In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Луѓе со исклучителни доблести

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече дека во својата последна хутба веќе спомнал одредени хадиси кои се однесуваат на Абдуллах бин Мас‘уд р.а., и дека сега ќе продолжи да зборува за него.

Хазрети Абдуллах бин Мас‘уд имал висок статус кога е во прашање неговата близина со Возвишениот Аллах и неговата врска со Него. Тој заедно со хазрети Абу Бекр р.а. и со хазрети Омер р.а. бил специјален советник.

Според еден хадис, Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. им зборувал да одат по правиот пат и да се држат до праксата на хазрети Абдуллах бин Мас‘уд. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. имал огромна доверба во него, а хазрети Абдуллах бин Мас‘уд имал огромна љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Абдуллах бин Мас‘уд бил богобојазлив, побожен и многу го обожавал Аллах џ.ш.. Обожавањето го искажувал преку нафила намази (доброволен намаз), односно, преку редовните намази и тахаџуд. Тој исто така клањал Чашт (во период помеѓу утрото и пладне) и доброволно постел во понеделник и четврток.

Бил познат како човек со исклучителен морал, бил благ учител и многу богобојазлив. На најдобар начин ја исполнил врската на братство која Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја воспоставил меѓу него и хазрети Зубаир бин Ел-Авам, кому тој му верувал како на роден брат и му дал да ги води неговите финансии.

Еднаш, одејќи на состанок на кој присуствувал и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. пред да стаса го слушнал гласот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како вели:

„Седни!“

Хазрети Абдуллах бин Мас‘уд сè уште не стасал на состанок, но штом го слушнал гласот на Чесниот Пратеник с.а.в.с. додека сèуште бил на пат и покрај џамијата седнал и така седејќи се доближувал кон џамијата.

Кога еден човек му пристапил, му упатил критика и го прашал каква глупост изведува хазрети Абдуллах бин Мас‘уд рекол:

„Ја слушнав наредбата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и да умрам пред да стасам до џамијата не би сакал смртта да ми се случи во непослушност кон Чесниот Пратеник с.а.в.с..“

Ова била невидена послушност и дух кои почитувале сè што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. наредувал.

Иако асхабите биле неписмени, се спомнува дека имало само седум писмени луѓе во цела Мека, тие сепак напредувале ширум светот. Тоа е резултат на нивната послушност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и високиот статус кој го постигнале. Затоа, ние секогаш мораме да се сетиме на тоа и овој пример секој Ахмад мора да го почитува.

Во една прилика хазрети Омар р.а. сретнал еден караван. Меѓутоа, поради мракот не можел да го види караванот. Во таа група бил хазрети Абдуллах бин Мас’уд. Хазрети Омар р.а. пратил еден од своите луѓе да праша од каде доаѓа групата. Кога човекот прашал хазрети Абдуллах бин Мас’уд му одговорил:

„Фаѓѓул Амик“, што значи ’од далеку‘.

Потоа ги прашал до каде тие патуваат?

Тој одговорил:

„Во Бејтул Атиик“, во Древната Куќа, т.е. во Каба.

Хазрети Омар р.а. прашал:

„Дали некој од вас е зналец?“ и на еден од своите сопатници му наредил да ги праша:

„Кој ајет од Чесниот Кур’ан е највозвишен?“

Кога хазрети Омар р.а. го прашал тоа хазрети Абдуллах бин Мас’уд му одговорил:

„Аллах е – нема друг Бог освен Него

– вечно живее, Самовоздржан, Сеодржувачки.

Не Го опфаќа дремка, ниту сон …

(2:256)

Рекол Ајетул Курсија. Хазрети Омар р.а. тогаш прашал.

„Кој ајет е најсодржаен во Чесниот Кур’ан?“

Хазрети Абдуллах бин Мас’уд одговарил:

„Навистина, Аллах наредува праведност, доброчинство, и да давате (она што го давате) како на ближните свои …

(16:91)

После тоа хазрети Омар р.а. наредил да ги прашаат:

„Кој ајет опфаќа сè во Чесниот Кур’ан?“

Хазрети Абдуллах бин Мас’уд на тоа одговорил:

„Тој Ден луѓето ќе излегуваат во одделни групи, да им бидат покажани делата нивни.

„Па, кој направи и трошка добро ќе го види, а кој направи и трошка зло ќе го види.“

(99:7-9)

Хазрети Омар р.а. потоа прашал:

„Кој ајет од Чесниот Кур’ан влијае на некого да трепери од него?“

Хазрети Абдуллах бин Мас’уд одговорил:

„(Одлуката) нема да биде донесена според вашите желби, нити желбите не следбениците на Книгата.

Секој оној кој чини зло ќе биде казнет за тоа; и он за себе нема да најде пријател или помагач освен Аллах.“

(4:124)

Хазрети Омар р.а. поставил прашање:

„Кој ајет од Чесниот Кур’ан најмногу ветува?“

Хазрети Абдуллах бин Мас’уд одговорил:

„Ти кажи: ’О, робови мои кои сте чинеле неправда со своите души!

