In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Доблесни луѓе

По учењето на тyашахуд, та’уза и сура А-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

Јас денес ќе зборувам за асхабите за кои сведоштвата се сочувани само во одредени фрагменти и приказната за нив ќе направи нивните имиња и историјата на овие асхаби кои учествувале во битката на Бедр да бидат сочувани во литературата на Џемаатот. Нивното спомнување и сеќавање на нив, за нас, е извор на благослови бидејќи тие биле слаби и сиромашни но со голема решителност да ја одбранат својата вера. Тие никогаш не стравувале од своите противници, туку наместо тоа, сета доверба ја ставиле во рацете на Семоќниот Аллах.  Тие се заколнале на верност и љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тие биле подготвени и животите да ги дадат придружувајќи се до овој завет. Семоќниот Аллах им дал радосни вести за Џеннетот и најавил дека Он бил задоволен од нив.

Хазрети Абдул Рабби бин Хакк бин Аус бил асхаб за кого мислењето било поделено. Едните, тврделе дека неговото име било Абдул раб, додека другите зборувале дека било Абдуллах. Тој бил од семејството Бану Са‘адах од племето Бану Кхазрај и тој учествувал во битката на Бедр.

Ќе го спомнам Хазрети Селма бин Тхабит. Неговото полно име било Салма бин Табит бин Вакхаш. Хазрети Салма учествувал во битката на Бедр. Во текот на битката на Ухуд бил убиен од страна на Абу Суфијан. Неговиот брат Амр бин Тхабит исто така бил убиен во текот на битката на Ухуд.

Хазрети Синан бин Саифи Набави како резултат на пренесување на пораката на Мус‘аб Умаира го прифатил исламот. Исламот го прифатил заедно со 70 асхаби во текот на заветот на Акба Тханиа. Учествувал во битките на Бедр и Ухуд. Исто така се борел кај Рововите и таму станал шехид.

Хазрети Абдуллах бин Абди Манаф му припаѓал на племето Ну‘ман. Имал една ќерка која се викала Хумаима, а името на нејзината мајка било Руба бин Туфаи. Тој учествувал во битките на Бедр и на Ухуд.

Хазрети Махриј бин Амир бин Малик учествувал во битката на Бедр. Денот кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. требало да тргне во битката на Ухуд тој починал. Тој се вбројува меѓу оние кои учествувале во битката на Ухуд затоа што тој имал намера да учествува во битката.

Хазрети Азиз бин Ма‘ис, бил Ансар асхаб (тие кои живееле во Медина). Неговото име било Азиз бин Ма‘ис. Со својот брат, хазрети Му‘адх бин Ма‘ис, учествувал во битката на Бедр. И тој, со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. учествувал во сите битки. Хазрети Азиз бин Ма‘ис бил вплеткан во случката на Баир-е-Ма‘унах и исто така учествувал во битката на Кундака. Бил убиен во битката на Јамам.

Хазрети Абдуллах бин Салма бин Малик им припаѓал на Ансарите на племето Бали. Учествувал во битките на Бедр и на Ухуд и бил убиен во текот на битката на Ухуд. Кога хазрети Абдуллах бин Салма бил убиен, во заедничка облека бил завиткан заедно со хазрети Мујаззир бин Заид и на камила биле донесени во Медина. Мајката на хазрети Абдуллах бин Салма дошла кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и рекла:

„О Аллаховиот Пратенику! Мојот син учествуваше во битката на Бедр и беше убиен во битката на Ухуд. Јас сакам да го донесам блиску до мене, односно, сакам да биде погребан во Медина за да бидам во неговата близина.“

Чесниот Пратеник с.а.в.с. тоа го одобрил.

Хазрети Абдуллах бин Салма бил добро граден, развиен и тежок, додека хазрети Мијаззир бин Заид бил слаб и лесен. Во хадисите е спомнато дека и наспроти тоа нивната тежина изгледала еднаква кога ги ставиле на камила. Поради тоа, луѓето изгледале зачудени на што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им кажал дека делата и на едниот и на другиот ги направиле еднакви.

