In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Исклучителниот човек

Спомнувајќи го статусот на ашаб р.а., Ветениот Месија а.с. во една прилика рекол:

„Верните асхаби, нека Аллах биде задоволен со нив, се јасен доказ за карактерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (Значи, единствено  личноста која може вистински да го почитува Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е онаа која ги почитува неговите верни асхаби. Оној кој не ги почитува верните асхаби никогаш вистински не може да го почитува ниту Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.). Сега ќе раскажам неколку приказни од животот на неговите асхаби.

Абу Дујана Ансари бил асхаб. Исламот го прифатил пред преселувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во Медина. Бил жител на Медина. Исто така, ја имал честа да учествува во битката кај Бедр заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и бил исклучително храбар. Тој имал прилика да учествува и во битката кај Ухуд. По пресвртницата во текот на битката, односно, кога муслиманите во почетокот победувале а потоа почнале да ја губат битката бидејќи неверниците повторно нападнале поради едно напуштено место, меѓу асхабите кои во тоа време останале најблиску до Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил и хазрети Абу Дујана р.а.. Тој бранејќи го Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се здобил со многу повреди. Меѓутоа, тој иако бил тешко повреден не се повлекол од битката.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во една прилика го кренал својот меч и запрашал:

„Кој денес овој меч вистински ќе го употреби?“

Хазрети Абу Дујана Ансари кога го слушнал ова му се доближил. Тој рекол дека ќе го исполни правото да го употреби овој меч. Потоа, тој повторно собрал сила и прашал:

„О Аллаховиот Пратенику! Како треба да се исполни правото на овој меч?“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил дека овој меч не треба да предизвика крвопролевање на ниту еден муслиман, друго, непријателот меѓу неверниците не треба да бега од него и треба само да се користи против оние непријатели меѓу неверниците кои посакуваат војна против муслиманите.

Хазрети Абу Дујана р.а. бил мачен во борбата против Мусајилимах Каззаб во текот на Јамама битката. Кога се разболел на своите асхаби им рекол дека можеби Возвишениот Аллах ќе прифати две негови дела. Прво тоа дека не се впуштал во било каков бескорисен разговор ниту им зборувал зад грб на луѓето. Друго, во срцето не носел никаква лутина или злоба против друг муслиман.

Потоа, ќе го спомнеме името на хазрети Мухаммад Масламах р.а. Мухаммад бин Масламах р.а. кој исто така учествувал во битката кај Ухуд и останал покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со голема решителност и постојаност. Една од неговите одлики била таа што пророштвото на Чесниот Пратеник Муѕхаммед с.а.в.с. било исполнето во неговата личност.

Во една прилика, предавајќи му го својот меч Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека сè додека се бори со идолопоклониците, треба да продолжи да се бори токму со овој меч. Меѓутоа, кога ќе дојде време муслиманите да се борат едни со други, треба да го скрши мечот и да остане дома сè додека некој не го нападне или додека смртта не дојде.

Тој се однесувал согласно на ова упатство и исто тоа го направил во текот на мачењето на хазрети Осман р.а., нека Аллах биде задоволен со него. За да се сочува од нередот во тоа време, тој се отстранил и зборувал дека додека нередот не се реши тој ќе остане во самотија.

Денес можеме да видиме како внатрешните спорови меѓу муслиманите ги преминуваат сите граници.

Понатаму, уште едно пророштво на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е исполнето, во кое се вели дека после ерата на мракот доаѓа времето на светлината, а времето на светлината е време на Ветениот Месија а.с., во кое треба да се прифати Ветениот Месија а.с. и да се придружи на неговата Заедница затоа што сите благослови се наоѓаат таму.