Не губете надеж во Аллаховата милост, навистина, Аллах ги опростува сите гревови.

Навистина, Аллах нај веќе опростува, и милостив è.“

(39:54)

Хазрети Абдуллах пренесува:

„Еднаш хазрети Абдуллах бин Мас’уд се чувствувал болно и поради тоа бил доста загрижен. Ние му кажавме дека никогаш порано не сме го виделе толку загрижен поради болеста. Тој одговорил дека се разболел ненадејно и дека не се чувствува подготвен да се соочи со животот после смртта, и дека тоа го загрижува.“

Со благослов од Аллах хазрети Абдуллах бин Мас’уд во последните години од својот живот бил доста истакнат и во тој период неговите финансии изнесувале околу 95 илјади дирхами. Тој, во својот тестамент напишал дека неговите ќефини ќе бидат доста едноставни и дека нивната цена ќе биде 200 дирхами.

Хазрети Осман р.а. ја клањал неговата џеназа и бил закопан во Џеннетул Бакии’ навечер.

Друг асхаб кој ќе го спомнам денес е хазрети Кудама бин Маз’ун. Тој бил брат на хазрети Усман бин Маз’ун и сопруг на хазрерти Сафија, а таа била сестра на хазрети Омер р.а..

Хазрети Кудама бин Маз’ун имал повеќе бракови. Една од неговите сопруги била Хинд бинт Валлид кој била мајка на Умар и Фатима, другата сопруга се викала Фатима бинт Ебу Суфијаан која ја родила Ајша. Другата сопруга се викала Умми Валд која го родила Хафзах и следната сопруга му била хазрети Суфија бинт Хитаб која го родила хазрети Рамлах.

Имал 19 години кога го прифатил исламот, значи бил многу млад и после тоа целото негово семејство се преселило од Мека во Медина, оставајќи го таму целиот свој имот.

Неговото семејство во Медина го примил Абдуллах бин Салма Ујлани.

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се преселил од Мека во Медина тој определил постојан престој за хазрети Кудама и на неговиот брат, и му доделил одреден дел земјиште.

Хазрети Кудама бил еден од првите Муслимани кој учествувал во преселбата во Абисинија и Медина. Учествувал во битката кај Бедр, Ухуд и во останатите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Кога хазрети Усман бин Маз’ун починал после себе оставил една ќерка во врска со која го советувал својот братхазрети Кудама. Хазрети Кудама се согласил за една понуда за брак за неа, меѓутоа, таа и нејзината мајка сакале понуда од друга личност.

Тоа му било преставено на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и тогаш тој ги повикал хазрети Кудама и му рекол:

„Оваа девојка е сирак. Таа ќе се омажи за оној кој го сака. Таа ќе го прифати оној кој го сака од двајцата кои ја проселе.“

Ова била одлуката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на тој начин Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и дозволил избор на жената и ги советувал муслиманите добро да внимаваат на сираците.

Ова била одлуката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на тој начин жените добиле слобода на избор и, од друга страна, сирачињата да можат да добија посебно внимание.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се потрудил никој да не постапува лошо спрема неа бидејќи нејзиниот татко починал.

Хазрети Кудама починал во 36-та година после Хиџра во 68-та година од животот.

Нека Возвишениот Аллах ни овозможи да ги следиме стапките на овие луѓе кои имале длабоко знаење во однос на верата, и преку нивната лојалност  и веродостојност покажале големо ниво на љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и нека тој не ни дозволи да бидеме дел од нереди и непријатности.

После Хутбата јас ќе клањам две џенази за личности кои се отсутни.

Првата џеназа се однесува на Госпоѓата Аматул Хафиз Бхатти, сопруга на Господинот Махмууд Бхатти од Карачи. Таа подолго време служела како Претседателка на Лаѓна (Организација на жените) во дистриктот Карачи. Починала на 27-ми Септември во 93-та година од животот.

Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.

Втората џеназа се однесува на Господинот Аднан Ванденброецк кој служел како Национален Секретар Аммур-и-Кхарѓа (Надворешни работи). Починал на 29-ти Септември.

Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.

Неговиот татко, Господин Ризван Вандерброецк, бил првиот Ахмади муслиман во Џемаатот на Белгија, кој Ахмадијатот го примил во 1960 година. Господин Аднан не го прифатил Ахмадијатот поради неговиот татко, туку тој самиот истражувал и после извесно време, во 1994 година, тој го прифатил Ахмадијатот.

Бил активен во Таблигх, редовно клањал намази, верно му служел на Џемаатот и лојално и служел на Институцијата Хилафет. Ги прател хутбите секој петок и потоа ги учел своите деца  да ги преслушуваат хутбите. Имал силни врски со Хилафетот.

Нека Возвишениот Аллах го воздигне неговиот статус и нека му ја подари Неговата милост.

Нека Аллах џ.ш. на Џемаатот му подари многу личност како него.

После него остануваат неговата сопруга, син и ќерка.

Нека Семоќниот Аллах им овозможи да ја зацврстат верата, да се воздигна повисоко во изучувањето на верата и нека ги поотикне да ги следат чекорите на нивниот татко.

Амин!