In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Извонредни личности

После учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (а.т.б.а.) рече:

Бидејќи се продолжува оваа низа на проповеди од различни аспекти за животот на асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кои учествувале во битката кај Бедр, јас денес ќе зборувам за уште неколку асхаби.

Како прв ќе го спомнам Кхаули бин Абу Кхаули кој учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ги битките кај Бедр и Ухуд. Хазрети Кхаули бин Абу Кхаули умрел во текот на Халифатот на хазрети Омер р.а..

Следниот асхаб бил хазрети Рафе’ бин Ал-Му’алла. Хазрети Рафе’ бин Ал-Му’алла му припаѓал на огранокот Бану Хабиб на племето Кхазрај. Негова мајка била Идаамн Бинт’Ауф. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил врска на братство помеѓу хазрети Рафе’ бин Ал-Му’алла  и хазрети Сафван бин Баидхаа. Тие и двајцата учествувале во битката кај Бедр. Во согласност со некои раскажувања и двајцата биле убиени во текот на битката кај Бедр.

Следниот асхаб бил хазрети Зусх-Схималаин бин ‘Абди ‘Амр. Неговото право име било ‘Умаир а го викале Абу Мухаммад. Ибн Хисхам кажува дека го нарекувале Зусх-Схималаин но, всушност, тоа не било неговото вистинско име. Овој прекар го добил бидејќи ја користел својата лева рака. Во согласност со другите раскажувања тој можел подеднакво да ги користи и двете раце. Сепак, го нарекувале Зул Јадаин. Му припаѓал на племето Бану Куаз’ах, кое било сојузник со племето Бану Зухраха. Кога хазрети Омер се иселил од Мека во Медина тој останал во куќата на хазрети Са’ад бин Кхаисама. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братство помеѓу него и Јазид бин Харис. И двајцата биле убиени во текот на битката кај Бедр.

Следниот асхаб бил хазрети Рафе’ бин Јазид. Тој му припаѓал на огранокот Бану Зухоор Абдул Асх-Хал на племето Аус Ансарија. Мајката на хазрети Рафе’ бин Јазид, Акраб Бинт Му’аз била сестра на познатиот асхаб Са’ад бим Му’аза. Хазрети Рафе’ бин Јазид учествувал во битките кај Бедр и Ухуд. Во склад со едно предание, тој патувал си камилата на Саеед бин Заид на денот на Битката кај Бедр. Бил убиен е во текот на Битката кај Ухуд.

Следниот асхаб бил хазрети Закван бин ‘Абд-и-Каис р.а.. Го викале Абу Сабух. Учествувал и на првиот и на вториот Баи’ат (завет) на Акабаху. Еден од аспектите кои се однесуваат на него а кои треба да се истакнат е дека се иселил од Медина и отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во Мека. Во тоа време Чесниот Пратеник с.а.в.с. сè уште бил во Мека. Го нарекле Ансари Мухајјир. Во Мека се иселил за да биде поблиску до Чесниот Пратеник с.а.в.с. и таму останал извесно време. Учествувал во Битките кај Бедр и Ухуд. Убиен е во Битката кај Ухуд.

Следниот асхаб бил хазрети Кхавад бин Јубаир Ансари. Го нарекувале ‘Абдуллах хазрети Кхавад, и бил со среден раст. Умрел ви Медина во 40-та година после Хиџра на возраст од 74 години. Во склад со едно предание се вели дека тој доживеал 94 години.

Хазрети Кхавад бин Јубаир Ансари тргнал во Битката кај Бедр заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., меѓутоа, во текот на патот доживеал повреда од еден доста остар камен поради што Чесниот Пратеник го пратил назад во Медина. Сепак, Чесниот Пратеник го вклучил во распределбата на пленот добиен од Битката на Бедр. И тој се смета како еден од учесниците во Битката на Бедр. Заедно со Чесниот Пратеник учествувал во сите битки, вклучувајќи ги Битките на Бедр, ухуд и Хендек.

Хазрети Кхавад вели:

„Чесниот Пратеник с.а.в.с. еднаш ме посети додека бев болен. Откако потполно оздравев тој ми рече:

’О Кхавад, твоето тело во целост закрепна. Поради тоа, исполни го својот завет со Аллах џ.ш..‘

Јас му одговорив:

’Јас ништо му немам ветено на Аллах џ.ш..‘

Чесниот Пратеник ми рече:

’Не постои болен човек кој не положил заклетва или намера (да направи нешто) во текот на боледувањето. (Таква личност сигурно му ветила на Возвишениот Бог дека ќе направи нешто доколку Он му подари добро здравје). Така да, исполни го своето ветување на Аллах џ.ш. искрено делувајќи според она што си го кажал‘.“

Значи, ова е нешто за што мора длабоко да размислиме и да обрнеме големо внимание на тоа.