Еден од раните асхаби бил и хазрети Абу Ејуб Ансари р.а.. Тој бил среќен бидејќи ја имал честа да го угости и прими Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на првите денови на неговото време во Медина. Куќата имала два ката. Абу Ејуб Ансари р.а. останал на горниот кат а долниот му го престапил на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Абу Ејуб Ансари р.а. бил на горниот кат од куќата кога се случило да се разбие чинија со вода. Абу Ејуб Ансари р.а. и неговата жена цела ноќ ја поминале во сушење на постелата. Следниот ден на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му раскажал за случката која се случила минатата ноќ и од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. побарал да остане на горниот кат. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го прифатил неговото барање и во куќата останал шест до седум месеци. Тој дал сè од себе да ги исполни своите должности и одговорности кон гостопримството.

Хазрети Абу Ејуб Ансари р.а. исто така учествувал во сите битки на кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил присутен. Во текот на Каибар битката бил убиен еден од водачите на Евреите. Кога неговата ќерка Сафија била омажена за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. следното утро кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. излегол да го предводи намазот го видел Абу Ејуб Ансари р.а. како стои и чува стража. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. потоа на следниот начин го молел Аллах џ.ш. за него:

„О Господару! Секогаш чувај го Абу Ејуб Ансари р.а. под Своја заштита токму како што тој мене ме штитеше!“

Хазрети Абу Ејуб р.а. наспроти староста учествувал и во битката за Рим. Тој учествувал само со цел да биде сведок (на исполнувањето) на претскажувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во поглед на Константинопол. Но сепак, во текот на тоа време се разболел. Кога го прашале која му е последна желба тој одговорил дека сака на секој муслиман да му се пренесе селам, и неговиот мезар да биде што подлабоко во земјата на непријателот. Така, по смртта неговото мртво тело било однесено до најдалечната можна точка во земјата на непријателот каде што бил погребан. Дури и денес неговиот гроб се наоѓа во Турција и велат дека ако некој над неговиот гроб го моли (Аллах џ.ш.) за нешто, довите се исполнуваат.

Тука е и приказната за асхабот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., Абдуллах бин Равахах р.а., кој бил угледен поет на Арабија и исто така бил познат по своја титула ’Поетот на Веровесникот с.а.в.с.‘. Откако битката кај Бедр завршила тој веста за победата ја донел на луѓето во Медина.

Еднаш Абдуллах бин Убајј (голем лицемер) го предизвикал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. откако тој отворено ја проповедал пораката на исламот и му кажал:

„Затоа, врати се од кај што си дошол и својата порака ја кажувај само на оние кои ќе дојдат кај тебе.“

Хазрети Абдуллах бин Равахах р.а. кој исто така седел таму рекол:

„О Аллахов Веровеснику! Дојди на нашите собири, нам тоа ќе ни се допадне.“

Ова било чувство на честа и љубовта кое Абдуллах бин Равахах р.а. неодоливо го покажал кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и воопшто не се грижел за поглаварите.

Постои сведоштво во кое ‘Урвах бин Зубаир пренесува како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го одредил Зеид бин Харитх р.а. за командант на војската. Тој рекол дека ако хазрети Зеид р.а. биде убиен тогаш хазрети Ја‘фар бин Аби Талиб р.а. ќе биде командант. Ако и тој биде убиен тогаш хазрети Абдуллах бин Равахах р.а. ќе преземе контрола. Ако Абдуллах р.а. биде убиен тогаш муслиманите за командант треба да изберат кого сакаат. Кога дошло време да се испрати војската хазрети Абдуллах бин Равахах рекол:

„Се колнам во Бог дека јас воопшто не чувствувам љубов кон светот. Меѓутоа, јас слушнав дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во врска со ајетот од Чесниот Кур‘ан вели:

’А не постои ниту еден од вас кој нема да дојде до тоа. Ова е утврдена одредба на Господарот‘.“

Тоа ни кажува дека секој човек мора да се соочи со огнот. Според тоа, откако оделе по овој фин пат, ќе се соочат со денот на пресметка; јас не знам каква ќе биде мојата состојба.

