In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Финансиско жртвување – Вакф-е-Џадид

После учењето на ташахуд, та’уза и Сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (Нека Аллах биде негов помошник) рече:

Денес е првиот петок во 2019 година. Најпрво сакам да им ја честитам Новата Година на сите Ахмади муслимани во светот. Нека Возвишениот Бог ја благослови оваа година и нека на сите ни донесе безбројни успеси.

Меѓутоа, треба да имаме на ум дека вообичаените честитки не ни се од никаква помош ниту ни помагаат да го здобиеме задоволството на Возвишениот Бог. Вистинската честитка за Нова Година е да ветиме дека ќе настојуваме да ги отстраниме нашите слабости и темнината во нас во Новата Година. Треба да ветиме дека ќе ги отстраниме слабостите од претходната година и ќе настојуваме да донесеме поголема и почиста промена од порано за која сме дале заклетва дека сето тоа ќе го постигнеме преку давањето Баи’ат со Ветениот Месија а.с..

Ветениот Месија а.с. детално ни објаснил каков треба да биде еден Ахмади муслиман. Тој вели:

„После давањето на завет личноста не треба само да верува дека оваа Заедница е вистинска и дека може да добива благослови само да верува во тоа… После влегувањето во оваа Заедница треба да настојуваме да бидеме честити и богобојазливи. Да се заштитиме од секое зло. Денот и ноќта да ги поминуваме во понизност. Да имаме чисти мисли и убаво изразување. Истигфар (барањето прошка) нека ни стане навика. Да чиниме дови во текот на дневните намази.“

Дови можеме да чиниме во текот на намазите само доколку го исполнуваме правото за намаз и доколку тоа го чиниме грижливо.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Делото се смета исклучително или исправно кога во него не постојат никакви мани.“

Значи ова е основата и стандардот на однесување. Ова е нашата цел. Вистинската богобојазливост лежи во постојаните напори на чинење добри дела преку целата година.

Нека Возвишениот Аллах ни помогне така да се однесуваме. Нека оваа година навистина ни донесе безбројни благослови во нашите животи и, исто така, да видиме исклучителни успеси во нашата Заедница.

После ова ќе се осврнам на денешната тема.

Како што знаеме годината Вакф-е-Џадид започнува во јануари. Новата година за Вакф-е-Џадид обично се најавува во првиот или вториот петок од месец јануари. Благодарение на милост  на Возвишениот Бог финансиското жртвување е истакната особина на Заедницата на Ветениот Месија а.с..

И, зошто не би било така! Во ова време, Ветениот Месија а.с. во светлината на наредбите од Чесниот Кур’ан и зборувањата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ни дал вистинско разбирање на финансиското жртвување.

Возвишениот Бог во Чесниот Кур’ан вели:

„Затоа, плашете се од Аллах колку што можете, и слушајте и покорувајте се, и трошете (на Неговиот пат), тоа ќе биде подобро за вас. А оние кои ќе бидат сочувани од алчноста на душата своја – тоа се оние кои ќе бидат успешни.“

Во следниот ајет тој вели:

„Ако вие на Аллах му дадете убав заем, Он тоа на вас ќе го зголеми, и Он ќе ви прости, а Аллах е оној кој најмногу цени, и благ е.“

Обрнувајќи внимание на финансиското жртвување Ветениот Месија а.с. рекол:

„Не е можно да го сакате богатството, а во исто време да го сакате и  Возвишениот Бог. Само една од овие работи можете да ги сакате.“

Понатаму, Ветениот Месија а.с. вели:

„Среќен е оној кој го сака Бог. Ако некој од вас го сака Бог и троши на Неговиот пат, сигурен сум дека тоа богатство ќе биде многу повеќе благословено  од она на другите.“.