Хазрети Мас‘уд бин Кхалда. Неговото име било Мас‘уд бин Кхалда, меѓутоа, само во некои преданија е спомнат како Мас‘уд бин Кхалид. Тој учествувал во битките на Бедр и на Ухуд. Според некои преданија, се верува дека бил убиен во текот на случката Баир‘ е-Ма‘унах, додека според другите преданија тој бил убиен во текот на битката на Кхаибар.

Хазрети Мас‘уд бин Са‘д Ансари учествувал во битките на Бедр и на Ухуд. Според одредени сведоштва, хазрети Мас‘уд бин Са‘д бил убиен во текот на случката Баир-е-Ма-унах. Меѓутоа, според Мухаммед бин Амаарах и Абу На‘еем, тој бил убиен во текот на битката на Кхаибар.

Хазрети Заид бин Аслам, исто така, бил Ансар. Учествувал во битките на Бедр и на Ухуд. Убиен е на денот Гхузакха додека се борел со Тулаиха бин Кхуваиид А-Асади, во текот на Халифатот на Абу Бекир. Гхузакха е името на фонтана во Најда, каде муслиманите воделе борба против Тулаих бин Кхуваилиди Ал-Асад, кој се побунил против муслиманската држава и го тврдел пратеништвото.

Аб-ул-Мунзир бин ‘Амир. Неговото име спомнато и како Јазид бин ‘Амр. Бил Ансар и му припаѓал на племето Бану Савад. Заветот го дал на ‘Акаба и учествувал во битките на Бедр и на Ухуд.

Хазрети Амр бин Тха‘лабах бил Ансар му припаѓал на племето Бани‘Ади. Многу по познат бил по својата вообичаена титула. Учествувал во битките на Бедр и на Ухуд. Хазрети ‘Амр бин Тха‘лабах пренесува дека со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се сретнал на Сајала и исламот го примил токму на ова место, и во таа прилика Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја ставил својата рака на неговата глава.

Хазрети Абу Кхалид бин Харитх бин Каис бин Кхалид бин Муххаллид му припаѓал на Ансарите на племето Бану Зураик. Заветот го дал на Акаба и вклучувајќи ја и битката на Бедр заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. учествувал и во сите други битки.

Заедно со хазрети Кхалид бин Валид се борел во битката Јамама и бил ранет. Раната зараснала, но во текот на Халифатот на хазрети Омер р.а. повторно се отворила и како резултат на тоа тој починал. Поради тоа тој се вбројува во шехидите на битката кај Јамама.

Абдуллах бин Тха‘лабах исто така бил Ансар. Неговото име било Абдуллах бин Тха‘лабах. Учествувал во битките на Бедр и на Ухуд.

Хазрети Маххаб бин Тха‘лабах им припаѓал на Ансарите на племето Бали. Хазрети Маххаб бин Тха‘лабах дал завет на ‘Акаба и учествувал во битките на Бедр и на Ухуд, заедно со својот брат, Абдуллах бин Тха‘лабах. Хазрети Маххаб бин Тха‘лабах исто така бил познат како Бахаатх бин Тха‘лабах.

Хазрети Малик бин Мас‘уд Ансари. Неговото име било Малик бин Мас‘уд и припаѓал на племето Бану Са‘ид. Учествувал во битките на Бедр и на Ухуд.

Абдуллах бин Каис бин Сакхр Ансари му припаѓал на племето Бану Салма. Заедно со својот брат Ма‘бад бин Каис учествувал во битките на Бедр и на Ухуд.

Хазрети Абдуллах бин ‘Абс Ансари. Се спомнуваа дека неговото име било ‘Абдуллах бин ‘Убаис. Заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. учествувал во битката на Бедр и во сите други понатамошни битки.