Во текот на Мота битката Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кога се однесува до командантот на војската рекол:

„Јас ги видов во Џеннетот како седат на златни престоли. Така, ова се луѓето кои ги досегнале своите цели.“

Хазрети ‘Абдуллах бин Равахах р.а. покажал величествен драгоцен камен на жртвување на бојното поле. По убиството на Зеид р.а. и хазрети Ја‘фар р.а., хазрети Абдуллах бин Равахах р.а. дошол на првата линија. Го погодило копје и почнал да крвави. Тој ги кренал рацете, ја фатил крвта, со неа го избришал лицето и паднал помеѓу линијата на непријателот и на муслиманите. Меѓутоа, тој и понатаму како командант сè до последниот здив ги охрабрувал муслиманите. Додека ги поттикнувал муслиманите делотворно и страсно ја барал нивната помош и велел:

„Погледнете, о  муслимани! Телата на вашите браќа лежат пред непријателот. Излезете и отфрлете го непријателот од овој пат и исфрлете го.“

Затоа, муслиманите истиот момент жестоко го нападнале непријателот и неповратно продолжиле да напредуваат. На тој начин хазрети Абдуллах ја стекнал положбата на шехид.

Неговата вдовица раскажала за една од неговите големи доблести. Таа рекла:

„Хазрети Абдуллах бин Равахах р.а. никогаш не ја напуштал куќата пред да клања два реката на доброволен намаз. Слично на тоа, првата работа која ја правел пред влегувањето во куќата е тоа што по земањето на абдест клањал дава реката навафил намаз (доброволен намаз).“

Ова се луѓето кои го спомнувале Семоќниот Аллах во секоја состојба и во секој момент. Постои и сведоштво за неговото ниво на послушност.

Хазрети Абдуллах бин Равахах р.а. влегол во џамија за да ја слуша хутбата и веднаш седнал. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му се обратил и рекол:

„О Абдуллах бин Равахах! Нека Аллах џ.ш. ја зголеми твојата љубов на покорност кон Аллах џ.ш. и кон Неговиот Пратеник.“

Какво било нивото на организирање на религиски собири, велгувањето во целисходни разговори и исполнувањето на  должните права на еден кон друг?

Абдуллах бин Равахах р.а. му зборувал на Абу Дарди р.а.:

„О Абу Дарда! Ајде да седнеме заедно и да ја обновиме својата вера. Ајде да зборуваме за верата.“

Чесниот Пратеник с.а.в.с. за овие собири кажал:

„Нека Аллах џ.ш. има милост кон Абдуллах бин Равахах р.а. Тој ги сака таквите собири со кои мелеките се гордеат.“

Потоа, историјата не учи за извонредната срченост и храброст на двајца млади браќа, хазрети Ма‘аз бин Харитх нин Рифа‘атах и хазрети Му‘авиз бин Харитх бин Рифа‘атах. Тие биле присутни во текот на битката кај Бедр и исто така имале задача да го убијат Абу Џехел. Во битката кај Бедр се водела жестока борба. Муслиманите пред себе виделе војска која била три пати побројна од нив и била опремена со сите видови на оружје. Тие на бојното поле дошле со намера да го избришат името на исламот. Слабите и немоќни муслимани биле малобројни. Што се однесува до нивната основна опрема (и наоружување) тие не би можеле да преживеат повеќе од неколку минути. Меѓутоа, тие толку биле концентрирани на задачата пред себе и љубовта кон Божјата Единственост и кон Пратеникот ги направиле храбри до таа мера што ништо друго на овој свет не можело да ги направи посилни. Тоа била нивната љубов која растела и им подарила извонредна сила. На тоа бојно поле тие покажале таков пример каков пред тоа не постоел.

Абдур Рахман бин Ауф р.а. пренесува:

„Кога борбата започна јас погледнав на лево и на десно и не видов никој освен двајца млади луѓе меѓу Ансариите. Кога ги видов срцето ми потона, бидејќи нормално беше битката да се потпира на двајца борци на лево и на десно. Бев заробен од мислата: ’Како овие двајца млади луѓе можат да ме заштитат, и тогаш некој шепна за да не го слушнат овие двајца (момчиња)‘.