Ветениот Месија а.с. продолжува со зборовите:

„Не верувајте дека богатството е стекнато поради вашите напори. Всушност, тоа доаѓа од Возвишениот Бог. Не верувајте дека му чините услуга на Возвишениот Бог и на Неговиот избраник трошејќи дел од своето богатство или вршејќи некои други работи. Напротив, Бог на вас ви чини услуга повикувајќи ве за таква служба.“

Старешините на Заедницата направиле огромни финансиски жртвувања за добробит на Заедницата. Резултатот од жртвувањата на тие старешини во тоа време кои го направиле заради пропагирање на верата е тој што денес нивните потомци живеат во пригодни и богати околности. Сличен начин на однесување и сличен дух се препознава помеѓу сиромашните луѓе, помеѓу оние кои живеат на оддалечени места, и помеѓу оние кои се родиле или подоцна станале Ахмади сто години после времето на Ветениот Месија а.с. и никогаш лично не го запознале Халифата на времето.

Сепак, нивната љубов за верата, љубовта кон Хилафетот, нивниот завет на верност и ветувањето кон Ветениот Месија а.с., нивниот жар за жртвување поради верата се на ниво на восхит.

Потоа, Хузур а.т.б.а. претстави многу случки од целиот свет кои направиле неверојатни подвизи во однос на финансиското жртвување кои го растревожуваат срцето некои личности во однос на Возвишениот Бог кон нив.

Денес младите често ја играат играта која се вика ’фортнигхт‘ (четиринаесет дена) на која ги трошат своите пари. Родителите како и помошните организации, како што се Кхуддамул Ахмадијја, посебно треба да обрнат внимание на младите и да ги сопрат во тоа, бидејќи еден чекор води кон друг чекор каде на крајот доаѓаат до платежните картички и од нив ги трошат парите на забава.

Всушност, пред неколку дена е објавена статија во која се наведува анкета дека се формирани неколку групи кои доаѓаат во контакт со младите и ги наговараат да користат платежни картички и преку нив добиле пристап до банкарските сметки на двоите родители. Дури после извесно време родителите откриле дека им недостигаат пари од нивните банкарски сметки.

Ова е резултат од оваа игра која создава зависници меѓу младите, слична на зависниците од дрога, на која не само што се губи нивното драгоцено време и доведува до опасни и страшни мисли во нивните умови, а и покрај сето тоа некои родители претрпеле големи финансиски загуби.

Значи, ова мора да се избегнува и кај младите да се стекне навика да трошат на Аллаховиот пат, на што Он ни обрнува посебно внимание, особено на Вакф-е-Џадид.

Постојат многу случки каде што жените даваат чанда, и всушност, тие ги освестуваат и ги потсетуваат своите мажи да обрнат внимание на чанда бидејќи жените многу повеќе ја разбираат нејзината вредност.

Ќе спомнам за еден настан во Индонезија, од кој ќе останете запрепастени од приказната во која луѓето покажуваат фантастична преданост кон својата вера. Една личност од Индонезија го прифатила Ахадијатот и дала Баи’ат во 2016 година. Откако го направила тој чин таа личност почнала да има големи непријатности поради тоа во своето семејство и од соседите, и тоа се проширило до таа мера што членовите на неговото семејство постојано го тепале присилувајќи го да го напушти Џемаатот и забранувајќи му да има средби со локалниот мисионер. Меѓутоа, лицето имало тајни средби со локалниот мисионер.

При тие средби мисионерот му рекол:

„Ќе видиш дека личноста мора да поднесе некои жртви после пристапувањето кон Заедницата.“

Тој му одговорил:

„Јас ќе продолжам да чинам жртви, дури и ако прогонот кон мене се зголеми.“

Тој ја знаел важноста на чанда и на финансиското жртвување. После месец дена од давањето на Баи’ат лицето почнало да дава чанда. Тој сè уште немал сигурна работа, но сепак тој оставал на страна дел од своите примања кои ги имал заработувајќи од неколку работи за да може да плати чанда. Најчесто навечер, се криел од луѓето и кришум одел да го посети мисионерот. За да стигне незабележан во куќата на мисионерот тој претходно поминувал низ неколку села пред да се упати кон куќата на мисионерот. На тој начин тој имал редовен контакт со мисионерот имајќи можност да ги извршува своите обврски, меѓу кои било и плаќањето на чанда.

