку сте се исчистиле по исповедувањето на верата. Дојде време во кое Семоќниот Аллах сака да направи разлика помеѓу богобојазливите.“

Ветениот Месија а.с. потоа вели:

„Овие денови треба да ја учите дова на Адем а.с. која е (на Арапски). Од самиот нејзин почеток оваа дова била примена. Онака како што мене ми беше објавена довата (АРАПСКИ):

„Аллах џ.ш., сè е под Твоја контрола, затоа заштити не, помогни ни и имај милост кон нас.“

Затоа, учете ги и двете дови и разберете ги овие дови.

Според тоа, секој Ахмади муслиман треба да се анализира: ако го прифатил Ветениот Месија а.с. дали ја исполнува должноста на својот завет? Често, кога ја проценуваме ситуацијата на светлината излегува дека многу луѓе дури ниту намазите не ги извршуваат како треба. Тие не посветуваат внимание на своите намази. Некои луѓе не посветуваат внимание на истигхфар, ниту на исполнување на правата на другите. Ако состојбата е таква како ние можеме да кажеме дека сме од оние кои прават амаал-е-салих? (Како тогаш можеме да кажеме) Ние ги исполнуваме должностите кои се дадени на нас по влегувањето во заветот на баи‘ат на Ветениот Месија а.с.? Другите луѓе се виновни за гревот на не прифаќање. Меѓутоа, не сме виновни за гревот бидејќи сме го прифатиле заветот а не сме се подобриле и сме го прекршиле нашето ветување. Според тоа, секој од нас со голема грижа треба да се анализира. Нека Семоќниот Аллах не чува под Својата заштита и нека исто така не сочува од сите искушенија и од сите тешкотии.

Денес имам најава за убава вест. Весникот Ал-Хакам кој беше објавуван во Кадијана сега ќе се објавува и тука. Во 1934 година повторно беше печатен но подоцна престана да се печати. Денес, на Денот на Ветениот Месија а.с., тој повторно ќе започне да се печати овде во Велика Британија и тоа на англиски јазик. Овој весник е прв објавен весник во времето на Ветениот Месија а.с.. Тој ќе биде печатен во мал тираж, меѓутоа, веднаш по хутба во петок ќе биде достапен на интернет www.alhakam.org.. Слично на тоа, тука ќе се најде и app под назив ’Al-Hakam‘ од мобилните телефони и таблети и ќе биде достапен за симнување по хутба во петок. Ова прво издание е одлика на Денот на Ветениот Месија а.с., и во иднина новото издание ќе биде поставувано секој петок. Бидејќи овој весник ќе биде печатен на англиски јазик членовите кои зборуваат англиски треба да извлечат максимална корист од ова.