In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Исклучителни луѓе

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Хазрети Халлад бин Амр бин Ѓаму Ансарија бил асхаб на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и тој учествувал во битката на Бедр, заедно со својот татко хазрети ‘Амр Бин Ѓаму‘ и со браќата хазрети Му‘азм хазрети Абу Аиман и хазрети Му‘авваз.

Името на неговата мајка било хазрети Хинд бинт Амр, името на нејзиниот татко било како и името на нејзиниот маж Амр, и таа од таткова страна била роднина на хазрети Ѓабир бин Абдуллах. На Ухуд таа телата на својот маж, брат и син ги ставила на камила кога тие станале шехиди.

Деталите за оваа случка се следни:

„Божја волја било шехиди од Ухуд да бидат погребани на Ухуд.

Хазрети Ајша р.а. со уште николку жени од Медина отишле да извидат и до дознаат информации во врска со битката на Ухуд. Во тоа време  наредбата во врска со хиџаба сè уше не била на сила.

Кога хазрети Ајша стасала до Хара ја сретнала Хинд бин Амр, која била сестра на Абдуллах бин Амр. Хазрети Хинд ја водела својата камила на која се наоѓале телата на нејзиниот маж хазрети Амр бин Ѓаму, на нејзиниот син хазрети Халлад бин Амр и на нејзиниот брат хазрети Абдуллах бин Амр. Хазрети Ајша прашала дали таа има било каква информација во врска со состојбата на луѓето кои се бореле на Ухуд.

Хазрети Хинд одговорила:

’Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е добро, а по него сите тешкотии се лесни.‘

Тоа значело дека се додека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е добро и е жив ништо друго не е важно.

По ова хазрети Хинд го проучила следниот ајет:

„А Аллах ги вратил неверниците во нивниот гнев; и тие не го постигнаа доброто. И Аллах им бил доволен на верниците во борба. А Аллах е силен и моќен.“

Хазрети Ајша р.а. ја прашала кој е на камилата. Хазрети Хинд одговорила:

’Мојот брат, синот Халлад и мажот Амр бин Ѓаму.‘

Хузур додава дека можеби веќе тоа го кажал но ќе повтори дека името на мажот на хазрети Хинд било Амр.

Хазрети Ајша р.а. ја запрашала каде ги носи телата. Таа и одговорила дека ги носи во Медина за да ги погребе. Како и да е, камилата на која биле телата не сакала да оди кон Медина туку стално се враќала кон Ухуд.

По ова хазрети Хинд отишла кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и му кажала што се случува. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека камилата ја има својата работа која мора да ја заврши. Возвишениот Аллах и дал наредба да не се враќа во Медина туку да се врати на Ухуд.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја прашал дали нејзиниот маж пред поаѓањето во војна кажал нешто. Таа одговорила:

’Кога Амр требаше да тргне не Ухуд се обрна кон Каба и кажа:

’О Аллах! Не носи ме назад во семејството засрамен и овозможи ми да станам шехид‘.‘

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

’Тоа е причината поради која камилата не сака да се врати.‘

Потоа кажал:

’О Ансарии! Постојат толку побожни луѓе што кога ќе се заколнат во името на Аллах џ.ш., Он сигурно тоа ветување ќе го оствари, а Амр бин Ѓаму беше еден од нив.‘

Потоа и се обратил на Хинд:

’О Хинд! Од како твојот брат стана шехид, мелеците се собра околу него и чекаат инструкции за неговиот погреб.‘

Чесниот Пратеник Муахммед с.а.в.с. останал таму сè додека не ги погребале. Потоа кажал:

’О Хинд! Амр бин Ѓаму, твојот син Халид и твојот брат Абдуллах заедно се собраа во Џеннет.‘

Хинд го замолила:

’О Аллаховиот Пратенику! Те молам да се молиш за мене Семоќниот Аллах да ми овозможи да бидам во нивното друштво‘.“

Друг асхаб за кој денес ќе зборувам е хазрети Укаба бин Аамир. Името на неговата мајка било Фукаихах бинт Сакан а неговиот татко бил Аамир бин Нааби. Неговата мајка го прифатила Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и била почестена Баи‘атот (заклетва) да го земе токму од него.