„Господину! Кој е Абу Џехел; оној кој му ја нанесувал болката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во Мека?“

Ова момче потоа кажа:

„Јас на Семоќниот Бог му дадов завет дека ќе го убијат“,

или кажал:

„Јас ќе умрам тоа да го постигнам.“

Абдур Рахман вели:

„Јас сè уште не одговорив кога другото момче тивко ми го постави истото прашање. Нивото на нивната храброст ме вознемири бидејќи Абу Џехел во суштина беше генерал на непријателската војска и беше окружен со искусни борци. Јас покажав кон Абу Џехел.“

Абдур Рахам понатаму вели:

„Штом покажав кон него, двете момчиња се стрчаа како орли сечејќи ја непријателската линија сè додека не стасаа до таа точка и не го нападнаа Абу Џехел со таква брзина што неговите команданти останаа запрепастени, а Абу Џехел падна на земја.“

Според тоа, овие момчиња имале чест за своја вера. Длабоката љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги направила толку храбри што го убиле непријателот на исламот. Тие не биле таканаречени џихадисти кои ја радикализираат младината и ѝ кажуваат да се бори за исламот. Тие, всушност, имале цел, бидејќи непријателите не им дозволувале мирно да живеат дури и откако се иселиле, во тој случај биле подготвени да се жртвуваат во името на мирот и да ја запрат неправдата.

Во денешно време со цел да се симне некоја влада тие младите ги киднапираат и ги радикализираат. Во тоа време, ако војните се воделе во името на исламот и луѓе подготвено ги жртвувале своите животи, некогаш тоа се спроведувало во името на зачувување на религијата и за воспоставување на мирот во светот. Затоа, постои огромна разлика помеѓу оние кои тогаш го воделе џихадот и денешните џихадисти.

Ветениот Месија а.с. за асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вели:

„Во суштина, нашата должност е да не престануваме да трагаме за постигањето на задоволството на Семоќниот Аллах и тоа да го сметаме за конечна цел. Сите наши напори и борби треба да се сведат на барањето за задоволство на Семоќниот Бог, дури и ако треба да поднесуваме тешкотии. Задоволството на Семоќниот Бог е поголемо и подобро од светот и сите негови желби.“

Нека Семоќниот Аллах не оспособи тоа да го постигнеме.

По џума намаз јас ќе клањам џеназа за уважениот Ал-Хааџ Исмаил БК Аддо сахиб чие тело не е присутно. Тој бил Ахмад од Гана и починал на 8 март 2018 година на 84 годишна возраст. Навистина на Аллах џ.ш. му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Тој бил славен политичар, кој својата политичка кариера ја напуштил за да биде блиску до Халифатот на Ахмадија Џемаатот во Лондон. Тој е роден Ахмади муслиман. Неговиот татко бил христијанин и заветот на баи‘атот го дал во 1928 година и го прифатил Џемаатот. Имал длабока љубов кон Халифатот и покажувал голема љубов, наклонетост и послушност кон секој Халифа. Еднаш Халифа-тул Месих IV р.х. основал одбор за составување на книгата со одговори на Салман Ружди и тој бил одреден како член на одборот. Исто така, одиграл голема извонредна улога на полето на ширењето на пораката и проповедта. Во 1986 година, кога Халифа-тул Месих IV р.х. го основал ПАН Африканското здружение, тој бил одреден за прв претседател. Исто така бил избран за прв претседател на Џемаатот во Пакистан. Во 1994 година по свеченото започнување на МТА, тој бил еден од најистакнатите ученици на програмата за учење на Урду јазикот. Настојувал колку што може повеќе да го научи урду јазикот и популарно бил познат како ’Бара Бача‘. Бил од Гана и сите го познавале. Имал две жени. Членовите на неговото семејство спомна дека бил редовен во тахаџуд намаз (доброволен намаз пред зори) и тоа не го пропуштал дури ниту кога бил болен. Чесниот Кур‘ан го учел со многу мелодичен тон и со голема љубов. Во 2005 година имал прилика да го направи аџилакот со двете свои жени. Бил весел и едноставен човек. Нека Семоќниот Аллах ја воздигне неговата положба и нека му ги подари Своите проштевања и милост.