Ќе наведам уште еден настан кој покажува како Возвишениот Аллах во одредени прилики ги инспирира и оние кои не се Ахмади муслимани.

Мисионерот од Џемаатот во Мали пишува:

„Хутбата на Хузур а.т.б.а. од минатата година која се однесуваше на Вакф-е-Џадид беше пренесувана на радиото Ахмадија Кеета. Во тој период, старешината на селото, кое се наоѓа на 45 километри од градот, не повика по телефон да го посетиме за совети во неговото село. Кога стигнавме во селото старешината не собра и ни се обрати со зборовите:

’Халифата ни кажа за настани кои длабоко се вдахновени со вера од сите страни на светот. Слушањето за случувањата остави голем впечаток на луѓето во нашето село‘.“

Преку овие радио станици на Ахмадија заедницата луѓето слушале за сите тие случувања. Луѓето од селото зажалиле што не учествувале во таквите благословени дела. Истиот ден била одржана Таблигх програмата. Со милоста на Возвишениот Аллах педесет лица го прифатиле Ахмадијатот. Истите луѓе од селото после тоа дале една вреќа царевка и 1000 франци за благословената програма Вакф-е-Џадид.

Сега ќе преставам некои факти и бројки за Вакф-е-Џадид. Со милоста на Возвишениот Бог на 31 декември 2018 година е завршена 61-та година на Вакф-е-Џадид. Членовите на Џемаатот успеале да направат вкупно жртвување во износ од 9.134.000 фунти. Вкупниот придонес се зголемил  за 217.000 фунти во однос на минатата година.

Пакистан ја здржува првата позиција, а после него следуваат следните десет држави:

  1. Велика Британија.

Германија ја задржува првата позиција во Тахрик-е-Џадид, и Амир Сахиб на Велика Британија рекол дека тие, Инша Аллах, ќе станат први и во Вакф-е-Џадид, и со милоста на Возвишениот Бог тие ќе дојдат на првото место.

Нека Возвишениот Аллах ги благослови членовите на Џемаатот и нивното богатство и нека им помогне и во иднина да се истакнуваат на тој начин.

  1. Германија
  2. Соединетите Американски Држави
  3. Канада.

Треба да спомнам дека разликата помеѓу Соединетите Американски Држави и Канада е многу мала. Ако Соединетите Американски Држави не направат поголеми напори од некогашното прво место може да паднат на уште пониски места.

  1. Индија
  2. Австралија
  3. Индонезија
  4. Држава од Блискиот Исток
  5. Гана
  6. Држава од Блискиот Исток.

Што се однесува до придонеси од поедини личности редоследот е следен:

  1. Соединетите Американски Држави
  2. Швајцарија
  3. Австралија.

Во однос на вкупните придонеси помеѓу државите од Африка редоследот е следен:

  1. Гана
  2. Маурициус
  3. Нигерија
  4. Танзанија
  5. Буркина Фасо
  6. Бенин.

Преку милоста на Возвишениот Бог оваа година во Вакф-е-Џадид учествувале 1.732.000 луѓе. Бројот на луѓе во споредба со минатата година се зголемил за 123.000.

Држави кои видно напредувале во зголемувањето на бројот на учесници се Нигер, Сиера Леоне, Нигерија, Камерун, Бенин, Гамбија, Конго Киншаса, Танзанија, Либерија и Сенегал.

Собраната чанда за деца и мажи има голем напредок и во Пакистан и Канада.

Во однос на дадените придонеси од деца и мажи први три Џемаати во Пакистан се:

  1. Лахоре
  2. Рабва
  3. Карачи.

Што се однесува до редоследот на Провинции во Пакистан, тој е следниот:

  1. Сиалкот
  2. Исламабад
  3. Фаисалабад
  4. Равалпинди
  5. Саргодха
  6. Гујранвала
  7. Мултан
  8. Худерабад
  9. Мирпур Кхаз
  10. Дера Гхази Кхан.