Хазрети Укаба бин Амр бил меѓу шесте асхаби кои исламот го примиле во Мека и Баи‘ат го земале во текот на првиот Баи‘ат во Акбах. Во единаесетта година на пратеништвото, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се состанал со луѓе од Јасраба и Мека. Многу љубезно Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги прашал дали ќе го сослушаат во врска со одредени работи кои тој би сакал да им ги каже. Тие му одговориле дека ќе го ислушаат и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. седнал, ги повикал во исламот, проучил неколку ајети од Чесниот Кур‘ан и ги информирал за неговата мисија. Овие луѓе се погледнале помеѓу себе и рекле дека ова е прилика Евреите да не ги претекнат и дека сите станале муслимани.

Хазрети Укаба бин Амр р.а. бил еден од тие шестмина кои во таа прилика го примиле исламот. По ова луѓето побарале од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да си одат и рекле:

„Граѓанската војна ни донесе многу штета и несогласувања. Ние ќе се вратиме во Јасраб и на нашите браќа ќе го проповедаме во исламот. Било би добро Возвишениот Аллах повторно преку тебе да не собере. Тогаш би биле подготвени да ти помогнеме на сите можни начини.“ Потоа, овие луѓе си заминале и поради нив исламот почнал да се шири во Јасраб (Медина).

Таа година Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја поминал во Мека. Пратеникот с.а.в.с. размислувал за луѓето од Јасраб за тоа дали од поминувањето на овие шестмина ќе има некаков резултат, дали постои било каков знак на напредок во Јасраб или не.

Така, кога дошол Хаџџ, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. набргу отишол од својот дом и дошол во местото Акбах блиску до Мина и разгледувал. Наеднаш здогледал мала група луѓе од Јасраб кои веднаш го препознале. Тие со голема љубов и искреност пришле и се запознале со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Овој пат имало 12 луѓе, меѓу кои биле и петмина од минатата година и седум од оваа година.  Тие им припаѓале на племињата Аус и Хазраѓ. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. насамо се состанал со нив во една долина. Тие го информирале за состојбата во Јасраб и сите земале заклетва од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Овој Баи‘ат послужил како камен темелник за исламот во Медина. Зборовите на Баи‘атот биле:

“Дека ќе веруваме во Бог, и дека нема да му припишуваме партнер на Бог, нема да крадеме, нема да блудничиме, нема да убиваме, никому зло нема да нанесуваме и во сè добро тебе ќе те слушаме (Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.).“

По Баи‘атот Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Ако останете искрени во оваа заклетва и истрајни во неа ќе бидете наградени со Џеннет. Но, ако не ја исполните оваа заклетва ќе имате работа со Возвишениот Аллах, и Он со вас ќе прави што Он сака.“

Во историјата овој Баи‘ат е познат како прв Баи‘ат на Акба, бидејќи местото се нарекувало Акба, и се наоѓало помеѓу Мека и Медина. Буквалното значење на зборот Акба е ’воздигнат премин преку планина‘.

Додека се враќале во Мека, овие 12 нови муслимани побарале од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да прати учители кои ќе ги подучуваат на исламот и ќе го проповедаат исламот на нивните браќа идолопоклоници.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им го пратил Мус‘аб бин Умаир р.а. кој бил многу побожен млад човек од Абдуд-Дар племето.

Хазрети Укба бин Аамир учествувал во сите борби со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вклучувајќи ги и битките на Бедр, Ухуд, Хандаку. Тој на битката на Бедр бил забележителен со својата зелена облека.

Станал шехид во 12-та година по Хиџра во битката на Јамама, во текот на Халифатот на хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Укба бин Аамир пренесува:

„Дојдов кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со мојот син кој тогаш беше многу млад и му кажав на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.:

Нека моите родители бидат жртвувани поради тебе, те молам подучи го мојот син на дова со која Аллах џ.ш. ќе го благослови.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рече:

„О дете! Учи (арапски) што значи:

’О Аллах! Јас од Тебе барам здравје и да бидам верник и искрено да се молам за милост и за успех за да ја досегнам добродетелта‘.“

Нека Семоќниот Аллах продолжи да го воздига статусот на асхабите.

По ова јас ќе спомнам една побожна Ахмади жена од Америка, и ќе клањам нејзина џеназа во отсуство, и тоа по џума намаз. Нејзиното име е Алија Шехид. Таа почина на 26 декември. Семоќниот Аллах и подарил долг живот и овозможил да му служи на Џемаатот долго години. Имаше 105 години кога почина. Нека Возвишениот Аллах го воздигне нејзиниот статус.

’Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.‘

Амир сахиб од САД пишува дека таа Баи‘ат потпишала во 1963 година и од 1963-1966 служела како Претседател на Лаѓна (организација за Ахмади муслиманки). Во други оддели на Џемаатот служела 50 години.