Хазрети Му‘аттиб бин Кушаир Ансари. Во некои преданија е спомнато дека неговото име било Му‘аттиб бин Башир. Припаѓал на огранокот Бану Зубаи‘ах на Ансари пелемето Ауса. Хазрети Му‘аттиб Башир учествувал во заветот на баи‘атот на ‘Акаба и исто така учествувал во битките на Бедр и на Ухуд.

Хазрети Савад бин Разн Ансари. Неговото име било Савад бин Разн. Меѓутоа, во некои преданија е спомнато дека неговото име било Асвад бин Разн и исто така Савад бин Зураик. Учествувал во битките на Бедр и на Ухуд.

Потоа, тука е асхаб по името хазрети Му‘аттиб бин ‘Ауф. Тој исто така бил познат како Му‘аттиб бин Ал-Хамра. Неговата титула е Абу ‘Ауф. Хазрети Му‘аттиб бин ‘Ауф учествувал во второто иселување кон Хабеш (Абесинија). Вклучувајќи ги битките на Бедр, Ухуд и Кандаку (кај рововите), хазрети Му‘аттиб бин ‘Ауф учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Хазрети Му‘аттиб бин ‘Ауф починал на седумдесет и осум години.

Хазрети Бухаир бин Аби Бујаир учествувал во текот и на двете битки, и на Бедр и во битката на Ухуд.

Хазрети Амир бин Бакеер бил племето Бану Са‘д и учествувал во битката на  Бедр и неговите браќа, хазрети Ајас бин Бакеерм, хазрети ‘Акил бин Бакеер и хазрети Кхалид бин Бакеер заедно со него се бореле во битката на Бедр. Сите учествувале и во останатите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Покрај тоа, овие браќа исламот го примиле ислам во Дар-Аркам. Хазрети Амир бин Бакеер бил убиен на денот на битката на Јамама.

Хазрети Амр бин Сурака бин А-Му‘тамар. Неговото полно име било хазрети Амр бин Сурака бин Му‘тамар.

Хазрети Амр бин Сурака се борел во битките на Бедр, Ухуд и кај рововите, и во сите други битки со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Амир бин Раби‘ах пренесува:

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не прати во експедиција на Никхла и со нас беше хазрети Ар бин Сурака. Тој беше слаб и висок. Во текот на патувањето хазрети Амр бин Сурака седна и се држеше за стомак бидејќи немавме ништо за јадење и пиење. Тој не можеше да продолжи да оди поради голема глад и жед. Така, врзавме камен на неговиот стомак по што беше во состојба да продолжи да оди со нас. Потоа, стасавме кај едно арапско племе каде ни овозможија да спиеме и ни дадоа храна. После тоа тој беше во состојба да продолжи понатаму.

Асхабите исто така уживаа во моменти на шегување така што еден од нив откако завршивме со јадење и откако го одврзаа хазрети Амр бин Сурака рече:

’Јас прво мислев дека и двете негови нозе го потпираат неговиот стомак но денес сфатив дека стомакот ги потпира нозете‘.“

Ако човекот е со празен стомак, не може да оди. Хазрети Ама бин Сурака починал во текот на халифатот на хазрети Омер р.а..

Хазрети Табит бин Хузаал бил асхаб од Бану Амр бин Ауф огранокот на Кхазрај племето. Учествувал во битките на Бедр, Ухуд, кај рововите и во сите останати битки со заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Во 12-та година после Хиџра бил убиен во текот на битката на Јамама, во текот на Халифатот на Абу Бекир р.а..

Хазрети Субаих бин Каис. Тој бил Ансар од племето Кхазрај. Тој се борел во битката на Бедр како и во битката на Ухуд. Починал, но немал син. Хазрети Убадах бин Каис бил негов единствен брат.

Хазрети Кхаббаббин Маула Утбах бин Гхазван бил ослободен роб на хазрети Утбах бин Гхазван. Хазрети Кхаббаб се борел во битките на Бедр, Ухуд, битка кај рововите и во сите останати битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Во 19-та година после Хиџра починал во Медина на педесет годишна возраст. Хазрети Умар р.а. ја клањал неговата џеназа.