Позициите на големите Џемаати за придонеси од Атфала се следните:

  1. Лахор
  2. Карачи
  3. Рабва.

Позициите според провинциите се следните:

  1. Исламабад
  2. Сиалкот
  3. Равалпинди
  4. Саргодха
  5. Гујранвала
  6. Худерабад
  7. Дера Гхази Кхан
  8. Шеикхпура
  9. Умер Кот
  10. Нанкана Сахиб.

Први десет големи Џемаати во Велика Британија ги држат следните позиции:

  1. Ворчестер Парк
  2. Мајсид Фазл
  3. Јужен Бирмингем
  4. Гиллингхам
  5. Западен Бирмингем
  6. Исламабад
  7. Хајес
  8. Северен Брадфорд
  9. Њу Малден
  10. Галзгов.

Според регионите редоследот е следен:

  1. Лондон Б
  2. Лондон А
  3. Мидландс
  4. Нортх Еаст
  5. Миддлесех.

Велика Британија достави и извештаи за придонесите од страна на Атфала, и нивниот редослед е следен:

  1. Брадфорд
  2. Сурбитон
  3. Глазгов
  4. Роехамптон
  5. Исламабад
  6. Роехамптон Валеј
  7. Мичам Парк
  8. Баттерсеа
  9. Молден Манор
  10. Москуе Вест.

Први шест региони во Германија се:

  1. Хамбург
  2. Франкфурт
  3. Висбаден
  4. Моерфелден
  5. Валлдоф
  6. Дојченбах.

Редоследот на првите единаесет Џемаати според вкупните придонеси е следниот:

  1. Силиконска Долина
  2. Сиетл
  3. Детроит
  4. Силвер Спринг
  5. Централна Вирџинија
  6. Бостон
  7. Далас
  8. Лаувер
  9. Џорџија
  10. Каролина
  11. Јорк.

Редоследот на региони според вкупните придонеси ви Канада е следниот:

  1. Ваугхан
  2. Калгари
  3. Пеаце Виллаге
  4. Брамптон
  5. Ванкувер.

Позициите на големите Џемаати во Канада се следните:

  1. Дурхам
  2. Виндзор
  3. Братфорд
  4. Западен Едмонтон
  5. Северен Саскатоон
  6. Јужен Саскатоон
  7. Западен Монтреал
  8. Западен Милтон
  9. Западен Хамилтон
  10. Абботсфорд.

Првите пет места за придонеси од Атфала се:

  1. Дурхам
  2. Милтон Вест
  3. Брадфорд
  4. Јужен Хамилтон

5.Саскатоон.

Позициите на дистрикти во Индија се следните:

  1. Худерабад
  2. Кадијана
  3. Патхапиријам
  4. Каликут
  5. Колката
  6. Банкалоре
  7. Цхеннаи
  8. Кароли
  9. Расхи Нагар
  10. Делхи.

Први десет Џемаати во Австралија се следните:

  1. Кастл Хилл
  2. Мелбурн Лонг Варрен
  3. Пенритх
  4. Мелбурн, Бервицк
  5. Марсден Парк
  6. Брисбејн
  7. Аделаида Соутх
  8. Брисбејн Логан
  9. Канберра
  10. Плимптон

Позициите од Атфал Придонесите се следните:

  1. Јужна Аделаида
  2. Брисбејн Логан
  3. Мелбурн Лонг Варрен
  4. Мелбурн, Бервицк
  5. Јужен Брисбејн
  6. Марсден Парк
  7. Моунт Друитт
  8. Цастле Хилл
  9. Источен Мелбурн

Бидејќи овие имиња се напишани на урду јазик постои можност некои од нив да биле погрешно изговорени, меѓутоа, локалните Џемаати со тоа веќе се запознаени.

Нека Семоќниот Бог ги благослови сите оние кои учествувале во ова и нека нивното богатство нека им овозможи да чинат примерно жртвување и во иднина.