Таа секогаш имала силна врска со Џемаатот и со Халифатот, и секогаш била подготвена за сите можни жртвувања. Била нежна и внимателна жена. Таа ги запомнила сите детали од првите Ахмади муслимани во Америка и често зборувала за нив.

Секогаш била во потера за знаење. Времето го поминувала во чистењето на џамијата, готвела и клањала. Не трагала само кон знаењето, времето го поминувала и во одржувањето на џамијата, и со сопствените раце му служела на Џемаатот. Сè од себе давала да го воспостави единството на сестрите и во последните денови многу писма им упатила.

Претседателката на Лаѓна пишува дека често повторувала еден ајет од Чесниот Кур‘ан кој таа од неа го слушнала:

„Сигурно Аллах ги сака оние кои борат на неговиот пат, и стојат во редовите како ѕидови залиени со олово.“

Сестра Алија зборувала дека во нејзино време 98% од новите муслиманки се придружувале преку Баи‘ат и на почетокот само добивале совет да ги клањаат петте дневни намази и да постат во месецот Рамазан. Исто така, не им кажувале веднаш да облечат хиџаб  туку прво им го насочувале вниманието кон пристојна облека а дури следниот чекор бил хиџаб.

Не е како денес кога имаме тренд да тие кои носат хиџаб да почнат да го соблекуваат. Таа ги упатувала чекор по чекор сè до повисокиот духовен напредок.

Сестра Алија вложувала голем напор во учењето на суфара и на учењето на Чесниот Кур‘ан така што подготвувала дневни програми. Сестрите кои би ги научила да го учат Чесниот Кур‘ан понатаму ги советувала да ги читаат преводите и коментарите во Чесниот Кур‘ан.

На 23 март 2008 година одржала говор на сестрите, во кој кажала дека следбениците на Ветениот Месија а.с. ширум светот се собираат во џамии и мисионерски куќи на први јануари за да клањаат тахаџуд и сабах во Џемаатот како благодарност кон Господарот, па зошто тогаш не би можеле тоа да го направиме повторно оваа година за да бидеме благодарни за 100 години од постоењето на Халифатот на Ветениот Месија а.с..

Понатаму кажала:

„О Аллаху мој! Отстрани сите препреки во напредокот на Ахмадијатот и подари ни победа која Ти ни ја вети. Нашиот, Ветениот Месија а.с. го поставил темелот на Џемаатот и сите нас не обединил како едно тело. Затоа, должноста на сите Ахмади муслимани е да чувствуваат болка еден за друг, да се помагаат меѓусебно, да учествуваат во среќата на другиот, да ја чувствуваат тагата на другиот. Со Милоста на Возвишениот Аллах ние сме едно.“

Во една порака упатена кон новите сестри таа напишала дека Семоќниот Аллах и дал посебна милост да го доживее и со своите очи да го види прогресот на Џемаатот. Семоќниот Аллах не благословил бидејќи не избрал да ја шириме пораката на исламот. Секоја недела имаме прилика да ги слушаме зборовите на Халифата на времето и да напредуваме во својата световна работа и во нашата вера претворајќи ги неговите инструкции во дела.

На крајот напишала:

„Господару мој, отстрани ги препреките во прогресот на Ахмадијатот. Направи од нас вистински пример на нашата вера и подари ни безбројни помошници.“

Таа имала пресудна улога новите афро Американки муслиманки да останат заедно.

Др. Рашида Ахмадм, која е родена Американка вели:

„Таа цврсто се држеше до учењето на исламот а другите нежно ги советуваше. Љубовта кон Возвишениот Аллах беше видлива во сите нејзини делови.“

Госпоѓата Кхулат пишува:

„Алија Сахиба ја запознав кога во 1949 година дојдов во Америка. Тогаш имав 8 години. Таа беше многу љубезна и на другите оставаше позитивен впечаток. Имаше силна врска со Халифатот. Ни зборуваше за нејзините писма од Муслех Мауд р.а.. Нејзината работа во Лаѓна на САД засекогаш ќе остане запаметена. Имаше голем духовен имиџ и иако имаше преку сто години редовно доаѓаше на Џалса, што е голем пример за нас.“

Нека Семоќниот Аллах го воздигне нејзиниот статус и нека жарта и службата која таа ги имаше за Џемаатот – како што напиша нејзиниот син – Семоќниот Аллах нека подари и нејзините потомци да одат по истиот пат.