Следниот асхаб бил хазрети Рабееа бин Аксам. Го нарекувале Абу Заид. Хазрети Рабееа бин Аксам бил низок човек и му припаѓал на племето Асад бин Кхузаимах, и тој се смета меѓу Мухајиреен асхабите.

После селидбата во Медина, останал во куќата на хазрети Мубасхир бин ‘Абдул Мунзира заедно со неколку други асхаби. Имал 30 години кога учествувал во Битката кај Бедр. Покрај Битката на Бедр учествувал и во Битките на Ухуд и Хендек. Бил соучесник и во Договорот на Худејбија, а учествувал и во Битката на Хајбер, каде бил убиен. Умрел во 37-та година од животот.

Следниот асхаб бил хазрети Рифа’ бин ‘Амр Ал-Јахан. Тој бил познат како Вадија бин ‘Амр. Учествувал во битките кај Бедр и Ухуд. Му припаѓал на огранокот Бану Најјара, на племето Ансари.

Хазрети Заид бин Вадија е уште еден асхаб кој ќе го спомнеме денес. Хазрети Заид му припаѓал на племето Ансарија од Кхазраја. Учествувал во Баи’ат-е-Укбах, Битките на Бедр и Ухуд, а бил убиен во Битката на Ухуд.

Следниот асхаб бил хазрети Рибее’ бин Рафи’. Му припаѓал на племето Ајлаан и учествувал во Битките на Бедр и Ухуд.

Следниот асхаб бил хазрети Заид бин Музаин. Негов татко бил Музаин бин Каис. Хазрети Заид бил спомнуван како Јазид бин Ал-Музаин. Му припаѓал на племето Кхазрај. Учествувал во Битките кај Бедр и Ухуд. Во текот на селидбата во Медина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братска врска помеѓу хазрети Заид и хазрети Мистах бин Утхатх.

Следниот асхаб бил хазрети Ајјаз бин Зухаир. Го викале Абу Са’ад, а неговата мајка се викала Салма бинт ‘Амир. Му припаѓал на племето Фехер. Учествувал во втората селидба во Абисинија (Етиопија). По своето враќање се преселил во Медина и останал во куќата на хазрети Култхум бин Ал-Хадем. Учествувал во сите битки, вклучувајќи ги Битките кај Бедр, Ухуд и Хендек. Умрел во Медина во 30-та година после Хиџра во текот на Халифатот на хазрети Осман р.а..

Следниот асхаб бил хазрети Рифа бин Амр Ансари. Го викале Абу Валеед и му припаѓал на племето Бану ‘Ауфбин Кхазрај. Неговата мајка се викала Умме Рафа’а. Учествувал во вториот Баи’ат на Акабах заедно со 70 други асхаби. Учествувал во Битките кај Бедр и Ухуд, а бил убиен во Битката кај Ухуд.

Хазрети Зијаад Амр бил познат како Ибн-е-Бисхир, и му припаѓал на племето Ансари. Учествувал во Битката кај Бедр. Му припаѓал на огрљанокот Бану Саида бин Ка’аб. Во склад со други преданија, тој бил ослободен роб на Бану Саида бин Ка’aба Ал-Кхазраја.

Следниот асхаб бил хазрети Саалим бин ‘Умаљир бин Тхабитх. Му припаѓал на племето Ансарија, на огранокот Бану ‘Амр бин ‘Ауф. Учествувал во првиот Баи’ат Акбах. Хазрети Салим учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ги Битките кај Бедр, Ухуд и Хендек.

Во текот на Битката кај Табук група сиромашни асхаби кои сакале да учествуваат во Битката кај Табук се појавиле пред Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ридајќи бидејќи немале никакви средства, а во таа група бил и хазрети Салим. Таа група од седум асхаби се појавила пред Чесниот Пратеник с.а.в.с. во момент кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се упатувал кон Табук, и од него побарале да им се дадат средства за превоз до Табук за да земат учество во Битката. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им рекол:

„Да, моментално немам ништо да ви дадам.“

Но, тие не барале коњи ниту камили, туку барал само обувки бидејќи не можеле да одат боси на бојното поле.

Колку муслиманите во тоа време биле сиромашни!