Хазрети Суфијан бин Насар Ансари бил асхаб на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и се борел во битките на Бедр и на Ухуд.

Абу Магхша Ал-Та‘и  бил познат по титулата Абу Магхши. Неговото име било Су‘ад бин Магхши. Бил меѓу првите кои се иселиле. Учествувал во битката на Бедр.

Хазрети Вехаб бин Ади Суррах исто така бил асхаб. Муса бин Укба пишува дека се борел во битката на Бедр заедно со Амир.

Хазрети Тамим Маула Бану Гханам Ансари бил ослободен роб на Бану  Гхана Ал-Салем и се борел во битката на Ухуд.

Хазрети Абул Хамраа маула хазрети Харитх бин Афраа учествувал во битката на Бедр и во битката на Ухуд. Во текот на битката на Бедр, хазрети Му‘адх, хазрети Ауф и хазрети Му‘ввидх заедно со ослободениот роб Абул Хамраа имале камила која наизменично ја јавале.

Хзрети Абу Сабрах бин аби Рухм. Неговата титула била Абу Сабрах и била толку популарна што луѓето го заборавиле неговото вистинско име. Неговата мајка била Бараа бинт Абдул Мутталиб, која била тетка по мајка на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Така, според тоа, хазрети Абу Сабрах му бил роднина на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Абу Сабрах се иселил во Абисинија и во двете прилики. Во текот на второто иселување неговата жена Умм Култхум бинт Сухаил бин Амр била заедно со него. Имале три сина, Мухаммед, Абдуллах и Са‘ад. Кога хазрети Абу Сабрах се иселил од Мека во Медина живеел во куќата на Мундхир бин Мухаммед. Хазрети Абу Сабрах се борел во битките на Бедр, Ухуд, кај Рововите и бил со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и во сите останати битки.

Хазрети Табит бин Амр бин Заид. Ибн Исхак и Зухра учествувал во битката на Бедр и станал шехид во битката на Ухуд.

Хазрети Абул А‘вар Ал-Харитх. Постојат различни мислења за името хазрети Абул А‘вар Ал-Хартх. Тој бил од Бану Адијја бин Најјар огранок на Ансар Кхазрај племето. Се борел во битките на Бедр и на Ухуд.

Хазрети Абас бин Амир бин Аијја, бил меѓу оние 70 асхаби кои биле присутни на давањето на заветот на баи‘атот на Укба и учествувал во битките на Бедр и на Ухуд.

Хазрети Ајас бин Букаир исто така бил познат како Ибн-е-Аби Букаир. Хазрети Аакил, хазрети Амир, хазрети Ајјас и хазрети Кхалид, сите заедно го примиле исламот во Дар-е-Аркам. Хазрети Ајјас учестввуал во победата над Египет и починал во 34-та година после Хиџра, додека пак, според други преданија хазрети Ајјас бил убиен и станал шехид во текот на битката на Јамама. Неговите браќа, хазрети Му‘авиз и хазрети Акил биле убиени и станале шехиди во битката на Бедр. Хазрети Ајас бин Букаир учествувал во битката на Бедр, битката на Ухуд, битката кај Рововите и во сите останати битки на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тој бил меѓу првите кои се иселиле.

Хазрети Малик бин Намеела бил познат како Ибн-е-Намеела. Тој учествувал во битките на Бедр и Ухуд и бил убиен во битката на Ухуд.

Хазрети Анеес бин Катадах бин Рабее‘а. Во текот на битката на Бедр тој бил со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тој бил убиен во текот на битката на Ухуд од страна на Абдул Хакам бин Акхнас бин Шареек.

Хазрети Кханса бин Кхазам била мажена за хазрети Анес бин Катадах. Кога тој бил убиен во текот на битката кај Ухуд, таткото на хазрети Кханса договорил нејзина верска венчавка со човек од племето Музаин. Меѓутоа, тој нејзе не и се допаѓало и таа дошла кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја поништил верската венчавка на хазрети Кханса. Имено, нејзиниот татко направил верска венчавка но Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја поништил затоа што таа не била задоволна со неа. После ова, хазрети Кханса се омажила за хазрети Абу Лабаб и од тој брак е роден хазрети Саиб бин Аби Лабаба. Ова е пример кој е поврзан за правата на жените при избор на брачниот другар.

Тие кои на своите ќерки со сила им го наметнуваат избор на брачниот другар треба да се замислат над ова.

Хазрети Харитх бин Арфајах исто така бил асхаб. Учествувал во битките на Бедр и на Ухуд.

Хазрети Рафи‘ бин унјада Ансари учествувал во битките на Бедр, Ухуд и во битката кај Рововите. Според некои преданија Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. основал братска врска помеѓу хазрети Рафи‘ бин Анјадах и хазрети Хуссеин бин Харитх.

Хазрети Кхулаида бин Каис учествувал во битката кај Бедр и во битката на Ухуд. Името на неговиот брат било Кхалаад и според некои историчари тој исто така бил еден од асхабите кои учествувале во битката на Бедр.

Хазрети Сакаф бин Амр учествувал во битката на Бедр заедно со своите двајца браќа чии имиња се: хазрети Малик бин Амр и Батлај бин Амр. Хазрети Сакаф бин Амр учествувал во битките на Бедр, Ухуд Кхандака. Исто така, бил присутен при склапањето на договор на Худебија и бил убиен во Кхаибар.

За хазрети Сабра бин Фатик, Абдуллах бин Јоасаф вели:

„Сабра бин Фатик е оној кој земјата на Дамаск ја поделил помеѓу муслиманите. Тој се вбројува во асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои потекнуваат од Сирија.“

Неговиот татко вели дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека вагата е во рацете на Семоќниот Аллах. Он на одредени народи статусот им го воздига а предизвикува опаѓање на другите народи и тоа поради нивните сопствени дела.

Еднаш хазрети Сабра бин Фатик поминувал покрај хазрети Абу Дарда и тој рекол дека духовниот сјај на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го прати Сабра. Според некои сведоштва тој не учествувал во битката на Бедр, меѓутоа, Имам Бухари и него и неговите браќа ги вклучил меѓу оние асхаби кои учествувале во битката на Бедр.

Ова беше опис на асхабите. По џума намаз јас ќе клањам џеназа за починатите чии тела се отсутни.

Првата џеназа се однесува за почитуваниот Умко Аднан Исмаеел сахиб, претседател на Џемаатот во Малезија. Тој починал на 8-ми октомври во 74-та година од животот.

Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Во 1986 година хазрети Халифа-тул Месих IV р.х. го одредил за претседател на Џемаатот на Малезија и во текот на неговиот мандат во Џемаатот се воведени многу промени, и постигнат е голем напредок. Баит-ул-ислам и Баит-ул-Рехман се зградите кои се завршени во текот на неговото време. Тој, исто така, дал голема помош во доведувањето на мисионери од Индонезија во Малезија. Слично на тоа, ги пратил студентите од Малезија на школување во Рабва џамијата и во Кадијана.

Нека Возвишениот Аллах ја воздигне неговата положба и нека неговите потомци ги продолжат добрите дела и нека останат во силна врска со Џемаатот.

Другата џеназа е за Хамида Бегум сахиб, која беше жена на Чаудхрј Кхалил Ахмад сахиб од Рабва. Таа почина на 5-ти октомври во 84-та година од животот.

Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.

Беше редовна во извршувањето на намазите, како и во тахаџуд намаз. Неколку пати на ден го учеше Чесниот Кур‘ан. Нека Возвишениот Аллах ја воздигне нејзината положба и нека ги оспособи нејзините потомци да останат верни во својата поврзаност со верата.