Хазрети Салим живеел до времето на хазрети Му’авиј.

Следниот асхаб бил хазрети Сарааках бин Ка’би и му припаѓал на племето Бану Најјар. Неговата мајка се викала ‘Умаирах бинт Ну’ман. Хазрети Саракаах учествувал во сите битки заедно Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ги Битките кај Бедр, Ухуд и Хендек. Умрел во времето Му’авиј, и во склад со преданијата од Калбија, убиен е во Битката кај Јамами.

Следниот асхаб бил хазрети Саа’иб бин Маз’оон. Тој бил биолошки брат на хазрети Осман бин Маз’оон. Бил меѓу првите асхаби кој се иселил во Абисинија и имал чест да учествува во Битката кај Бедр. Хазрети Саа’иб имал чест да се занимава со трговија заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Следниот асхаб бил хазрети ‘Асим бин Каис. Му припаѓал на племето Ансари, на Тха’лабах бин Амр огранокот. Учествувал во Битките на Бедр и Ухуд.

Следниот асхаб бил хазрети Туфаил бин Малик бин Кханса. Хазрети Туфаил му припаѓал на Бану Убаид бин Ади, огранок на племето Кхазрај. Учествувал во Баи’атот на Акбах, Битката кај Бедр и Битката кај Ухуд.

Следниот асхаб бил хазрети Туфаил бин Ну’ман. Му припаѓал на огранокот Кхазрај од племето Ансари. Негова мајка била Кхансаа бинт Ријаа, која била тетка, од таткова страна, на хазрети Јаабир бин Абдуллах. Тој учествувал на Баи’атот на Акабах, како и во Битката кај Бедр. Хазрети Туафил учествувал и во Битката кај Ухуд и тој ден здобил 13 повреди. Учествувал и во Битката кај Хендек  и во текот на таа битка бил убиен.

Следниот асхаб бил хазрети Захаак бин Абд А’мр. Му припаѓал на племето Бану Динар бин Најјар. Неговиот татко се викал ‘Абд Амр а негова мајка била Сумаирах бинт Каис. Тој и неговиот брат Ну’ман учествувале во Битката на Бедр и Битката на Ухуд. Хазрети Ну’ман умрел во текот на Битката на Ухуд.

Следниот асхаб бил хазрети Захаак бин Харитха. Хазрети Захаак му припаѓал на огранокот Кхазрај на племето Ансари. Неговиот татко се викал Харитха а негова мајка била Хинд бинт Малик. Хазрети Захаак учествувал во Баи’атот на Акабах заедно со 70 други асхаби. Тој учествувал во Битката кај Бедр.

Следниот асхаб бил хазрети Кхаллад бин Сувеид Ансаари. Му припаѓал на огранокот Бану Хатрих од племето Кхазрај. Хазрети Кхаллад учествувал во Баи’атот на Акбах. Тој учествувал и во Битките на Бедр, Ухуд и Хендек. Во Битката на Кураизах една жена еврејка, која се викала Бунанах, на него фрлила многу тежок камен кој предизвикал фатална повреда на неговата глава поради што умрел.

Следниот асхаб бил хазрети Аус бин Кхаули Ансари. Го викале Абу Лајла и му припаѓал на Бану Слаим бин Гханам бин Ауф на огранокот Кхазрај на племето Ансари. Негова мајка била Јамеела бинт Убајј, која била сестра на Абдуллах бин Убајја бин Салула.

Учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вклучувајќи ги Битките на Бедр, Ухуд и Хендек.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братска врска помеѓу него и хазрети Схујаа’ бин Вахаб Ал-Асади.

Хазрети Аус бин Кхаули се сметал дека им припаѓа на Камеилеените. Во текот на незнаењето, во раните денови на исламот, лицето кое знаело да пишува на арапски, бил стручен во стрелањето и бил добар пливач го викале Камил. Оној кој ги поседувал спомнатите три вештини се сметал за Камил, а сите три вештини биле препознаени кај хазрети Аус бин Кхаули.

Хазрети Аус бин Кхаули кажува дека еднаш дошол пред Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и тој му рекол:

„О, Аус! Оној кој ја прифати понизноста и кроткоста поради Возвишениот Бог, Он за возврат ќе го воздигне неговиот статус. А, оној кој е арогантен, Возвишениот Бог ќе го понижи.“

Ова навистина беше значајна лекција за нас, која секогаш треба да ја имаме на ум. Нека Возвишениот Бог продолжи да ја воздига позицијата на овие благородни асхаби р.а..